конфликт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konflikt/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 17:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конфликт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konflikt/ 32 32 Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rute-nashata-poddrshka-za-ukraina-i-pomogna-da-ja-izdrzhi-borbata-no-morame-da-odime-ponatamu-za-da-ja-smenime-traektorijata-na-konfliktot/ Tue, 26 Nov 2024 20:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=842044

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека воено-политичкиот блок и помогнал на Украина да издржи во војната со Русија во целосни размери, но дека сега е неопходно да се промени „траекторијата на конфликтот“.

„Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот“, им рече Руте на новинарите пред работниот ручек со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на работната турнеја низ источниот Медитеран пренесува „Гардијан“.

Според неговите зборови, земјите-членки на Алијансата треба да и обезбедат на Украина значајна противвоздушна одбрана и да ги исполнат сите обврски преземени на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека воено-политичкиот блок и помогнал на Украина да издржи во војната со Русија во целосни размери, но дека сега е неопходно да се промени „траекторијата на конфликтот“. „Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот“, им рече Руте на новинарите пред работниот ручек со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на работната турнеја низ источниот Медитеран пренесува „Гардијан“. Според неговите зборови, земјите-членки на Алијансата треба да и обезбедат на Украина значајна противвоздушна одбрана и да ги исполнат сите обврски преземени на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот appeared first on Република.

]]>
Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/penzioniraniot-voen-politsaets-koj-ubi-shestmina-vo-dom-za-stari-litsa-vo-daruvar-imal-konflikt-so-majka-mu/ Mon, 22 Jul 2024 20:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=799344

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) кој уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска имал конфликт со мајка си, јавија медиумите во таа земја. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница.

51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол кон вработените и жителите на домот.

Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на Домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.

 

The post Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му appeared first on Република.

]]>

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) кој уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска имал конфликт со мајка си, јавија медиумите во таа земја. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница. 51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол кон вработените и жителите на домот. Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на Домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот. Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.  

The post Пензионираниот воен полицаец кој уби шестмина во Дом за стари лица во Дарувар имал конфликт со мајка му appeared first on Република.

]]>
Конфликтот во СДСМ ескалираше: Караници и невреди на сите страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konfliktot-vo-sdsm-eskalirashe-karanitsi-i-nevredi-na-site-strani/ Tue, 09 Jul 2024 19:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=795093

Конфликтите во СДСМ достигнаа ново ниво по објавата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој сподели фотографија на која се гледа дека поранешниот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ „Вардарски“ го отстранил од група на една од апликациите за комуникација. Оваа најнова конфронтација е само уште еден знак за длабоките поделби и кавги во партијата.

После последните избори во СДСМ, кавгите помеѓу функционерите се заострија. Стефан Богоев, еден од истакнатите членови на партијата, неодамна истакна дека СДСМ мора итно да се обедини или ризикува распад, бидејќи обединувањето треба да биде со давање шанса на способни и лојални луѓе на сите нивоа, без разлика дали некој ги смета за „мои луѓе“ или не.

Забрзано движење во пропаст

Внатрешните кавги во СДСМ не се ограничени само на поранешни и сегашни функционери. Членството на партијата е длабоко поделено по многу прашања, со чести расправии и недоразбирања кои дополнително ја дестабилизираат организацијата.

Аналитичарите и политичките коментатори предупредуваат дека ваквите состојби можат да имаат фатални последици за СДСМ. Ако партијата не успее да ги надмине своите внатрешни проблеми и да го обедини членството, ризикува да го изгуби својот политички капитал и да стане ирелевантна на македонската политичка сцена.

Со општи кавги и конфронтации на сите страни, СДСМ се наоѓа во крајни критична состојба. Останува да се види дали партијата ќе успее да ги надмине своите проблеми, што е сѐ помалку можно или ќе продолжи да тоне кон пропаст.

 

The post Конфликтот во СДСМ ескалираше: Караници и невреди на сите страни appeared first on Република.

