концентрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncentracija/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 11:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концентрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koncentracija/ 32 32 Децата во земјава од 7 до 15 години најчесто имаат проблем со концетрацијата и вниманието https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/detsata-vo-zemjava-od-7-do-15-godini-najchesto-imaat-problem-so-kontsetratsijata-i-vnimanieto/ Tue, 16 Apr 2024 11:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=766679

Децата во земјава на возраст од 7 до 15 години најчесто имаат проблем со вниманието, концетрацијата и брзината на реакција, покажува истражувањето „Когнитивно функционирање на децата на возраст од 7 до 15 години“ на проф. д-р. Слаѓана Анѓелкоска, универзитетски професор, психолог и психотерапевт.

Истражувањето е спроведено од февруари 2023 година до декември 2023 година на територијата на целата наша држава, во сите осум региони (Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски), а се опфатени 2032 ученици по случаен избор на возраст 7 до 15 години.

Истражувањето има за цел да ги согледа когнитивните постигнувања на децата во делот на вниманието, концентрацијата, помнењето, работната меморија, нивниот фокус, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, развој на фина моторика, егзекутивни функции и да ја утврди фактичката состојба наспроти зачестеното алармирање од страна на наставниците, психолозите, педагозите, родителите дека децата имаат сè поголеми тешкотии во совладувањето на наставните содржини, како на часовите, така и дома.

Резултатите покажале дека во сите возрасни групи најголем процент на деца влегуваат имаат намалена одржливост на когнитивното функционирање при решавање на задача.

-Кај децата на возраст од 14 и 15 години се очекуваше да нема деца коишто нема да можат да ја решат задачата и најголем процент да бидат деца коишто ќе влезат во сината зона. Сепак за жал и тука имаме 4 отсто деца кои не успеале да ја решат задачата, а 50 отсто од децата се во портокаловата зона, што е особено загрижувачки податок, и за кој е потребно да се анализира подлабоко со понатамошни истражувања за откривање на причините, покажува истражувањето.

Во втората задача што им била зададена да ја решат, забележани се значајни поразителни резултати, велат истражувачите.

Кај децата на возраст од 12 до 15 години, во периодот кога се очекува да имаат развиена способност да ја одржат постојаноста на вниманието во насока на поставената цел и следење на чекори за постигнување на целта, добиваме резултат во кој е голема процентуалната разлика на деца коишто тоа можат да го следат и деца коишто имаат значајни потешкотии да ги следат чекорите за постигнување на целта. Деветнаест отсто, 11 проценти и 6 отсто на деца коишто не успеваат да ја завршат задачата се поразителни проценти коишто ни укажуваат на потешкотиите на децата во совладување на наставниот материјал и постигнувањето на успех во учењето, покажуваат резултатите од истражувањењето.

Резултатите добиени во однос на направените грешки, додаваат истражувачите, се уште поголем аларм за присуство на одреден проблем.

Од децата се бараше поврзувањето во двете задачи да го направат без да ги креваат раката и моливот од листот. Потребно беше додека ги извршуваат задачите во исто време да запомнат две инструкции: да поврзуваат по даден редослед и да не го креваат моливот од листот додека ги поврзуваат точките, стои во истражувањето.

Процентите прикажани во двата графикона, додаваат истражувачите, покажуваат дека голем процент на деца се оние кои што направиле повеќе од 4, односно 5 грешки (полето означено со сива боја), што покажува дека децата имаат потешкотија ментално да задржат две различни и неповрзани информации и нив да ги следат.

Она што се бараше од децата е за одредено време да извршат две задачи: во првата задача да поврзат последователни броеви од 1 до 25, а во втората задача да направат нaизменично поврзување број-буква-број-буква. Се тргна од претпоставка и очекување дека првата задача без никаков проблем ќе ја решат сите деца во определеното време предвидено за нејзино решавање, а втората задача дека ќе биде потешка за децата од 7 години, но не и за повозрасните ученици, велат истражувачите.

