концесија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncesija/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 10:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концесија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncesija/ 32 32 Проектот е штетен: Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата за Чебрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proektot-e-shteten-zdruzhenieto-na-inzheneri-podnese-pretstavka-za-kontsesijata-za-chebren/ Wed, 13 Dec 2023 10:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=722525

Здружението на инженери на Македонија денеска информира дека е поднесена претставка до надлежните институции за одлуката за концесија за хидроцентралата Чебрен.

Претставката ја поднесовме поради сомневање дека со општите акти на Владата во постапката при подготовката и реализацијата на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река се направени бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци со кои се загрозуваат суверенитетот, територијалната целина и основите на економските односи определени со Уставот, како и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за одбрана, се вели во соопштението.

Здружението на инженери очекува надлежните органи да постапат по претставката и да го замрзнат процесот за потпишување на договор за јавно-приватно партнерство сѐ додека не се истражат, потврдат или отфрлат нивните сомневања.

Преставката, како што стои во соопштението, е испратена до Уставниот суд, Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвнителство и Бирото за јавни набавки.

Од Здружението на инженери сметаат дека проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен по пат на јавно – приватно партнерство е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава и се дава на управување воден ресурс кој е веројатно најзначаен во овој век.

The post Проектот е штетен: Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата за Чебрен appeared first on Република.

]]>

Здружението на инженери на Македонија денеска информира дека е поднесена претставка до надлежните институции за одлуката за концесија за хидроцентралата Чебрен. Претставката ја поднесовме поради сомневање дека со општите акти на Владата во постапката при подготовката и реализацијата на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река се направени бројни суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци со кои се загрозуваат суверенитетот, територијалната целина и основите на економските односи определени со Уставот, како и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката согласно одредбите од Законот за одбрана, се вели во соопштението. Здружението на инженери очекува надлежните органи да постапат по претставката и да го замрзнат процесот за потпишување на договор за јавно-приватно партнерство сѐ додека не се истражат, потврдат или отфрлат нивните сомневања. Преставката, како што стои во соопштението, е испратена до Уставниот суд, Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвнителство и Бирото за јавни набавки. Од Здружението на инженери сметаат дека проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен по пат на јавно – приватно партнерство е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава и се дава на управување воден ресурс кој е веројатно најзначаен во овој век.

The post Проектот е штетен: Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата за Чебрен appeared first on Република.

]]>
Уапсен вработен во Водостопанство додека земал мито од 6000 евра за да издаде концесија за експлоатација на песок во Кратово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-vraboten-vo-vodostopanstvo-dodeka-zemal-mito-od-6000-evra-za-da-izdade-kontsesija-za-eksploatatsija-na-pesok-vo-kratovo/ Sat, 20 May 2023 12:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=642979

Единицата за Корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против М.К.(42) с. Дражево, општина Ново Село, со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на раководител на сектор во АД „Водостопанство“ на Република Македонија - Скопје, кон крајот на 2022 година и на 19.05.2023 остварил средби со друго лице со цел да му овозможи да добие концесија за експлоатација на песок во Кратово и да склучи договор со АД „Водостопанство“, при што примил поткуп во вкупна вредност од 6.000 евра, по 3.000 евра на секоја средба. Тој бил лишен од слобода вчера во Скопје веднаш откако ги земал парите од лицето и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата.

The post Уапсен вработен во Водостопанство додека земал мито од 6000 евра за да издаде концесија за експлоатација на песок во Кратово appeared first on Република.

Струшка фирма за 400.000 евра го доби Охридското Езеро под концесија за шест години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strushka-firma-za-400-000-evra-go-dobi-ohridskoto-ezero-pod-kontsesija-za-shest-godini/ Thu, 09 Mar 2023 19:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=617882

Струшката фирма „Еко-свет“ по пат на јавно надавање го доби Охридското Езеро под концесија за стопански риболов во период од шест години, за сума од 400.000 евра, објави „Алсат“.

Постапката за доделување концесија на риби за вршење стопански риболов и организирање рекреативен риболов на Охридското Езеро е во тек. Обврските по однос на порибувањето, количини и улов на риба на идниот концесионер ќе бидат утврдени во договорот за концесијата по изборот на концесионер“, велат од Министерството за земјоделство, од каде сепак не ги демантираат објавените информации за новиот концесионер кој го доби на користење најголемото и најубавото македонско езеро.

Охридското Езеро немаше концесионер од јануари 2020 година, кога на фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја одзеде концесијата бидејќи не водела точна евиденција за уловената риба.

Истовремено, продолжува незадоволството кај научниците, екологистите и спортските риболовци, кои велат дека на концесионерите секогаш приоритет им е профитот, наместо грижата за езерото. Рибарите и директно обвинуваат дека стопанисувањето со езерото е „вносен бизнис преку кој се перат големи пари“.

Државата, иако е должна, не се грижи за Охридското Езеро и затоа владее хаос и ќе продолжи и понатака да владее хаос, ако не ѝ се дозволи на некоја научна установа или на македонската риболовна федерација да управува со тие риболовни води. Еве, имавме искуство од претходните концесионери тој на пример, пријавуваше дека за пет години уловил од 400 до 500 килограми пастрмка, вели за „Алфа“ Радован Димитриески од здружението „Рибарски приказни“.

The post Струшка фирма за 400.000 евра го доби Охридското Езеро под концесија за шест години appeared first on Република.

]]>

Струшката фирма „Еко-свет“ по пат на јавно надавање го доби Охридското Езеро под концесија за стопански риболов во период од шест години, за сума од 400.000 евра, објави „Алсат“.
Постапката за доделување концесија на риби за вршење стопански риболов и организирање рекреативен риболов на Охридското Езеро е во тек. Обврските по однос на порибувањето, количини и улов на риба на идниот концесионер ќе бидат утврдени во договорот за концесијата по изборот на концесионер“, велат од Министерството за земјоделство, од каде сепак не ги демантираат објавените информации за новиот концесионер кој го доби на користење најголемото и најубавото македонско езеро.
Охридското Езеро немаше концесионер од јануари 2020 година, кога на фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја одзеде концесијата бидејќи не водела точна евиденција за уловената риба. Истовремено, продолжува незадоволството кај научниците, екологистите и спортските риболовци, кои велат дека на концесионерите секогаш приоритет им е профитот, наместо грижата за езерото. Рибарите и директно обвинуваат дека стопанисувањето со езерото е „вносен бизнис преку кој се перат големи пари“.