концерти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncerti/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 15:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концерти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncerti/ 32 32 Владимир Четкар со концерти во Њујорк, Детроит, Кливленд, Колумбус, Сан Франциско и Чикаго https://arhiva3.republika.mk/scena/vladimir-chetkar-so-kontserti-vo-nujork-detroit-klivlend-kolumbus-san-frantsisko-i-chikago/ Tue, 26 Nov 2024 17:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=842004

Овој Декември ќе започне есенско-зимската турнеја на Владимир Четкар во САД каде тој ќе се претстави со својата авторска музика во некој од најпрестижните американски музички клубови.

Набрзо Четкар патува за Њујорк каде на 6-ти Декември ќе одржи концерт во музичкиот клуб Chelsea Table and Stage. На 13-ти Декември турнејата продолжува во Детроит во џез клубот Aretha's Jazz Cafe at the Music Hall, а наредниот ден, 14-ти Декември тој ќе одржи концерт во BOP STOP во Кливленд.Нa 27-ми Декември Четкар ќе настапи во градот Колумбус во Natalie's Grandview а на 8-ми  Декември во Сан Франциско во џез клубот Black Cat.

Турнејата на Четкар ќе заврши во Чикаго на 10-ти Јануари со настап во Skadarliya.

Македонскиот композитор, аранжер, продуцент, гитарист и вокалист неодамна го издаде својот најнов авторски студиски албум 'Let Us Be' ексклузивно во Јапонија преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records и се здоби со извонредни критики и радио поддршка ширум Јапонија. За брзо овој албум ќе се издаде и надвор од Јапонија, насекаде во светот а паралелно со неговото издавањето ќе се издадат и ремикси од авторски композиции на Четкар сработени од светски познати ди-џеј продуценти.

Четкар е единствениот Македонски музички автор и изведувач кој својата  музика редовно ја издава и продава во Јапонија и Јужна Кореја преку некој од најголемите тамошни музички куќи.

The post Владимир Четкар со концерти во Њујорк, Детроит, Кливленд, Колумбус, Сан Франциско и Чикаго appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsijata-vo-germanija-ne-veruva-deka-postoi-rizik-na-kontsertite-na-pejachkata-adel-vo-minhen/ Thu, 08 Aug 2024 20:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=804750

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА.

Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани.

Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој.

Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре

The post Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА. Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани. Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој. Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи. Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре

The post Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен appeared first on Република.

]]>
„Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/scena/foltin-najavuva-kontsertna-turneja-vo-avgust-vo-struga-bitola-i-kavadartsi/ Mon, 05 Aug 2024 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=803491

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци.

Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм.
(Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar).

Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers).

Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци. Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar). Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers). Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ https://arhiva3.republika.mk/scena/trpejtsa-od-vecherva-vo-znakot-na-kulturno-zabavnoto-leto-na-zajdisontse/ Sat, 20 Jul 2024 08:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=798674

Од вечерва до  28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите  но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект.

Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на  Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот  на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи  со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца  првпат  настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска.

И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата  во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија  од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб   „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески.

Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама.

Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>

Од вечерва до  28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“. Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите  но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект. Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на  Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот  на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи  со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца  првпат  настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска. И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата  во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија  од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб   „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески. Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама. Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.  

The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>
По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-kontsertite-vo-las-vegas-adel-ke-pauzira-od-muzikata/ Thu, 18 Jul 2024 10:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=798011

Адел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.

Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“.

Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната.

Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел.

Во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

The post По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката appeared first on Република.

]]>

Адел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.
Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“.
Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година. Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната.
Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел.
Во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

The post По концертите во Лас Вегас, Адел ќе паузира од музиката appeared first on Република.

]]>
БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/boi-aki-i-kutu-vecherva-na-offest-miks-od-afrikanski-vlijanija-i-evropski-folk-i-moken-zvuk-na-frantsusko-etiopiskata-super-grupa-za-besprekorno-festivalsko-dozhivuvane/ Fri, 07 Jun 2024 09:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=785467

По синоќешното експлозивно отворање на 23. издание на OFFest со импресивниот настап на „султанот на сахарскиот блуз“ BOMBINO, како и на ѕвездите на јужноафриканскиот психоделичен транс BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness), нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на годинешниот OFFest, што ќе се одржи вечерва во Националната опера и балет, е резервирана за вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH (БОИ АКИ), во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер група KUTU (КУТУ). Овој програмски сплет несомнено создава услови за беспрекорно фестивалско доживување.

Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот – од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат – често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Бои Аки произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Бои Аки, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.

КУТУ се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна фигура на класичната музика и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на локалната вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро-вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиопски транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. КУТУ пленат и раздвижуваат со експлозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност! Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.

The post БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување appeared first on Република.

