комунални претпријатија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komunalni-pretprijatija/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 10:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комунални претпријатија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komunalni-pretprijatija/ 32 32 Бислимоски: Јавните комунални водоводни претпријатија од четврток со пониски цени за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-javnite-komunalni-vodovodni-pretprijatija-od-chetvrtok-so-poniski-ceni-za-struja/ Tue, 29 Nov 2022 10:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=579503

Од четврток јавните комунални водоводни претпријатија ќе добијат поевтина цена на електрична енергија која ќе им биде обезбедена преку „ЕСМ продажба“ и ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на состанок со претставници од Здружението на даватели на водни услуги АДКОМ.

Тој побара РКЕ да ја одредува конечната цена на водата за да може да се зголемат инвестициите и да се намали загубата на вода од околу 60 отсто, како и да се оптимизира вработувањето во јавните комунални водоводни претпријатија.

Имајќи во предвид дека во 2022 година поголем дел од јавните комунални водоводни претпријатија се соочија со екстремно високи цени имаше месеци кога трошоците на електрична енергија им беа поголеми од вкупниот приход, но сега со оваа владина мерка ќе се релаксира ликвидноста на овие јавни претпријатија. Треба да ви се помогне и се помага со оваа цена на електрична енергија, но мора и вие да си помогнете со зголемување на ефикасноста за системот да биде одржлив. Не можеме од земја која има вода, да си дозволиме луксуз на загуба од околу 60 отсто на вода во системот - посочи Бислимоски и нагласи дека сега е клучно да се намали загубата на ниво на држава.

Според него, проблемот е што советите на општните кога ја определувата конечната цена на водата за пиење, водејќи се од популизам, не ја коригираат воопшто со цел да ги заштитат граѓаните, но при тоа не водат сметка за инцестциите.

Заради тоа имаме состојба во некои градови да нема вода, па граѓаните парите да ги трошат за да си купат вода за пиење. За да ја тргнеме оваа тежина од советите, предлагаме РКЕ да ја определува конечната цена затоа што ние со нашите одлуки вршиме притисок да се зголеми ефикасноста на претпријатијата кои ги регулираме - рече Бислимоски.

Во Електродистрибуција, каде што определуваме тарифа, додаде, вкупниот број на вработени во цела држава е околу 1.700.

Овој број на вработени е помал од вкупниот број на вработени во само четири јавни комунални претпријатија за водоводни услуги во најголемите градови од државата, укажа Бислимоски.

The post Бислимоски: Јавните комунални водоводни претпријатија од четврток со пониски цени за струја appeared first on Република.

]]>

Од четврток јавните комунални водоводни претпријатија ќе добијат поевтина цена на електрична енергија која ќе им биде обезбедена преку „ЕСМ продажба“ и ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на состанок со претставници од Здружението на даватели на водни услуги АДКОМ. Тој побара РКЕ да ја одредува конечната цена на водата за да може да се зголемат инвестициите и да се намали загубата на вода од околу 60 отсто, како и да се оптимизира вработувањето во јавните комунални водоводни претпријатија.
Имајќи во предвид дека во 2022 година поголем дел од јавните комунални водоводни претпријатија се соочија со екстремно високи цени имаше месеци кога трошоците на електрична енергија им беа поголеми од вкупниот приход, но сега со оваа владина мерка ќе се релаксира ликвидноста на овие јавни претпријатија. Треба да ви се помогне и се помага со оваа цена на електрична енергија, но мора и вие да си помогнете со зголемување на ефикасноста за системот да биде одржлив. Не можеме од земја која има вода, да си дозволиме луксуз на загуба од околу 60 отсто на вода во системот - посочи Бислимоски и нагласи дека сега е клучно да се намали загубата на ниво на држава.
Според него, проблемот е што советите на општните кога ја определувата конечната цена на водата за пиење, водејќи се од популизам, не ја коригираат воопшто со цел да ги заштитат граѓаните, но при тоа не водат сметка за инцестциите.
Заради тоа имаме состојба во некои градови да нема вода, па граѓаните парите да ги трошат за да си купат вода за пиење. За да ја тргнеме оваа тежина од советите, предлагаме РКЕ да ја определува конечната цена затоа што ние со нашите одлуки вршиме притисок да се зголеми ефикасноста на претпријатијата кои ги регулираме - рече Бислимоски.
Во Електродистрибуција, каде што определуваме тарифа, додаде, вкупниот број на вработени во цела држава е околу 1.700. Овој број на вработени е помал од вкупниот број на вработени во само четири јавни комунални претпријатија за водоводни услуги во најголемите градови од државата, укажа Бислимоски.

The post Бислимоски: Јавните комунални водоводни претпријатија од четврток со пониски цени за струја appeared first on Република.

]]>
Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-kje-gi-zatvori-komunalnite-pretprijatija-smetkite-im-goltaat-od-60-do-90-otsto-od-budzetot/ Mon, 05 Sep 2022 13:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=547648

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати.

Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.

Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).

Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.

Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.

Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо

The post Струјата ќе ги затвори Комуналните претпријатија? Сметките им голтаат од 60 до 90 отсто од буџетот appeared first on Република.

]]>

Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати. Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.