Комити Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komiti-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 20:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комити Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komiti-skopje/ 32 32 Комити се нови сопственици на ФК Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/komiti-se-novi-sopstvenitsi-na-fk-vardar/ Thu, 29 Jun 2023 20:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=656672

Од денес, фудбалскиот клуб Вардар е во целосна сопственост на навивачката група Комити, која ги превзеде комплетно акциите на клубот.

Во продолжение погледнете го видеото, во кое можете да слушнете новитети околу најтрофејниот македонски клуб кој во новата сезона се враќа да се натпреварува во ПМФЛ.

The post Комити се нови сопственици на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Од денес, фудбалскиот клуб Вардар е во целосна сопственост на навивачката група Комити, која ги превзеде комплетно акциите на клубот. Во продолжение погледнете го видеото, во кое можете да слушнете новитети околу најтрофејниот македонски клуб кој во новата сезона се враќа да се натпреварува во ПМФЛ.

The post Комити се нови сопственици на ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
Комитите на Велигден го запалија Скопје „за нашата вера православна, за нашата црква македонска, за нашата Македонија“! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/komitite-na-veligden-go-zapalija-skopje-za-nashata-vera-pravoslavna-za-nashata-tsrkva-makedonska-za-nashata-makedonija/ Sun, 16 Apr 2023 17:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=631327

„Комити“ Вардар синоќа направија спектакл во Драчево со голем огномет за Велигден.

Подгрупата на „Комити“, „Комити Драчево“ на овој ден приредуваат спектакл неколку години наназад, така беше и оваа.

The post Комитите на Велигден го запалија Скопје „за нашата вера православна, за нашата црква македонска, за нашата Македонија“! appeared first on Република.

]]>

„Комити“ Вардар синоќа направија спектакл во Драчево со голем огномет за Велигден. Подгрупата на „Комити“, „Комити Драчево“ на овој ден приредуваат спектакл неколку години наназад, така беше и оваа.

The post Комитите на Велигден го запалија Скопје „за нашата вера православна, за нашата црква македонска, за нашата Македонија“! appeared first on Република.

]]>
Среќен роденден, Комити, 35 години! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/srekjen-rodenden-komiti-35-godini/ Sun, 05 Jun 2022 10:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=511326

Навивачката група Комити синоќа со спектакуларно пиротехничкко шоу го прослави својот 35 роденден, околу 1.000 факели беа запалени од Ѓорче до Ново Лисиче.

Комити синоќа славеа 35 години од своето постоење, 75 години од формирањето на Вардар и пет години од првата европска титула на вардаровите ракометари.

„Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјади факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска авангарда - Комити Запад“, напишаа Комити.

Синоќа се одржа и концерт пред салата „Јане Сандански“ во чест на Комити и Вардар.

Среќен Роденден Комити ❗️
Но да се навратиме 35 години наназад...
Се собравме за да формираме една група која ќе ги застапува и ќе ги претставува со своите дејствија, најголемиот дел од навивачите на Вардар.
Но како да се вика?
Едно име е на масата како предлог, "Комити", и знамето ќе стои на Западната Трибина ❗️
Предлогот е прифатен од насобраните, но е прифатен и од скопската младина.
Датумот е 4 Јуни, 1987 година. ФК Вардар ја освојува Шампионската 🏆
На Западната Трибина грозница на секој натпревар...Брзо се исполнува и секогаш е жешко, а условот за влез е да се носи реквизит на Вардар, маичка, капа, шал, знаменце...без тоа не влагаш ни со родител 😉

Многу историја, многу приказни, многу радости, не ретко и тага, многу Скопски Легенди излегоа од тука, многу дешавки, многу активности, непрекината борба...борба за одбрана на вредностите и идеалите кои природно се создаваа, во една таква толку разнолика а истовремено толку сплотена средина...се создадоа, и сеуште се бранат со истиот ентузијазам и енергија.
Вардар во срцето, Македонија во душата ❗️
Никакви партии, далеку од политика, а сепак државотворни , за да се чуе нашиот глас, глас кој безмалку секогаш, е и гласот на народот.
Беше и остана Трибината, Бастион на Македонштината ❗️
Бевме на врвот, имавме и падови, но никогаш не ја компромитиравме идеата, ниту дозволивме било кога нашето име, и се она што браниме со него, да биде победено.
Вардар беше и секогаш ќе биде Гордост Македонска ❗️