]]>

Конфликтите во СДСМ достигнаа ново ниво по објавата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој сподели фотографија на која се гледа дека поранешниот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ „Вардарски“ го отстранил од група на една од апликациите за комуникација. Оваа најнова конфронтација е само уште еден знак за длабоките поделби и кавги во партијата. После последните избори во СДСМ, кавгите помеѓу функционерите се заострија. Стефан Богоев, еден од истакнатите членови на партијата, неодамна истакна дека СДСМ мора итно да се обедини или ризикува распад, бидејќи обединувањето треба да биде со давање шанса на способни и лојални луѓе на сите нивоа, без разлика дали некој ги смета за „мои луѓе“ или не. Забрзано движење во пропаст Внатрешните кавги во СДСМ не се ограничени само на поранешни и сегашни функционери. Членството на партијата е длабоко поделено по многу прашања, со чести расправии и недоразбирања кои дополнително ја дестабилизираат организацијата. Аналитичарите и политичките коментатори предупредуваат дека ваквите состојби можат да имаат фатални последици за СДСМ. Ако партијата не успее да ги надмине своите внатрешни проблеми и да го обедини членството, ризикува да го изгуби својот политички капитал и да стане ирелевантна на македонската политичка сцена. Со општи кавги и конфронтации на сите страни, СДСМ се наоѓа во крајни критична состојба. Останува да се види дали партијата ќе успее да ги надмине своите проблеми, што е сѐ помалку можно или ќе продолжи да тоне кон пропаст.  

The post Конфликтот во СДСМ ескалираше: Караници и невреди на сите страни appeared first on Република.

]]>
Макрон: Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-frantsija-ke-napravi-se-shto-e-vo-nejzina-mok-za-da-se-izbegne-eskalatsija-na-konfliktot-megu-izrael-i-iran/ Mon, 15 Apr 2024 08:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=766186

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.

Загрижени сме поради можна ескалација, изјави Макрон за француски медиуми.

Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.

The post Макрон: Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор. Загрижени сме поради можна ескалација, изјави Макрон за француски медиуми. Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април. Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.

The post Макрон: Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>
Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-mu-chestitashe-na-putin-i-ushte-ednash-se-ponudi-da-posreduva-vo-reshavaneto-na-konfliktot-so-ukraina/ Mon, 18 Mar 2024 20:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=756063

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му честиташе на својот руски колега Владимир Путин за победата на претседателските избори и уште еднаш понуди посредство во мировните преговори со Украина, соопшти неговиот кабинет.

Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган изразил надеж дека позитивниот развој на односите меѓу Турција и Русија ќе продолжи и додаде дека Турција е подготвена да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, турскиот претседател одржува односи и со Украина и со Русија и постојано нуди посредување или друга помош за решавање на конфликтот меѓу двете земји кои го делат Црното Море со Турција.

Ердоган го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул на почетокот на март и се подготвуваше да го пречека претседателот Путин на 9 февруари, пред рускиот претседател да го откаже патувањето.

The post Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му честиташе на својот руски колега Владимир Путин за победата на претседателските избори и уште еднаш понуди посредство во мировните преговори со Украина, соопшти неговиот кабинет. Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган изразил надеж дека позитивниот развој на односите меѓу Турција и Русија ќе продолжи и додаде дека Турција е подготвена да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, турскиот претседател одржува односи и со Украина и со Русија и постојано нуди посредување или друга помош за решавање на конфликтот меѓу двете земји кои го делат Црното Море со Турција. Ердоган го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул на почетокот на март и се подготвуваше да го пречека претседателот Путин на 9 февруари, пред рускиот претседател да го откаже патувањето.

The post Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина appeared first on Република.

]]>
Генерал Зарудницки: Значително се зголемува веројатноста конфликтот во Украина да ескалира во војна во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/general-zarudnitski-znachitelno-se-zgolemuva-verojatnosta-konfliktot-vo-ukraina-da-eskalira-vo-vojna-vo-evropa/ Fri, 08 Mar 2024 11:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=752616

Рускиот генерал Владимир Зарудинцки предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“.

Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери во Европа, истакна Зарудницки.

Главен извор на воени закани за нашата земја е антируската политика на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, кои водат нов тип на хибридна војна со цел на секој можен начин да ја ослабат Русија, да го ограничат нејзиниот суверенитет и да го уништат нејзиниот територијален интегритет, оцени генералот, кој е началник на Воената академија на Генералштабот на руската армија од 2017 година.

The post Генерал Зарудницки: Значително се зголемува веројатноста конфликтот во Украина да ескалира во војна во Европа appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Владимир Зарудинцки предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“. Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери во Европа, истакна Зарудницки. Главен извор на воени закани за нашата земја е антируската политика на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, кои водат нов тип на хибридна војна со цел на секој можен начин да ја ослабат Русија, да го ограничат нејзиниот суверенитет и да го уништат нејзиниот територијален интегритет, оцени генералот, кој е началник на Воената академија на Генералштабот на руската армија од 2017 година.

