Конго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongo/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 14:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongo/ 32 32 Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-iljada-novi-sluchai-na-majmunski-sipanitsi-izminatite-sedum-dena-vo-kongo/ Wed, 21 Aug 2024 16:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=808746

Официјални лица во Конго денеска соопштија дека изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници, а многу африкански земји очајнички бараат вакцини за да се изборат со растечката закана на заразата на континентот.

Мајмунските сипаници припаѓаат на истата фамилија на вируси како и сипаниците, но предизвикуваат поблаги симптоми како треска и болки во телото и најчесто се пренесуваат преку близок контакт, вклучително и сексуален однос. Луѓето со потешки случаи може да развијат лезии на лицето, рацете, градите и гениталиите.

Мајмунски сипаници е забележана во 12 од 54 африкански земји, најмногу во Конго. Од вкупно 18.910 случаи годинава, 94 отсто или 17.794 се во Конго, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Бројките се веројатно потценети, бидејќи само еден од пет сомнителни случаи во Конго е тестиран за мајмунска сипаница. Генералниот директор на Африканскиот центар за контрола на болести, д-р Жан Касеја, рече дека многу погодени африкански земји имаат ограничени способности за тестирање и надзор.

Во текот на изминатите седум дена, Конго забележа 1.030 од 1.405 нови случаи низ Африка, според статистичките податоци објавени синоќа од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако Конго е земја која предизвикува најголема загриженост, бројот на случаи во блискиот Бурунди е повеќе од двојно зголемен, 572 за само една недела.

Зголемените случаи на мајмунски сипаници во Африка и новата форма на вирусот идентификувана во Конго, која полесно се пренесува, ја поттикна СЗО да го прогласи за глобална здравствена вонредна состојба минатата недела.

Некои се надеваат дека тоа ќе ги охрабри донаторите да обезбедат вакцини и друга помош за спречување на појавата во Африка пред случаите да се шират низ светот, бидејќи Шведска веќе регистрира случај со нова варијанта на сипаници првпат регистрирана во источно Конго.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека организацијата добила ветување за 215.000 вакцини од Европската унија и производителот „Бавариан Нордик“, кои треба да пристигнат во следните неколку дена. Американската агенција за помош соопшти дека донирала уште 50.000 дози од истата вакцина во Конго. Јапонија исто така донираше вакцини.

The post Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго appeared first on Република.

]]>

Официјални лица во Конго денеска соопштија дека изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници, а многу африкански земји очајнички бараат вакцини за да се изборат со растечката закана на заразата на континентот. Мајмунските сипаници припаѓаат на истата фамилија на вируси како и сипаниците, но предизвикуваат поблаги симптоми како треска и болки во телото и најчесто се пренесуваат преку близок контакт, вклучително и сексуален однос. Луѓето со потешки случаи може да развијат лезии на лицето, рацете, градите и гениталиите. Мајмунски сипаници е забележана во 12 од 54 африкански земји, најмногу во Конго. Од вкупно 18.910 случаи годинава, 94 отсто или 17.794 се во Конго, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Бројките се веројатно потценети, бидејќи само еден од пет сомнителни случаи во Конго е тестиран за мајмунска сипаница. Генералниот директор на Африканскиот центар за контрола на болести, д-р Жан Касеја, рече дека многу погодени африкански земји имаат ограничени способности за тестирање и надзор. Во текот на изминатите седум дена, Конго забележа 1.030 од 1.405 нови случаи низ Африка, според статистичките податоци објавени синоќа од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако Конго е земја која предизвикува најголема загриженост, бројот на случаи во блискиот Бурунди е повеќе од двојно зголемен, 572 за само една недела. Зголемените случаи на мајмунски сипаници во Африка и новата форма на вирусот идентификувана во Конго, која полесно се пренесува, ја поттикна СЗО да го прогласи за глобална здравствена вонредна состојба минатата недела. Некои се надеваат дека тоа ќе ги охрабри донаторите да обезбедат вакцини и друга помош за спречување на појавата во Африка пред случаите да се шират низ светот, бидејќи Шведска веќе регистрира случај со нова варијанта на сипаници првпат регистрирана во источно Конго. Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека организацијата добила ветување за 215.000 вакцини од Европската унија и производителот „Бавариан Нордик“, кои треба да пристигнат во следните неколку дена. Американската агенција за помош соопшти дека донирала уште 50.000 дози од истата вакцина во Конго. Јапонија исто така донираше вакцини.