Додаваат дека по анализата на резултатите, за жал беше утврдено дека генерално, сите деца коишто учествуваа во истражувањето имаат проблем со внимание, концентрација, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, егзекутивните функции кои што претставуваат ментален капацитет значаен за дефинирање на цели, планирање на начинот за доаѓање до целта и успешно извршување на дадениот план.

Појаснуваат дека причините за вака добиените резултати се препишуваат на различни фактори – од недоволна рана стимулација на децата, препуштеност на децата самите да го структурираат своето време од најмала возраст, недоволна посветеност на родителите во раниот развој на децата со отсуство на активности коишто поттикнуваат когнитивно созревање на децата. Сите овие фактори може да се земат како причинители за оваа појава, но не смееме да генерализираме, се вели во истражувањето.

Истражувањето беше спроведено со стандардизиран психолошки тест (прв тест од ваков тип на нашите простори) којшто ги задоволува сите критериуми за истражување и е наменет за проценка на одредени когнитивни домени: внимание, концентрација, помнење, работна меморија, фокус, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, развој на фина моторика, егзекутивни функции.

The post Децата во земјава од 7 до 15 години најчесто имаат проблем со концетрацијата и вниманието appeared first on Република.

]]>

Децата во земјава на возраст од 7 до 15 години најчесто имаат проблем со вниманието, концетрацијата и брзината на реакција, покажува истражувањето „Когнитивно функционирање на децата на возраст од 7 до 15 години“ на проф. д-р. Слаѓана Анѓелкоска, универзитетски професор, психолог и психотерапевт. Истражувањето е спроведено од февруари 2023 година до декември 2023 година на територијата на целата наша држава, во сите осум региони (Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски), а се опфатени 2032 ученици по случаен избор на возраст 7 до 15 години. Истражувањето има за цел да ги согледа когнитивните постигнувања на децата во делот на вниманието, концентрацијата, помнењето, работната меморија, нивниот фокус, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, развој на фина моторика, егзекутивни функции и да ја утврди фактичката состојба наспроти зачестеното алармирање од страна на наставниците, психолозите, педагозите, родителите дека децата имаат сè поголеми тешкотии во совладувањето на наставните содржини, како на часовите, така и дома. Резултатите покажале дека во сите возрасни групи најголем процент на деца влегуваат имаат намалена одржливост на когнитивното функционирање при решавање на задача. -Кај децата на возраст од 14 и 15 години се очекуваше да нема деца коишто нема да можат да ја решат задачата и најголем процент да бидат деца коишто ќе влезат во сината зона. Сепак за жал и тука имаме 4 отсто деца кои не успеале да ја решат задачата, а 50 отсто од децата се во портокаловата зона, што е особено загрижувачки податок, и за кој е потребно да се анализира подлабоко со понатамошни истражувања за откривање на причините, покажува истражувањето. Во втората задача што им била зададена да ја решат, забележани се значајни поразителни резултати, велат истражувачите. Кај децата на возраст од 12 до 15 години, во периодот кога се очекува да имаат развиена способност да ја одржат постојаноста на вниманието во насока на поставената цел и следење на чекори за постигнување на целта, добиваме резултат во кој е голема процентуалната разлика на деца коишто тоа можат да го следат и деца коишто имаат значајни потешкотии да ги следат чекорите за постигнување на целта. Деветнаест отсто, 11 проценти и 6 отсто на деца коишто не успеваат да ја завршат задачата се поразителни проценти коишто ни укажуваат на потешкотиите на децата во совладување на наставниот материјал и постигнувањето на успех во учењето, покажуваат резултатите од истражувањењето. Резултатите добиени во однос на направените грешки, додаваат истражувачите, се уште поголем аларм за присуство на одреден проблем. Од децата се бараше поврзувањето во двете задачи да го направат без да ги креваат раката и моливот од листот. Потребно беше додека ги извршуваат задачите во исто време да запомнат две инструкции: да поврзуваат по даден редослед и да не го креваат моливот од листот додека ги поврзуваат точките, стои во истражувањето. Процентите прикажани во двата графикона, додаваат истражувачите, покажуваат дека голем процент на деца се оние кои што направиле повеќе од 4, односно 5 грешки (полето означено со сива боја), што покажува дека децата имаат потешкотија ментално да задржат две различни и неповрзани информации и нив да ги следат. Она што се бараше од децата е за одредено време да извршат две задачи: во првата задача да поврзат последователни броеви од 1 до 25, а во втората задача да направат нaизменично поврзување број-буква-број-буква. Се тргна од претпоставка и очекување дека првата задача без никаков проблем ќе ја решат сите деца во определеното време предвидено за нејзино решавање, а втората задача дека ќе биде потешка за децата од 7 години, но не и за повозрасните ученици, велат истражувачите. Додаваат дека по анализата на резултатите, за жал беше утврдено дека генерално, сите деца коишто учествуваа во истражувањето имаат проблем со внимание, концентрација, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, егзекутивните функции кои што претставуваат ментален капацитет значаен за дефинирање на цели, планирање на начинот за доаѓање до целта и успешно извршување на дадениот план. Појаснуваат дека причините за вака добиените резултати се препишуваат на различни фактори – од недоволна рана стимулација на децата, препуштеност на децата самите да го структурираат своето време од најмала возраст, недоволна посветеност на родителите во раниот развој на децата со отсуство на активности коишто поттикнуваат когнитивно созревање на децата. Сите овие фактори може да се земат како причинители за оваа појава, но не смееме да генерализираме, се вели во истражувањето. Истражувањето беше спроведено со стандардизиран психолошки тест (прв тест од ваков тип на нашите простори) којшто ги задоволува сите критериуми за истражување и е наменет за проценка на одредени когнитивни домени: внимание, концентрација, помнење, работна меморија, фокус, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, развој на фина моторика, егзекутивни функции.