The post Генерал Зарудницки: Значително се зголемува веројатноста конфликтот во Украина да ескалира во војна во Европа appeared first on Република.

]]>
Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudanskiot-konflikt-se-zakanuva-da-se-pretvori-vo-najgolemata-svetska-kriza-so-glad/ Wed, 06 Mar 2024 13:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=751897

Извршната директорка на Светската програма за храна, Синди Мекејн денеска изјави дека конфликтот во Судан, кој трае речиси една година, се заканува да се претвори во најголема светска криза со глад.

Борбите во Судан ги уништија животите на милиони луѓе, наведе Мекејн по посетата на соседен Јужен Судан, каде што стотици илјади Суданци избегаа од војната во нивната матична земја.

Според Светската програма за храна околу 18 милиони луѓе во Судан се соочуваат со глад.

Мекејн ги повика завојуваните страни да престанат со борбите и да дозволат хуманитарните агенции да ја пружат потребната помош за настраданото население.

Судан е зафатен од насилство од средината на април, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало ескалираа во отворени борби.

Оттогаш, борбите се проширија во неколку делови на земјата, при што главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот судански регион Дарфур.

Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени во Судан, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа повредени.

The post Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад appeared first on Република.

]]>

Извршната директорка на Светската програма за храна, Синди Мекејн денеска изјави дека конфликтот во Судан, кој трае речиси една година, се заканува да се претвори во најголема светска криза со глад. Борбите во Судан ги уништија животите на милиони луѓе, наведе Мекејн по посетата на соседен Јужен Судан, каде што стотици илјади Суданци избегаа од војната во нивната матична земја. Според Светската програма за храна околу 18 милиони луѓе во Судан се соочуваат со глад. Мекејн ги повика завојуваните страни да престанат со борбите и да дозволат хуманитарните агенции да ја пружат потребната помош за настраданото население. Судан е зафатен од насилство од средината на април, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало ескалираа во отворени борби. Оттогаш, борбите се проширија во неколку делови на земјата, при што главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот судански регион Дарфур. Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени во Судан, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа повредени.

The post Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад appeared first on Република.

]]>
ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dfrm-nema-konflikt-na-interesi-so-imenuvaneto-na-branko-petrovski-za-chlen-na-uo-vo-agentsijata-za-film/ Fri, 16 Feb 2024 11:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=744849

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ.

Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски.

Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ. Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски. Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtetata-od-konfliktot-vo-gaza-dosega-iznesuva-okolu-20-milijardi-dolari/ Thu, 15 Feb 2024 16:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=744493

На Газа ќе и треба нов „Маршалов план“ за да се опорави од конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави денеска директорот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) Ричард Козул-Рајт, додавајќи дека штетата од конфликтот досега изнесува на околу 20 милијарди долари.

Говорејќи на маргините на состанокот на ОН во Женева, Козул-Рајт рече дека штетата е веќе четири пати поголема од штетата во Газа за време на седумнеделната војна во 2014 година.

„Зборуваме за 20 милијарди долари ако (конфликтот) престане сега“, рече Козул-Рајт.

Тој додаде рече дека проценката се заснова на сателитски снимки и други информации и дека попрецизна проценка ќе бара од истражувачите да влезат во Газа.

Извор: МИА

The post Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

На Газа ќе и треба нов „Маршалов план“ за да се опорави од конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави денеска директорот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) Ричард Козул-Рајт, додавајќи дека штетата од конфликтот досега изнесува на околу 20 милијарди долари. Говорејќи на маргините на состанокот на ОН во Женева, Козул-Рајт рече дека штетата е веќе четири пати поголема од штетата во Газа за време на седумнеделната војна во 2014 година. „Зборуваме за 20 милијарди долари ако (конфликтот) престане сега“, рече Козул-Рајт. Тој додаде рече дека проценката се заснова на сателитски снимки и други информации и дека попрецизна проценка ќе бара од истражувачите да влезат во Газа. Извор: МИА

The post Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-veke-ne-e-vojna-terorizam-e-veli-papata-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas/ Wed, 22 Nov 2023 11:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=715091

Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“.

Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел.

Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св. Петар“, набрзо по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциск рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот.

„Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна. Ова е тероризам“, рече папата и замоли за молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“.

Двете групи одржаа посебни прес-конференции.

 

The post Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел. Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св. Петар“, набрзо по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциск рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот. „Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна. Ова е тероризам“, рече папата и замоли за молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“. Двете групи одржаа посебни прес-конференции.  