]]>

По синоќешното експлозивно отворање на 23. издание на OFFest со импресивниот настап на „султанот на сахарскиот блуз“ BOMBINO, како и на ѕвездите на јужноафриканскиот психоделичен транс BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness), нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на годинешниот OFFest, што ќе се одржи вечерва во Националната опера и балет, е резервирана за вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH (БОИ АКИ), во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер група KUTU (КУТУ). Овој програмски сплет несомнено создава услови за беспрекорно фестивалско доживување. Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот – од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат – често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Бои Аки произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Бои Аки, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.
КУТУ се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна фигура на класичната музика и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на локалната вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро-вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиопски транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. КУТУ пленат и раздвижуваат со експлозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност! Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.

The post БОИ АКИ и КУТУ вечерва на ОФФест: Микс од африкански влијанија и европски фолк и моќен звук на француско-етиописката супер група за беспрекорно фестивалско доживување appeared first on Република.

]]>
ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/fames-institutot-najavi-brojni-kontserti-so-svetski-muzichki-imina-vo-maj-i-juli-vo-skopje/ Mon, 13 May 2024 08:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=777462

Во рамките на програмата на ФАМЕС Институтот во Скопје, во сабота на 11-ти мај започнува уште еден интересен оркeстарски проект. Како што беше најавено на почетокот на оваа година, а македонската публика уживаше во неколку концерти изминативе месеци, во периодот кој следи, публиката ќе има можност да биде дел од навистина интересни настани, кои заслужуваат да бидат забележани и посетени од љубителите на музичката уметност.

Од почетокот на оваа година е воведен и циклусот концерти наречен FAME’S UNPLUGGED, кој се одржува на нестандардни локации во Скопје, кои не се експлоатирани како концертни простори за класична музика. Така, покрај концертите кои се одржаа во камерната сала на Филхармонија, се реализираа и концерти во Аудиокултура и Лабораториум.

Во рамки на оркестарските курсеви за филмска музика и „кард бланш”, во мај ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот на ФАМЕС Институтот.

Првиот анплагд концерт на оркестарот на ФАМЕС се најавува за 15-ти мај со почеток во 20 часот и ќе се одржи во КОТУР. Концертот ќе биде предводен од светски познатиот виолист и професор Питер Барсони и е посветен на камерното музицирање. Во рамки на концертната програма ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шуберт, Пуланк, Мазас итн.

Значајно е да се истакне дека овие млади музичари учествуваат на оркестарскиот курс за филмска музика, кој се реализира во соработка со еден од најдобрите конзерваториуми во Европа - Музичкиот конзерваториум од Амстердам, предводени од менторот Каве Варес.

По овој концерт следат два исклучително интересни концерти под менторство на реномираната композиторка, диригентка и продуцентка Дајан Луи, а како специјална гостинка ќе настапи сопранот Џони Фиори.

Вториот концерт од циклусот Фејмс Ангплагд, ќе се одржи на 20-ти мај во ЛАБОРАТОРИУМ со почеток во 20 часот. И на овој концерт ќе настапат младите таленти од ФАМЕС оркестарот, но овојпат со разновидна програма која ќе претстави различни музички стилови, од блуз, џез, електронска музика, хип-хоп итн.

Финале на овој курс, воедно и завршница на петтиот по ред семинар, ќе биде концертот кој ќе се одржи во СТУДИОТО ФАМЕС на 23-ти мај, со почеток во 20 часот.

По диригентската палка на Дајен Луи, оркестарот, заедно со Џони Фиори, ќе изведе композиции од Григ, Чајковски, Елингтон многу други.

Дајан Луи е композиторка/текстописец и класично обучена диригентка која има работено со некои од најпознатите имиња, вклучувајќи ги Стиви Вондер, Лајонел Хемптон, Снуп Дог, Тони Бенет, Доли Партон, Ненси Вилсон, Боб Дилан, Пласидо Доминго, Кристина Агилера и многу повеќе. Дајан Луи диригира оркестри ширум светот, вклучувајќи ги Лондонската симфонија, Бостонската симфонија, симфонијата на Сан Франциско, Детроитската симфонија и Кралската филхармонија. Таа има напишано песни и специјален материјал за Academy Awards, Emmys, Grammys, Image Awards, Miss America, HBO's Happily Ever After, Fame and Friends.

Гласот на Џони Фиори се слуша во филмови, реклами и видео игри, проекти како кампањите на Кока-Кола и Американ Ерлајнс, темата на Пауер Ренџерс и на Дизниевиот Херкулес како дел од Трите музи. Дебитирајќи во Вест Енд во 125-та улица, Џони ја одигра лондонската улога на Мотормут Мејбел во „Лак за коса“, во режија на Џек О'Брајан.

За месец јули, во рамки на шестиот семинар на ФАМЕС Институтот, веќе се најавуваат врвни светски музичари кои ќе ги раководат оркестарските курсеви и ќе одржат концерти во Скопје. Ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот, под менторство на врвни светски солисти. Концертите ќе се одржат на 6-ти и 22-ри јули во рамки на Скопско лето 2024 во соработка со Музичка младина, додека на 15-ти јули ќе се реализира концерт во камерната сала во Филхармонија.

FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата FAME’S, која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Со седиште во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност и е наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE).

Програмата обезбедува едукација во разновидни оркестарски практики, овозможувајќи високо професионално ниво на обука, преку новите методологии и технологии во студиото на FAME’S, со цел развој на нова публика, пренесувајќи го културниот диверзитет на европското музичко наследство.

Институтот соработува со еминентни музички имиња, како: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Џони Фиори и други.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://fames-institute.com/

The post ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата на ФАМЕС Институтот во Скопје, во сабота на 11-ти мај започнува уште еден интересен оркeстарски проект. Како што беше најавено на почетокот на оваа година, а македонската публика уживаше во неколку концерти изминативе месеци, во периодот кој следи, публиката ќе има можност да биде дел од навистина интересни настани, кои заслужуваат да бидат забележани и посетени од љубителите на музичката уметност. Од почетокот на оваа година е воведен и циклусот концерти наречен FAME’S UNPLUGGED, кој се одржува на нестандардни локации во Скопје, кои не се експлоатирани како концертни простори за класична музика. Така, покрај концертите кои се одржаа во камерната сала на Филхармонија, се реализираа и концерти во Аудиокултура и Лабораториум. Во рамки на оркестарските курсеви за филмска музика и „кард бланш”, во мај ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот на ФАМЕС Институтот. Првиот анплагд концерт на оркестарот на ФАМЕС се најавува за 15-ти мај со почеток во 20 часот и ќе се одржи во КОТУР. Концертот ќе биде предводен од светски познатиот виолист и професор Питер Барсони и е посветен на камерното музицирање. Во рамки на концертната програма ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шуберт, Пуланк, Мазас итн. Значајно е да се истакне дека овие млади музичари учествуваат на оркестарскиот курс за филмска музика, кој се реализира во соработка со еден од најдобрите конзерваториуми во Европа - Музичкиот конзерваториум од Амстердам, предводени од менторот Каве Варес. По овој концерт следат два исклучително интересни концерти под менторство на реномираната композиторка, диригентка и продуцентка Дајан Луи, а како специјална гостинка ќе настапи сопранот Џони Фиори. Вториот концерт од циклусот Фејмс Ангплагд, ќе се одржи на 20-ти мај во ЛАБОРАТОРИУМ со почеток во 20 часот. И на овој концерт ќе настапат младите таленти од ФАМЕС оркестарот, но овојпат со разновидна програма која ќе претстави различни музички стилови, од блуз, џез, електронска музика, хип-хоп итн. Финале на овој курс, воедно и завршница на петтиот по ред семинар, ќе биде концертот кој ќе се одржи во СТУДИОТО ФАМЕС на 23-ти мај, со почеток во 20 часот. По диригентската палка на Дајен Луи, оркестарот, заедно со Џони Фиори, ќе изведе композиции од Григ, Чајковски, Елингтон многу други. Дајан Луи е композиторка/текстописец и класично обучена диригентка која има работено со некои од најпознатите имиња, вклучувајќи ги Стиви Вондер, Лајонел Хемптон, Снуп Дог, Тони Бенет, Доли Партон, Ненси Вилсон, Боб Дилан, Пласидо Доминго, Кристина Агилера и многу повеќе. Дајан Луи диригира оркестри ширум светот, вклучувајќи ги Лондонската симфонија, Бостонската симфонија, симфонијата на Сан Франциско, Детроитската симфонија и Кралската филхармонија. Таа има напишано песни и специјален материјал за Academy Awards, Emmys, Grammys, Image Awards, Miss America, HBO's Happily Ever After, Fame and Friends. Гласот на Џони Фиори се слуша во филмови, реклами и видео игри, проекти како кампањите на Кока-Кола и Американ Ерлајнс, темата на Пауер Ренџерс и на Дизниевиот Херкулес како дел од Трите музи. Дебитирајќи во Вест Енд во 125-та улица, Џони ја одигра лондонската улога на Мотормут Мејбел во „Лак за коса“, во режија на Џек О'Брајан. За месец јули, во рамки на шестиот семинар на ФАМЕС Институтот, веќе се најавуваат врвни светски музичари кои ќе ги раководат оркестарските курсеви и ќе одржат концерти во Скопје. Ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот, под менторство на врвни светски солисти. Концертите ќе се одржат на 6-ти и 22-ри јули во рамки на Скопско лето 2024 во соработка со Музичка младина, додека на 15-ти јули ќе се реализира концерт во камерната сала во Филхармонија. FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата FAME’S, која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Со седиште во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност и е наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Програмата обезбедува едукација во разновидни оркестарски практики, овозможувајќи високо професионално ниво на обука, преку новите методологии и технологии во студиото на FAME’S, со цел развој на нова публика, пренесувајќи го културниот диверзитет на европското музичко наследство. Институтот соработува со еминентни музички имиња, како: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Џони Фиори и други. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://fames-institute.com/

The post ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/area-najavuva-akustichna-muzichka-magija-i-patuvane-niz-nivnata-30-godishna-muzichka-kariera/ Wed, 17 Apr 2024 15:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=767203

19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера.

Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, којшто се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, вели Ружица Милошеска-Брчиоска и додава дека со оглед на тоа дека Ареа постои 31 година и зад себе имаат седум албуми на сцената ќе има музика за сечиј вкус.

Дека двата најавени концерти ќе бидат поразлични потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, вели Брчиоски.

Првиот концерт закажан за 19 април е одамна распродаден, додека за вториот, саботниот, се останати уште многу мал број билети и истите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера appeared first on Република.

]]>

19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија.
Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, којшто се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, вели Ружица Милошеска-Брчиоска и додава дека со оглед на тоа дека Ареа постои 31 година и зад себе имаат седум албуми на сцената ќе има музика за сечиј вкус.
Дека двата најавени концерти ќе бидат поразлични потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.
Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, вели Брчиоски.
Првиот концерт закажан за 19 април е одамна распродаден, додека за вториот, саботниот, се останати уште многу мал број билети и истите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавува акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера appeared first on Република.

]]>
„Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/area-najavija-akustichna-muzichka-magija-so-kompletno-izmeneti-aranzhmani-adaptirani-na-orkestarot-so-koj-ke-svirat-vo-filharmonija/ Thu, 11 Apr 2024 11:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=764947

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала.

Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично.

Концертите на „Ареа“ ќе се одржат во Филхармонија на 19 и 20 април

„Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали, рече Милошеска Брчиоска.

Напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“, акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.

На концертот публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип - побрзи и пожестоки, но и посмирени.

„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.

Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.

За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.

Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.

Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“.

Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично. Концертите на „Ареа“ ќе се одржат во Филхармонија на 19 и 20 април
„Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали, рече Милошеска Брчиоска.
Напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“, акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.
Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија - две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.
На концертот публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип - побрзи и пожестоки, но и посмирени.
„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.
Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.
За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.
Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.
Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.
Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“. Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

The post „Ареа“ најавија акустична музичка магија со комплетно изменети аранжмани адаптирани на оркестарот со кој ќе свират во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/dragan-mijalkovski-so-dva-kontserti-ke-go-odbelezhi-jubilejot-60-godini-muzichka-kariera/ Thu, 28 Mar 2024 09:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=758584

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет.

Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.

Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет. Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара. Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>
Каролина настапува во Охрид и во Куманово https://arhiva3.republika.mk/scena/karolina-nastapuva-vo-ohrid-i-vo-kumanovo/ Tue, 26 Mar 2024 12:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=758971

Два следни концерти со Каролина во Охрид и Куманово.

После двата распродадени концерти овој март во Скопје во "Pure", како и концертите во Гевгелија, Струмица и Крива Паланка... после навистина долго време, публиката во Куманово и Охрид ќе може да се дружи во живо со Каролина и нејзиниот бенд на концерт на кој ќе бидат отсвирени многу од нејзините најголеми хитови и најубави песни.

Влезниците во претпродажба по цена од 600 денари ќе бидат достапни од среда (27 март) онлајн на ticketx.mk и во следните продажни места: Куманово:- Куманово Спа

- Павел Тобако

Охрид:

- INclusive Club

- Кај Аждер

- Лале Турс

- Irish Pub Dublin

The post Каролина настапува во Охрид и во Куманово appeared first on Република.

Мики Јовановски-Џафер најави јубилејни концерти по повод 50 години кариера во Скопје, Штип, Струмица и Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/miki-jovanovski-dhafer-najavi-jubilejni-kontserti-po-povod-50-godini-kariera-vo-skopje-shtip-strumitsa-i-bitola/ Thu, 21 Mar 2024 19:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=757187

Легендарниот рокер Мики Јовановски-Џафер со јубилејни концерти во Скопје, Штип, Струмица и Битола ќе одбележи 50 години кариера.

Мики Јовановски-Џафер, македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а   бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др… Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на  “Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за  најдобар текст, а  Мики Јовановски Џафер награда за интерпретација. Добитник е на награда  „Златна бубамара на популарноста“  за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за  музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, „ Џоле бре гол“ и  незаборавната  „Сонце за три света “, велат организаторите.

The post Мики Јовановски-Џафер најави јубилејни концерти по повод 50 години кариера во Скопје, Штип, Струмица и Битола appeared first on Република.

Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poradi-problemi-so-zdravjeto-adel-odlozhi-10-kontserti-vo-las-vegas/ Thu, 29 Feb 2024 10:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=749582

Светски позната по-пејачка Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.

За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.

Таа рече дека има здравствени проблеми.

Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас, објаснила таа.

Моментално се разработуваат деталите и наскоро биде објавено кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас.

Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.

