комисија за помилување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-pomiluvane/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:15:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комисија за помилување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-pomiluvane/ 32 32 Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstitutivna-sednitsa-na-noviot-sostav-na-komisijata-za-pomiluvane/ Tue, 26 Nov 2024 14:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=841960

Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата.

За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности - велат од Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања.

Таа изрази очекување дека сите одлуки на комисијата ќе бидат во согласност со јавниот интерес и општествените вредности, а секој случај ќе се разгледува со најголема професионалност, во рамки на законски утврдена постапка.

The post Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата. За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности - велат од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања. Таа изрази очекување дека сите одлуки на комисијата ќе бидат во согласност со јавниот интерес и општествените вредности, а секој случај ќе се разгледува со најголема професионалност, во рамки на законски утврдена постапка.

The post Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>
Нов состав на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-sostav-na-komisijata-za-pomiluvane/ Mon, 25 Nov 2024 13:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=841597

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

The post Нов состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски. Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kompletiran-noviot-sostav-na-komisijata-za-pomiluvane/ Mon, 25 Nov 2024 13:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=841589

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа. Ама, час поскоро да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози. Потоа, исто така, да свика, претседателката на Комисијата една расправа, знаете дека беше изработена работна верзија на Закон за помилување. Нашиот Закон за помилување сега е многу дефектен, после промените, значи укинувањето на одредби од Уставниот суд, навистина, нам ни треба еден закон компатибилен со европските и мислам дека тогаш Комисијата ќе може да го преземе товарот на одлучувањето, изјави Сиљановска Давкова неодамна во интервју за МРТ.

Претседателката потенцира дека нам ни треба закон во кој точно ќе се утврди кој, како и што прави, но најголемата опасност за овој процес е да се политизира или партизира.

Помилувањето кое кај нас е минимално, мора да се однесува на социјализацијата и ресоцијализацијата, врзана за делата кои што се сторени. Значи мораме ние. Ќе се најдеме набрзо под силно обвинение за тортура над затворениците. Држава сме со најмалку помилувања, држава сме со најмало време на помилувања. Сега зборувам за шест, три или еден месец, изјави Сиљановска Давкова.

Според Сиљановска Давкова, нам ни препорачуваат да се зголеми должината на помилувањата, затворските услови и да видиме дали не треба и во поглед на делото „производство и дистрибуција на наркотици“, како и можност за помилување ако се на доживотен затвор, што во светот е нормална работа.

Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.

The post Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски. Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.
Најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа. Ама, час поскоро да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози. Потоа, исто така, да свика, претседателката на Комисијата една расправа, знаете дека беше изработена работна верзија на Закон за помилување. Нашиот Закон за помилување сега е многу дефектен, после промените, значи укинувањето на одредби од Уставниот суд, навистина, нам ни треба еден закон компатибилен со европските и мислам дека тогаш Комисијата ќе може да го преземе товарот на одлучувањето, изјави Сиљановска Давкова неодамна во интервју за МРТ.
Претседателката потенцира дека нам ни треба закон во кој точно ќе се утврди кој, како и што прави, но најголемата опасност за овој процес е да се политизира или партизира.
Помилувањето кое кај нас е минимално, мора да се однесува на социјализацијата и ресоцијализацијата, врзана за делата кои што се сторени. Значи мораме ние. Ќе се најдеме набрзо под силно обвинение за тортура над затворениците. Држава сме со најмалку помилувања, држава сме со најмало време на помилувања. Сега зборувам за шест, три или еден месец, изјави Сиљановска Давкова.
Според Сиљановска Давкова, нам ни препорачуваат да се зголеми должината на помилувањата, затворските услови и да видиме дали не треба и во поглед на делото „производство и дистрибуција на наркотици“, како и можност за помилување ако се на доживотен затвор, што во светот е нормална работа. Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот. Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.

The post Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Консултациите за новата комисија за помилување се во тек, се бараат нови критериуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-konsultatsiite-za-novata-komisija-za-pomiluvane-se-vo-tek-se-baraat-novi-kriteriumi/ Wed, 30 Oct 2024 18:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=832549

Консултациите за нов состав на Комисијата за помилување се во тек, а претседателката на државата Силјановска Давкова изјавува дека нема да брза со одлуките, бидејќи планира да ја заснова новата комисија врз основа на широки консултации и вклучување на различни профили на експерти. Според претседателката, целта е да се добие поширока перспектива, за што се консултираат лица од повеќе области, вклучувајќи експерти, претставници на невладини организации, психолози, невропсихијатри и новинари. Дополнително, ќе се земат предвид искуствата и на поранешни членови на комисијата за да се оцени правецот во кој би се движеле евентуалните измени на начинот на помилување.