The post Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапиран од Хамас и за пауза во конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-go-pozdravi-dogovorot-za-osloboduvane-na-zalozhnitsite-kidnapiran-od-hamas-i-za-pauza-vo-konfliktot/ Wed, 22 Nov 2023 09:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=715007

Европската Унија го поздрави постигнатиот договор за ослободување на 50 киднапирани заложници од страна на Хамас во следните четири дена, период во која ќе има и пауза во непријателствата меѓу оваа терористичка организација и Израел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава им изрази благодарност „на сите оние кои неуморно работеа преку дипломатски канали во последните недели за да го издејствуваат овој договор“.

Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, наведе – Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, наведе Фон дер Лајен во пораката.

Таа во исто време го повика „терористичкиот Хамас“ веднаш да ги ослободи сите заложници и да им дозволи безбедно да се вратат дома.

Фон дер Лајен додаде и дека Европската комисија ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја искористи договорената пауза во непријателствата за да достави хуманитарна помош во Газа.

– Побарав од комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич да ги зголеми дополнителните пратки за Газа што е можно побрзо, за да се ублажи хуманитарната криза, додаде Фон дер Лајен во пораката.

Постигнатиот договор за ослободување на заложниците од Газа и за пауза во конфликтот, во објави на платформата Икс го поздравија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– По седум недели страдање тие, конечно, ќе бидат повторно со нивните семејства. Повикуваме на итно ослободување на сите заложници, наведе Борел.

Според него, договорената „хуманитарна пауза“ мора да се искористи за да се обезбеди колку што е можно повеќе помош за цивилите кои „се соочуваат со разорната војна во Газа“.

ЕУ ќе го направи својот дел во обезбедувањето помош, додава Борел во објавата.

Вархеји, пак, оцени дека постигнатиот договор носи голема надеж за семејствата на заложниците.

Сите заложници мора веднаш да бидат ослободени, наведе Вархеји во објавата на Икс.

Согласно постигнатиот договор, што синоќа го одобри израелската Влада, се предвидува ослободување на најмалку 50 заложници – жени и деца – во текот на четири дена, за кој период ќе има пауза во борбите. Според израелската Влада, ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза во конфликтот.

Дополнително, согласно договореното, од израелските затвори во првата фаза ќе бидат ослободени 150 палестински затвореници.

The post ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапиран од Хамас и за пауза во конфликтот appeared first on Република.

]]>

Европската Унија го поздрави постигнатиот договор за ослободување на 50 киднапирани заложници од страна на Хамас во следните четири дена, период во која ќе има и пауза во непријателствата меѓу оваа терористичка организација и Израел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава им изрази благодарност „на сите оние кои неуморно работеа преку дипломатски канали во последните недели за да го издејствуваат овој договор“. Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, наведе – Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, наведе Фон дер Лајен во пораката. Таа во исто време го повика „терористичкиот Хамас“ веднаш да ги ослободи сите заложници и да им дозволи безбедно да се вратат дома. Фон дер Лајен додаде и дека Европската комисија ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја искористи договорената пауза во непријателствата за да достави хуманитарна помош во Газа. – Побарав од комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич да ги зголеми дополнителните пратки за Газа што е можно побрзо, за да се ублажи хуманитарната криза, додаде Фон дер Лајен во пораката. Постигнатиот договор за ослободување на заложниците од Газа и за пауза во конфликтот, во објави на платформата Икс го поздравија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. – По седум недели страдање тие, конечно, ќе бидат повторно со нивните семејства. Повикуваме на итно ослободување на сите заложници, наведе Борел. Според него, договорената „хуманитарна пауза“ мора да се искористи за да се обезбеди колку што е можно повеќе помош за цивилите кои „се соочуваат со разорната војна во Газа“. ЕУ ќе го направи својот дел во обезбедувањето помош, додава Борел во објавата. Вархеји, пак, оцени дека постигнатиот договор носи голема надеж за семејствата на заложниците. Сите заложници мора веднаш да бидат ослободени, наведе Вархеји во објавата на Икс. Согласно постигнатиот договор, што синоќа го одобри израелската Влада, се предвидува ослободување на најмалку 50 заложници – жени и деца – во текот на четири дена, за кој период ќе има пауза во борбите. Според израелската Влада, ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза во конфликтот. Дополнително, согласно договореното, од израелските затвори во првата фаза ќе бидат ослободени 150 палестински затвореници.

The post ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапиран од Хамас и за пауза во конфликтот appeared first on Република.