The post Повеќе од илјада нови случаи на мајмунски сипаници изминатите седум дена во Конго appeared first on Република.

]]>
Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kongo-ruanda-jasenovats-za-ovie-genotsidi-nemashe-rezolutsii/ Mon, 03 Jun 2024 08:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=784244

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“

Германија: Холокаустот

Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/

Турција: Ерменски геноцид

За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада.

Хрватска: Злосторства во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време.

Белгија: Конго

Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност.

извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“ Германија: Холокаустот Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет. https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/ Турција: Ерменски геноцид За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада. Хрватска: Злосторства во Втората светска војна За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време. Белгија: Конго Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност. извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>
Мајка и две малолетни деца од Конго забележани во камион на царинскиот терминал во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-i-dve-maloletni-detsa-od-kongo-zabelezhani-vo-kamion-na-tsarinskiot-terminal-vo-shtip/ Wed, 08 Nov 2023 12:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=699525

Мајка и две малолетни деца од Конго се забележани во камион на Царинскиот терминал во Штип. Според извештајот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип трите лица биле забележани од возачот на камионот, кој веднаш го пријавил случајот.

Денеска во 7:10 часот во СВР Штип Н.М.(46) од Гевгелија, кој управувал товарно возило со гевгелиски регистарски ознаки пријавил дека на царински терминал во Штип во товарниот дел од возилото забележал три лица мигранти од Конго, меѓу кои две малолетни. Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР-Штип.

The post Мајка и две малолетни деца од Конго забележани во камион на царинскиот терминал во Штип appeared first on Република.

]]>

Мајка и две малолетни деца од Конго се забележани во камион на Царинскиот терминал во Штип. Според извештајот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип трите лица биле забележани од возачот на камионот, кој веднаш го пријавил случајот.
Денеска во 7:10 часот во СВР Штип Н.М.(46) од Гевгелија, кој управувал товарно возило со гевгелиски регистарски ознаки пријавил дека на царински терминал во Штип во товарниот дел од возилото забележал три лица мигранти од Конго, меѓу кои две малолетни. Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР-Штип.

The post Мајка и две малолетни деца од Конго забележани во камион на царинскиот терминал во Штип appeared first on Република.

]]>
Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-28-litsa-zaginaa-pri-prevrtuvane-na-brod-na-rekata-kongo/ Sun, 22 Oct 2023 20:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=694012

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго, во истоимената земја во Централна Африка, соопштија денеска локалните власти.

Околу 200 патници се спасени, додека засега неутврден број се водат како исчезнати.

Несреќите со чамци се чести на реката Конго и езерата во земјата поради честата употреба на импровизирани чамци кои речиси секогаш се преоптоварени. Поголемиот дел од населението во северозападниот дел на земјата ги користи реките за патување поради недостиг на проодни патишта и затоа што тоа е поевтин начин за патување.

Владата на Конго ја забрани ноќната пловидба по реките во земјата за да спречи несреќи, но многу луѓе ја игнорираат наредбата.

The post Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго appeared first on Република.

]]>

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго, во истоимената земја во Централна Африка, соопштија денеска локалните власти. Околу 200 патници се спасени, додека засега неутврден број се водат како исчезнати. Несреќите со чамци се чести на реката Конго и езерата во земјата поради честата употреба на импровизирани чамци кои речиси секогаш се преоптоварени. Поголемиот дел од населението во северозападниот дел на земјата ги користи реките за патување поради недостиг на проодни патишта и затоа што тоа е поевтин начин за патување. Владата на Конго ја забрани ноќната пловидба по реките во земјата за да спречи несреќи, но многу луѓе ја игнорираат наредбата.

The post Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ: Рекорден број убиени, повредени, киднапирани и силувани деца во ДР Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unitsef-rekorden-broj-ubieni-povredeni-kidnapirani-i-siluvani-detsa-vo-dr-kongo/ Sat, 30 Sep 2023 15:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=686650

Детскиот фонд на ОН проценува дека бројот на „сериозни прекршоци извршени врз деца“ во првата половина на 2023 година е повеќе од 1.700, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Во ДР Конго наскоро, трета година по ред во 2023 година, би можело да биде регистриран рекорден број „убиени, повредени, киднапирани и силувани деца“, предупреди УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ проценува дека бројот на „сериозни прекршоци извршени врз деца“ во првата половина на 2023 година изнесува повеќе од 1.700, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период минатата година, изјави портпарол на ОН.

