конго-кримска хеморагична треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongo-krimska-hemoragichna-treska/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 15:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конго-кримска хеморагична треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kongo-krimska-hemoragichna-treska/ 32 32 Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-dve-litsa-so-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-april-dve-detsa-imale-zaushki/ Tue, 14 May 2024 15:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=778036

Два случаја на конго-кримска хеморагична треска, а две деца со заразни заушки се регистрирани во април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Случаите на конго-кримска хеморагична треска се регистрирани кон крајот на април.

– Станува збор за лица од рурални средини кои имале контакт со домашни животни со крлежи. Каснување од крлеж е пријавено само кај првиот случај. Првиот случај е од село Градец, Крива Паланка. Почетокот на симптомите биле на 22 април – замор, повраќање, дијареја, крварење од носот и е хоспитализиран на Инфективната клиника на 26 април. Вториот случај е од село Арачиново, Скопје. Симптомите започнале на 24 април – треска 39C, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареја и е хоспитализиран на Инфективна клиника на 30 април. Следењето на контактите за двата случаја е во тек. Случаите се потврдени во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ со откриени IgM антитела со ELISA и RNA со RT-PCR, се наведува во извештајот.

Пријавени се и два случаја на заразни заушки. Еден припаѓа во возрасната група од пет до девет години, комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација. Другиот случај е невакцинирано дете на двегодишна возраст. Случаите се клинички потврдени, потенцираат од Институтот.

Во текот на април во Република Македонија, пријавени сe вкупно 1.374 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 74,8 на 100.000 жители.

– Во текот на април, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 845 пријавени лица. Во однос на претходниот месец март, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,4 отсто, додека во однос на месец април 2023, се регистрира намалување за 12,6 проценти, наведуваат од ИЈЗ.

Пријавени се 14 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на џардијаза.

Потоа, 34 случаи на шуга, четири случаи на бактериски менингит и по еден случај на вирусен менингит и токоплазмоза.

– Во април пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 30 април, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот од 1987 до 2024, изнесува 657 и тоа 127 лица починале, 530 лица живеат со ХИВ/СИДА, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Пријавени биле вкупно девет случаи на Ковид-19 во текот на април.

Кога станува збор за болести што се регистрираат кај странски државјани, во текот на април, пристигнати биле осум пријави за заразно заболување кај оваа група. Четири пријави за ентероколити, и по две за салмонелоза и голема кашлица кај странски државјани од Косово, Белгија, Германија и од Швајцарија кои престојувале во државава.

The post Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки appeared first on Република.

]]>

Два случаја на конго-кримска хеморагична треска, а две деца со заразни заушки се регистрирани во април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Случаите на конго-кримска хеморагична треска се регистрирани кон крајот на април.
– Станува збор за лица од рурални средини кои имале контакт со домашни животни со крлежи. Каснување од крлеж е пријавено само кај првиот случај. Првиот случај е од село Градец, Крива Паланка. Почетокот на симптомите биле на 22 април – замор, повраќање, дијареја, крварење од носот и е хоспитализиран на Инфективната клиника на 26 април. Вториот случај е од село Арачиново, Скопје. Симптомите започнале на 24 април – треска 39C, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареја и е хоспитализиран на Инфективна клиника на 30 април. Следењето на контактите за двата случаја е во тек. Случаите се потврдени во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ со откриени IgM антитела со ELISA и RNA со RT-PCR, се наведува во извештајот.
Пријавени се и два случаја на заразни заушки. Еден припаѓа во возрасната група од пет до девет години, комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација. Другиот случај е невакцинирано дете на двегодишна возраст. Случаите се клинички потврдени, потенцираат од Институтот. Во текот на април во Република Македонија, пријавени сe вкупно 1.374 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 74,8 на 100.000 жители.
– Во текот на април, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 845 пријавени лица. Во однос на претходниот месец март, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,4 отсто, додека во однос на месец април 2023, се регистрира намалување за 12,6 проценти, наведуваат од ИЈЗ.
Пријавени се 14 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на џардијаза. Потоа, 34 случаи на шуга, четири случаи на бактериски менингит и по еден случај на вирусен менингит и токоплазмоза.
– Во април пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 30 април, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот од 1987 до 2024, изнесува 657 и тоа 127 лица починале, 530 лица живеат со ХИВ/СИДА, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Пријавени биле вкупно девет случаи на Ковид-19 во текот на април. Кога станува збор за болести што се регистрираат кај странски државјани, во текот на април, пристигнати биле осум пријави за заразно заболување кај оваа група. Четири пријави за ентероколити, и по две за салмонелоза и голема кашлица кај странски државјани од Косово, Белгија, Германија и од Швајцарија кои престојувале во државава.

The post Хоспитализирани две лица со конго-кримска хеморагична треска во април, две деца имале заушки appeared first on Република.

]]>
Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nema-prostor-za-strav-kongo-krimskata-treska-ne-se-prenesuva-lesno-ne-e-sekoj-krlezh-zarazen-so-nekoj-virus-veli-d-r-petlichkovski/ Tue, 15 Aug 2023 12:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=672336

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.

Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.

Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ.

Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ. Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.
Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.
Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.
И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.
Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.
За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>
Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е крлеж или некој друг инсект да го каснал https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veleshanetsot-so-hemoragichna-treska-ribarel-pokraj-vardar-mozhno-e-krlezh-ili-nekoj-drug-insekt-da-go-kasnal/ Mon, 14 Aug 2023 12:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=672024

Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект, изјави денеска д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката.

https://republika.mk/zivot/zdravje/tret-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zabolen-42-godishen-veleshanets/

Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави д-р Стевановиќ.

Таа информираше дека во саботата вечер е донесен суспектен пациент со конго кримска треска од велешката Болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена. Д-р Стевановиќ кажа дека пациентот не дал податок за тоа дека бил каснат од крлеж, односно кажал дека не забележал такво нешто.

Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка, рече Стевановиќ.

Д-р Стевановиќ вели дека имал една рана, за која допрва ќе се утврди дали е од крлеж или не. Таа рече дека епидемиолозите веќе направиле анкети, лоцирани се контактите, па покрај неговото четиричлено семејство, уште петмина вработени во велешката болница се под медицински надзор.

Во земјава досега се регистрирани вкупно три случаи со оваа болест. Првиот случај беше 27-годишна пациентка од Штип која почина, а од неа се зарази болничарка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, која се лекувала на клиниката. Таа веќе неколку дена го прима лекот Рибаривин, кој беше набавен од странство, а се користи при тешки клинички слики на болеста. Состојбата на пациентката е стабилна, опоравувањето е во тек и дека не се очекува појава на компликации.

The post Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е крлеж или некој друг инсект да го каснал appeared first on Република.

]]>

Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект, изјави денеска д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. https://republika.mk/zivot/zdravje/tret-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zabolen-42-godishen-veleshanets/
Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави д-р Стевановиќ.
Таа информираше дека во саботата вечер е донесен суспектен пациент со конго кримска треска од велешката Болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена. Д-р Стевановиќ кажа дека пациентот не дал податок за тоа дека бил каснат од крлеж, односно кажал дека не забележал такво нешто.
Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка, рече Стевановиќ.
Д-р Стевановиќ вели дека имал една рана, за која допрва ќе се утврди дали е од крлеж или не. Таа рече дека епидемиолозите веќе направиле анкети, лоцирани се контактите, па покрај неговото четиричлено семејство, уште петмина вработени во велешката болница се под медицински надзор. Во земјава досега се регистрирани вкупно три случаи со оваа болест. Првиот случај беше 27-годишна пациентка од Штип која почина, а од неа се зарази болничарка на Клиниката за инфективни болести во Скопје, која се лекувала на клиниката. Таа веќе неколку дена го прима лекот Рибаривин, кој беше набавен од странство, а се користи при тешки клинички слики на болеста. Состојбата на пациентката е стабилна, опоравувањето е во тек и дека не се очекува појава на компликации.

The post Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е крлеж или некој друг инсект да го каснал appeared first on Република.

]]>
Tрет случај на конго-кримска хеморагична треска, заболен 42-годишен Велешанец https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tret-sluchaj-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zabolen-42-godishen-veleshanets/ Mon, 14 Aug 2023 11:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=671987

Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје и е во стабилна општа состојба.

Во 13:30 часот најавена е изјава на директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес, информираат од ИЈЗ.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, се наведува во соопштението.

The post Tрет случај на конго-кримска хеморагична треска, заболен 42-годишен Велешанец appeared first on Република.

]]>

Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје и е во стабилна општа состојба. Во 13:30 часот најавена е изјава на директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.
Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес, информираат од ИЈЗ.
Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.
Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, се наведува во соопштението.
 
The post Tрет случај на конго-кримска хеморагична треска, заболен 42-годишен Велешанец appeared first on Република.

]]>
Меџити: Лек за Конго-кримска хеморагична треска обезбедивме за 24 часа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-lek-za-kongo-krimska-hemoragichna-treska-obezbedivme-za-24-chasa/ Wed, 09 Aug 2023 15:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=670465

За едно деноноќие терапијата за третман на заразените со Конго-кримска хеморагична треска стигна во нашата земја. Министерот за здравство Меџити објави дека и покрај реткоста на терапијата МЗ успеале лекот итно да се обезбеди за нашата земја.
По детектираниот прв случај на ККХТ итно побарав да се обезбеди соодветна терапија за третирање на пациенти, информираше министерот.

„Во рок од 24 часа лекот беше обезбеден во нашата земја, без разлика што станува збор за терапија која е многу ретка дури и за земјите кои имаат голем број заразени. Веднаш по пристигнувањето на лекот беше организиран вебинар со СЗО и колегите лекари од КИБФС, за споделување искуства околу третирањето на пациентите”- објави министерот на својот профил на ФБ.

Пред неколку недели жена од штипско ја загуби битката со ККХТ по каснување од крлеж. По итна интервенција и координација на здравствените власти, десетици контакти беа изолирани и ставени под лекарски надзор. Досега само кај еден од изолираните контакти се утврди присуство на ККХТ.

The post Меџити: Лек за Конго-кримска хеморагична треска обезбедивме за 24 часа appeared first on Република.

]]>

За едно деноноќие терапијата за третман на заразените со Конго-кримска хеморагична треска стигна во нашата земја. Министерот за здравство Меџити објави дека и покрај реткоста на терапијата МЗ успеале лекот итно да се обезбеди за нашата земја. По детектираниот прв случај на ККХТ итно побарав да се обезбеди соодветна терапија за третирање на пациенти, информираше министерот.
„Во рок од 24 часа лекот беше обезбеден во нашата земја, без разлика што станува збор за терапија која е многу ретка дури и за земјите кои имаат голем број заразени. Веднаш по пристигнувањето на лекот беше организиран вебинар со СЗО и колегите лекари од КИБФС, за споделување искуства околу третирањето на пациентите”- објави министерот на својот профил на ФБ.
Пред неколку недели жена од штипско ја загуби битката со ККХТ по каснување од крлеж. По итна интервенција и координација на здравствените власти, десетици контакти беа изолирани и ставени под лекарски надзор. Досега само кај еден од изолираните контакти се утврди присуство на ККХТ.

The post Меџити: Лек за Конго-кримска хеморагична треска обезбедивме за 24 часа appeared first on Република.

]]>
Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pristigna-lekot-za-kongo-krimska-hemoragichna-treska-patsientkata-koja-e-infitsirana-e-stabilna-informiraat-od-infektivnata-klinika/ Wed, 09 Aug 2023 11:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=670344

Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот ден, а пацинтката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е стабилна, со повремено покачена температура, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти.

Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, велат од Инфективната клиника.

Оттаму додаваат дека лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во тек на вчерашниот ден.

Вчера беа реализирани и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, велат од Клиниката.

Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест.

На 30 јули почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која моментално е на Инфкетивната клиника. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) издаде решенија за изолација за 29 контакти, а само болничарката пројави симптоми. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10 август.

Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, 10 членови на нејзиното семејство и колешка од Инфективната клиника. Тие ќе бидат 14 дена под надзор.

The post Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>

Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот ден, а пацинтката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е стабилна, со повремено покачена температура, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти.
Пациентката, која се инфицираше во тек на својата работа, е стабилна со повремено покачена температура, без други симптоми на болест. Лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, велат од Инфективната клиника.
Оттаму додаваат дека лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во државата во тек на вчерашниот ден.
Вчера беа реализирани и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, велат од Клиниката.
Од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест. На 30 јули почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која моментално е на Инфкетивната клиника. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) издаде решенија за изолација за 29 контакти, а само болничарката пројави симптоми. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10 август. Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, 10 членови на нејзиното семејство и колешка од Инфективната клиника. Тие ќе бидат 14 дена под надзор.  

The post Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна, информираат од Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>
Што е Конго-кримска хеморагична треска, како се пренесува и како да се заштитиме https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shto-e-kongo-krimska-hemoragichna-treska-kako-se-prenesuva-i-kako-da-se-zashtitime/ Tue, 08 Aug 2023 21:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=670154

По смртниот случај со младата штипјканка која почина од Конго-кримска хеморагична треска поради каснување од крлеж, како и новиот случај на зараза потврден кај вработен на Клиниката за инфективни болести кој бил во контакт се девојката, се поставува прашањето што всушност знаеме за оваа болест, како се пренесува, но и како да се заштитиме.

Надлежните смируваат дека не треба да се крева паника, а појава на нови случаи на конго-кримска хеморагична треска не очекуваат во блиска иднина.

Факти

Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е широко распространета болест која се пренесува преку крлежи, предизвикана од вирус (Nairovirus) од семејството Bunyaviridae.
Вирусот на Конго-кримска хеморагична треска предизвикува сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска.

Смртноста од ККХТ достигнува и до 40%.

Вирусот се пренесува на човек пред се од крлежи на домашни животни. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.

ККХТ е ендемична во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и Азија.

Не постои вакцина за луѓето и животните, а лекувањето е симптоматско.

Пренесување

Вирусот на ККХТ се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв или животински ткива за време и непосредно по колењето на животните. Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите.

Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.

Знаци и симптоми

Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно.

Случаи на Конго-кримска хеморагична треска во Македонија имало и во минатото

Прва опишана епидемија на ова заболување во Република Македонија е во 1971 година при што заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во с. Чифлик – Тетово. По оваа епидемија, лабораториски бил потврден еден случај во 2010 година.

Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во нашата република и ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

Превенција и контрола

Мерките за превенција и контрола на заболувањето се насочени кон:

Намалување на ризикот од пренос од крлеж на човек:

Доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека која нема да остава откриени делови од телото – покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови – врат, глава;
Носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката;
Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото;

Дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти со посебна состојка, кои можат да се нанесуваат на гола кожа. За постигнување на максимален ефект, нанесувајте репелент на секои 1-2 часа, ако престојот во ризични предели е подолготраен (поновите хемиски производи овозможуваат заштита од 8-12 часа). Употребувајте ги според пропишаното упатство, бидејќи при честа и ексцесивна употреба кај деца, иако ретко, можни се несакани ефекти во смисла на сериозни невролошки компликации;

После можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и сл);

Настојувајте да ги контролирате животните за присуство на крлежи и доколку има соодветно да се елиминираат; и

Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни.
Намалување на ризикот од пренос од животно на човек:

Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење;

Карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето.

Намалување на ризикот од пренос од човек на човек:

Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ;

Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе;

Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

The post Што е Конго-кримска хеморагична треска, како се пренесува и како да се заштитиме appeared first on Република.

]]>

По смртниот случај со младата штипјканка која почина од Конго-кримска хеморагична треска поради каснување од крлеж, како и новиот случај на зараза потврден кај вработен на Клиниката за инфективни болести кој бил во контакт се девојката, се поставува прашањето што всушност знаеме за оваа болест, како се пренесува, но и како да се заштитиме. Надлежните смируваат дека не треба да се крева паника, а појава на нови случаи на конго-кримска хеморагична треска не очекуваат во блиска иднина. Факти Конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) е широко распространета болест која се пренесува преку крлежи, предизвикана од вирус (Nairovirus) од семејството Bunyaviridae. Вирусот на Конго-кримска хеморагична треска предизвикува сериозни епидемии на вирусна хеморагична треска. Смртноста од ККХТ достигнува и до 40%. Вирусот се пренесува на човек пред се од крлежи на домашни животни. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. ККХТ е ендемична во Африка, на Балканот, Блискиот Исток и Азија. Не постои вакцина за луѓето и животните, а лекувањето е симптоматско. Пренесување Вирусот на ККХТ се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв или животински ткива за време и непосредно по колењето на животните. Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. Знаци и симптоми Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена. Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно. Случаи на Конго-кримска хеморагична треска во Македонија имало и во минатото Прва опишана епидемија на ова заболување во Република Македонија е во 1971 година при што заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во с. Чифлик – Тетово. По оваа епидемија, лабораториски бил потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во нашата република и ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји. Превенција и контрола Мерките за превенција и контрола на заболувањето се насочени кон: Намалување на ризикот од пренос од крлеж на човек: Доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека која нема да остава откриени делови од телото – покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови – врат, глава; Носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката; Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото; Дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти со посебна состојка, кои можат да се нанесуваат на гола кожа. За постигнување на максимален ефект, нанесувајте репелент на секои 1-2 часа, ако престојот во ризични предели е подолготраен (поновите хемиски производи овозможуваат заштита од 8-12 часа). Употребувајте ги според пропишаното упатство, бидејќи при честа и ексцесивна употреба кај деца, иако ретко, можни се несакани ефекти во смисла на сериозни невролошки компликации; После можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и сл); Настојувајте да ги контролирате животните за присуство на крлежи и доколку има соодветно да се елиминираат; и Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни. Намалување на ризикот од пренос од животно на човек: Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење; Карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето. Намалување на ризикот од пренос од човек на човек: Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ; Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе; Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

The post Што е Конго-кримска хеморагична треска, како се пренесува и како да се заштитиме appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-ne-ochekuva-da-ima-poveke-sluchai-ne-e-prvpat-da-se-javuva-vo-drzhavava-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ Tue, 08 Aug 2023 13:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=670054

За случаите со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во комуникација сме со Светската здравствена организација, ги црпиме сите искуства што светот ги има, што во нашиот регион се лимитирани, во комуникација сме со колеги од регионот и од Албанија и од Косово, Бугарија, изјави за МИА, директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ.

Со Светската здравствена организација сме на линија, така што, правиме сѐ што е во наша моќ, нагласи Стевановиќ.

Претходно денеска, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.

Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.

Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот, болничарка од Инфективната клиника, е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

The post Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>

За случаите со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во комуникација сме со Светската здравствена организација, ги црпиме сите искуства што светот ги има, што во нашиот регион се лимитирани, во комуникација сме со колеги од регионот и од Албанија и од Косово, Бугарија, изјави за МИА, директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ. Со Светската здравствена организација сме на линија, така што, правиме сѐ што е во наша моќ, нагласи Стевановиќ. Претходно денеска, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.
Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.
Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот, болничарка од Инфективната клиника, е веројатно на пренесување преку контаминирана крв. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

The post Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>
Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bolnicharkata-so-kongo-krimska-hemoragichna-treska-zasega-vo-stabilna-sostojba/ Tue, 08 Aug 2023 12:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=669995

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката, изјави денеска во изјава за медиумите, доктор Добринка Наунова Јовановска од ЈЗУ УК за инфективни болести.

Таа беше прашана дали се знае како болничарката се заразила, имајќи предвид дека сепак е од Инфективна клиника, каде што секогаш се носи заштитна облека без разлика за какво заболување станува збор.

– Точно дека ние како инфектолози баш сме добро упатени какви сѐ заштити се носат, посебно кај вакви болести, независно што додека добивме дијагноза се работеше со пациентката. Значи, не е битно што е конгоанска, туку е пациент во тешка состојба. Како, како е можно? Шансите се многу мали, но, со оглед дека пациентката има ненормално големи количини на секрет, крварење и така натаму, тие се тие заразните содржини кои би можеле да бидат пренесени. Но и покрај заштитата која ја имаме ние, сега можеби директно додека болничарката работела со пациентката била заштитена, но, потоа кога симнува ракавици, или маската, или облеката, можно е нешто да прсне во слузницата во очите и да се заразила. Значи, сѐ е можно, кога постои така голема количина на заразен материјал е можно да дојде до заразување и затоа треба многу, многу да се внимава, одговори Наунова Јовановска.

Таа нагласи дека пациентката сега засега е во стабилна состојба, параметрите се следат континуирано да не дојде до некое влошување.

– Овој ѝ е веќе петти ден како е болна, но се следи постојано за да не дојде до некои влошувања. Затоа што, кај оваа конкретно болест е многу важна таа супортивна терапија, заменска терапија да се надокнадува сѐ што се губи итн. Така што, пациентката сега засега се надеваме дека ќе остане во стабилна состојба, но, тоа ќе видиме деновиве, појасни Наунова Јовановска.

На новинарско прашање дали нема тешки симптоми, односно нема нарушување на хемостазата, Наунова Јовановска одговори дека самата болест има своја еволуција, „така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката за да може да се интервенира во одредени ситуации“.

– Сега засега нема крварења, но, се следи, подвлече Наунова Јовановска.

Таа беше прашана и дали болничарката доаѓала на работа и дали останатите, кои се под здравствен надзор треба да доаѓаат на работни места.

– Сите што биле во контакт со претходната пациентка се под надзор. Значи, се следат сите параметри и досега треба да се под надозор 29 лица од првиот контакт од првата пациентка, меѓутоа за ден – два веќе им истекува надзорот на тие лица. Од новиот контакт со новата пациентка, 11 се под надзор и тие се следат. Да се разбереме, значи пренесувањето на инфекцијата не настанува од обичен ваков разговор, туку треба секрети, крв и така натаму, за да се пренесе. Тоа не е битно дали ќе дојде на работа, дали ние ќе разговараме или не, туку дали ќе се развие болеста и ќе имаме извор на зараза за да се пренесе на некого. Болничарката, мислам, била трета смена ноќта кога ја негувала пациентката, додаде Наунова Јовановска.

Таа појасни дека надзорот подразбира да се следи температура, каков било симптом доколку се јави и веднаш да се направат испитувања.

– За да се пренесе инфекцијата не е потребно еден разговор како што беше со ковидот, туку треба материјал за да се пренесе на одредено лице, истакна Наунова Јовановска.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ денеска за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

The post Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката, изјави денеска во изјава за медиумите, доктор Добринка Наунова Јовановска од ЈЗУ УК за инфективни болести. Таа беше прашана дали се знае како болничарката се заразила, имајќи предвид дека сепак е од Инфективна клиника, каде што секогаш се носи заштитна облека без разлика за какво заболување станува збор.
– Точно дека ние како инфектолози баш сме добро упатени какви сѐ заштити се носат, посебно кај вакви болести, независно што додека добивме дијагноза се работеше со пациентката. Значи, не е битно што е конгоанска, туку е пациент во тешка состојба. Како, како е можно? Шансите се многу мали, но, со оглед дека пациентката има ненормално големи количини на секрет, крварење и така натаму, тие се тие заразните содржини кои би можеле да бидат пренесени. Но и покрај заштитата која ја имаме ние, сега можеби директно додека болничарката работела со пациентката била заштитена, но, потоа кога симнува ракавици, или маската, или облеката, можно е нешто да прсне во слузницата во очите и да се заразила. Значи, сѐ е можно, кога постои така голема количина на заразен материјал е можно да дојде до заразување и затоа треба многу, многу да се внимава, одговори Наунова Јовановска.
Таа нагласи дека пациентката сега засега е во стабилна состојба, параметрите се следат континуирано да не дојде до некое влошување.
– Овој ѝ е веќе петти ден како е болна, но се следи постојано за да не дојде до некои влошувања. Затоа што, кај оваа конкретно болест е многу важна таа супортивна терапија, заменска терапија да се надокнадува сѐ што се губи итн. Така што, пациентката сега засега се надеваме дека ќе остане во стабилна состојба, но, тоа ќе видиме деновиве, појасни Наунова Јовановска.
На новинарско прашање дали нема тешки симптоми, односно нема нарушување на хемостазата, Наунова Јовановска одговори дека самата болест има своја еволуција, „така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката за да може да се интервенира во одредени ситуации“.
– Сега засега нема крварења, но, се следи, подвлече Наунова Јовановска.
Таа беше прашана и дали болничарката доаѓала на работа и дали останатите, кои се под здравствен надзор треба да доаѓаат на работни места.
– Сите што биле во контакт со претходната пациентка се под надзор. Значи, се следат сите параметри и досега треба да се под надозор 29 лица од првиот контакт од првата пациентка, меѓутоа за ден – два веќе им истекува надзорот на тие лица. Од новиот контакт со новата пациентка, 11 се под надзор и тие се следат. Да се разбереме, значи пренесувањето на инфекцијата не настанува од обичен ваков разговор, туку треба секрети, крв и така натаму, за да се пренесе. Тоа не е битно дали ќе дојде на работа, дали ние ќе разговараме или не, туку дали ќе се развие болеста и ќе имаме извор на зараза за да се пренесе на некого. Болничарката, мислам, била трета смена ноќта кога ја негувала пациентката, додаде Наунова Јовановска.
Таа појасни дека надзорот подразбира да се следи температура, каков било симптом доколку се јави и веднаш да се направат испитувања.
– За да се пренесе инфекцијата не е потребно еден разговор како што беше со ковидот, туку треба материјал за да се пренесе на одредено лице, истакна Наунова Јовановска.
Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ денеска за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

The post Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>
Здравствен надзор за 40 луѓе, по двата случаи на конго-кримската хеморагична треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstven-nadzor-za-40-luge-po-dvata-sluchai-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/ Tue, 08 Aug 2023 11:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=669973

Откако минатиот викенд, од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, почина млада жена од штипско, беа издадени решенија за изолација за 29 контакти, а една од хигиеничарките во Клиниката за инфективни болести пројави симптоми, Издадени се решенија за излоација за уште 11 контакти.

Што подразбира здравствениот надзор: контактите на пациентката ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со дежурниот епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Да бидат во не класична изолација, но не треба да бидат во контакт со домашните, за да не се прошири оваа зараза и јас се надевам дека ова ќе биде и последниот случај. Што се однесува до претходните 29 контакти, од нив една, еве, се потврди како случај. Вкупно имаме издадено решенија за здравствен надзор на 40 луѓе. Од овие 11, десет луѓе се од потесното семејство на пациентката и еден контакт е колешка од Клиниката за инфективни болести – рече на денешната прес-конференција Рената Младеновска, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Таа додаде дека и и за Клиниката за инфективни болести било издадено решение за спроведување на протоколите при вакви случаи, а од таму ги известиле дека клиниката постапила по нивното решение и отстранети се недоследностите.

The post Здравствен надзор за 40 луѓе, по двата случаи на конго-кримската хеморагична треска appeared first on Република.

Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра https://arhiva3.republika.mk/vesti/nema-prostor-za-panika-za-kongo-krimska-hemoragichna-treska-veli-d-r-mehmedovik-po-vesta-za-zabolenata-sestra/ Tue, 08 Aug 2023 09:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=669913

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.

Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска.

Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“.

По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.

Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток.

Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра appeared first on Република.

]]>

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.
Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.
Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.
Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.
Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска. Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“.
По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.
Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток. Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“.
Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра appeared first on Република.

]]>
Вработен на Инфективна хоспитализиран поради конго-кримска хеморагична треска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vraboten-na-infektivna-hospitaliziran-poradi-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ Mon, 07 Aug 2023 14:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=669688

По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.

По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.

Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.

Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста, велат од Министерството.

Оттаму потенцираат дека здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година.

Како што потенцираат во соопштение, должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

The post Вработен на Инфективна хоспитализиран поради конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>

По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.
По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.
Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.
Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста, велат од Министерството.
Оттаму потенцираат дека здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година. Како што потенцираат во соопштение, должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.