Комисија за спречување и заштита од дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 20:29:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за спречување и заштита од дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ 32 32 Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkata-lenche-ristoska-bila-diskriminirana-utvrdi-komisijata/ Wed, 13 Dec 2023 20:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=722697

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки.

Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.

Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.

Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.

Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови.

-Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки. Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.
Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.
Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.
Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови. -Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.  

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>
Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/igor-jadrovski-nov-pretsedatel-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ Fri, 27 Oct 2023 09:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=695491

Членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска на 26-тата седница, по принципот на ротирачко претседателство, едногласно, за нов претседател го избраа Игор Јадровски, а за негов заменик Лимко Бејзароски.

Мандатот на новиот претседател е во траење од една година, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

Членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска на 26-тата седница, по принципот на ротирачко претседателство, едногласно, за нов претседател го избраа Игор Јадровски, а за негов заменик Лимко Бејзароски. Мандатот на новиот претседател е во траење од една година, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ Mon, 08 May 2023 10:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=638296

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата.

Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес. Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата. Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>
Усвоен амандман за прераспределба на средства за Комисијата за заштита од дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usvoen-amandman-za-preraspredelba-na-sredstva-za-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija/ Fri, 02 Dec 2022 19:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=581109

Собраниската Комисија за финасирање и буџет вечерва едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за заштита од дискриминација.

Амандманот што во координација со Комисијата го предложи пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ го поддржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека сите тука ќе се сложиме дека Комисијата за заштита од дискриминација формирана согласно со новиот закон навистина се профилира како едно независно и ефективно тело кое работи проактивно и транспарентно, тело кое што одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права. Од тие причини верувам дека сите треба да излеземе во пресрет на нивното барање за прераспределба на средства и да го усвоиме амандманот, рече Шкриељ во образложение на амандманот.

Комисијата втор ден расправаше по амандманите на Предлог буџетот за 2022 година, при што два беа усвоени, а два одбиени.

Владејачкото мнозинство во Комисијата го оспорува гласањето за вториот усвоен амандманот што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, а со кој се предвидуават средства за зголемување на платите во администрацијата за 15 проценти.

Откако пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Дафина Стојановска го образложи амандманот, а по неа зборуваше и нејзината сопартијка Ели Панова, претседателот на Комисијата Бојан Стојановски ја затвори расправата и го стави на гласање амандманот, при што констатираше дека „за” гласале шест члена на Комсијата, а ниту еден „против” и „воздржан”.Реагираа пратениците од владејачкото мнозинство барајќи пауза и обвинувајќи дека гласањето не било уредно затоа што додека се одвивало се уште не биле вратени нивните колеги кои биле на друг настан.

Марија Георгиевска од СДСМ побара Стојановски да го корегира и да го повтори гласањето, оценувајќи дека постапувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „е крајно несерозно и недостојно и оти се продаваат евтини финти во Комисијата”.

-Не е коректно, заменик координаторот ве праша колку се пријавени. Не се дојдени колеги кои се надвор на настан од Собранието, ве прашавме колку има за говор, цело време се договарате со очи како треба да настапите. Вакви финти да правите во Комисијата е крајно несериозно од ваша страна, ова е насилно што го правите. Што мислите дека ќе постигнете со ова? Најавувате дека ќе зборуваат седум луѓе и ние го слушаме тоа, а потоа ставате на гласање. Знаете дека ова ќе создаде нервоза. Ова е недостојно, продавате финти и е крајно несериозно, рече Георгиевска.

Стојановски, пак, ги отфрли тврдењата дека ја нарушил работата на Комисијата и Деловникот. Објасни дека по излагањето на двете пратенички, по кои и тој беше пријавен за збор, заклучил дека сите аргументи од расправата се исцрпени и нема поента да се вклучи. Пријавените пратеници по него, појасни, се откажаа. Веднаш откако се повлекоа јас морав да постапам по сценариото и беше ставено гласање, вие не гласавте, рече Стојановски.

Претходно во денешната расорава владејачкото мнозинство во Комисијата не ги прифати амандманите со кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се одложи зголемувањето на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија од 5 на 10 отсто што е планирано да стапи во сила од 1 јануари идната година, како и да се распределат средства за 30 проценти повисоки плати на администрацијата во Собрание.

Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Амандманската расправа по Предлог буџетот за 2023 година ќе продолжи в понеделник во 11 часот, најави Стојановски.

