конфискација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konfiskacija/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 19:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конфискација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konfiskacija/ 32 32 Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tselta-na-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-vo-graganska-postapka-e-da-se-zajaknat-antikoruptsiskite-mehanizmi-veli-grkovska/ Thu, 23 Nov 2023 19:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=715639

Во пресрет на утрешната јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за телевизија Сител  ја образложи целта на донесување на ова законско решение, кое ќе ги зајакне антикорупциските правни механизми во земјава.

Грковска истакна дека со овој закон ќе се овозможи во граѓанска постапка да се санкционираат лица коишто имаат драстична разлика во она што го заработиле од официјално пријавените приходи и имотот што го поседуваат, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка.

„Целта е, со санкционирањето на вакви лица, да се докаже дека корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекнале на таков незаконски начин ќе биде одземен во една законска процедура и како што е предвидено со законот, да се врати назад кај граѓаните, да биде даден на социјални категории граѓани“, нагласи таа.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, вицепремиерката Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот. Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

The post Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на утрешната јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за телевизија Сител  ја образложи целта на донесување на ова законско решение, кое ќе ги зајакне антикорупциските правни механизми во земјава. Грковска истакна дека со овој закон ќе се овозможи во граѓанска постапка да се санкционираат лица коишто имаат драстична разлика во она што го заработиле од официјално пријавените приходи и имотот што го поседуваат, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка.
„Целта е, со санкционирањето на вакви лица, да се докаже дека корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекнале на таков незаконски начин ќе биде одземен во една законска процедура и како што е предвидено со законот, да се врати назад кај граѓаните, да биде даден на социјални категории граѓани“, нагласи таа.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, вицепремиерката Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот. Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

The post Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска appeared first on Република.

]]>
Блиски лица до семејството Ахмети вмешани и во контроверзната конфискација на скапиот имот од „Трансмет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bliski-litsa-do-semejstvoto-ahmeti-vmeshani-i-vo-kontroverznata-konfiskatsija-na-skapiot-imot-od-transmet/ Sun, 01 Oct 2023 16:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=686862

8 Фирми, во три држави, 13 имиња и блиска врска со семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети - сето тоа беше дел од шемата на фирми и поединци кои го користеле и земале дел по дел од имотот во сопственост на државата по конфискацијата на Трансмет.

Шемата ја обелодени Антикорупциската комисија во јули, кога Обвинителството им порача дека нивната истрага е пред крај.

https://youtu.be/mzX7xz9AoUw?si=4hq31Unn1EFQUwOg

ДКСК ја отвори својата постапка по истражувањата на КОД, за кои емисијата доби европска награда за истражувачко новинарство.

The post Блиски лица до семејството Ахмети вмешани и во контроверзната конфискација на скапиот имот од „Трансмет“ appeared first on Република.

]]>

8 Фирми, во три држави, 13 имиња и блиска врска со семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети - сето тоа беше дел од шемата на фирми и поединци кои го користеле и земале дел по дел од имотот во сопственост на државата по конфискацијата на Трансмет. Шемата ја обелодени Антикорупциската комисија во јули, кога Обвинителството им порача дека нивната истрага е пред крај. https://youtu.be/mzX7xz9AoUw?si=4hq31Unn1EFQUwOg ДКСК ја отвори својата постапка по истражувањата на КОД, за кои емисијата доби европска награда за истражувачко новинарство.  

The post Блиски лица до семејството Ахмети вмешани и во контроверзната конфискација на скапиот имот од „Трансмет“ appeared first on Република.

]]>
Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-vo-graganska-postapka-ke-bide-dodadena-vrednost-vo-alatkite-za-borba-protiv-koruptsijata/ Tue, 15 Aug 2023 09:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=672252

Формалната работна група за подготовка на предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. Во таа насока, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која претседава со оваа работна група, нагласи дека е важно за државата овој закон да се донесе во најбрз можен рок, затоа што тој ќе претставува додадена вредност во алатките за борба против корупцијата.

Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на работната група за нацрт текстот на овој закон, кој изминатава година се подготвуваше во соработка со Советот на Европа. Овој првичен документ е солидна основа за да се изработи закон кој ќе биде функционален, применлив, кој нема да биде контрадикторен со други законски решенија и со кој ќе бидат запазени меѓународните стандарди.

Од физибилити студијата, анализата на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи,  досегашната, неформална експертска група заклучи дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, кога во постапките не може целосно да се одземе имот стекнат од незаконски извори. Оттаму, повеќе меѓународни и домашни документи беа разгледувани како основа за подготовка на ново одржливо законско решение, преку кое ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори.