Да, имаше неколку закажани, но одложени средби поради други настани. Мислам дека е време да се слушнат мислењата на сите поранешни членови на комисиите за да се разбере нивното искуство и да видиме во кој правец треба да се насочат промените, изјави Силјановска Давкова.

Претседателката на државата и натаму стои зад ставот дека најважните критериуми за помилување треба да останат стореното дело и поведението на осуденикот во затворската установа. Според неа, одговорноста на судот е да ги состави деталните досиеја на осудените лица, кои ќе ги вклучуваат сите важни акти, а не само пресудите и нивното поведение во затвор.

Силјановска Давкова предупреди дека ускратувањето на правото на помилување би можело да привлече негативни реакции од меѓународни институции.

„Може да се соочиме со обвиненија од Советот на Европа дека, во одредени ситуации, правото на помилување е суспендирано, што може да се третира како тортура,“ истакна Силјановска Давкова. „Во затворите се наоѓаат луѓе кои направиле грешки, и доколку покажат напредок во ресоцијализацијата, тие треба да имаат право на помилување.“

По оставката на членовите на Комисијата за помилување по последните помилувања, кабинетот на претседателката ќе го избере новиот состав, по што ќе се разгледуваат и евентуалните промени во начинот на помилување. Според можните решенија, дел од новите членови би можеле да бидат актуелни судии и обвинители, кои би овозможиле подетален увид во случаите. Друга опција е да се издава потврда од судот или МВР дека за осуденото лице не се водат постапки или дека нема разузнавачки информации.

The post Силјановска Давкова: Консултациите за новата комисија за помилување се во тек, се бараат нови критериуми appeared first on Република.

Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prifatena-ostavkata-na-komisijata-za-pomiluvane-pretsedatelkata-ke-ima-konsultatsii-pred-da-go-izbere-noviot-sostav/ Sat, 26 Oct 2024 17:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=831310

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.

Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението.

Воедно се додава дека во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување претходно вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членовите на Комисијата поднеле колективна оставка.

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.

Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

The post Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав appeared first on Република.

]]>

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.
Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението.
Воедно се додава дека во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица, стои во соопштението од кабинетот на претседателката. Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување претходно вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членовите на Комисијата поднеле колективна оставка.
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.
Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

The post Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав appeared first on Република.

]]>
Филков: Потребно е освежување на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-potrebno-e-osvezhuvane-na-komisijata-za-pomiluvane/ Fri, 25 Oct 2024 13:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=830998

Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид Струга.

Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.

Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.

Во однос на препукувањата на релација Вишо Републичко обвинителство и Државниот виш обвинител, кажа дека е во тек со случувањата.

– Будно ја пратиме работата, но во овој момент навистина не би имал што да коментирам. Да почекаме да видиме што ќе се случи, изјави Филков.

The post Филков: Потребно е освежување на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид Струга.
Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа. Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување. Во однос на препукувањата на релација Вишо Републичко обвинителство и Државниот виш обвинител, кажа дека е во тек со случувањата.
– Будно ја пратиме работата, но во овој момент навистина не би имал што да коментирам. Да почекаме да видиме што ќе се случи, изјави Филков.

The post Филков: Потребно е освежување на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>
Комисијата за помилување заседава во вилата „Водно, најспорно помилувањето на Равманоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-pomiluvane-zasedava-vo-vilata-vodno-najsporno-pomiluvaneto-na-ravmanoski/ Thu, 24 Oct 2024 18:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=830689

По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ денеска попладне свикала состанок на Комисијата за помилување.

Претседателот на Комисијата за помилување, универзитетскиот професор Методија Каневчев во изјава за Телма вели дека Комисијата за помилување од Министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог.

Комисијата за помилување од министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог, вели универзитетскиот професор М

Според Каневчев прв најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.

-Тој е осуден за поседување оружје на ефективна казна затвор од една година и три месеци. Дома му е најден пиштол со пет проектили, не знам дали биле во шаржер или во самото оружје. Ние се раководевме од околноста што првостепената пресуда, значи пресудата на Основниот кривичен суд била условна осуда, утврдена казна од две години, со рок на проверување пет години. Апелацискиот суд ја преиначува пресудата во делот на казната и се решава за ефективна казна, тоа е онаа казна од една година и три месеци. Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд, вели Каневчев.

Нашиот предлог до Претседателката, посочува Каневчев, бил таа ефективна казна да се услови бидејќи, како што вели, кога се работи за помилување не може пет години на проверување, максималниот рок е три и дека според тоа „овде се работи за замена на една кривична санкција со друга“.

