компанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kompanija/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 09:20:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png компанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kompanija/ 32 32 Македонската компанија „Сајтрокс“ санкционирана од САД поради безбедносен ризик https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/makedonskata-kompanija-sajtroks-sanktsionirana-od-sad-poradi-bezbednosen-rizik/ Wed, 06 Mar 2024 08:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=751779

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа.

Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.

„Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонската компанија „Сајтрокс“ санкционирана од САД поради безбедносен ризик appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“. Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа. Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари. „Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. „Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонската компанија „Сајтрокс“ санкционирана од САД поради безбедносен ризик appeared first on Република.

]]>
Пригожин отворил компанија за консалтинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prigozhin-otvoril-kompanija-za-konsalting/ Sat, 22 Jul 2023 10:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=664184

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, која се бореше на страната на Москва во Украина додека нејзините членови не организираа неуспешен бунт против руското воено раководство, деновиве основал нова компанија во Белорусија.

Тој на 19 јули го регистрирал друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ во Белорусија, а официјалните информации се објавени во Единствениот државен регистар на правни и физички лица на Министерството за правда на Белорусија, пренесуваат руските медиуми.

Седиштето на новата компанија е селото Цел, во областа Осиповичи, каде што се наоѓа теренскиот камп наменет за сместување на борците на групата „Вагнер“ кои беа префрлени во Белорусија.

Основната дејност на компанијата е „управување со недвижен имот“.

Сопственик (основач) на компанијата е друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ (РФ), чиј сопственик е Евгениј Викторович Пригожин, се навеудва во белорускиот регистар.

The post Пригожин отворил компанија за консалтинг appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, која се бореше на страната на Москва во Украина додека нејзините членови не организираа неуспешен бунт против руското воено раководство, деновиве основал нова компанија во Белорусија. Тој на 19 јули го регистрирал друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ во Белорусија, а официјалните информации се објавени во Единствениот државен регистар на правни и физички лица на Министерството за правда на Белорусија, пренесуваат руските медиуми. Седиштето на новата компанија е селото Цел, во областа Осиповичи, каде што се наоѓа теренскиот камп наменет за сместување на борците на групата „Вагнер“ кои беа префрлени во Белорусија. Основната дејност на компанијата е „управување со недвижен имот“. Сопственик (основач) на компанијата е друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ (РФ), чиј сопственик е Евгениј Викторович Пригожин, се навеудва во белорускиот регистар.

The post Пригожин отворил компанија за консалтинг appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-obezbediv-kompanija-za-dvojna-poniska-tsena-na-gasot-no-esm-i-kovachevski-izbraa-bugarska-kompanija-so-dvojno-poskapa-tsena-od-berzanskata/ Fri, 17 Feb 2023 13:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=610249

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.

– Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ.

Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.

 

The post Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската appeared first on Република.

]]>

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски. – Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски. Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ. Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.  

The post Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската appeared first on Република.

]]>
Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-deneska-kje-odrzi-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/ Fri, 07 Oct 2022 06:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=558190

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата.

Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.

Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.

Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.

Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.

Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.

Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.

Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.

 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата. Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.
Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.
Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.
Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.
Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.
Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.
Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.
Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.
 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Компанија во Германија им плаќа по 5.000 евра на работниците кои се вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kompanija-vo-germanija-im-plakja-po-5-000-evra-na-rabotnicite-koi-se-vakcinirani/ Fri, 04 Feb 2022 08:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=453909

Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила по 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани.

Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто.

Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто.

Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.

Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме, рече директорот на компанијата Данило Фразиак.

Тој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените.

Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.

The post Компанија во Германија им плаќа по 5.000 евра на работниците кои се вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила по 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани. Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто. Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто. Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.
Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме, рече директорот на компанијата Данило Фразиак.
Тој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените. Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.

The post Компанија во Германија им плаќа по 5.000 евра на работниците кои се вакцинирани appeared first on Република.

]]>