The post Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>

Светски позната по-пејачка Aдел одложи десет концерти во Лас Вегас.
За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.
Таа рече дека има здравствени проблеми.
Бев болна пред и за време на целата пауза. Немав шанса да се подобрам пред да продолжи шоуто и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас, објаснила таа.
Моментално се разработуваат деталите и наскоро биде објавено кога повторно ќе може да настапи во Лас Вегас. Пејачката ја започна својата постојана претстава во Цезар Палас во Лас Вегас во ноември 2022 година. Коментарите под објавата се полни со поддршка.

The post Поради проблеми со здравјето Адел одложи 10 концерти во Лас Вегас appeared first on Република.

]]>
По пауза од осум години Адел ќе настапи во Европа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-pauza-od-osum-godini-adel-ke-nastapi-vo-evropa/ Fri, 09 Feb 2024 11:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=742170

Адел најави дека ќе настапи во Европа првпат од 2016 година, со серија од четири концерти во Минхен, Германија, ова лето.

Пред неколку месеци добив покана за летни концерти. Бев среќна со моите настапи во лондонскиот Хајд Парк и престојот во Вегас, па немав други планови“, се вели во објавата.

Пејачката во продолжение наведе голем број причини за одржување на концертите, кои се закажани за 2, 3, 9 и 10 август, вклучувајќи го и фактот дека УЕФА Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можев да замислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа прекрасна фаза од мојот живот и кариера со концерти поблиску до дома за време на едно толку возбудливо лето, додаде таа.

The post По пауза од осум години Адел ќе настапи во Европа appeared first on Република.

Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-i-tenorot-mihailo-arsenski-ke-go-otvorat-festivalot-zlatna-lira/ Wed, 11 Oct 2023 18:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=690279

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети.

Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски.

Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон.

На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб.

На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети. Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски. Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>
МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mkts-ne-zaborava-kontserti-izlozhbi-knizheven-vremeplov-proektsija-na-skopje-remiks-po-povod-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-skopje/ Wed, 26 Jul 2023 07:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=665382

ЈУ Младински културен центар и оваа година на 26 јули 2023 организира настан по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година.

Самата институција е дел од проектот за возобнова на градот како донација од тогашните народи на Алжир и Советскиот Сојуз. Со тоа ЈУ Младински културен центар чувствува должност и потреба од потенцирање на важноста на светската солидарност кон Скопје, со што градот повторно доби нова шанса да стане културна и хумана метропола.

Во рамките на програмските активности за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес МКЦ предвидува реализација на повеќе програмски активности.

Предвиден е настап на скопскиот музички состав „Педро хорисонте“, младиот прогресивен бенд „Луфтанза“ и на етногрупата „Баклава“, која воедно ќе го промовира и своето најново издание со наслов „За Скопје со љубов“. Почетокот на концертите е предвиден да почне во 21 часот во паркот зад МКЦ, со бесплатен влез. На истата локација, во 20 часот, е предвиден настан со наслов „Зелениот дворец“: книжевен времеплов базиран на наградениот романот „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибовски-Сибо, добитник на наградата „Пегаз“.

Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, со наслов „Попатни одблесоци“. Ристо Костовски е роден 1954 година и активно се занимава со фотографија повеќе од 20 години, а последните 5 години го следи жанрот на таканаречената улична фотографија.

Во Галеријата 2 на МКЦ е предвидена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура, од авторот на проектот Филип Конески, со наслов „Бетонско Скопје“. Изложбата е поддржана и од Град Скопје и од Министерството за култура.

По крајот на музичкиот дел, во паркот зад МКЦ е предвидена проекција на култното остварување СКОПЈЕ РЕМИКС (2012), омнибусот што ги обедини режисерите Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Јане Алтипармаков, Саша Станишиќ, Синиша Евтимов, Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Бојан Трифуновски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќиевиќ. Проекцијата е предвидена да почне точно на полноќ во паркот зад МКЦ.

Предвидена е и детска ликовна работилница со наслов „Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата“ со Доротеј Нешовски во 18 часот на истата локација во паркот зад МКЦ, која е отворена за сите најмлади посетители.

Настанот е финансиски поддржан од програмата на Град Скопје за годишни културни настани во ЈУ МКЦ.