The post Децата во земјава од 7 до 15 години најчесто имаат проблем со концетрацијата и вниманието appeared first on Република.

]]>
Храна која ги подобрува концентрацијата и расположението https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hrana-koja-gi-podobruva-kontsentratsijata-i-raspolozhenieto/ Mon, 01 Apr 2024 09:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=760855

Има неколку здрави навики кои можеме да ги вклучиме во нашата секојдневна рутина за да го контролираме нашето когнитивно здравје и ниско ниво на анксиозност. Сепак, една од најважните работи што треба да ја земеме во предвид е исхраната.

Многу намирници можат да влијаат на здравјето на мозокот со текот на времето, а некои од нив би можеле да ни ја подобрат меморијата, расположението, па дури и концентрацијата.

Нутриционистката Мери Сабат и психологот и нутриционист д-р Елен Албертсон открија за која храна станува збор.

Масна риба

Масната риба не е само вкусен додаток на различни јадења, туку и еден од најздравите извори на протеини.

Масните риби, како што се лососот, скушата, пастрмката и сардините, се богати извори на омега-3 масни киселини, особено EPA (еикозапентаенонска киселина) и DHA (докосахексаеноична киселина), кои се неопходни за здравјето и функцијата на мозокот“, вели Сабат за SheFinds.

За почеток, овие масни киселини би можеле да играат значајна улога во одржувањето на нашата меморија.

Таа забележува дека омега-3 масните киселини се познати и по нивните антиинфламаторни ефекти и помагаат во регулирањето на функцијата на невротрансмитерите во мозокот. Покрај тоа, Сабат додава дека некои студии сугерираат дека дополнувањето на омега-3 масни киселини може да помогне да се намалат симптомите на анксиозност и да се промовира чувството на смиреност.

Храна што е здрава за цревата

Важно е да се запамети улогата што нашите црева може да ја играат во нашето целокупно здравје, вклучувајќи го и здравјето на мозокот.

Додавањето на храна здрава за цревата во нашата исхрана може да направи чуда за нашето ментално здравје и когнитивната функција, забележува д-р Елен.

Пробиотската храна, како што се јогурт, кефир, кисела зелка и комбуха, и пребиотичката храна, како што се мешунките, зрнестото овошје, бананите и лененото семе, го подобруваат здравјето на цревниот микробиом и мозокот, вклучувајќи го хипокампусот, центарот за учење и меморија, објаснува д-р Албертсон.