Презентираниот првичен документ ќе се надогради од оваа работна група, составена од претставници на: Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Македонија - Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

The post Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Формалната работна група за подготовка на предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. Во таа насока, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која претседава со оваа работна група, нагласи дека е важно за државата овој закон да се донесе во најбрз можен рок, затоа што тој ќе претставува додадена вредност во алатките за борба против корупцијата. Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на работната група за нацрт текстот на овој закон, кој изминатава година се подготвуваше во соработка со Советот на Европа. Овој првичен документ е солидна основа за да се изработи закон кој ќе биде функционален, применлив, кој нема да биде контрадикторен со други законски решенија и со кој ќе бидат запазени меѓународните стандарди. Од физибилити студијата, анализата на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи,  досегашната, неформална експертска група заклучи дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, кога во постапките не може целосно да се одземе имот стекнат од незаконски извори. Оттаму, повеќе меѓународни и домашни документи беа разгледувани како основа за подготовка на ново одржливо законско решение, преку кое ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори. Презентираниот првичен документ ќе се надогради од оваа работна група, составена од претставници на: Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Македонија - Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

The post Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Велика Британија не може да најде правен начин да ги конфискува руските средства и да ги испрати во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ne-mozhe-da-najde-praven-nachin-da-gi-konfiskuva-ruskite-sredstva-i-da-gi-isprati-vo-ukraina/ Wed, 28 Jun 2023 19:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=656171

Британскиот заменик министер за надворешни работи, Лео Дочерти, говорејќи во Долниот дом на британскиот парламент, изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници не можат трајно да ги конфискуваат замрзнатите руски средства за да ги пренесат во Украина.

Ниту една земја сè уште не најде правно потврдено решение за спроведување на обврската на соодветно ниво, и покрај фактот што меѓународните партнери поднесоа голем број закони на разгледување или дури и ги усвоија. Нашата цел е да најдеме правен начин за пренасочување на руските средства во Украина“, рече Дочерти.

Во исто време, заменик-министерот изјави дека Обединетото Кралство истражува „секакви начини“ да ги конфискува замрзнатите средства на Руската Федерација, што ќе бара „креативност и иновативни пристапи“.

The post Велика Британија не може да најде правен начин да ги конфискува руските средства и да ги испрати во Украина appeared first on Република.

Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-za-initsijativata-za-konfiskatsija-na-gerasimovski-dobra-e-no-treba-da-se-doraboti/ Tue, 11 Apr 2023 06:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=629469

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот.

Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.

Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти. Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот. Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти. Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.
Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.
Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.
Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>
Герасимовски до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-do-zels-ja-dostavi-initsijativata-za-konfiskatsija-na-divogradbi/ Tue, 04 Apr 2023 11:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=627097

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби.

Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени што ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, Општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на своја територија, чие рушење чини стотици илјади евра“, објави тој на фејсбук.

Според него, време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичкото насилство.

The post Герасимовски до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби appeared first on Република.

Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-sredstvata-od-prodazbata-na-konfiskuvaniot-imot-mora-da-se-iskoristat-na-odgovoren-i-transparenten-nachin/ Thu, 28 Jul 2022 12:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=534278

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Никола Тупанчески.

На состанокот се разговараше за предлог моделите за мотивираност на надлежните институции од продажбата на конфискуваниот имот, со цел да се дојде до најдоброто решение, кое ќе обезбеди ефикасност на постапките за продажба на конфискуваниот имот од кривични постапки.

Вицепремиерката Грковска го повтори ставот на меѓународните организации дека Република Македонија е прва држава во регионот која има Стратегија за за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план и Национална комисија која активно работи на нејзината имплементација.

Прашањето околу продажбата на конфискуваниот имот е сериозно и затоа сметам дека е добро да имаме ваков координиран пристап, во кој ќе бидат вклучени сите надлежни институции. Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин. Целта е да дојдеме до применливо, издржано и системско решение кое ќе даде резултати, а се во интерес на граѓаните, оцени Грковска.

Министерот за финансии Бесими ја поздрави оваа иницијатива и нагласи дека за постигнување на целта мора да имаме системски пристап, добра комуникација и координација меѓу надлежните институции, јасна и прецизна законска регулатива, како и соодветни човечки капацитети. Тој најави дека Министерството за финансии ќе ги разгледа понудените модели и ќе оцени кој модел е најприфатлив.

Министерот за правда Тупанчески нагласи дека треба да ги имаме предвид и најдобрите светски искуства и практики и додаде дека моделите начелно се прифатливи, но мора внимателно да се избере конечното решение.

На денешниот состанок беше утврдена динамика на идни активности поврзани со целите од Акцискиот план на Стратегијата.

The post Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Никола Тупанчески. На состанокот се разговараше за предлог моделите за мотивираност на надлежните институции од продажбата на конфискуваниот имот, со цел да се дојде до најдоброто решение, кое ќе обезбеди ефикасност на постапките за продажба на конфискуваниот имот од кривични постапки. Вицепремиерката Грковска го повтори ставот на меѓународните организации дека Република Македонија е прва држава во регионот која има Стратегија за за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план и Национална комисија која активно работи на нејзината имплементација.
Прашањето околу продажбата на конфискуваниот имот е сериозно и затоа сметам дека е добро да имаме ваков координиран пристап, во кој ќе бидат вклучени сите надлежни институции. Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин. Целта е да дојдеме до применливо, издржано и системско решение кое ќе даде резултати, а се во интерес на граѓаните, оцени Грковска.
Министерот за финансии Бесими ја поздрави оваа иницијатива и нагласи дека за постигнување на целта мора да имаме системски пристап, добра комуникација и координација меѓу надлежните институции, јасна и прецизна законска регулатива, како и соодветни човечки капацитети. Тој најави дека Министерството за финансии ќе ги разгледа понудените модели и ќе оцени кој модел е најприфатлив. Министерот за правда Тупанчески нагласи дека треба да ги имаме предвид и најдобрите светски искуства и практики и додаде дека моделите начелно се прифатливи, но мора внимателно да се избере конечното решение. На денешниот состанок беше утврдена динамика на идни активности поврзани со целите од Акцискиот план на Стратегијата.

The post Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин appeared first on Република.

]]>