конгресмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongresmen/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 20:30:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конгресмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongresmen/ 32 32 Американски конгресмен тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-kongresmen-tvrdi-deka-ima-seriozni-zakani-za-natsionalnata-bezbednost-na-sad/ Wed, 14 Feb 2024 20:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=744216

Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД.
Тарнер денеска испрати е-пошта до членовите на Конгресот, велејќи дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“.

Републиканскиот конгресмен не даде повеќе детали за наводната закана.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите во Белата куќа дека в четврток ќе се сретне со Тарнер и со уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање, но тој не даде никакви детали за наводите на Тарнер.

The post Американски конгресмен тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД. Тарнер денеска испрати е-пошта до членовите на Конгресот, велејќи дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“. Републиканскиот конгресмен не даде повеќе детали за наводната закана. Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите во Белата куќа дека в четврток ќе се сретне со Тарнер и со уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање, но тој не даде никакви детали за наводите на Тарнер.

The post Американски конгресмен тврди дека има сериозни закани за националната безбедност на САД appeared first on Република.

]]>
Конгресмените изгласаа протерување на републиканец од Претставничкиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kongresmenite-izglasaa-proteruvane-na-republikanets-od-pretstavnichkiot-dom/ Fri, 01 Dec 2023 18:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=718473

Претставничкот дом на САД денеска изгласа исклучување од своите редови на паднатиот во немилост републикански конгресмен Џорџ Сантос по обвинувања дека овој претставник од Њујорк злоупотребил средства од својата кампања во лична корист и за други сторени прекршоци како лажна идентификација и фабрикување на својата работна биографија.

Сантос е шестиот конгресмен во историјата на САД кој бил отстранет од Долниот дом на американскиот Конгрес.

Гласањето се случува по објавениот извештај на Комисијата за етика на Претставничкиот дом. Отстранување на член на домот е можно со најмалку две третини гласови од вкупниот број претставници. Гласањето денеска беше 311 „за“ со „114“ против.

Некои републиканци, како спикерот Мајк Џонсон бараа да се почека Сантос прво да биде осуден за наводните обвинуања, па потоа да се гласа. Со ова, мнозинството на републиканците се намали до 221 гласа, наспроти 213 на демократите.

За местото на Сантос треба да се номинираат петмина кандидат, со изгледи да го добие демократ.

Гласањето за бркање на Сантос е кулминација на сагата што почна кратко по неговиот избор во 2022 година кога весникот „Њујорк тајмс“ извести дека лажел за неговата работна биографија, образование и потекло, што предизвика подлабоко чешлање на финансиите на негоата кампања.

Сантос е роден во Бразил и тамошните власти го обвинија дека кога имал 19 година во Рио де Женеиро користел украдени чекови за да купува разни работи, но за тоа тој склучи договор со бразилските власти и не е кривично гонет.

Некои од неговите наводни лаги се дека како универзитетски студент бил одбојкар во шампионски колеџ тим, и дека оформил добротворна организација која спасила 2.500 кучиња. Весникот „Њујорк Тајмс“ го истражи неговиот случај и заклучи дека сето тоа е лага.

По експозето, Сантос беше обвинет по низа сторени кривични дела, како измама на политички донори, лажање на Федералната изборна комисија и незаконско примање на исплати за невработеност. По сите 23 точки од обвинувањето тој се изјасни дека е невин. Очекува судење во септември идната година.

Во историјата на САД, тројца од отстранетите конгресмени се од времето по Граѓанската војна. Интересен е случајот на демократот Мајк Мејерс кој во 1980 година бил обвинет за примање поткуп, отстранет од Конгресот и служел повеќе од година затвор. Многу години подоцна, во 2022 година, Мејерс се изјасна за виновен по обвинение дека како активист на изборите во Филаделфија во 2010 година полнел кутии со гласачки ливчиња.

Осумдесетгодишниот сега е во затвор и казната му трае до јули до 2024 година.

 

The post Конгресмените изгласаа протерување на републиканец од Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>

Претставничкот дом на САД денеска изгласа исклучување од своите редови на паднатиот во немилост републикански конгресмен Џорџ Сантос по обвинувања дека овој претставник од Њујорк злоупотребил средства од својата кампања во лична корист и за други сторени прекршоци како лажна идентификација и фабрикување на својата работна биографија. Сантос е шестиот конгресмен во историјата на САД кој бил отстранет од Долниот дом на американскиот Конгрес. Гласањето се случува по објавениот извештај на Комисијата за етика на Претставничкиот дом. Отстранување на член на домот е можно со најмалку две третини гласови од вкупниот број претставници. Гласањето денеска беше 311 „за“ со „114“ против. Некои републиканци, како спикерот Мајк Џонсон бараа да се почека Сантос прво да биде осуден за наводните обвинуања, па потоа да се гласа. Со ова, мнозинството на републиканците се намали до 221 гласа, наспроти 213 на демократите. За местото на Сантос треба да се номинираат петмина кандидат, со изгледи да го добие демократ. Гласањето за бркање на Сантос е кулминација на сагата што почна кратко по неговиот избор во 2022 година кога весникот „Њујорк тајмс“ извести дека лажел за неговата работна биографија, образование и потекло, што предизвика подлабоко чешлање на финансиите на негоата кампања. Сантос е роден во Бразил и тамошните власти го обвинија дека кога имал 19 година во Рио де Женеиро користел украдени чекови за да купува разни работи, но за тоа тој склучи договор со бразилските власти и не е кривично гонет. Некои од неговите наводни лаги се дека како универзитетски студент бил одбојкар во шампионски колеџ тим, и дека оформил добротворна организација која спасила 2.500 кучиња. Весникот „Њујорк Тајмс“ го истражи неговиот случај и заклучи дека сето тоа е лага. По експозето, Сантос беше обвинет по низа сторени кривични дела, како измама на политички донори, лажање на Федералната изборна комисија и незаконско примање на исплати за невработеност. По сите 23 точки од обвинувањето тој се изјасни дека е невин. Очекува судење во септември идната година. Во историјата на САД, тројца од отстранетите конгресмени се од времето по Граѓанската војна. Интересен е случајот на демократот Мајк Мејерс кој во 1980 година бил обвинет за примање поткуп, отстранет од Конгресот и служел повеќе од година затвор. Многу години подоцна, во 2022 година, Мејерс се изјасна за виновен по обвинение дека како активист на изборите во Филаделфија во 2010 година полнел кутии со гласачки ливчиња. Осумдесетгодишниот сега е во затвор и казната му трае до јули до 2024 година.  

The post Конгресмените изгласаа протерување на републиканец од Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>