Ако не се грижиме за здравјето на цревата, тоа може да има негативно влијание врз нашето здравје.

Храната богата со флавоноид, лутеолин, може да помогне да се подобри концентрацијата со намалување на оксидативниот стрес и воспалението во мозокот. Целер, брокула, зелени пиперки, мајчина душица, моркови и артичока се одлични опции.

 

The post Храна која ги подобрува концентрацијата и расположението appeared first on Република.

]]>

Има неколку здрави навики кои можеме да ги вклучиме во нашата секојдневна рутина за да го контролираме нашето когнитивно здравје и ниско ниво на анксиозност. Сепак, една од најважните работи што треба да ја земеме во предвид е исхраната. Многу намирници можат да влијаат на здравјето на мозокот со текот на времето, а некои од нив би можеле да ни ја подобрат меморијата, расположението, па дури и концентрацијата. Нутриционистката Мери Сабат и психологот и нутриционист д-р Елен Албертсон открија за која храна станува збор. Масна риба Масната риба не е само вкусен додаток на различни јадења, туку и еден од најздравите извори на протеини.
Масните риби, како што се лососот, скушата, пастрмката и сардините, се богати извори на омега-3 масни киселини, особено EPA (еикозапентаенонска киселина) и DHA (докосахексаеноична киселина), кои се неопходни за здравјето и функцијата на мозокот“, вели Сабат за SheFinds.
За почеток, овие масни киселини би можеле да играат значајна улога во одржувањето на нашата меморија. Таа забележува дека омега-3 масните киселини се познати и по нивните антиинфламаторни ефекти и помагаат во регулирањето на функцијата на невротрансмитерите во мозокот. Покрај тоа, Сабат додава дека некои студии сугерираат дека дополнувањето на омега-3 масни киселини може да помогне да се намалат симптомите на анксиозност и да се промовира чувството на смиреност. Храна што е здрава за цревата Важно е да се запамети улогата што нашите црева може да ја играат во нашето целокупно здравје, вклучувајќи го и здравјето на мозокот. Додавањето на храна здрава за цревата во нашата исхрана може да направи чуда за нашето ментално здравје и когнитивната функција, забележува д-р Елен.
Пробиотската храна, како што се јогурт, кефир, кисела зелка и комбуха, и пребиотичката храна, како што се мешунките, зрнестото овошје, бананите и лененото семе, го подобруваат здравјето на цревниот микробиом и мозокот, вклучувајќи го хипокампусот, центарот за учење и меморија, објаснува д-р Албертсон.
Ако не се грижиме за здравјето на цревата, тоа може да има негативно влијание врз нашето здравје. Храната богата со флавоноид, лутеолин, може да помогне да се подобри концентрацијата со намалување на оксидативниот стрес и воспалението во мозокот. Целер, брокула, зелени пиперки, мајчина душица, моркови и артичока се одлични опции.  

The post Храна која ги подобрува концентрацијата и расположението appeared first on Република.

]]>
Ќе спиеме еден час подолго, но ќе ни паѓа концентрацијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ke-spieme-eden-chas-podolgo-no-ke-ni-paga-kontsentratsijata/ Fri, 27 Oct 2023 18:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=695685

Во недела на 29 октомври повторно се враќаме на зимско сметање на времето, па стрелките во три часот треба да се вратат еден час назад, значи до два часот. Многумина ќе бидат среќни што тоа ќе им даде уште еден час да спијат или подолго да уживаат во првото утринско кафе. Но, не заборавајте дека на телото му требаат неколку дена да се навикне на новиот ритам и дека можеби ќе го пропуштите тој час навечер бидејќи побрзо ќе се стемни.

Практиката на поместување на стрелките на летно и зимско сметање на времето е воведена за да се заштеди електрична енергија во индустријата, така што во лето, кога сонцето изгрева порано, луѓето стануваат час порано и почнуваат порано со работа, користејќи природна светлина. Зимското сметање на времето е усогласено со подоцнежното изгрејсонце, па луѓето подоцна се „активираат“.

