конкуренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konkurentsija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 19:36:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конкуренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konkurentsija/ 32 32 „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epl-zagubi-113-milijardi-dolari-od-pazarnata-vrednost-po-tuzhbata-na-amerikanskiot-regulator/ Sun, 24 Mar 2024 20:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=758076

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност.

Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари.

Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.

„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“.

На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>

Акциите на компанијата „Епл“ паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во САД, со што компанијата изгуби околу 113 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Како што наведува „Блумберг“, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи Министерството за правда на САД поднесе тужба против „Епл“ за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата истовремено ја очекува истрага од Европската Уунија поради можно прекршување на Законот за дигитални пазари. Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека „Епл“ и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.
„Елп“ ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните „Ајфони“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.
Според тужителите, „Епл“ го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“. На 4 март, Европската Унија веќе го казни американскиот „Епл“ со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави „Си-Ен-Ен“.

The post „Епл“ загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор appeared first on Република.

]]>
Италија почна истрага против „Букинг“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-pochna-istraga-protiv-buking/ Sun, 24 Mar 2024 19:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=758063

Италијанската агенција за конкуренција објави дека покренала истрага за да утврди дали дигиталната платформа „Букинг.ком“ ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот за хотелско сместување. Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата, со „претпочитано партнерство“ со одредени хотели, „веројатно ја попречува ефективната конкуренција на пазарот на онлајн продажба на услуги за сместување и резервации на хотели, барем во Италија“.

Таквата стратегија „им штети на другите онлајн туристички агенти, со негативни ефекти врз капацитетите за сместување и, во крајна линија, врз потрошувачите, кои се рефлектираат со повисоки цени и ограничен избор“, се вели во соопштението на регулаторот.

Даночната полиција „Гардија ди финанца“ извршила претрес во италијанските канцеларии на „Букинг“.

Целосно соработуваме со „Гардија ди финанца“ и италијанскиот орган за конкуренција кои ги посетија нашите канцеларии во Италија. Додека соработуваме со италијанските власти, целосно веруваме дека проблемите со конкуренцијата треба да се решат директно со ЕУ, во согласност со нејзините сегашни регулаторни предлози, а не одделно, од земја до земја“, изјави портпаролоката на „Букинг“.

The post Италија почна истрага против „Букинг“ appeared first on Република.