И кога освојуваме Титули, и кога сме во понизок ранг, нема да дозволиме да бидеме деморализирани. Секогаш од Западот ќе се препознае онаа енергија, која со себе ја носи младината, новите генерации дојдоа, и ќе доаѓаат, но тука ќе бидат пречекани и позади нив ќе стојат и основачите, и оние по нив. Затоа сме силни, затоа ги положивме сите тестови на времето, затоа што увидовме дека треба да стојат под исти бајрак, сите оние кои како нас се борат за црвено црните бои, но и за вистинските вредности.
Денес славиме 35 години ❗️

И кога ќе славиме 100 години, повторно како и денес, ќе браниме се она што пред нас е оставено, и за кое се изборија тие пред нас.
Силни Комити му се потребни на Вардар, потребни му се и на фудбалот и спортот, потребни и се и на Македонија.
Силни сме затоа што сме едно, од сите страни, и од сите генерации.
Ве повикуваме вечерва да ни се придружите на нашата прослава, на нашите Јубилеи 35 години Комити, 15 Титула и 15 Куп - РК Вардар, точно до ден 5 години од Првата Европска Титула во 2017-та, и најава за 75 години ФК Вардар, за што ќе има натпревар на Градски Стадион на кој ќе се обележи, на кој и ние ќе го прославиме тој убав Јубилеј.
Вечерва бидете со нас во овој спектакл, но и забава пред салата Јане Сандански од 21:00ч.

Титули & Јубилеи

The post Среќен роденден, Комити, 35 години! appeared first on Република.

]]>

Навивачката група Комити синоќа со спектакуларно пиротехничкко шоу го прослави својот 35 роденден, околу 1.000 факели беа запалени од Ѓорче до Ново Лисиче. Комити синоќа славеа 35 години од своето постоење, 75 години од формирањето на Вардар и пет години од првата европска титула на вардаровите ракометари. „Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјади факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска авангарда - Комити Запад“, напишаа Комити. Синоќа се одржа и концерт пред салата „Јане Сандански“ во чест на Комити и Вардар. Среќен Роденден Комити ❗️ Но да се навратиме 35 години наназад... Се собравме за да формираме една група која ќе ги застапува и ќе ги претставува со своите дејствија, најголемиот дел од навивачите на Вардар. Но како да се вика? Едно име е на масата како предлог, "Комити", и знамето ќе стои на Западната Трибина ❗️ Предлогот е прифатен од насобраните, но е прифатен и од скопската младина. Датумот е 4 Јуни, 1987 година. ФК Вардар ја освојува Шампионската 🏆 На Западната Трибина грозница на секој натпревар...Брзо се исполнува и секогаш е жешко, а условот за влез е да се носи реквизит на Вардар, маичка, капа, шал, знаменце...без тоа не влагаш ни со родител 😉 Многу историја, многу приказни, многу радости, не ретко и тага, многу Скопски Легенди излегоа од тука, многу дешавки, многу активности, непрекината борба...борба за одбрана на вредностите и идеалите кои природно се создаваа, во една таква толку разнолика а истовремено толку сплотена средина...се создадоа, и сеуште се бранат со истиот ентузијазам и енергија. Вардар во срцето, Македонија во душата ❗️ Никакви партии, далеку од политика, а сепак државотворни , за да се чуе нашиот глас, глас кој безмалку секогаш, е и гласот на народот. Беше и остана Трибината, Бастион на Македонштината ❗️ Бевме на врвот, имавме и падови, но никогаш не ја компромитиравме идеата, ниту дозволивме било кога нашето име, и се она што браниме со него, да биде победено. Вардар беше и секогаш ќе биде Гордост Македонска ❗️ И кога освојуваме Титули, и кога сме во понизок ранг, нема да дозволиме да бидеме деморализирани. Секогаш од Западот ќе се препознае онаа енергија, која со себе ја носи младината, новите генерации дојдоа, и ќе доаѓаат, но тука ќе бидат пречекани и позади нив ќе стојат и основачите, и оние по нив. Затоа сме силни, затоа ги положивме сите тестови на времето, затоа што увидовме дека треба да стојат под исти бајрак, сите оние кои како нас се борат за црвено црните бои, но и за вистинските вредности. Денес славиме 35 години ❗️ И кога ќе славиме 100 години, повторно како и денес, ќе браниме се она што пред нас е оставено, и за кое се изборија тие пред нас. Силни Комити му се потребни на Вардар, потребни му се и на фудбалот и спортот, потребни и се и на Македонија. Силни сме затоа што сме едно, од сите страни, и од сите генерации. Ве повикуваме вечерва да ни се придружите на нашата прослава, на нашите Јубилеи 35 години Комити, 15 Титула и 15 Куп - РК Вардар, точно до ден 5 години од Првата Европска Титула во 2017-та, и најава за 75 години ФК Вардар, за што ќе има натпревар на Градски Стадион на кој ќе се обележи, на кој и ние ќе го прославиме тој убав Јубилеј. Вечерва бидете со нас во овој спектакл, но и забава пред салата Јане Сандански од 21:00ч. Титули & Јубилеи

