комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komora/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 10:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komora/ 32 32 Мицкоски по средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-po-sredba-so-pretstavnitsite-na-stopanskata-komora-na-severo-zapadna-makedonija-glaven-prioritet-i-primaren-interes-na-vladata-e-makedonskite-kompanii-da-rastat-stoime-tselosno-na-usluga-na/ Mon, 29 Jul 2024 10:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=801319

Имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени, истакна премиерот Мицкоски по средбата со комората на Северо-Западна Македонија.

Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат.  Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во образованието, во здравството ќе има повисоки плати, повисоки пензии, во земјоделието, во културата, во спортот, во инфраструктурата итн.

Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе  функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството.

Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството.

Втора поента се и тема којашто ја разговаравме и во тој контекст би сакал  да кажам се и инфраструктурните проекти и каква е иднината и какви се нашите планови.

 

Од страна на комората на Северо-Западна Македонија, беше  исто така потенциран фактот околу минималната плата се зборуваше и за земјоделието, ценам дека беше исклучително плодна дискусијата.

Мојата порака, пораката на владата е дека треба заедно да  работиме и дека како Влада сме целосно на услуга на бизнисот. Бизнисот е тој кој треба да иницира, да предлага, заедно во еден дијалог тие работи да ги надминуваме.

Не ја имаме таа пракса од претходните влади во свечената сала во рамки на зградата на владата да ги собереме сите комори и тамо сега да кажеме половина саат што мислиме и да си заминеме, затоа ние идеме кај коморите.

Ќе продолжиме да идеме, да разговараме да слушаме идеи и тоа да го решиме. Ќе повторам, прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е тој е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме ? Доколку коморите и компаниите и економијата  се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области коишто се потребни.

 

The post Мицкоски по средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот appeared first on Република.

]]>

Имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени, истакна премиерот Мицкоски по средбата со комората на Северо-Западна Македонија.
Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат.  Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во образованието, во здравството ќе има повисоки плати, повисоки пензии, во земјоделието, во културата, во спортот, во инфраструктурата итн. Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе  функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството. Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството. Втора поента се и тема којашто ја разговаравме и во тој контекст би сакал  да кажам се и инфраструктурните проекти и каква е иднината и какви се нашите планови.   Од страна на комората на Северо-Западна Македонија, беше  исто така потенциран фактот околу минималната плата се зборуваше и за земјоделието, ценам дека беше исклучително плодна дискусијата. Мојата порака, пораката на владата е дека треба заедно да  работиме и дека како Влада сме целосно на услуга на бизнисот. Бизнисот е тој кој треба да иницира, да предлага, заедно во еден дијалог тие работи да ги надминуваме. Не ја имаме таа пракса од претходните влади во свечената сала во рамки на зградата на владата да ги собереме сите комори и тамо сега да кажеме половина саат што мислиме и да си заминеме, затоа ние идеме кај коморите. Ќе продолжиме да идеме, да разговараме да слушаме идеи и тоа да го решиме. Ќе повторам, прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е тој е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме ? Доколку коморите и компаниите и економијата  се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области коишто се потребни.  

The post Мицкоски по средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот appeared first on Република.

]]>
Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fizichki-napadnat-lekar-vo-radovish-reagira-lekarskata-komora/ Mon, 12 Feb 2024 13:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=743246

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората. Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.
Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skszm-vladata-gi-kaznuva-biznisite-so-solidaren-danok-i-gi-zamrznuva-namalenite-tseni/ Wed, 20 Sep 2023 13:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=683473

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) реагира на последната владина одлука за поевтинување на основните прехранбени производи, како и на донесувањето на Законот за данок на солидарност.

Комората апелира претседателот на државата да не го потпише указот за прогласување на Законот.

СКСЗМ постојано лобираше и работи против предложениот Закон за данокот за солидарност, нагласувајќи дека овој Закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата. Но, и покрај сите реакции на СКСЗМ, Собранието го изгласа законот по брза постапка, со што уште еднаш се докажува дека правната сигурност на компаниите во Република Македонија никогаш не е загарантирана и дека успешните компании кои работат прописно, придонесуваат во економскиот развој на земјата и кои се воедно најголемите даночни обврзници ќе бидат казнети за нивниот успех и поради лошото управување со кризата од страна на институциите, наведува Комората.

Според Комората, со овој Закон кој се применува ретроактивно, домашните компании не само што ќе бидат казнети со големи суми и нема да можат да ги реализираат планираните инвестиции, туку ќе бидат дестимулирани да работат на раст и развој во следните години што може дополнително да ја поттикне неформалната економија.

Тоа ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со Законот. Апелираме до претседателот на Република  Македонија да го земе предвид барањето на СКСЗМ испратено претходно и да не го потпише указот за прогласување на Законот за данокот за солидарност, нагласува Комората.

СКСЗМ оценува дека и Одлуката за поевтинување на производите за 10 проценти е многу штетна за компаниите.

