конгресмени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongresmeni/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 09:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конгресмени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongresmeni/ 32 32 Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон: Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-visoki-amerikanski-pretstavnitsi-vo-vashington-edna-od-glavnite-tseli-prestavuva-borbata-protiv-organiziraniot-kriminal-i-koruptsija/ Tue, 09 Jul 2024 09:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=794846

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон.

Вчера заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.

На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.

Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакна Мицкоски.

Воедно беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.

 

The post Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон: Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон. Вчера заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама. На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.
Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакна Мицкоски.
Воедно беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.  

The post Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон: Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-7000-amerikanski-kongresmeni-niz-istorijata-bile-robovladeteli/ Tue, 11 Jan 2022 11:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=443084

Неодамнешно новинарско истражување во САД открило дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави „Вашингтон пост“, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век.

Меѓу тие конгресмени бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Меѓу робовладетелите конгресмени бил и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството.

До 20-те години од 19 век во Конгресот имало робовладетели од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови.

Во Конгресот на САД до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои беа учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.

The post Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели appeared first on Република.

]]>

Неодамнешно новинарско истражување во САД открило дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави „Вашингтон пост“, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век. Меѓу тие конгресмени бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Меѓу робовладетелите конгресмени бил и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството. До 20-те години од 19 век во Конгресот имало робовладетели од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови. Во Конгресот на САД до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои беа учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.

The post Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели appeared first on Република.

]]>