Прекршувањата следеа по „зголеменото насилство, масовното раселување на луѓето и близината на вооружените групи и заедници“, што резултираше со „алармантно зголемување на случаите на убиства, осакатување и киднапирање деца“, наведено е во текстот.

Регрутирањето и користењето деца во вооружени групи во првите шест месеци од 2023 година се зголемило за 45 отсто (на околу 1.100), убивањето и осакатувањето на децата во истиот период се зголемило за 32 отсто (на повеќе од 400).

„Силувањето и другите видови сексуално насилство врз децата се во пораст“, ​​објави УНИЦЕФ.

Од почетокот на годината, УНИЦЕФ „обезбеди психолошка и психосоцијална помош на повеќе од 100.000 деца“ и „помогна на повеќе од 6.300 преживеани од сексуално насилство“.

Агенцијата посочува дека добила само 11 отсто од средствата потребни за активности за заштита на децата како дел од итен повик испратен до источниот дел на ДР Конго, област позната по вооружено насилство и бунтови.

Повеќе од шест милиони луѓе беа внатрешно раселени во таа држава.

The post УНИЦЕФ: Рекорден број убиени, повредени, киднапирани и силувани деца во ДР Конго appeared first on Република.

]]>

Детскиот фонд на ОН проценува дека бројот на „сериозни прекршоци извршени врз деца“ во првата половина на 2023 година е повеќе од 1.700, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Во ДР Конго наскоро, трета година по ред во 2023 година, би можело да биде регистриран рекорден број „убиени, повредени, киднапирани и силувани деца“, предупреди УНИЦЕФ. УНИЦЕФ проценува дека бројот на „сериозни прекршоци извршени врз деца“ во првата половина на 2023 година изнесува повеќе од 1.700, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период минатата година, изјави портпарол на ОН. Прекршувањата следеа по „зголеменото насилство, масовното раселување на луѓето и близината на вооружените групи и заедници“, што резултираше со „алармантно зголемување на случаите на убиства, осакатување и киднапирање деца“, наведено е во текстот. Регрутирањето и користењето деца во вооружени групи во првите шест месеци од 2023 година се зголемило за 45 отсто (на околу 1.100), убивањето и осакатувањето на децата во истиот период се зголемило за 32 отсто (на повеќе од 400). „Силувањето и другите видови сексуално насилство врз децата се во пораст“, ​​објави УНИЦЕФ. Од почетокот на годината, УНИЦЕФ „обезбеди психолошка и психосоцијална помош на повеќе од 100.000 деца“ и „помогна на повеќе од 6.300 преживеани од сексуално насилство“. Агенцијата посочува дека добила само 11 отсто од средствата потребни за активности за заштита на децата како дел од итен повик испратен до источниот дел на ДР Конго, област позната по вооружено насилство и бунтови. Повеќе од шест милиони луѓе беа внатрешно раселени во таа држава.

The post УНИЦЕФ: Рекорден број убиени, повредени, киднапирани и силувани деца во ДР Конго appeared first on Република.

]]>
Најмалку 600 луѓе загинале во изминатите три месеци во источниот дел на ДР Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-600-luge-zaginale-vo-izminatite-tri-mesetsi-vo-istochniot-del-na-dr-kongo/ Tue, 27 Jun 2023 18:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=655824

Вооружени групи во источниот регион на Демократска Република Конго убиле повеќе од 600 луѓе во изминатите три месеци, соопшти Марта Побе, помошник генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за Африка.

Обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, таа изјави дека убиствата може да се припишат на конгоанските групи за развојна соработка, милицијата „Заир“ и бунтовничката група „Сојузничките демократски сили“.

Според Побе, безбедносната ситуација на истокот на ДР Конго продолжи да се влошува и покрај затишјето во вооружените конфликти меѓу бунтовничката група М23 и владините сили во провинцијата Северен Киву.

Според податоците на ОН, во Источно Конго има 5,7 милиони внатрешно раселени лица поради небезбедна храна.

