консензус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsenzus/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 05:57:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png консензус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsenzus/ 32 32 За ЕУ да одлучува со квалификувано мнозинство наместо со консензус потребен е конзензус од сите членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-eu-da-odluchuva-so-kvalifikuvano-mnozinstvo-namesto-so-konsenzus-potreben-e-konzenzus-od-site-chlenki/ Tue, 03 Oct 2023 05:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=687281

Реформскиот приод што го нуди француско - германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по пат нема да се појават други нови услови.

Ова е оценката во анализата за МИА на претседателот на Советот на Амбасадори, амбасадорот Ѓорѓи Филипов и на Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје во врска со Извештајот за реформи на ЕУ, изработен од француско - германската група на експерти во кој за нас од особено значење е предлогот со кој се укинува ветото преку воведување на принципот за одлучување со квалификувано мнозинство  (со гласовите на 55 отсто од државите членки или 15 од 27 членки и при тоа претставуваат најмалку 65 проценти од вкупниот број жители во ЕУ), освен за отворањето на преговорите и конечниот прием.

The post За ЕУ да одлучува со квалификувано мнозинство наместо со консензус потребен е конзензус од сите членки appeared first on Република.

]]>

Реформскиот приод што го нуди француско - германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по пат нема да се појават други нови услови. Ова е оценката во анализата за МИА на претседателот на Советот на Амбасадори, амбасадорот Ѓорѓи Филипов и на Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје во врска со Извештајот за реформи на ЕУ, изработен од француско - германската група на експерти во кој за нас од особено значење е предлогот со кој се укинува ветото преку воведување на принципот за одлучување со квалификувано мнозинство  (со гласовите на 55 отсто од државите членки или 15 од 27 членки и при тоа претставуваат најмалку 65 проценти од вкупниот број жители во ЕУ), освен за отворањето на преговорите и конечниот прием.

The post За ЕУ да одлучува со квалификувано мнозинство наместо со консензус потребен е конзензус од сите членки appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Неопходен ни е политички консензус за продолжување и завршување на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-neophoden-ni-e-politichki-konsenzus-za-prodolzuvanje-i-zavrshuvanje-na-pregovorite-so-eu/ Mon, 31 Oct 2022 20:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=567957

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска присуствуваше на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која се расправаше за Извештајот на Европска Комисија за Македонија за 2022 година.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ, го изрази своето задоволство од одржувањето на седницата и кажа дека Владата цврсто стои на ставот дека процесот на преговори за полноправно членство со Европската Унија мора да биде инклузивен и транспарентен, со вклучување на сите општествени чинители во овој процес.

Сметам дека ова е вистинското место, каде треба да го дискутираме Извештајот и од каде треба да доаѓаат пораките за како понатаму, особено сега, кога сме земја преговарач за полноправно членство во Европската Унија. Затоа како главен преговарач ќе иницирам воспоставување на рамка за соработка со Собранието и зајакнување на неговата улога во процесот, рече Маричиќ.

Тој додаде дека очекува целосна посветеност од страна пратениците и подадена рака за заеднички да ги надминуваат предизвиците кои следат на евроинтегративниот пат и подготвеност да го дадат максимумот за конечно реализирање на нашата тридецениска стратешка цел.

Само обединети ќе можеме да ја исполниме оваа национална задача. Процесот на преговори е процес на целокупна општествена трансформација која допира до сите нас и до сите аспекти на општественото живеење. Затоа, верувам дека само со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и администрацијата која е ’рбетниот столб на процесот, граѓанското општество, Собранието, бизнисите, академската заедница и сите други засегнати страни ќе ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во Унијата до 2030 година, порача вицепремиерот Маричиќ.

Евроамбасадорот Гир ги поздрави чекорите на Владата во решавањето на отворените прашања со соседите и во спроведување на континуирани и одржливи реформи кои нè ставија на вистинскиот пат за остварување на една од стратешките приоритети на нашата земја, со барање да останеме на овој пат и да се фокусираме на забелешките од Извештајот.

Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање се осврна на направената анализа на Извештајот од страна на Секретаријатот за европски прашања според која рече дека имаме позитивен Извештај, прв после отворањето на преговорите на 19 јули оваа година, кој според него е објективен и недвосмислено упатува на тоа дека имаме одржливи реформи, со нотиран јасен напредок и постигнувања во истите, но и ги идентификува областите каде треба уште повеќе да ги зголемиме напорите и да испорачаме повеќе резултати.