]]>
Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sudanskiot-konflikt-go-zagrozuva-proizvodstvoto-na-koka-kola/ Mon, 31 Jul 2023 07:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=667139

Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан.

Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: акација Сенегал (Senegalia Senegal), овој вид е доминантен во Судан, и помалку вообичаениот сејал акација (Vachellia seyal).

Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за затворање на отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, арапска гума. Во контакт со сончева светлина и воздух, станува тврда. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано за време на сезоната на жетва.

Кому му треба гумиарабика?

Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, таа била незаменлива за балсамирање на телото на покојникот.

Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна и е како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалаци. Во производството на безалкохолни пијалаци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација.

Колку навистина е важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго против Судан. Сепак, тоа не се однесуваше на гумиарабика: за да може компанијата „Кока-кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина.

Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги направи своите пијалаци без таа клучна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција.

Германија е важен купувач

Судан е водечки светски производител на арапска гума – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од оваа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од нејзиниот извоз. Но, тековните борби предизвикаа застој во извозот.

Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (The Observatory of Economic Complexity OEC), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најмногу е извезено во Франција, САД и Германија.

Борбите се голема опасност

Суданскиот новинар Хусеин Али за Дојче Веле вели дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека, ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“.

Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на арапска гума за џвакање. Но, откако почна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.

The post Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола appeared first on Република.

]]>

Од суданскиот багрем се добива гумиарабика – суровина од која зависат многумина. Има повеќе намени и е барана низ целиот свет. Но, нејзиниот извоз е отежнат поради конфликтот во Судан. Гумиарабика или арапска гума е течност од багремови дрвја, кои растат главно во пустините и полупустините на зоната Сахел – таканаречениот гумен појас кој минува низ неколку земји. Постојат два главни вида на багрем: акација Сенегал (Senegalia Senegal), овој вид е доминантен во Судан, и помалку вообичаениот сејал акација (Vachellia seyal). Ако багремите се оштетени, на пример од пожар или инсекти, дрвјата произведуваат гума за затворање на отворените пори. Земјоделците добиваат гума со помош на т.н. тапинг. Во тој процес, кората на дрвото се гребе и се собира течноста што истекува, арапска гума. Во контакт со сончева светлина и воздух, станува тврда. По неколку недели, земјоделците повторно ја собираат гумата и го повторуваат тоа постојано за време на сезоната на жетва. Кому му треба гумиарабика? Гумиарабика се користи во многу области: во фармацијата, за козметички производи или во прехранбената индустрија – под ознаката E414. Во древниот Египет, таа била незаменлива за балсамирање на телото на покојникот. Прехранбената индустрија е многу зависна од гумиарабика. Потребна и е како природен додаток и како извор на таканаречени активни влакна, емулгатор. Не ги менува основните хемиско-биолошки својства на храната. Ја има во слатки, сосови и преливи за салати, пекарски и млечни производи и пијалаци. Во производството на безалкохолни пијалаци, како стабилизатор, спречува таложење на шеќер на дното и кристализација. Колку навистина е важна оваа супстанца, можеше да се види во 1997 година кога САД воведоа трговско ембарго против Судан. Сепак, тоа не се однесуваше на гумиарабика: за да може компанијата „Кока-кола“ да продолжи да се снабдува со таа суровина. Рецептот за Кока-Кола е една од најдобро чуваните тајни на прехранбената индустрија. Сепак, компанијата открива дека не може да ги направи своите пијалаци без таа клучна состојка. Неопходно е сигурно снабдување со таа супстанција. Германија е важен купувач Судан е водечки светски производител на арапска гума – околу 70 отсто од потребната суровина доаѓа од оваа североисточна африканска земја. Приходот на многу Суданци директно или индиректно зависи од нејзиниот извоз. Но, тековните борби предизвикаа застој во извозот. Според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (The Observatory of Economic Complexity OEC), Судан во 2021 година извезол гумиарабика во вредност од 99 милиони евра, што го прави втор најголем извозник во светот. Најмногу е извезено во Франција, САД и Германија. Борбите се голема опасност Суданскиот новинар Хусеин Али за Дојче Веле вели дека продолжувањето на војната ќе резултира со „целосен колапс на извозот и криза на многу големи компании. Треба да се очекува дека, ако војната продолжи, стратешките резерви ќе исчезнат“. Многу Суданци финансиски зависат од продажбата на арапска гума за џвакање. Но, откако почна конфликтот меѓу суданската армија под команда на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и специјалните сили на Мохамед Хамдан Дагал, работата станува сè потешка. Во меѓувреме, конфликтот сериозно го нарушува производството и трговијата.

