Комисија за унапредување на правата на пациентите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-unapreduvane-na-pravata-na-patsientite/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Feb 2023 12:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за унапредување на правата на пациентите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-unapreduvane-na-pravata-na-patsientite/ 32 32 Секој пациент кој смета дека му е прекршено право, да се обрати кај Комисијата, порача д-р Пановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-patsient-koj-smeta-deka-mu-e-prekrsheno-pravo-da-se-obrati-kaj-komisijata-poracha-d-r-panovski/ Fri, 17 Feb 2023 12:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=610140

По двегодинишен прекин на работата поради корона кризата, од септември минатата година повторно почна со работата Комисијата за унапредување на правата на пациентите формирана од Град Скопје. Секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Никола Пановски.

Секој граѓанин може да ја исконтактира Комисијата преку веб страницата на Град Скопје, каде има поставено линк со логото на Комисијата и на линкот има меил, формулар и телефонски број.

Инаку, оваа Комисија е формирана во 2011 година и беше составена од девет члена. Надлежности на оваа Комисија, како што посочи д-р Пановски, се во делот на унапредување на правата на пациентите и нивна заштита, разгледување на поплаки, предлагање мерки за подобрување на заштита на правата на пациентите од надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштита на правата на пациентите што ќе биде на дневен ред на 23 февруари, но и издавање информации. Во моментов, Комисијата е составена од 11 члена.

Пановски напомена дека ќе имаат соработка со комисиите од општините, но како што потенцираше, половина од општините во државата уште немаат комисии. Тој додаде дека имаат амбициозна програма, а во блиска иднина планираат средба во Министерството за здравство.

Тој рече дека секој граѓанин може да се обрати до Комисијата, а разговараат и со здруженијата на пациентите за тие да им укажат на пациентите да се обратат и да поднесат претставки доколку им се нарушени правата.

Незгодно е да ја одбиете поплаката на жител кој не е од Скопје, тука постои таа дилема, најверојатно би го упатиле до соодветната општина, но доколку на пример станува збор за студент од друга општина кој живее во Скопје, би го разгледале неговото барање. Што се однесува до претставки, те што ги имавме ги одговоривме, не беа директно, беа повеќе совети или прашања од пациентите каде да се обратат, рече д-р Пановски.

Претседателот на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Душко Ѓорѓиев кој беше претседател на Комисијата од 2019 година, рече дека од самото формирање на Комисијата сите претставки биле разгледани и биле решени. Како што рече, ниту еден пациент не излегол незадоволен.

Од самото формирање на Комисијата направивме промоција за да се доближиме до пациентите и да им се укаже на можноста на кој начин да се обратат. Се обративме до здруженијата да ги сублимираат своите проблеми, и решавајќи проблем кој ја тишти одредена целна група, практично решаваме проблеми на самите пациенти. Имавме доволно претставки во моите два мандати. Сите беа разгледани, се разговараше таму каде Комисија беше во дилема дали крешењето на право се однесува на одредена специјалност. Но, секаде каде ќе видиме дека има кршење на правото на пациентите ние ќе реагираме, додаде Ѓорѓиев.

The post Секој пациент кој смета дека му е прекршено право, да се обрати кај Комисијата, порача д-р Пановски appeared first on Република.

]]>

По двегодинишен прекин на работата поради корона кризата, од септември минатата година повторно почна со работата Комисијата за унапредување на правата на пациентите формирана од Град Скопје. Секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Никола Пановски. Секој граѓанин може да ја исконтактира Комисијата преку веб страницата на Град Скопје, каде има поставено линк со логото на Комисијата и на линкот има меил, формулар и телефонски број. Инаку, оваа Комисија е формирана во 2011 година и беше составена од девет члена. Надлежности на оваа Комисија, како што посочи д-р Пановски, се во делот на унапредување на правата на пациентите и нивна заштита, разгледување на поплаки, предлагање мерки за подобрување на заштита на правата на пациентите од надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштита на правата на пациентите што ќе биде на дневен ред на 23 февруари, но и издавање информации. Во моментов, Комисијата е составена од 11 члена. Пановски напомена дека ќе имаат соработка со комисиите од општините, но како што потенцираше, половина од општините во државата уште немаат комисии. Тој додаде дека имаат амбициозна програма, а во блиска иднина планираат средба во Министерството за здравство. Тој рече дека секој граѓанин може да се обрати до Комисијата, а разговараат и со здруженијата на пациентите за тие да им укажат на пациентите да се обратат и да поднесат претставки доколку им се нарушени правата.