Пред таа промена, секогаш се радуваме дека конечно ќе наспиеме, а тоа чувство може да не држи добри десет дена. Постојат студии кои сугерираат дека ризикот за здравјето на срцето кога го поместуваме часовникот на зимско сметање на времето е нешто помал отколку кога го преместуваме на летно сметање на времето. Згора на тоа, кај субјектите кои истражувачите ги следеле првите две-три недели по поместувањето на часовникот на зимско сметање на времето, отчукувањата на срцето се забавувале, веројатно поради чувството дека имаме повеќе време, па стресот е помал.

Сепак треба да се има предвид дека ова е лажно чувство, бидејќи луѓето кои се навикнати да работат на компјутер до доцна навечер, или да гледаат филм, лесно можат да претераат и да го „потрошат“ времето што го добиле по поместување на часовникот.

Затоа не е лошо да почнете да се „подготвувате“ за оваа промена два или три дена порано, со тоа што ќе си легнете барем половина час до еден час порано од времето на кое сме навикнати според часовникот - советуваат експертите.

Инаку, зимското време значи дека порано се стемнува. Имено, додека во сабота сонцето заоѓа во 17 часот и 49 минути, во недела ќе зајде во 16 часот и 48 минути, односно надвор ќе биде темно и пред 17 часот.

Ова може да предизвика попладневен замор, поспаност и недостаток на концентрација. Така, има студии кои покажуваат дека се зголемува бројот на сообраќајни несреќи во месецот по поместувањето на часовникот во зима - предупредуваат експертите.

The post Ќе спиеме еден час подолго, но ќе ни паѓа концентрацијата appeared first on Република.

]]>

Во недела на 29 октомври повторно се враќаме на зимско сметање на времето, па стрелките во три часот треба да се вратат еден час назад, значи до два часот. Многумина ќе бидат среќни што тоа ќе им даде уште еден час да спијат или подолго да уживаат во првото утринско кафе. Но, не заборавајте дека на телото му требаат неколку дена да се навикне на новиот ритам и дека можеби ќе го пропуштите тој час навечер бидејќи побрзо ќе се стемни. Практиката на поместување на стрелките на летно и зимско сметање на времето е воведена за да се заштеди електрична енергија во индустријата, така што во лето, кога сонцето изгрева порано, луѓето стануваат час порано и почнуваат порано со работа, користејќи природна светлина. Зимското сметање на времето е усогласено со подоцнежното изгрејсонце, па луѓето подоцна се „активираат“. Пред таа промена, секогаш се радуваме дека конечно ќе наспиеме, а тоа чувство може да не држи добри десет дена. Постојат студии кои сугерираат дека ризикот за здравјето на срцето кога го поместуваме часовникот на зимско сметање на времето е нешто помал отколку кога го преместуваме на летно сметање на времето. Згора на тоа, кај субјектите кои истражувачите ги следеле првите две-три недели по поместувањето на часовникот на зимско сметање на времето, отчукувањата на срцето се забавувале, веројатно поради чувството дека имаме повеќе време, па стресот е помал. Сепак треба да се има предвид дека ова е лажно чувство, бидејќи луѓето кои се навикнати да работат на компјутер до доцна навечер, или да гледаат филм, лесно можат да претераат и да го „потрошат“ времето што го добиле по поместување на часовникот.
Затоа не е лошо да почнете да се „подготвувате“ за оваа промена два или три дена порано, со тоа што ќе си легнете барем половина час до еден час порано од времето на кое сме навикнати според часовникот - советуваат експертите.
Инаку, зимското време значи дека порано се стемнува. Имено, додека во сабота сонцето заоѓа во 17 часот и 49 минути, во недела ќе зајде во 16 часот и 48 минути, односно надвор ќе биде темно и пред 17 часот.
Ова може да предизвика попладневен замор, поспаност и недостаток на концентрација. Така, има студии кои покажуваат дека се зголемува бројот на сообраќајни несреќи во месецот по поместувањето на часовникот во зима - предупредуваат експертите.

The post Ќе спиеме еден час подолго, но ќе ни паѓа концентрацијата appeared first on Република.

]]>