Кон езерото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kon-ezeroto/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Aug 2022 06:43:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кон езерото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kon-ezeroto/ 32 32 Излезе од печат„Кон езерото“ од Капка Касабова, „Или-Или“ ја издаде како засебно, специјално издание https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izleze-od-pechat-kon-ezeroto-od-kapka-kasabova-ili-ili-ja-izdade-kako-zasebno-specijalno-izdanie/ Mon, 29 Aug 2022 06:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=545087

Деновиве од печат излезе преводот на книгата „Кон езерото“ од Капка Касабова како засебно, специјално издание на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од англиски на македонски јазик на делото за кое изминатите години сите зборуваа и кое се закити со книжевни награди е на Бранислав Мирчевски.

Краткиот вовед во книгата гласи: „Охридското езеро е од оние места на Земјата што те тераат да се чувствуваш како нешто судбинско да те очекува. Како одамна да требало да дојдеш и затоа не можеш да поверуваш дека доцниш толку многу време.“

Авторката Капка Касабова, пак, вели:

Во оваа книга се раскажува за две древни езера. Има места кои се кодирани во нашите гени, но потребно е многу време да се покажат, исто како некои патешествија кои се врежани во пејзажот на нашите дни, но им треба цел еден живот за да бидат завршени. За мене е така со овие езера.
Ја чувствувам трагичната сила на Охридското езеро уште од своето најрано детство, зашто баба ми по мајчина линија, Анастасија, е од Охрид, и таа беше важна фигура во животот во оние рани години. Веќе како возрасен човек не еднаш размислував како соодветно да му се вратам на Езерото, но чувствував дека сѐ уште не сум спремна за тоа. За да се вратиш таму каде живееле твоите претци, треба да си спремен да го видиш она, што е полесно да го откажеш.
Најпосле поттикот да продолжам дојде од тревогата дека времето тече и може да се случи нешто подмолно, речиси зад мојот грб. Дека ако не се осмисли егзистенцијалниот пејзаж на мајчиниот род, можат да се повторат некои одминати модели. Дека во тој век продолжуваме да сме сведоци на граѓански конфликти и братоубиства, на политики на поделби помеѓу народите и во самите нив, на патријархална автократија и ревизионизам, на масовна емиграција и преселби – додека сме сведоци на сето тоа, самите ние можеме да се претвориме во неволни проводници на пропаста, ако не се согласиме како да се однесуваме со своето наследство“.

Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни книги се: „Улица без име“ (2008), „Дванаесет минути љубов“ (2013) и двете книги од балканската трилогија „Граница“ (2017) и „Кон езерото“ (2020). Третата книга „Еликсир“ ќе биде објавена во 2023 година. „Граница“ е објавена на 20 јазици и има освоено бројни меѓународни награди. „Кон езерото“ е преведена на повеќе европски јазици и добитник е на наградата за најдобра преводна книга во Франција во 2021 година. Капка Касабова е родена во Софија во 1973 година, а на 18-годишна возраст емигрирала со семејството во Нов Зеланд, каде што студирала и ги објавила првите поетски книги на наглиски јазик. Од 2005 година живее во Шкотска. Бабата на Капка, Анастасија Бахчеванџиева, потекнува од стари охридски семејства и таа е основата на книжевното патување кон езерото.

The post Излезе од печат„Кон езерото“ од Капка Касабова, „Или-Или“ ја издаде како засебно, специјално издание appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе преводот на книгата „Кон езерото“ од Капка Касабова како засебно, специјално издание на издавачката куќа „Или-Или“. Преводот од англиски на македонски јазик на делото за кое изминатите години сите зборуваа и кое се закити со книжевни награди е на Бранислав Мирчевски.
Краткиот вовед во книгата гласи: „Охридското езеро е од оние места на Земјата што те тераат да се чувствуваш како нешто судбинско да те очекува. Како одамна да требало да дојдеш и затоа не можеш да поверуваш дека доцниш толку многу време.“
Авторката Капка Касабова, пак, вели:
Во оваа книга се раскажува за две древни езера. Има места кои се кодирани во нашите гени, но потребно е многу време да се покажат, исто како некои патешествија кои се врежани во пејзажот на нашите дни, но им треба цел еден живот за да бидат завршени. За мене е така со овие езера. Ја чувствувам трагичната сила на Охридското езеро уште од своето најрано детство, зашто баба ми по мајчина линија, Анастасија, е од Охрид, и таа беше важна фигура во животот во оние рани години. Веќе како возрасен човек не еднаш размислував како соодветно да му се вратам на Езерото, но чувствував дека сѐ уште не сум спремна за тоа. За да се вратиш таму каде живееле твоите претци, треба да си спремен да го видиш она, што е полесно да го откажеш. Најпосле поттикот да продолжам дојде од тревогата дека времето тече и може да се случи нешто подмолно, речиси зад мојот грб. Дека ако не се осмисли егзистенцијалниот пејзаж на мајчиниот род, можат да се повторат некои одминати модели. Дека во тој век продолжуваме да сме сведоци на граѓански конфликти и братоубиства, на политики на поделби помеѓу народите и во самите нив, на патријархална автократија и ревизионизам, на масовна емиграција и преселби – додека сме сведоци на сето тоа, самите ние можеме да се претвориме во неволни проводници на пропаста, ако не се согласиме како да се однесуваме со своето наследство“.