The post Суданскиот конфликт го загрозува производството на Кока-Кола appeared first on Република.

]]>
Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prishtina-ke-se-obide-da-predizvika-konflikt-predupreduva-angelkovik/ Tue, 14 Feb 2023 12:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=608879

Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија, изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ.

Тој за новинската агенција „Танјуг“ рече дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“.

„Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле“, рече Анѓелковиќ.

Додаде дека единствениот начин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот.

Формирањето на Заедницата на српските општини, вели Анѓелковиќ, е ултиматум што Приштина мора да го прифати.

Коментирајќи ги најавените вонредни избори во Србија, тој рече дека не гледа оти тие би промениле нешто значително и дека нема потреба од избори во септември.

The post Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ appeared first on Република.

]]>

Приштина преку разни провокации ќе се обиде да предизвика конфликти на територијата на Косово и Метохија, изјави поранешниот претседател на Извршниот совет на Косово, Зоран Анѓелковиќ. Тој за новинската агенција „Танјуг“ рече дека „целта на Приштина е Србија да ја претстави како Русија, а себеси како Украина“. „Потребно е инцидентите да се претворат во конфликт или инцидентите да се претворат во 2004 година, кога на Косово се случи етичко чистење, што српската армија и претседателот на републиката не би го дозволиле“, рече Анѓелковиќ. Додаде дека единствениот начин Курти да избега од прифаќањето на француско-германскиот предлог и бриселскиот договор е ескалација на конфликтот. Формирањето на Заедницата на српските општини, вели Анѓелковиќ, е ултиматум што Приштина мора да го прифати. Коментирајќи ги најавените вонредни избори во Србија, тој рече дека не гледа оти тие би промениле нешто значително и дека нема потреба од избори во септември.

The post Приштина ќе се обиде да предизвика конфликт, предупредува Анѓелковиќ appeared first on Република.

]]>
Шефот на „Вагнер“ открива колку долго ќе трае конфликтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-vagner-otkriva-kolku-dolgo-ke-trae-konfliktot-vo-ukraina/ Sun, 12 Feb 2023 13:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=608014

Тековниот конфликт меѓу Русија и Украина најверојатно ќе продолжи уште три години, во зависност од целите што Москва всушност ги следи, изјави основачот на приватната воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во интервју со Семјон Пегов од независниот проект WarGonzo.

„Ако треба да ги покриеме ДНР и ЛНР, тогаш треба да работиме најмалку уште една ипол или две години“, рече Пригожин, мислејќи на териториите на Народните републики Доњецк и Луганск, кои неодамна беа инкорпорирани во Русија.

Доколку Русија се обиде да „оди кон Днепар“, голема река што ја дели Украина на приближно две половини, конфликтот ќе трае уште подолго и ќе трае уште три години, предложи Пригожин. Во исто време, основачот на приватната воена група истакна дека во секој конфликт, уништувањето на војската на непријателот мора да биде приоритет, наместо желбата да се одземат територии од противникот.

Пригожин исто така откри, очигледно на шега, дека доколку Москва се обиде да стигне низ цела Европа кон Ла Манш, тој веќе има совршен план за таков потфат. За да се постигне таа цел, секој во Русија мора да се откаже од секаква рекреативна активност, да ги облече своите „работни костуми“ и да работи неуморно. Сепак, дел од пленот во војната, вклучително и „Франција, Италија, Бугарија и нешто друго“, потоа треба да им се отстапи на Украинците, бидејќи тие се подготвени да „страдаат овде со нас“ многу повеќе.

Основана во 2014 година, Вагнер до сега главно работеше како безбедносен изведувач во Африка и на Блискиот Исток. Прецизни детали за нејзиното распоредување не се објавени, додека Пригожин ги негираше неговите врски со групата и самото нејзино постоење до минатата година.

Групата беше активен учесник во тековниот конфликт во Украина, постигнувајќи неколку победи против украинските трупи. Достигнувањата, исто така, привлекоа широко меѓународно внимание на компанијата, при што САД минатиот месец го прогласија Вагнер за „транснационална криминална организација“.

