концепт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncept/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:42:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концепт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncept/ 32 32 Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-veshtachkata-inteligentsija-etapno-ke-se-voveduva-vo-nastavnite-programi/ Tue, 29 Oct 2024 12:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=832067

Вештачката интелигенција повеќе не се третира како футуристички концепт, туку е реалност и има голема примена во секојдневието. Планираме нејзино етапно воведување во наставните програми во училиштата, тоа е наша должност со цел младите низ формалниот процес на образование да се запознаваат со придобивките, но и со предизвиците од нејзината употреба.

Ова го истакна министерката за образование и наука на дебатата со наслов „Дали имаме национален капацитет за брза адаптација на работната сила со предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција?“, организирана во рамки на 19та годишна конференција на МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, што денес и утре се одржува во Скопје.

Вештачката интелигенција има голем потенцијал во областа на образованието. Таа, може да го револуционизира начинот на кој се учи и се предава. Може да го персонализира образованието, приспособувајќи ја содржината на индивидуалните потреби и стилови на учење на секој ученик. Ова може да доведе до подобри резултати од учењето“, рече Јаневска, посочувајќи дека зборува за вештачката интелигенција која е во согласност со етичките и моралните начела и норми.

Говорејќи за дигитализацијата на образованието, министерката рече дека тоа е отпочнат процес во кој државата е поназад од земјите од ЕУ, а понапред во споредба со земјите во регионот. Посочи дека министерството е фокусирано на два аспекти – дигитализација на наставата и дигитализација на образовните услуги.

Дигитализација на наставата подразбира опремување на училиштата со квалитетна ИТ инфраструктурна мрежа и ИТ уреди, обезбедување на дигитални алатки и платформи, дигитализирани учебници и слично. Од друга страна пак, веќе нудиме дигитални услуги за остварување на повеќе права – упис во прво одделение и прва година во средно образование, аплицирање за стипендии, за сместување во ученички и студентски домови, за субвенциониран оброк и така натаму. Во напредна фаза е и дигитализацијата на услугите на повеќе факултети“, рече Јаневска.

Нагласи дека државата се води по национални, но и меѓународни документи, како на пример Акцискиот план за дигитално образование.

Периодов фокусот е ставен и на реформската мерка за инклузивна дигитална трансформација на образованието преку која е предвидено над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени во полето на дигиталните вештини, додаде министерката.

Буџетот што ќе го добие Министерството за образование и наука следната година ќе изнесува 40 милијарди денари, што е најмногу досега. Според Јаневска, тоа ќе значи и повеќе пари за дигитализација, како и за поддршка на работата на научно – истражувачките работници кои, очекува во иднина повеќе да се занимаваат со иновации во областа на вештачката интелигенција.

На дебатата, покрај министерката Јаневска, учествуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот и заменик претседателката на МАСИТ - Илија Господинов и Весна Иваноска, како и директорот на активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности - Youth Actively Create Opportunities (YACO), Небојша Мојсоски.

The post Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми appeared first on Република.

]]>