Конотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konoteka/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 08:11:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konoteka/ 32 32 „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески дел од ноемвриската програмата во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/snezana-na-krajot-umira-na-kristijan-risteski-del-od-noemvriskata-programata-vo-kinoteka/ Tue, 08 Nov 2022 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=571232

„Снежана на крајот умира“ е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот на Ристески е дел од програмата за месец ноември во Кинотека на Македонија. Имено, филмот ќе се прикажува во следниве термини:

-17 ноември (четврток) 20:00 ч.

-18 ноември (петок) 18:00 ч.

-21 ноември (понеделник) 20:00 ч.

-22 ноември (вторник) 20:00 ч.

-23 ноември (среда) 18:00 ч.

Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи - се вели во описот на филмот.

The post „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески дел од ноемвриската програмата во Кинотека appeared first on Република.

]]>

„Снежана на крајот умира“ е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот на Ристески е дел од програмата за месец ноември во Кинотека на Македонија. Имено, филмот ќе се прикажува во следниве термини:
-17 ноември (четврток) 20:00 ч. -18 ноември (петок) 18:00 ч. -21 ноември (понеделник) 20:00 ч. -22 ноември (вторник) 20:00 ч. -23 ноември (среда) 18:00 ч. Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.