Конче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konche/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Mar 2024 17:47:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konche/ 32 32 Се бара притвор за 49-годишниот маж од Конче за обљуба на малолетничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-bara-pritvor-za-49-godishniot-mazh-od-konche-za-obluba-na-maloletnichka/ Sun, 31 Mar 2024 17:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=760695

Основното јавно обвинителство Струмица бара притвор за 49-годишниот жител од општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз малолетничка. Притворот се бара поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години. Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен 49-годишниот Ј.К. од село во општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година.

The post Се бара притвор за 49-годишниот маж од Конче за обљуба на малолетничка appeared first on Република.

]]>

Жител на Конче извршил шест тешки кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-konche-izvrshil-shest-teshki-krazhbi/ Fri, 19 Jan 2024 14:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=734616

Полициски службеници уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.

На 18.01 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираат од министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година.

Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

The post Жител на Конче извршил шест тешки кражби appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.
На 18.01 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираат од министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година. Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

The post Жител на Конче извршил шест тешки кражби appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-mitskoski-vo-opshtina-konche-vo-ramkite-na-aktivnosta-ova-e-makedonija-za-site/ Thu, 01 Jun 2023 11:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=646785

Денеска со почеток во 13:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, ќе присуствуваат на увид во градежни активности за изградба на канализација и јавни површини во општина Конче.

Настанот ќе може да го проследите во живо:

https://www.youtube.com/watch?v=XVDNT5-F_14

The post Следете во живо: Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“ appeared first on Република.

]]>

Денеска со почеток во 13:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, ќе присуствуваат на увид во градежни активности за изградба на канализација и јавни површини во општина Конче. Настанот ќе може да го проследите во живо: https://www.youtube.com/watch?v=XVDNT5-F_14

The post Следете во живо: Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“ appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-graganite-se-nezadovolni-site-baraat-promena-na-vlasta-za-da-mozhe-makedonija-da-se-dvizhi-vo-pravilna-nasoka/ Sun, 30 Apr 2023 08:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=635470

Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во рамки на кампањата „Македонија за сите луѓе“ беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.

Заедно со пратениците, градоначалникот, советниците разговараме за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, рече Милошоски.

Додаде дека граѓаните се незадоволни од нискиот приоритет кој владата го дава во земјоделието.

Ова е земјоделски крај но земјоделците тука се соочуваат со многу трошоци, а само мало внимание од владата и мал приход заради хаосот кој владее. Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем, ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока, изјави Милошоски.

The post Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока appeared first on Република.

]]>

Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во рамки на кампањата „Македонија за сите луѓе“ беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина. Заедно со пратениците, градоначалникот, советниците разговараме за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, рече Милошоски. Додаде дека граѓаните се незадоволни од нискиот приоритет кој владата го дава во земјоделието. Ова е земјоделски крај но земјоделците тука се соочуваат со многу трошоци, а само мало внимание од владата и мал приход заради хаосот кој владее. Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем, ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока, изјави Милошоски.

The post Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока appeared first on Република.

]]>
Втора недела средношколците од Конче немаат превоз до училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtora-nedela-srednoshkolcite-od-konche-nemaat-prevoz-do-uchilishte/ Tue, 15 Mar 2022 10:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=473079

Сојузот на средношколци соопшти дека учениците од Конче втора недела немаат превоз за до училиште. Оттаму бараат од општината Радовиш да им обезбеди бесплатен превоз на учениците, што, како што велат, е нивна должност.

Не само што 66 ученици изгубија цела недела настава, туку превоз до СОУ „Коста Сусинов“ нема и за време на оваа недела. Сојузот на средношколци ја повикува Општина Радовиш да ја исполни својата законска обврска. Член 41-а став 1 од Законот за средното образование гласи: „ За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом“.

Член 44 од Уставот гарантира дека правото на образование е „достапно на секого под еднакви услови“. Превозот до училиштетото е право на секој ученик, а не привилегија дарувана од институциите. Истиот не е знак на нивна добра волја, туку должност кон граѓаните и средношколците.

Иако не бевме контактирани од страна на институциите изминатава недела, нашата понуда да фасилитираме комуникација меѓу нив е сè уште отворена. Исто така, Сојузот презема обврска да го информира Народниот правобранител за овој проблем, велат од Сојузот на средношколци.

