концесии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncesii/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 10:35:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концесии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncesii/ 32 32 Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-za-zhivotna-sredina-treba-da-bideme-mnogu-vnimatelni-koga-davame-kontsesii-vo-zemjodelskite-delovi-od-drzhavata/ Sun, 24 Sep 2023 10:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=684644

Мојот став во врска со експлоатирањето руди и минерални суровини е познат, меѓутоа мислам дека и нашите закони се такви, а и јавната свест е подигната и кај граѓаните и кај министерството, дека треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии, вели министерката за животна средина, Каја Шукова, во врска со стратегијата за минерални суровини на Министерството за економија, за која граѓански организации и експерти оценуваат дека се планира масовно давање концесии за користење минерални суровини и експортирање на минералните суровини во земјите на ЕУ.

Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, Шукова посочува дека МЖСПП ќе биде вклучено во процесот на креирање на стратегијата, со оглед дека има допирна точка со животната средина, ќе ја добие нацрт-верзијата кога ќе биде готова и дека, согласно закон, на стратегијата мора да се направи стратешка оценка на влијание.

Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не. Тоа е секако економска гранка којашто носи бенефит и од економски и од социјален аспект на државата. Меѓутоа, животната средина мора да ни биде приоритет, не треба да познава политика и треба сите сериозно да се занимаваме со неа, вели Шукова.

Во врска со случајот што го отвори Енергетската заедница која утврди дека државава ја прекршува Директивата за ОВЖС (Оценка за влијанието врз животна средина) со нејзино несоодветно спроведување, односно дека не прави доволна проценка за ризиците од проектите со потенцијално голема штети, како ископи на песок, хидроелектрани, автопати, рудници, експлоатација на минерални суровини, Шукова посочува дека е подигнато нивото во Правилникот во кој јасно е дефинирано за која големина на проект треба да се работи елеборат, а за која се работи студија.

За покапиталните проекти, вели таа, исклучително мора да се прави студија, за која се вклучуваат многу експерти и многу инволвирани страни, а за прекугранично влијание, се консултираат и соседните земји.

Меѓутоа се одобруваат стотици концесии врз база на елаборати, а не врз основа на студии за Оценка за влијание врз животната средина, а тие имаат енормна штета врз животната средина. На пример, одобрени се над 90 елаборати за мали хидроцентрали, од кои минимум 30 се во заштитени подрачја, со огромна штета врз биодиверзитетот. Тоа е политика која што се спроведуваше пред 10-15 години. Ставот на оваа Влада јас после неколкуте мали хидро коишто беа во заштитени подрачја, особено кога се прогласуваше Шар Планина, секако и во Националниот парк Маврово, се повеќе се размислува и мислам дека ќе биде политика на оваа Влада, особено на партијата која јас ја застапувам, СДСМ, дека веќе нема да ги поддржуваме малите хидроелектрани и мислам дека веќе е време да се стави крај на тоа, особено на оние каде што има проблем со водниот биланс, додава Шукова во интервјуто.

Во однос на подготвениот Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и реакцијата на граѓанските организации дека тој се носи врз основа на набрзина подготвена студија за валоризација и без доволно вклучени експерти, министерката одговара дека изработката на студијата за валоризација е согласно законот и биле вклучени сите инволвирани страни, и во изработката на студијата, и во изработката на законот.

Вклучително сега, и во јавната расправа што ја имаме за самиот закон, пред да го пуштиме на Влада и пред да оди на Собраните. Сите коментари коишто ги имаат невладините организации се добредојдени, ќе ги прибереме и ќе дискутираме заедно со нив, меѓутоа прво интерно, во Министерството, да видиме во кој опсег се коментарите што ги имаат. Меѓутоа не се согласуваме дека не е направена студијата за валоризација согласно закон и дека е декларативно направена, наведува министерката за животна средина во интервјуто за Радио Слободна Европа.

The post Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата appeared first on Република.