The post Среќен роденден, Комити, 35 години! appeared first on Република.

]]>
Комитите му се поклонија на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/komitite-mu-se-poklonija-na-goce-delchev/ Wed, 04 May 2022 16:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=497623

Негова желба беше моштите да почиваат во главниот град на идната Независна Македонија. Па затоа на 7, 8 и 9 Октомври пешки неговите Македонски следбеници од Софија до Скопје го носат пеш, за на 10-ти Октомври, 1946-та го положат неговото тело во саркофагот во црквата Свети Спас во Скопје, каде што почиваат сега.

По пат на улиците излезени луѓе, Македонци, натажени, во цела Пиринска Македонија, во сите места каде живеат Македонци.

Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на Македонската Револуционерна Борба.

Наша должност, право и чест е да ги браниме неговите дела, неговите идеали, и борба за Слободна, Суверена и Независна Македонија, за кои го положи својот живот пред точно 119 години, во Баница наша страдна.

Ние можеме да бидеме пријатели, па дури и браќа со сите наши соседи, но ние сме Македонци, по род, по коски, по крв, по убедување. Па затоа заедно да ја продолжиме сплотени нашата заедничка борба, која Великанот ни ја остави во аманет. И да не заборавиме дека оние кои се борат за интересите на Бугарија, Србија, Грција, може да бидат големи Бугари, Срби и Грци но никогаш големи Македонци !

Слобода или смрт за Македонија!

The post Комитите му се поклонија на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Негова желба беше моштите да почиваат во главниот град на идната Независна Македонија. Па затоа на 7, 8 и 9 Октомври пешки неговите Македонски следбеници од Софија до Скопје го носат пеш, за на 10-ти Октомври, 1946-та го положат неговото тело во саркофагот во црквата Свети Спас во Скопје, каде што почиваат сега. По пат на улиците излезени луѓе, Македонци, натажени, во цела Пиринска Македонија, во сите места каде живеат Македонци. Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема, чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на Македонската Револуционерна Борба. Наша должност, право и чест е да ги браниме неговите дела, неговите идеали, и борба за Слободна, Суверена и Независна Македонија, за кои го положи својот живот пред точно 119 години, во Баница наша страдна. Ние можеме да бидеме пријатели, па дури и браќа со сите наши соседи, но ние сме Македонци, по род, по коски, по крв, по убедување. Па затоа заедно да ја продолжиме сплотени нашата заедничка борба, која Великанот ни ја остави во аманет. И да не заборавиме дека оние кои се борат за интересите на Бугарија, Србија, Грција, може да бидат големи Бугари, Срби и Грци но никогаш големи Македонци ! Слобода или смрт за Македонија!

The post Комитите му се поклонија на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-itno-da-se-istrazi-i-sankcionira-policiskata-brutalnost-vrz-navivach-na-chkembari/ Fri, 01 Apr 2022 21:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=482139

Видеоснимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку дена се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата.

Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните од страна на лицата со полициски овластувања, граѓаните сѐ уште и честопати се жртви на полициска бруталност, која се манифестира со претепување.

Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн.

Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници.

The post Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ appeared first on Република.

]]>

Видеоснимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку дена се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата. Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните од страна на лицата со полициски овластувања, граѓаните сѐ уште и честопати се жртви на полициска бруталност, која се манифестира со претепување.
Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција. Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн. Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници.

The post Хелсиншки: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач на „Чкембари“ appeared first on Република.

]]>