The post Втора недела средношколците од Конче немаат превоз до училиште appeared first on Република.

Златко Ристов: Конче добива нов изглед, реконструирани бројни улици и почна проект за дигитализација на општинските услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zlatko-ristov-konche-dobiva-nov-izgled-rekonstruirani-brojni-ulici-i-pochna-proekt-za-digitalizacija-na-opshtinskite-uslugi/ Wed, 02 Mar 2022 13:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=466509

Заради ветувањето во предизборието и функционирањето на партијата, а секако и од поддршката која ни ја дадоа граѓаните на Општина Конче, се заложивме за транспарентно работење, ефикасна општина и за остварување на раст и развој на истата. Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници - изјави Златко Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ристов додаде дека со преземањето на функцијата наследил многу лоша состојба во општината.

Систематизација на работни места со ангажирање на работници и исплата на договори за истите со над половина милион денари;

- Потрошени средства за одржување на постоечката механизација и моторни возила, а истите затекнати во катастрофална лоша состојба;

- Ветувани неосновани суми за исплата кон граѓаните;

- Потпишување на договори за амнестирање на договори без никаков основ;

- Потрошени багателни суми за угостителски услуги без никаков договор, а во функција на поткуп на граѓаните во изборите;

- Непочитување на закон за градење;

- Непочитување на законот за јавни набавки - нагласи Ристов говорејќи што затекнал од минатата локална власт.

Ристов посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа добила нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии.

Се почна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица.

Завршен е проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец;

Направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци;

Во фаза на почнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче;

Завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ;

Во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км;

Изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри;

Почнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче - информира Ристов.

Ристов нагласи дека грижата кон граѓаните претставува приоритет.

Тука се и проектите коишто ги предвидовме за реализација во тековната 2022 година а тоа се следните: Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари - истакна Ристов.

https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU&feature=youtu.be

The post Златко Ристов: Конче добива нов изглед, реконструирани бројни улици и почна проект за дигитализација на општинските услуги appeared first on Република.

]]>

Заради ветувањето во предизборието и функционирањето на партијата, а секако и од поддршката која ни ја дадоа граѓаните на Општина Конче, се заложивме за транспарентно работење, ефикасна општина и за остварување на раст и развој на истата. Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници - изјави Златко Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Ристов додаде дека со преземањето на функцијата наследил многу лоша состојба во општината.
Систематизација на работни места со ангажирање на работници и исплата на договори за истите со над половина милион денари;   - Потрошени средства за одржување на постоечката механизација и моторни возила, а истите затекнати во катастрофална лоша состојба;   - Ветувани неосновани суми за исплата кон граѓаните;   - Потпишување на договори за амнестирање на договори без никаков основ;   - Потрошени багателни суми за угостителски услуги без никаков договор, а во функција на поткуп на граѓаните во изборите;   - Непочитување на закон за градење;   - Непочитување на законот за јавни набавки - нагласи Ристов говорејќи што затекнал од минатата локална власт.
Ристов посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа добила нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии.
Се почна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица.   Завршен е проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец;   Направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци;   Во фаза на почнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче;   Завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ;   Во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км;   Изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри;   Почнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче - информира Ристов.
Ристов нагласи дека грижата кон граѓаните претставува приоритет.
Тука се и проектите коишто ги предвидовме за реализација во тековната 2022 година а тоа се следните: Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари - истакна Ристов.
https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU&feature=youtu.be

The post Златко Ристов: Конче добива нов изглед, реконструирани бројни улици и почна проект за дигитализација на општинските услуги appeared first on Република.

]]>
Пронајдена рачна граната во близина на Конче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-rachna-granata-vo-blizina-na-konche/ Tue, 04 Jan 2022 13:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=440472

Жител на селото Конче во близина на населеното место пронашол неексплодирана граната

М.С.(46) од село Конче на 2 јануари 2022 во 19 часот во Полициската станица Радовиш пријавил дека во близина на селото пронашле рачна бомба - информираат од МВР.

Бомбата вчера била подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Штип, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.

The post Пронајдена рачна граната во близина на Конче appeared first on Република.