The post Усвоен амандман за прераспределба на средства за Комисијата за заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финасирање и буџет вечерва едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за заштита од дискриминација. Амандманот што во координација со Комисијата го предложи пратеничката од СДСМ Санела Шкриељ го поддржаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. -Мислам дека сите тука ќе се сложиме дека Комисијата за заштита од дискриминација формирана согласно со новиот закон навистина се профилира како едно независно и ефективно тело кое работи проактивно и транспарентно, тело кое што одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права. Од тие причини верувам дека сите треба да излеземе во пресрет на нивното барање за прераспределба на средства и да го усвоиме амандманот, рече Шкриељ во образложение на амандманот. Комисијата втор ден расправаше по амандманите на Предлог буџетот за 2022 година, при што два беа усвоени, а два одбиени. Владејачкото мнозинство во Комисијата го оспорува гласањето за вториот усвоен амандманот што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, а со кој се предвидуават средства за зголемување на платите во администрацијата за 15 проценти. Откако пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Дафина Стојановска го образложи амандманот, а по неа зборуваше и нејзината сопартијка Ели Панова, претседателот на Комисијата Бојан Стојановски ја затвори расправата и го стави на гласање амандманот, при што констатираше дека „за” гласале шест члена на Комсијата, а ниту еден „против” и „воздржан”.Реагираа пратениците од владејачкото мнозинство барајќи пауза и обвинувајќи дека гласањето не било уредно затоа што додека се одвивало се уште не биле вратени нивните колеги кои биле на друг настан. Марија Георгиевска од СДСМ побара Стојановски да го корегира и да го повтори гласањето, оценувајќи дека постапувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „е крајно несерозно и недостојно и оти се продаваат евтини финти во Комисијата”. -Не е коректно, заменик координаторот ве праша колку се пријавени. Не се дојдени колеги кои се надвор на настан од Собранието, ве прашавме колку има за говор, цело време се договарате со очи како треба да настапите. Вакви финти да правите во Комисијата е крајно несериозно од ваша страна, ова е насилно што го правите. Што мислите дека ќе постигнете со ова? Најавувате дека ќе зборуваат седум луѓе и ние го слушаме тоа, а потоа ставате на гласање. Знаете дека ова ќе создаде нервоза. Ова е недостојно, продавате финти и е крајно несериозно, рече Георгиевска. Стојановски, пак, ги отфрли тврдењата дека ја нарушил работата на Комисијата и Деловникот. Објасни дека по излагањето на двете пратенички, по кои и тој беше пријавен за збор, заклучил дека сите аргументи од расправата се исцрпени и нема поента да се вклучи. Пријавените пратеници по него, појасни, се откажаа. Веднаш откако се повлекоа јас морав да постапам по сценариото и беше ставено гласање, вие не гласавте, рече Стојановски. Претходно во денешната расорава владејачкото мнозинство во Комисијата не ги прифати амандманите со кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се одложи зголемувањето на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија од 5 на 10 отсто што е планирано да стапи во сила од 1 јануари идната година, како и да се распределат средства за 30 проценти повисоки плати на администрацијата во Собрание. Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Амандманската расправа по Предлог буџетот за 2023 година ќе продолжи в понеделник во 11 часот, најави Стојановски.

The post Усвоен амандман за прераспределба на средства за Комисијата за заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-vleze-vo-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov/ Thu, 04 Aug 2022 20:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=536888

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација.

Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.

Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.

Во овој момент, Комисијата не дава и не прејудицира наводи за кои ќе се изјасниме штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна, рече Бендевска.

При увидов беше присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од здружението не дадоа изјава, само рекоа дека увидот бил коректен. Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот државен врв.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-izgleda-vnatre-klubot-vancho-mihajlov-na-dzidot-visi-negov-citat-deka-makedonskata-nacija-e-izmislena/

The post Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација.
Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.
Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.
Во овој момент, Комисијата не дава и не прејудицира наводи за кои ќе се изјасниме штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна, рече Бендевска.
При увидов беше присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од здружението не дадоа изјава, само рекоа дека увидот бил коректен. Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот државен врв. https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-izgleda-vnatre-klubot-vancho-mihajlov-na-dzidot-visi-negov-citat-deka-makedonskata-nacija-e-izmislena/

The post Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
КСЗД: Штитење од дискриминација на инвестиори затоа што се Бугари претставува етничка дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kszd-shtitenje-od-diskriminacija-na-investiori-zatoa-shto-se-bugari-pretstavuva-etnichka-diskriminacija/ Thu, 03 Feb 2022 12:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=453585

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) реагира на изјавите за формирање механизам – Комисија за заштита од дискриминација на инвеститори, дадени од министерот за финансии на, Фатмир Бесими, и министерот за иновации и развој на Бугарија, Даниел Лорер.