]]>

Мојот став во врска со експлоатирањето руди и минерални суровини е познат, меѓутоа мислам дека и нашите закони се такви, а и јавната свест е подигната и кај граѓаните и кај министерството, дека треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии, вели министерката за животна средина, Каја Шукова, во врска со стратегијата за минерални суровини на Министерството за економија, за која граѓански организации и експерти оценуваат дека се планира масовно давање концесии за користење минерални суровини и експортирање на минералните суровини во земјите на ЕУ.
Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, Шукова посочува дека МЖСПП ќе биде вклучено во процесот на креирање на стратегијата, со оглед дека има допирна точка со животната средина, ќе ја добие нацрт-верзијата кога ќе биде готова и дека, согласно закон, на стратегијата мора да се направи стратешка оценка на влијание.
Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не. Тоа е секако економска гранка којашто носи бенефит и од економски и од социјален аспект на државата. Меѓутоа, животната средина мора да ни биде приоритет, не треба да познава политика и треба сите сериозно да се занимаваме со неа, вели Шукова.
Во врска со случајот што го отвори Енергетската заедница која утврди дека државава ја прекршува Директивата за ОВЖС (Оценка за влијанието врз животна средина) со нејзино несоодветно спроведување, односно дека не прави доволна проценка за ризиците од проектите со потенцијално голема штети, како ископи на песок, хидроелектрани, автопати, рудници, експлоатација на минерални суровини, Шукова посочува дека е подигнато нивото во Правилникот во кој јасно е дефинирано за која големина на проект треба да се работи елеборат, а за која се работи студија. За покапиталните проекти, вели таа, исклучително мора да се прави студија, за која се вклучуваат многу експерти и многу инволвирани страни, а за прекугранично влијание, се консултираат и соседните земји.
Меѓутоа се одобруваат стотици концесии врз база на елаборати, а не врз основа на студии за Оценка за влијание врз животната средина, а тие имаат енормна штета врз животната средина. На пример, одобрени се над 90 елаборати за мали хидроцентрали, од кои минимум 30 се во заштитени подрачја, со огромна штета врз биодиверзитетот. Тоа е политика која што се спроведуваше пред 10-15 години. Ставот на оваа Влада јас после неколкуте мали хидро коишто беа во заштитени подрачја, особено кога се прогласуваше Шар Планина, секако и во Националниот парк Маврово, се повеќе се размислува и мислам дека ќе биде политика на оваа Влада, особено на партијата која јас ја застапувам, СДСМ, дека веќе нема да ги поддржуваме малите хидроелектрани и мислам дека веќе е време да се стави крај на тоа, особено на оние каде што има проблем со водниот биланс, додава Шукова во интервјуто.
Во однос на подготвениот Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и реакцијата на граѓанските организации дека тој се носи врз основа на набрзина подготвена студија за валоризација и без доволно вклучени експерти, министерката одговара дека изработката на студијата за валоризација е согласно законот и биле вклучени сите инволвирани страни, и во изработката на студијата, и во изработката на законот.
Вклучително сега, и во јавната расправа што ја имаме за самиот закон, пред да го пуштиме на Влада и пред да оди на Собраните. Сите коментари коишто ги имаат невладините организации се добредојдени, ќе ги прибереме и ќе дискутираме заедно со нив, меѓутоа прво интерно, во Министерството, да видиме во кој опсег се коментарите што ги имаат. Меѓутоа не се согласуваме дека не е направена студијата за валоризација согласно закон и дека е декларативно направена, наведува министерката за животна средина во интервјуто за Радио Слободна Европа.

The post Министерката за животна средина: Треба да бидеме многу внимателни кога даваме концесии во земјоделските делови од државата appeared first on Република.

]]>
Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-struga-ima-samo-dvajtsa-spasiteli-a-plazhite-se-uzurpirani-na-divo/ Fri, 21 Jul 2023 15:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=664011

Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон.

На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители.

Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи.

Целата сторија на „Сител

The post Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво appeared first on Република.

]]>

Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон. На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители. Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи. Целата сторија на „Сител

The post Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoreno-pismo-do-pendarovski-i-kovachevski-za-raskinuvane-na-kontsesiite-vo-natsionalniot-park-mavrovo/ Wed, 08 Feb 2023 13:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=606527

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција.

Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7).

Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“.

Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови.

Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).

Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.

Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.

Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>

Граѓанските организации со барање до Претседателот, Пендаровски и Премиерот Ковачевски за откажување на хидроецентралите во Националниот парк Маврово, согласно Одлуката на Комитет на Бернската Конвенција. Група домашни и меѓународни граѓански организации испрати писмо до Владата и Претседателот на Р. Македонија, со кое побара од овие институции кои се законски одговорни за извршувањето на меѓународните договори, да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција и да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7). Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“ со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот“. Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препораката бр.211) Владата на Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во националните паркови. Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово, заради што во декември 2022 година Комитетот донесе Одлука во која посочи дека е потребен побрз напредок во однос на Националниот парк Маврово и побара од Владата откажување на останатите три концесии во НП Маврово (Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка).
Издадените концесии за малите хидроцентрали во НП Маврово го кочат процесот на репрогласување на паркот уште од 2016 година. Секое понатамошно одложување значи само продолжување на моменталните практики на неодржливото управување со паркот, со што се нанесува неповртна штета врз биодиверзитетот, но и врз животот на локалното население. Затоа е потребно итно раскинување на концесиите со што ќе се овозможи успешно спроведување на процесот на репрогласување и ќе се воведе активна заштита на вредности на паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.
Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како што е Бернската Конвенција.
Барањето до Претседателот Пендаровски и до Владата е всушност барање за постапување како што налага националното законодавство – извршување на меѓународните договори, конкретно спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година. Сметаме дека е крајно време државата да почне да ги спроведува обврските од националното и меѓународното законодавство заради обезбедување ефикасна заштита на НП Маврово“, изјави Ања Јованова од Фронт 21/47.

The post Отворено писмо до Пендаровски и Ковачевски за раскинување на концесиите во Националниот парк Маврово appeared first on Република.

]]>
Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raskinuvaat-dogovorite-za-koncesija-za-sedum-mali-hidrocentrali-vo-np-shar-planina/ Tue, 04 Oct 2022 13:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=557266

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

The post Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина appeared first on Република.