The post МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>

ЈУ Младински културен центар и оваа година на 26 јули 2023 организира настан по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година. Самата институција е дел од проектот за возобнова на градот како донација од тогашните народи на Алжир и Советскиот Сојуз. Со тоа ЈУ Младински културен центар чувствува должност и потреба од потенцирање на важноста на светската солидарност кон Скопје, со што градот повторно доби нова шанса да стане културна и хумана метропола. Во рамките на програмските активности за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес МКЦ предвидува реализација на повеќе програмски активности. Предвиден е настап на скопскиот музички состав „Педро хорисонте“, младиот прогресивен бенд „Луфтанза“ и на етногрупата „Баклава“, која воедно ќе го промовира и своето најново издание со наслов „За Скопје со љубов“. Почетокот на концертите е предвиден да почне во 21 часот во паркот зад МКЦ, со бесплатен влез. На истата локација, во 20 часот, е предвиден настан со наслов „Зелениот дворец“: книжевен времеплов базиран на наградениот романот „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибовски-Сибо, добитник на наградата „Пегаз“. Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, со наслов „Попатни одблесоци“. Ристо Костовски е роден 1954 година и активно се занимава со фотографија повеќе од 20 години, а последните 5 години го следи жанрот на таканаречената улична фотографија. Во Галеријата 2 на МКЦ е предвидена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура, од авторот на проектот Филип Конески, со наслов „Бетонско Скопје“. Изложбата е поддржана и од Град Скопје и од Министерството за култура. По крајот на музичкиот дел, во паркот зад МКЦ е предвидена проекција на култното остварување СКОПЈЕ РЕМИКС (2012), омнибусот што ги обедини режисерите Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Јане Алтипармаков, Саша Станишиќ, Синиша Евтимов, Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Бојан Трифуновски, Ѓорче Ставрески, Срѓан Јаниќиевиќ. Проекцијата е предвидена да почне точно на полноќ во паркот зад МКЦ. Предвидена е и детска ликовна работилница со наслов „Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата“ со Доротеј Нешовски во 18 часот на истата локација во паркот зад МКЦ, која е отворена за сите најмлади посетители. Настанот е финансиски поддржан од програмата на Град Скопје за годишни културни настани во ЈУ МКЦ.

The post МКЦ не заборава: Концерти, изложби, книжевен времеплов, проекција на „Скопје ремикс“ по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>
Со концерт на евергрини во паркот„Ибни Пајко“, започнува „Скопје во пет и седумнаесет“, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsert-na-evergrini-vo-parkot-ibni-pajko-zapochnuva-skopje-vo-pet-i-sedumnaeset-po-povod-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Mon, 24 Jul 2023 14:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=664789

Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, како потсетник за тоа што не смее да се заборави. 

Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од 21 часот, во паркот „Ибни Пајко“, на кој ќе настапат: Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Скопјани и сите љубители на македонските евергрин- композиции ќе се потсетат на најубавите песни и стихови посветени и на градот бидејќи: „Таму крај Вардар свои води точи и лично Водно шири свој мил лик, таму е Скопје, град мој убав личен што ми расцуте сни“.

Во Музејот на современата уметност на 26 јули (среда) ќе биде отворена дигиталната изложбана Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20 век. Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници. В среда(26 јули) во МСУ граѓаните ќе имаат можност да ја видат изложбата во периодот од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот. Ја покануваме пошироката јавност да ја посети изложбата која ќе ѝ побуди сеќавања и емоции за времето во Скопје по земјотресот пред 60 години.

На 26 јули, со проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје,со почеток во 18 часот, како и со премиерна проекција на дигитализираниот филм „Мементо“ на Димитрие Османли во 20 часот, Кинотеката на Република Македонија ќе се приклучи кон одбележувањето на овој значаен ден, кој пред 60 години го промени животот на овој град.

Вечерта на 26 јули, со почеток во 20 часот, во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на  земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање. 

Во партнерство со „Телеком“, истиот ден, дел од видеоинсертите од филмски журнали на „Филмски новости“ ќе одат и на видеоѕидот на „Телеком“ на плоштадот „Македонија“. Филмовите ќе имаат проекција и на видеоѕидот кај Националната  опера и балет, со почеток во 20 часот, а во трговскиот центар „Ист гејт“ во текот на целиот ден. Видеоинсертите ќе бидат прикажани и во МСУ. 

На 26 јули во Музејот на Град Скопје, кој претставува еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи: ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Повозрасните ќе се потсетат на минатиот век, а помладите на уникатен начин ќе се запознаат со животот на старо Скопје. Изложбата ќе биде отворена на 26, 27 и 28 јули.

The post Со концерт на евергрини во паркот„Ибни Пајко“, започнува „Скопје во пет и седумнаесет“, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/grchka-vecher-na-ohridsko-leto-so-gudachkiot-kvartet-emilios-riadis/ Fri, 21 Jul 2023 07:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=663736

Во рамките на летниот фестивал “Охридско лето”, ќе се одржи грчка вечер со концерт на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ во петок, 21 јули, во црквата Света Софија во Охрид.

Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.

Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко.

Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ ( Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола, Лила Манола – чело) опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Симфонискиот оркестар на Солун. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од истиот град. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваше со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да ги проследат следниве дела: „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г“ («Variations from String quartet No 1 in G») од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ («Dodecanesian Suite» ) од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ («String Quartett nr.2») од Константинос Григориу, „Грчки танци“ («Greek Dances») од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет Op. 80 in f minor“ (“String quartet Op. 80 in f minor”) од Ф. Менделсон.

Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар.

Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

The post Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на летниот фестивал “Охридско лето”, ќе се одржи грчка вечер со концерт на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ во петок, 21 јули, во црквата Света Софија во Охрид. Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет. Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко. Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува. Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ ( Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола, Лила Манола – чело) опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Симфонискиот оркестар на Солун. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од истиот град. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваше со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес. Љубителите на музиката ќе имаат можност да ги проследат следниве дела: „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г“ («Variations from String quartet No 1 in G») од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ («Dodecanesian Suite» ) од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ («String Quartett nr.2») од Константинос Григориу, „Грчки танци“ («Greek Dances») од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет Op. 80 in f minor“ (“String quartet Op. 80 in f minor”) од Ф. Менделсон. Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“. Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон. Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

The post Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ appeared first on Република.

]]>
Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град https://arhiva3.republika.mk/vesti/so-golem-muzichki-hepening-zavrshi-22-izdanie-na-bitola-otvoren-grad/ Mon, 26 Jun 2023 17:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=655441

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси.

Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од трансформација на говорот на омраза во улична уметност до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за илјадната публика која не следеше во сите фестивалски денови„-истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.

Една од истакнатите работилници на фестивалот се фокусираше на трансформативната моќ на уличната уметност. Водени од вешти уметници и педагози, волонтерите учеа како да ги повратат јавните простори со трансформирање на пораките на омраза во уметнички дела што предизвикуваат размислување. Овој заеднички напор не само што го разубавува градот туку и испрати и моќна порака за единство и толеранција.

МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори. Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови, за кои допрва ќе се слуша: Everest, Tsar Von Time и Sinful Glare.

Од изложба во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола на млади талентирани личности до славење на зајдисонцето по битолската калдрма во Старата чаршија, пред првата знаковна кафетерија во Македонија Улаф сте, се одвиваа дневните активности на учесниците на фестивалот, но и уживање за бројната публика. А една од вечерите беше посветена на електронската музика на која настапија домашни ДЏ како локална поддршка за гостинот од Барселона, Joe Diem.

Фестивалот Битола Отворен Град, викендот заврши со големиот музички хепенинг на кој настапија домашниот хеви метал бенд LUCENT кој испорача незаборавен настап пред своите верни фанови, гостите ARUMBO од Шпанија/Белгија, кои со румба и џез варијации ја пренесоа бројната публика низ некои нови музички сфери. И, конечно, белградскиот REPETITOR , трио кое ужива почит на глобално ниво, заработувајќи и шанса да биде предгрупа на европските турнеи на Arcade Fire ја ослободи својата сирова енергија на заразен гаражен рокенрол со пост-панк примеси, оставајќи ја публиката да копнее по повеќе.

Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман. Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би  поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина.

The post Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град appeared first on Република.

]]>

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси.  
Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од трансформација на говорот на омраза во улична уметност до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за илјадната публика која не следеше во сите фестивалски денови„-истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.
  Една од истакнатите работилници на фестивалот се фокусираше на трансформативната моќ на уличната уметност. Водени од вешти уметници и педагози, волонтерите учеа како да ги повратат јавните простори со трансформирање на пораките на омраза во уметнички дела што предизвикуваат размислување. Овој заеднички напор не само што го разубавува градот туку и испрати и моќна порака за единство и толеранција. МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори. Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови, за кои допрва ќе се слуша: Everest, Tsar Von Time и Sinful Glare. Од изложба во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола на млади талентирани личности до славење на зајдисонцето по битолската калдрма во Старата чаршија, пред првата знаковна кафетерија во Македонија Улаф сте, се одвиваа дневните активности на учесниците на фестивалот, но и уживање за бројната публика. А една од вечерите беше посветена на електронската музика на која настапија домашни ДЏ како локална поддршка за гостинот од Барселона, Joe Diem. Фестивалот Битола Отворен Град, викендот заврши со големиот музички хепенинг на кој настапија домашниот хеви метал бенд LUCENT кој испорача незаборавен настап пред своите верни фанови, гостите ARUMBO од Шпанија/Белгија, кои со румба и џез варијации ја пренесоа бројната публика низ некои нови музички сфери. И, конечно, белградскиот REPETITOR , трио кое ужива почит на глобално ниво, заработувајќи и шанса да биде предгрупа на европските турнеи на Arcade Fire ја ослободи својата сирова енергија на заразен гаражен рокенрол со пост-панк примеси, оставајќи ја публиката да копнее по повеќе. Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман. Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би  поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина.

The post Со голем музички хепенинг заврши 22. издание на Битола Отворен Град appeared first on Република.

]]>
Творештвото на музичкиот великан Јонче Христовски на концерти во Битола и Скопје за постарата публика да се потсети, а помладата да се запознае со неговата музика https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tvoreshtvoto-na-muzichkiot-velikan-jonche-hristovski-na-kontserti-vo-bitola-i-skopje-za-postarata-publika-da-se-potseti-a-pomladata-da-se-zapoznae-so-negovata-muzika/ Fri, 31 Mar 2023 13:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=625857

Во Битола и во Скопје, во организација на битолскиот Камерен оркестар, ќе се одржат два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Според музичарот Ристо Самарџиев, целта е да пренесат само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините.

На концертот, освен Ристо Самарџиев, ќе настапат и Виолета Томовска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски и Агну Авшар.

Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет.

Ќе се обидеме да пренесеме само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. Се надеваме дека тоа ќе успееме да го реализираме барем во некој дел, и драго ми е што за првпат на еден ваков начин, со камерен оркестар, со 40-тина музичари на сцената ќе прозвучат неговите легендарни композиции. Основата на ново создадена македонска песна сигурно лежи и кај големиот Јонче. Тој има важна нота во песните со која истовремено можеме и да тагуваме и да заиграме, рече на денешната прес-конференција Ристо Самарџиев.

Неговите песни, потенцираше, се слушаат и изведуваат дури и во Јапонија и тоа само покажува колку вредноста на неговата музика е универзална за целиот свет.

Агни Авшар на прес-конференцијата напомена дека Јонче Христовски не случајно го нарекуваат човек институција, поради тоа што тој не бил само песнопеец, туку и кореограф, но и многу голем поборник за зачувување на автохтоноста на македонската фолклорна музика

На концертот, како што информираше таа, ќе може да се слушнат неговите најубави песни во оркестрација на Владимир Димовски, кој освен што се појавува како аранжер и оркестран на оваа манифестација, тој е и диригент на Камерниот оркестар на Битола.

Како што напомена Авшар, оркестрациите се направени за постарата публика да може да се потсети, а помладата да се запознае со неговата музика.

Захаринка Милосављевиќ на прес-конференцијата денеска потенцираше дека Јонче е и ќе биде еден од најголемите промотори на македонската народна песна, на македонската инструментална музика.

Тој знаеше и да каже и да отпее и да биде другар. Работевме заедно не само како членови на МРТ, соработувавме многу, додаде Милосављевиќ.

Душко Арсовски рече дека имавме голем човек, големо „богатство“ и напомена дека е редно на ваков, но и на некој повозвишен начин да му одадеме почит, бидејќи тој е основоположник на македонската песна.

Виолета Томовска потенцираше дека сите песни што тој ги компонираше, сите беа „бисери“ и останаа „бисери“.

Тој остави голема трага во мене. Сите негови песни се поврзани со македонштината. Кога тој ќе запееше на сцената, сите во публиката пееа со него. Имавме и преработки на многу други изворни песни, рече Томовска на прес-конференцијата.

Јонче Христовски (Битола,1931 - Скопје, 15 април 2000) е македонски  пејач, текстописец и композитор. Се прославил со својата песна „Македонско девојче“, а впечатливи му биле и изведбите на песните „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни се „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“', „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и други.

The post Творештвото на музичкиот великан Јонче Христовски на концерти во Битола и Скопје за постарата публика да се потсети, а помладата да се запознае со неговата музика appeared first on Република.

]]>

Во Битола и во Скопје, во организација на битолскиот Камерен оркестар, ќе се одржат два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Според музичарот Ристо Самарџиев, целта е да пренесат само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. На концертот, освен Ристо Самарџиев, ќе настапат и Виолета Томовска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски и Агну Авшар. Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет.
Ќе се обидеме да пренесеме само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. Се надеваме дека тоа ќе успееме да го реализираме барем во некој дел, и драго ми е што за првпат на еден ваков начин, со камерен оркестар, со 40-тина музичари на сцената ќе прозвучат неговите легендарни композиции. Основата на ново создадена македонска песна сигурно лежи и кај големиот Јонче. Тој има важна нота во песните со која истовремено можеме и да тагуваме и да заиграме, рече на денешната прес-конференција Ристо Самарџиев.
Неговите песни, потенцираше, се слушаат и изведуваат дури и во Јапонија и тоа само покажува колку вредноста на неговата музика е универзална за целиот свет. Агни Авшар на прес-конференцијата напомена дека Јонче Христовски не случајно го нарекуваат човек институција, поради тоа што тој не бил само песнопеец, туку и кореограф, но и многу голем поборник за зачувување на автохтоноста на македонската фолклорна музика На концертот, како што информираше таа, ќе може да се слушнат неговите најубави песни во оркестрација на Владимир Димовски, кој освен што се појавува како аранжер и оркестран на оваа манифестација, тој е и диригент на Камерниот оркестар на Битола. Како што напомена Авшар, оркестрациите се направени за постарата публика да може да се потсети, а помладата да се запознае со неговата музика. Захаринка Милосављевиќ на прес-конференцијата денеска потенцираше дека Јонче е и ќе биде еден од најголемите промотори на македонската народна песна, на македонската инструментална музика.
Тој знаеше и да каже и да отпее и да биде другар. Работевме заедно не само како членови на МРТ, соработувавме многу, додаде Милосављевиќ.
Душко Арсовски рече дека имавме голем човек, големо „богатство“ и напомена дека е редно на ваков, но и на некој повозвишен начин да му одадеме почит, бидејќи тој е основоположник на македонската песна. Виолета Томовска потенцираше дека сите песни што тој ги компонираше, сите беа „бисери“ и останаа „бисери“.