Неговиот колега, професорот Гордан Калајџиев, кој е член на Комисијата за помичување, во изјава за Телма, вели оти е изненаден од жестината на нападите во врска со помилувањата, кои како што додаде, лично ги цени дека се повеќе од политичка природа.

-Но, сега тоа не е прашање за нас вечерва. Мислам дека штетно ќе биде во новиот закон, бидејќи во подготовка е подолго време нов закон, да влезат определени измени во оваа насока. Веројанто ќе бидат разгледувани со тоа што веќе во неколку наврати се напаѓаат претседателите за тоа кого избрале (да помилуваат н.з.). Прво тоа е лесен таргет, бидејќи се помилуваат криминалци по дефиниција, не се тие студенти и оттука е многу лесно да манипулирате со тој факт. Штетно би било кога ние би морале да ја менуваме тактиката во смисла за да дојдеме до овие информации коишто нам ни недостигале да треба да собираме други податоци, условно речено полициски и разузнавачки бидејќи ние сме условно кажано правна комисија и ги разгледуваме, правните документи, судските документи, извештаите од затворите и нивното мислење, мислењето од Министерството од правда“, вели Калајџиев.

Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ д-р Зора Митиќ м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Комисијата за помилување заседава во вилата „Водно, најспорно помилувањето на Равманоски appeared first on Република.

]]>

По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ денеска попладне свикала состанок на Комисијата за помилување. Претседателот на Комисијата за помилување, универзитетскиот професор Методија Каневчев во изјава за Телма вели дека Комисијата за помилување од Министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог. Комисијата за помилување од министерството за правда добива книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости, по што дава предлог, вели универзитетскиот професор М Според Каневчев прв најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.
-Тој е осуден за поседување оружје на ефективна казна затвор од една година и три месеци. Дома му е најден пиштол со пет проектили, не знам дали биле во шаржер или во самото оружје. Ние се раководевме од околноста што првостепената пресуда, значи пресудата на Основниот кривичен суд била условна осуда, утврдена казна од две години, со рок на проверување пет години. Апелацискиот суд ја преиначува пресудата во делот на казната и се решава за ефективна казна, тоа е онаа казна од една година и три месеци. Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд, вели Каневчев.
Нашиот предлог до Претседателката, посочува Каневчев, бил таа ефективна казна да се услови бидејќи, како што вели, кога се работи за помилување не може пет години на проверување, максималниот рок е три и дека според тоа „овде се работи за замена на една кривична санкција со друга“. Неговиот колега, професорот Гордан Калајџиев, кој е член на Комисијата за помичување, во изјава за Телма, вели оти е изненаден од жестината на нападите во врска со помилувањата, кои како што додаде, лично ги цени дека се повеќе од политичка природа.
-Но, сега тоа не е прашање за нас вечерва. Мислам дека штетно ќе биде во новиот закон, бидејќи во подготовка е подолго време нов закон, да влезат определени измени во оваа насока. Веројанто ќе бидат разгледувани со тоа што веќе во неколку наврати се напаѓаат претседателите за тоа кого избрале (да помилуваат н.з.). Прво тоа е лесен таргет, бидејќи се помилуваат криминалци по дефиниција, не се тие студенти и оттука е многу лесно да манипулирате со тој факт. Штетно би било кога ние би морале да ја менуваме тактиката во смисла за да дојдеме до овие информации коишто нам ни недостигале да треба да собираме други податоци, условно речено полициски и разузнавачки бидејќи ние сме условно кажано правна комисија и ги разгледуваме, правните документи, судските документи, извештаите од затворите и нивното мислење, мислењето од Министерството од правда“, вели Калајџиев.
Претседател на Комисијата за помилување е д-р Методија Каневчев, а членови се проф. д-р Гордан Калајџиев проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ д-р Зора Митиќ м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Комисијата за помилување заседава во вилата „Водно, најспорно помилувањето на Равманоски appeared first on Република.

]]>
Калајџиев: Во Македонија има малку помилувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalajdhiev-vo-makedonija-ima-malku-pomiluvana/ Thu, 24 Oct 2024 08:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=830417

Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк вели дека бројот на помилувања во земјава е мал, а краток е и рокот на ослободување од издржување казна затвор.

Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги, а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха, вели тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-komisijata-se-vodela-po-deloto-a-ne-po-lichnosta-kalajdhiev-nie-davame-mislene-pretsedatelkata-odluchuva/

Калајџиев вели дека условите во македонските затвори се катастрофални, а дека казнената политика е многу поостра споредено со земјите на ЕУ. Тој додава дека во затворите со години луѓе лежат за сообраќајки или за симболично количество дрога што го поседувале.

За вакви прекршоци во ЕУ, според него, казните се помали. