Конформист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konformist/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конформист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konformist/ 32 32 Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-konformist-od-alberto-moravija/ Wed, 09 Oct 2024 11:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=824583

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска.

Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа.

Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив. Благодарение на длабокиот увид во човековата природа, овој маркантен роман останува свеж и релевантен дури и денес.

Во романот детално се прикажани животот и желбата за нормалност на еден владин функционер за време на италијанскиот фашистички период. Главниот лик Марчело постојано е во потрага по тоа што тој го смета за нормален живот – нормални активности, нормален изглед, нормални емоции итн. Сепак, тој ја меша нормалноста со усогласеноста, и во својата потрага да се усогласи, ги потчинува своите веќе потиснати емоции. Кога природниот тек на неговиот живот му поставува етички дилеми – задачата да го предаде професорот Квадри, привлечноста кон други жени освен сопругата – тој е лошо подготвен да се справи со нив. Моравија во
овој роман ја интимизира врската меѓу сексуалната репресија и фашизмот.

„Конформист“ се смета за антифашистички роман и во 1970 година доживеа филмска адаптација во режија на Бернардо Бертолучи.

Алберто Моравија (Рим, 1907 – Рим, 1990) е италијански писател, есеист, сценарист и критичар, чии дела проникнуваат во разни аспекти од современиот живот, како што се сексуалноста, отуѓувањето и егзистенцијализмот. Неговото вистинско име е Алберто Пинчерле (по потекло Евреин од Моравија, по што го зема псевдонимот). Цел живот бил критичен спрема фашизмот. Покрај политичките прашања, ги зафаќа и темите за отуѓувањето, лицемерието и малограѓанството. Поради неговата отвореност и критичко пишување, тој бил цензуриран и од
фашистите и од Ватикан.

За повеќе од шеесет години писателска кариера, објавил над четириесет книги, за кои ги добил најпрестижните италијански книжевни награди, меѓу кои и наградите „Стрега“ и Виареџо“. Беше вечен кандидат за Нобеловата награда за литература, номиниран 13 пати меѓу 1949 и 1965година. Неколку негови романи се филмувани.
Негови најпознати дела се: „Рамнодушни луѓе“ (1929), „Промашени амбиции“ (1935), „Маскарада“ (1941), „Агостино“ (1944), „Несреќниот љубовник (1946), „Римјанка“ (1947), „Конформист“ (1947), „Брачна љубов“ (1949), „Непослушност“ (1950), „Римски раскази“ (1954), „Чочара“ (1957), „Здодевност“ (1961), „Автомат“ (1962), „Презир“ (1954), „Нови римски раскази“ (1959), Внимание“ (1965), „Рај“ (1970) „Воајер (1985) итн.

„Македоника литера“ наскоро ќе објави уште едно дело на Моравија – романот „Досада“.

 

The post Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија appeared first on Република.

]]>

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Конформист“ на познатиот италијански писател Алберто Моравија, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска. Романот „Конформист“, првпат објавен во 1947 година, е едно од најзначајните дела на Моравија. Овој роман го направи еден од најчитаните повоени писатели во Европа. Истражувајќи ја врската меѓу потиснатите емоции и тоталитарното општество, како и човечката подготвеност да се потчини на менталитетот на конформизам и послушност во потрага по „нормален живот“, овој голем мајстор на стилот пишува возбудлив наратив. Благодарение на длабокиот увид во човековата природа, овој маркантен роман останува свеж и релевантен дури и денес. Во романот детално се прикажани животот и желбата за нормалност на еден владин функционер за време на италијанскиот фашистички период. Главниот лик Марчело постојано е во потрага по тоа што тој го смета за нормален живот – нормални активности, нормален изглед, нормални емоции итн. Сепак, тој ја меша нормалноста со усогласеноста, и во својата потрага да се усогласи, ги потчинува своите веќе потиснати емоции. Кога природниот тек на неговиот живот му поставува етички дилеми – задачата да го предаде професорот Квадри, привлечноста кон други жени освен сопругата – тој е лошо подготвен да се справи со нив. Моравија во овој роман ја интимизира врската меѓу сексуалната репресија и фашизмот. „Конформист“ се смета за антифашистички роман и во 1970 година доживеа филмска адаптација во режија на Бернардо Бертолучи. Алберто Моравија (Рим, 1907 – Рим, 1990) е италијански писател, есеист, сценарист и критичар, чии дела проникнуваат во разни аспекти од современиот живот, како што се сексуалноста, отуѓувањето и егзистенцијализмот. Неговото вистинско име е Алберто Пинчерле (по потекло Евреин од Моравија, по што го зема псевдонимот). Цел живот бил критичен спрема фашизмот. Покрај политичките прашања, ги зафаќа и темите за отуѓувањето, лицемерието и малограѓанството. Поради неговата отвореност и критичко пишување, тој бил цензуриран и од фашистите и од Ватикан. За повеќе од шеесет години писателска кариера, објавил над четириесет книги, за кои ги добил најпрестижните италијански книжевни награди, меѓу кои и наградите „Стрега“ и Виареџо“. Беше вечен кандидат за Нобеловата награда за литература, номиниран 13 пати меѓу 1949 и 1965година. Неколку негови романи се филмувани. Негови најпознати дела се: „Рамнодушни луѓе“ (1929), „Промашени амбиции“ (1935), „Маскарада“ (1941), „Агостино“ (1944), „Несреќниот љубовник (1946), „Римјанка“ (1947), „Конформист“ (1947), „Брачна љубов“ (1949), „Непослушност“ (1950), „Римски раскази“ (1954), „Чочара“ (1957), „Здодевност“ (1961), „Автомат“ (1962), „Презир“ (1954), „Нови римски раскази“ (1959), Внимание“ (1965), „Рај“ (1970) „Воајер (1985) итн. „Македоника литера“ наскоро ќе објави уште едно дело на Моравија – романот „Досада“.  

The post Објавен романот „Конформист“ од Алберто Моравија appeared first on Република.

]]>