The post Најмалку 600 луѓе загинале во изминатите три месеци во источниот дел на ДР Конго appeared first on Република.

]]>

Вооружени групи во источниот регион на Демократска Република Конго убиле повеќе од 600 луѓе во изминатите три месеци, соопшти Марта Побе, помошник генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за Африка. Обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, таа изјави дека убиствата може да се припишат на конгоанските групи за развојна соработка, милицијата „Заир“ и бунтовничката група „Сојузничките демократски сили“. Според Побе, безбедносната ситуација на истокот на ДР Конго продолжи да се влошува и покрај затишјето во вооружените конфликти меѓу бунтовничката група М23 и владините сили во провинцијата Северен Киву. Според податоците на ОН, во Источно Конго има 5,7 милиони внатрешно раселени лица поради небезбедна храна.

The post Најмалку 600 луѓе загинале во изминатите три месеци во источниот дел на ДР Конго appeared first on Република.

]]>
Дојдоа мигранти и од Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojdoa-migranti-i-od-kongo/ Thu, 30 Mar 2023 15:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=625557

Денеска (30.03.2023) околу 02.10 часот на Регионалниот пат 1102, кај клучка Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање на две возила „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја испочитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.
Набргу, по преземени мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С.Ѓ.(23) од Кавадарци и Р.С.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 03.10 часот при проверка на теренот биле пронајдени 5 лица мигранти од Конго.
Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дојдоа мигранти и од Конго appeared first on Република.

]]>

Денеска (30.03.2023) околу 02.10 часот на Регионалниот пат 1102, кај клучка Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање на две возила „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја испочитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата. Набргу, по преземени мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С.Ѓ.(23) од Кавадарци и Р.С.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 03.10 часот при проверка на теренот биле пронајдени 5 лица мигранти од Конго. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Дојдоа мигранти и од Конго appeared first on Република.

]]>
Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-35-lica-se-ubieni-vo-napad-na-rudnik-za-zlato-vo-dr-kongo/ Mon, 09 May 2022 08:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=499785

Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во областа Итури, во со конфликт зафатениот североисточен дел на Демократска Република Конго, соопштија локални извори.

Жан-Пјер Бикилисенде, претставник на локалните власти во Итури, изјави дека нападот го извршиле припадници на Кодеко-полицијата. Нападот бил извршен врз рудникот за злато Камп Бланкет, од каде биле извадени 29 тела, додека од јама во близина биле откопани уште шест јагленосани тела.

Тој додаде дека меѓу убиените има и четиримесечно бебе.

Ова е планиран напад, изјави Бикилисенде бидејќи имало и тела на други убиени луѓе фрлени во рудниците.

Уште неколку цивили се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува, додава тој.

Самиот рудник се наоѓа во шумски дел на ДР Конго, далеку од најблиската воена испостава така што помошта стигнала предоцна.

Според Херубин Кукундила, инаку цивилен лидер во Мунгвалу, во нападот се убиени најмалку 50 луѓе.

Неколку лица се повредени, од кои девет потешко. Тие се лекуваат во болница во Мунгвалу, изјави тој.

 

 

The post Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго appeared first on Република.

]]>

Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во областа Итури, во со конфликт зафатениот североисточен дел на Демократска Република Конго, соопштија локални извори. Жан-Пјер Бикилисенде, претставник на локалните власти во Итури, изјави дека нападот го извршиле припадници на Кодеко-полицијата. Нападот бил извршен врз рудникот за злато Камп Бланкет, од каде биле извадени 29 тела, додека од јама во близина биле откопани уште шест јагленосани тела. Тој додаде дека меѓу убиените има и четиримесечно бебе.
Ова е планиран напад, изјави Бикилисенде бидејќи имало и тела на други убиени луѓе фрлени во рудниците.
Уште неколку цивили се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува, додава тој. Самиот рудник се наоѓа во шумски дел на ДР Конго, далеку од најблиската воена испостава така што помошта стигнала предоцна. Според Херубин Кукундила, инаку цивилен лидер во Мунгвалу, во нападот се убиени најмалку 50 луѓе.
Неколку лица се повредени, од кои девет потешко. Тие се лекуваат во болница во Мунгвалу, изјави тој.
   

The post Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во ДР Конго appeared first on Република.

]]>