 

The post Шефот на „Вагнер“ открива колку долго ќе трае конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Тековниот конфликт меѓу Русија и Украина најверојатно ќе продолжи уште три години, во зависност од целите што Москва всушност ги следи, изјави основачот на приватната воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во интервју со Семјон Пегов од независниот проект WarGonzo. „Ако треба да ги покриеме ДНР и ЛНР, тогаш треба да работиме најмалку уште една ипол или две години“, рече Пригожин, мислејќи на териториите на Народните републики Доњецк и Луганск, кои неодамна беа инкорпорирани во Русија. Доколку Русија се обиде да „оди кон Днепар“, голема река што ја дели Украина на приближно две половини, конфликтот ќе трае уште подолго и ќе трае уште три години, предложи Пригожин. Во исто време, основачот на приватната воена група истакна дека во секој конфликт, уништувањето на војската на непријателот мора да биде приоритет, наместо желбата да се одземат територии од противникот. Пригожин исто така откри, очигледно на шега, дека доколку Москва се обиде да стигне низ цела Европа кон Ла Манш, тој веќе има совршен план за таков потфат. За да се постигне таа цел, секој во Русија мора да се откаже од секаква рекреативна активност, да ги облече своите „работни костуми“ и да работи неуморно. Сепак, дел од пленот во војната, вклучително и „Франција, Италија, Бугарија и нешто друго“, потоа треба да им се отстапи на Украинците, бидејќи тие се подготвени да „страдаат овде со нас“ многу повеќе. Основана во 2014 година, Вагнер до сега главно работеше како безбедносен изведувач во Африка и на Блискиот Исток. Прецизни детали за нејзиното распоредување не се објавени, додека Пригожин ги негираше неговите врски со групата и самото нејзино постоење до минатата година. Групата беше активен учесник во тековниот конфликт во Украина, постигнувајќи неколку победи против украинските трупи. Достигнувањата, исто така, привлекоа широко меѓународно внимание на компанијата, при што САД минатиот месец го прогласија Вагнер за „транснационална криминална организација“.  

The post Шефот на „Вагнер“ открива колку долго ќе трае конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>
САД: Опасно сме блиску до вклучување во руско-украинскиот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-opasno-sme-blisku-do-vkluchuvanje-vo-rusko-ukrainskiot-konflikt/ Thu, 13 Oct 2022 07:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=560346

Кирби, кој е координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на САД, во интервју за ТВ Си-Ен-Ен рече: „Во моментов, ризиците се многу високи… Тоа е без сомнение“.

Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека снабдувањето на Киев со повеќецевни ракетни фрлачи од долг дострел од Запад е најбрзиот начин за ескалација на конфликтот во Украина. Тој ги советуваше американските власти и НАТО да размислат пред да испратат оружје во Киев. Според неговите зборови, по овој чекор на Западот конфликтот може да прерасне во светска војна, која ќе има неповратни последици.

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, претходно истакна дека со продолжувањето на испораката на оружје во Киев, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници драматично се приближија до црвената линија.

Во средата, САД објавија нов пакет воена помош за Киев во вредност од 1,1 милијарди долари. Вклучува, меѓу другото, 18 повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“. На овој начин, вклучувајќи ја и сегашната транша, вкупниот обем на американската воена помош за Украина за време на претседателствувањето на Џозеф Бајден достигна речиси 17 милијарди долари.

 

The post САД: Опасно сме блиску до вклучување во руско-украинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>

Кирби, кој е координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на САД, во интервју за ТВ Си-Ен-Ен рече: „Во моментов, ризиците се многу високи… Тоа е без сомнение“. Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека снабдувањето на Киев со повеќецевни ракетни фрлачи од долг дострел од Запад е најбрзиот начин за ескалација на конфликтот во Украина. Тој ги советуваше американските власти и НАТО да размислат пред да испратат оружје во Киев. Според неговите зборови, по овој чекор на Западот конфликтот може да прерасне во светска војна, која ќе има неповратни последици. Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, претходно истакна дека со продолжувањето на испораката на оружје во Киев, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници драматично се приближија до црвената линија. Во средата, САД објавија нов пакет воена помош за Киев во вредност од 1,1 милијарди долари. Вклучува, меѓу другото, 18 повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“. На овој начин, вклучувајќи ја и сегашната транша, вкупниот обем на американската воена помош за Украина за време на претседателствувањето на Џозеф Бајден достигна речиси 17 милијарди долари.  

The post САД: Опасно сме блиску до вклучување во руско-украинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>
Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskiot-ambasador-vo-makedonija-krizata-nema-da-se-prelee-vo-zapaden-balkan/ Wed, 09 Mar 2022 20:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=470297

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вели дека нема опасност од прелевање на руско-украинската криза во регионот на Западен Балкан и дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност.

