Комисија за прашања на изборите и именувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanja/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 07:05:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за прашања на изборите и именувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanja/ 32 32 Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlog-odlukata-za-izbor-na-chlenovi-na-dik-pred-komisijata-za-prashana-na-izborite-i-imenuvanata/ Mon, 04 Nov 2024 07:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=833852

Утврдување на предлог - одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пред пратениците - членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 207/2024).

На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог - одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог - одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции.

The post Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата appeared first on Република.

]]>

Утврдување на предлог - одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пред пратениците - членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 207/2024). На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог - одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог - одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции.

The post Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата appeared first on Република.

]]>
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imenuvane-na-generalen-sekretar-na-sobranieto-i-barana-za-apanazha-od-poraneshni-ministri-na-komisijata-za-prashana-na-izborite-i-imenuvanata/ Thu, 04 Jul 2024 06:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=793226

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули.

Пратениците ќе разгледуваат и барања за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада.

На седницата на Комисијата на дневен ред се и утврдувања на Предлог-одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и утврдување Предлог - одлука за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

The post Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија. Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули. Пратениците ќе разгледуваат и барања за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада. На седницата на Комисијата на дневен ред се и утврдувања на Предлог-одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и утврдување Предлог - одлука за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

The post Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата appeared first on Република.

]]>
Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-na-joveski-za-ustaven-sudija/ Wed, 05 Oct 2022 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=557481

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се дискутира за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

The post Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се дискутира за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

The post Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија appeared first on Република.

]]>