На прес-конференцијата што неделава се одржа во Скопје, министрите изјавија дека на одржаниот прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија, трговија и иновации, разговарале за формирање на механизам за транспарентност на инвестиции, чија улога би била заштита од дискриминација на инвеститорите од двете страни, при реализирањето на планот за инвестирање.

КСЗД алармира дека евентуалното формирање на ваков паралелен механизам задира во независноста и самостојноста на ова професионално и експертско тело за еднаквост и е директно делегитимирање на мандатот на КСЗД.

„Превенцијата и заштитата од секаков вид на дискриминација се регулирани со Законот за спречување и заштита од дискриминација, според кој, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е единственото тело за еднаквост во земјава кое постапува во случаи за спречување и заштита од дискриминација и во приватниот и во јавниот сектор, кон сите домашни и странски физички и правни лица, вклучително и дискриминација на потенцијални странски инвеститори. Формирањето паралелен механизам, наменет исклучиво за заштита на инвеститорите од Република Бугарија, би бил во спротивност со Законот за спречување и заштита од дискримнација, кој ја регулира оваа правна материја како lex specialis. Според тоа, ова тело не би можело да произведува никакви правни акти за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи нема процесен и материјален закон, врз основа на кој може истото да го направи“, велат од Комисијата против дискриминацијата.

Оттука додаваат дека меѓународните стандарди кои ја регулираат поставеноста и работата на Националните тела за еднаквост, како што се Принципите за статусот на националните институции за еднаквост на ООН (Париските принципи), предвидуваат, телата за еднаквост слободно и независно да одлучуваат за сите прашања поврзани со нивните надлежности. Исто така, овие принципи предвидуваат дека независните тела треба да бидат сочинети од професионалци и експерти кои исполнуваат строги и високи критериуми за избор во областа на дискриминацијата. Токму затоа, како што се додава во реакцијата, превенцијата и заштитата од дискриминацијата се спроведува на експертско и професионално, а не на политичко ниво, па оттука формирањето на паралелниот механизам би значело директна повреда на овие принципи.

„Дополнително, овозможување на ваквиот паралелен механизам за заштита од дискриминација, наменет исклучително за лица од одредена етничка и/или национална припадност и социјален статус, претставува индиректна дискриминација врз основа на етничка и/или национална припадност и социјален статус во областа на правосудството и управата, согласно членовите 3, 5, 6 и 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на РСМ, бр. 258 од 30.10.2020). Веруваме дека станува збор за ненамерна изјава на министрите и се надеваме дека по оваа реакција на КСЗД, ќе воочат дека е законски невозможно формирање и функционирање на такво паралелно тело“, додаваат од КСЗД.

Комисијата порача дека како и до сега стои на располагање на сите домашни и странски физички и правни лица, за пријавување и постапување во случаи на секаков вид на дискриминација. Ги охрабруваат сите оние кои се почувствувале дискриминирани врз било која основа, во било која област, истото да го пријават во КСЗД преку електронскиот механизам за пријавување на дискриминација.

The post КСЗД: Штитење од дискриминација на инвестиори затоа што се Бугари претставува етничка дискриминација appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) реагира на изјавите за формирање механизам – Комисија за заштита од дискриминација на инвеститори, дадени од министерот за финансии на, Фатмир Бесими, и министерот за иновации и развој на Бугарија, Даниел Лорер. На прес-конференцијата што неделава се одржа во Скопје, министрите изјавија дека на одржаниот прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија, трговија и иновации, разговарале за формирање на механизам за транспарентност на инвестиции, чија улога би била заштита од дискриминација на инвеститорите од двете страни, при реализирањето на планот за инвестирање. КСЗД алармира дека евентуалното формирање на ваков паралелен механизам задира во независноста и самостојноста на ова професионално и експертско тело за еднаквост и е директно делегитимирање на мандатот на КСЗД.