Од аспект на вкупната подготвеност, оценката за нашата земја за 2022 година е „добро ниво на подготвеност“. Кога станува збор пак за напредок, генералната оценка е дека во околу 90% од областите, имаме делумна или добра подготвеност. Извештајот оценува дека Македонија го има задржано темпото на напредок и има подобрување во 23 од вкупно 43 области, односно поглавја, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок, посочи Маричиќ, додавајќи дека ова покажува дека Македонија има стабилен континуитет во вкупната подготвеност и напредок на земјата, и покрај сите внатрешни и надворешни предизвици со кои како држава или како дел од глобалниот свет се соочуваме, што претставува дополнителен мотив и поттик за нас.

Маричиќ напомена дека Европската Комисија констатира дека процесот на скрининг се одвива континуирано и непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност и повтори дека цел процес на преговори ќе се води транспарентно и очекува вклученост од сите во истиот.

Бидете уверени дека сите наоди и препораки во Извештајот ќе ги дискутираме заеднички и ќе ни користат како основа за ажурирање на Националната програма за усвојување на првото на ЕУ заедно со правото на ЕУ кое е презентирано на објаснувачките состаноци. Овој документ до крајот на годинава ќе биде ревидиран и ќе биде основа за подготовка на преговарачките позиции на земјата, истакна Маричиќ пред народните избраници.

На седницата, на која присуствуваа и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, како и дипломатскиот кор, заменик претседателот на Владата и главен преговарач со Унијата упати благодарност до евроамбасадорот Гир и неговиот тим кои ни пружаат безрезервна поддршка, со уверување дека Македонија ќе продолжи сите реформи да ги спроведува во партнерство со Делегацијата на Европската Унија, службите на Европската Комисија и со земјите членки.

The post Маричиќ: Неопходен ни е политички консензус за продолжување и завршување на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска присуствуваше на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која се расправаше за Извештајот на Европска Комисија за Македонија за 2022 година. Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ, го изрази своето задоволство од одржувањето на седницата и кажа дека Владата цврсто стои на ставот дека процесот на преговори за полноправно членство со Европската Унија мора да биде инклузивен и транспарентен, со вклучување на сите општествени чинители во овој процес.
Сметам дека ова е вистинското место, каде треба да го дискутираме Извештајот и од каде треба да доаѓаат пораките за како понатаму, особено сега, кога сме земја преговарач за полноправно членство во Европската Унија. Затоа како главен преговарач ќе иницирам воспоставување на рамка за соработка со Собранието и зајакнување на неговата улога во процесот, рече Маричиќ.
Тој додаде дека очекува целосна посветеност од страна пратениците и подадена рака за заеднички да ги надминуваат предизвиците кои следат на евроинтегративниот пат и подготвеност да го дадат максимумот за конечно реализирање на нашата тридецениска стратешка цел.
Само обединети ќе можеме да ја исполниме оваа национална задача. Процесот на преговори е процес на целокупна општествена трансформација која допира до сите нас и до сите аспекти на општественото живеење. Затоа, верувам дека само со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и администрацијата која е ’рбетниот столб на процесот, граѓанското општество, Собранието, бизнисите, академската заедница и сите други засегнати страни ќе ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во Унијата до 2030 година, порача вицепремиерот Маричиќ.
Евроамбасадорот Гир ги поздрави чекорите на Владата во решавањето на отворените прашања со соседите и во спроведување на континуирани и одржливи реформи кои нè ставија на вистинскиот пат за остварување на една од стратешките приоритети на нашата земја, со барање да останеме на овој пат и да се фокусираме на забелешките од Извештајот. Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање се осврна на направената анализа на Извештајот од страна на Секретаријатот за европски прашања според која рече дека имаме позитивен Извештај, прв после отворањето на преговорите на 19 јули оваа година, кој според него е објективен и недвосмислено упатува на тоа дека имаме одржливи реформи, со нотиран јасен напредок и постигнувања во истите, но и ги идентификува областите каде треба уште повеќе да ги зголемиме напорите и да испорачаме повеќе резултати. Од аспект на вкупната подготвеност, оценката за нашата земја за 2022 година е „добро ниво на подготвеност“. Кога станува збор пак за напредок, генералната оценка е дека во околу 90% од областите, имаме делумна или добра подготвеност. Извештајот оценува дека Македонија го има задржано темпото на напредок и има подобрување во 23 од вкупно 43 области, односно поглавја, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок, посочи Маричиќ, додавајќи дека ова покажува дека Македонија има стабилен континуитет во вкупната подготвеност и напредок на земјата, и покрај сите внатрешни и надворешни предизвици со кои како држава или како дел од глобалниот свет се соочуваме, што претставува дополнителен мотив и поттик за нас. Маричиќ напомена дека Европската Комисија констатира дека процесот на скрининг се одвива континуирано и непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност и повтори дека цел процес на преговори ќе се води транспарентно и очекува вклученост од сите во истиот.
Бидете уверени дека сите наоди и препораки во Извештајот ќе ги дискутираме заеднички и ќе ни користат како основа за ажурирање на Националната програма за усвојување на првото на ЕУ заедно со правото на ЕУ кое е презентирано на објаснувачките состаноци. Овој документ до крајот на годинава ќе биде ревидиран и ќе биде основа за подготовка на преговарачките позиции на земјата, истакна Маричиќ пред народните избраници.
На седницата, на која присуствуваа и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, како и дипломатскиот кор, заменик претседателот на Владата и главен преговарач со Унијата упати благодарност до евроамбасадорот Гир и неговиот тим кои ни пружаат безрезервна поддршка, со уверување дека Македонија ќе продолжи сите реформи да ги спроведува во партнерство со Делегацијата на Европската Унија, службите на Европската Комисија и со земјите членки.