Слободната пазарна економија е доведена во прашање со многубројните интервенции на Владата, со што се стимулира сивата економија, а во меѓувреме целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција. При донесување вакви одлуки, потребно е привремено да се укинат даноците или царинските стапки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат домашните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен, со што домашните производители ќе мора да работат со загуба, наведува СКСЗМ.

Комората апелира до сите институции, спроведувањето на ваквите одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот, бидејќи последиците од нивното донесување, предупредува, ќе бидат многу големи.

The post СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) реагира на последната владина одлука за поевтинување на основните прехранбени производи, како и на донесувањето на Законот за данок на солидарност. Комората апелира претседателот на државата да не го потпише указот за прогласување на Законот. СКСЗМ постојано лобираше и работи против предложениот Закон за данокот за солидарност, нагласувајќи дека овој Закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата. Но, и покрај сите реакции на СКСЗМ, Собранието го изгласа законот по брза постапка, со што уште еднаш се докажува дека правната сигурност на компаниите во Република Македонија никогаш не е загарантирана и дека успешните компании кои работат прописно, придонесуваат во економскиот развој на земјата и кои се воедно најголемите даночни обврзници ќе бидат казнети за нивниот успех и поради лошото управување со кризата од страна на институциите, наведува Комората. Според Комората, со овој Закон кој се применува ретроактивно, домашните компании не само што ќе бидат казнети со големи суми и нема да можат да ги реализираат планираните инвестиции, туку ќе бидат дестимулирани да работат на раст и развој во следните години што може дополнително да ја поттикне неформалната економија. Тоа ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со Законот. Апелираме до претседателот на Република  Македонија да го земе предвид барањето на СКСЗМ испратено претходно и да не го потпише указот за прогласување на Законот за данокот за солидарност, нагласува Комората. СКСЗМ оценува дека и Одлуката за поевтинување на производите за 10 проценти е многу штетна за компаниите. Слободната пазарна економија е доведена во прашање со многубројните интервенции на Владата, со што се стимулира сивата економија, а во меѓувреме целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција. При донесување вакви одлуки, потребно е привремено да се укинат даноците или царинските стапки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат домашните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен, со што домашните производители ќе мора да работат со загуба, наведува СКСЗМ. Комората апелира до сите институции, спроведувањето на ваквите одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот, бидејќи последиците од нивното донесување, предупредува, ќе бидат многу големи.

The post СКСЗМ: Владата ги казнува бизнисите со солидарен данок и ги замрзнува намалените цени appeared first on Република.

]]>
За подобра циркулација: Роналдо се лади во специјална комора на минус 160 степени https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/za-podobra-cirkulacija-ronaldo-se-ladi-vo-specijalna-komora-na-minus-160-stepeni/ Sat, 05 Feb 2022 20:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=454625

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (37) е еден од оние кои поставуваат стандарди кога е во прашање физичката подготвеност.

Сигурно дека многу труд на тренинзите и натпреварите значи добро закрепнување на телото, а Португалецот кој веќе е во стари фудбалски години се труди што подолго да остане на врвно ниво.

Според истражувањата, Роналдо има тело на 20-годишник. Содржи само седум проценти маснотии, додека просекот за фудбалерите е десет. Половина од неговата маса се мускули, додека просечниот фудбалер е 46 проценти.

За да ја одржи формата со најдобро можно закрепнување, Роналдо во својата вила во Манчестер донесе скапа комора за криотерапија вредна околу 60.000 евра. Комората може да достигне температури до минус 200 степени Целзиусови.

На спортистите им се препорачува да поминат најмногу пет минути внатре, а Кристијано обично поминува три минути на температура од минус 160 степени.

Криотерапијата ја подобрува циркулацијата на крвта и имунолошкиот состав, го намалува заморот, ги отстранува токсините и го скратува времето за опоравување од спортски повреди.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

The post За подобра циркулација: Роналдо се лади во специјална комора на минус 160 степени appeared first on Република.

]]>

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (37) е еден од оние кои поставуваат стандарди кога е во прашање физичката подготвеност. Сигурно дека многу труд на тренинзите и натпреварите значи добро закрепнување на телото, а Португалецот кој веќе е во стари фудбалски години се труди што подолго да остане на врвно ниво. Според истражувањата, Роналдо има тело на 20-годишник. Содржи само седум проценти маснотии, додека просекот за фудбалерите е десет. Половина од неговата маса се мускули, додека просечниот фудбалер е 46 проценти. За да ја одржи формата со најдобро можно закрепнување, Роналдо во својата вила во Манчестер донесе скапа комора за криотерапија вредна околу 60.000 евра. Комората може да достигне температури до минус 200 степени Целзиусови. На спортистите им се препорачува да поминат најмногу пет минути внатре, а Кристијано обично поминува три минути на температура од минус 160 степени. Криотерапијата ја подобрува циркулацијата на крвта и имунолошкиот состав, го намалува заморот, ги отстранува токсините и го скратува времето за опоравување од спортски повреди.    
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

The post За подобра циркулација: Роналдо се лади во специјална комора на минус 160 степени appeared first on Република.

]]>