Русија се однесува кон Македонија како што се однесувала отсекогаш: со еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, рече Баздникин вечерва во интервју за Сител.

Амбасадорот рече и дека е невозможно кризата да се прошири во Западен Балкан, бидејќи дејствијата се одвиваат во Украина. Притоа ја обвини меѓународната заедница велејќи дека „напумпувањето на Украина со оружје е директна закана за безбедноста на Европа вклучително и на Западен Балкан”.

Тоа оружје може да падне, како што рече, во раце на терористи и разни криминални групи од регионов и да биде искористено за нивни цели.

Баздникин нагласи дека изготвената листа на „непријателски земји“ на официјален Кремљ е реакција на односот на тие земји кон Русија.

Кон Русија досега се преземени 5.530 рестриктивни мерки кон кои, за жал, се приклучи и македонската влада. Испорака на оружје од ваша страна го оценивме како неоправдан ризик по безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е сосема друга приказна, но наша појдовна точка беше владиното соопштение, нагласи рускиот амбасадор во земјава.

Тој истакна дека побарал и средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, но, како што рече, до седми март немал никаков контакт.

Имаме воспоставено меѓусебни дипломатски односи и ние сме за зачестени контакти. Во секое време сум подготвен да се сретнам со челниците во земјава и да ја објаснам руската страна за ситуацијата во Украина, порача Баздникин.

The post Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вели дека нема опасност од прелевање на руско-украинската криза во регионот на Западен Балкан и дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност.
Русија се однесува кон Македонија како што се однесувала отсекогаш: со еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, рече Баздникин вечерва во интервју за Сител.
Амбасадорот рече и дека е невозможно кризата да се прошири во Западен Балкан, бидејќи дејствијата се одвиваат во Украина. Притоа ја обвини меѓународната заедница велејќи дека „напумпувањето на Украина со оружје е директна закана за безбедноста на Европа вклучително и на Западен Балкан”. Тоа оружје може да падне, како што рече, во раце на терористи и разни криминални групи од регионов и да биде искористено за нивни цели. Баздникин нагласи дека изготвената листа на „непријателски земји“ на официјален Кремљ е реакција на односот на тие земји кон Русија.
Кон Русија досега се преземени 5.530 рестриктивни мерки кон кои, за жал, се приклучи и македонската влада. Испорака на оружје од ваша страна го оценивме како неоправдан ризик по безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е сосема друга приказна, но наша појдовна точка беше владиното соопштение, нагласи рускиот амбасадор во земјава.
Тој истакна дека побарал и средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, но, како што рече, до седми март немал никаков контакт.
Имаме воспоставено меѓусебни дипломатски односи и ние сме за зачестени контакти. Во секое време сум подготвен да се сретнам со челниците во земјава и да ја објаснам руската страна за ситуацијата во Украина, порача Баздникин.

The post Рускиот амбасадор во Македонија: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија ќе остане надвор од конфликтот меѓу Русија и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-kje-ostane-nadvor-od-konfliktot-megju-rusija-i-ukraina/ Sun, 27 Feb 2022 18:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=464833

Интересот на Унгарија е да остане настрана од конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, туку ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.

Орбан изјави за државната телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на унгарските интереси и ќе донесе одлуки кои ќе и овозможат на неговата земја „да остане настрана од овој конфликт“.

Тој додаде дека не треба да има санкции поради кои Унгарија „на крајот треба да ја плати цената, дури и ако остане надвор од конфликтот“.

The post Орбан: Унгарија ќе остане надвор од конфликтот меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

Интересот на Унгарија е да остане настрана од конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, туку ќе им помогне на сите бегалци од таа земја. Орбан изјави за државната телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на унгарските интереси и ќе донесе одлуки кои ќе и овозможат на неговата земја „да остане настрана од овој конфликт“. Тој додаде дека не треба да има санкции поради кои Унгарија „на крајот треба да ја плати цената, дури и ако остане надвор од конфликтот“.

The post Орбан: Унгарија ќе остане надвор од конфликтот меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-povikaa-na-diplomatija-vo-ukraina-konflikt-bi-bil-katastrofalen/ Tue, 22 Feb 2022 19:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=462159

Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН.

– Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк.

– Воени конфликт ќе биде катастрофален, рече Стефан Дужарик.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.

The post ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН. – Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк. – Воени конфликт ќе биде катастрофален, рече Стефан Дужарик. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.

The post ОН повикаа на дипломатија во Украина, конфликт би бил „катастрофален“ appeared first on Република.

]]>