The post Маричиќ: Неопходен ни е политички консензус за продолжување и завршување на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-sekoja-promena-na-izborniot-sistem-mora-da-bide-so-konsenzus/ Tue, 22 Mar 2022 20:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=476873

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Никому нема да му служи ако оди по принципот на надгласување или условување. Тоа е ултиматум. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1.

Не е проблемот во изборниот систем. Зошто не излегуваат сами политичките партии и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции, рече Џафери.

Според него, треба да се води дебата за бројот на изборни единици за да се слушнат аргументите и потоа, како што рече, да може да се има евентуално консензус.

Консензусот не значи сите да добиваат се, консензусот е сите да попуштат малку, да отстапат по нешто, инаку се друго е ултиматум или диктат, рече Џафери.

За изборот на уставните судии, Џафери рече дека тоа е надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да свика седница. Заклучокот од седницата потоа оди на пленарна седница каде се отвара дебата, а за да се избере еден кандидат за уставен судија, тој мора да има поддршка од минимум 61 пратеник.

Во однос на Деловникот за работа на Собранието, Џафери смета дека издржано е да има опција за одржување на онлајн седници, но само во исклучителни случаи како што беше оној со пандемијата. Она што треба да се промени е и тоа што сега не е пропишано колку реплики може да имаат пратениците на собраниските комисии. Тоа, вели Џафери, е инструмент којшто сега се злоупотребува.

 

The post Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус appeared first on Република.

]]>

Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус. Никому нема да му служи ако оди по принципот на надгласување или условување. Тоа е ултиматум. Собранието не смее да работи под ултиматум, мора да има консензус, изјави вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатната емисија „Објектив“ на МРТВ1.
Не е проблемот во изборниот систем. Зошто не излегуваат сами политичките партии и да се мери секој колку поддршка има. Не е проблемот во шесте изборни единици, проблемот е во поддршката. Една коалиција, друга, трета и на крај за една година се распаѓаат скоро сите коалиции, рече Џафери.
Според него, треба да се води дебата за бројот на изборни единици за да се слушнат аргументите и потоа, како што рече, да може да се има евентуално консензус.
Консензусот не значи сите да добиваат се, консензусот е сите да попуштат малку, да отстапат по нешто, инаку се друго е ултиматум или диктат, рече Џафери.
За изборот на уставните судии, Џафери рече дека тоа е надлежност на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да свика седница. Заклучокот од седницата потоа оди на пленарна седница каде се отвара дебата, а за да се избере еден кандидат за уставен судија, тој мора да има поддршка од минимум 61 пратеник. Во однос на Деловникот за работа на Собранието, Џафери смета дека издржано е да има опција за одржување на онлајн седници, но само во исклучителни случаи како што беше оној со пандемијата. Она што треба да се промени е и тоа што сега не е пропишано колку реплики може да имаат пратениците на собраниските комисии. Тоа, вели Џафери, е инструмент којшто сега се злоупотребува.  

The post Џафери: Секоја промена на изборниот систем мора да биде со консензус appeared first on Република.

]]>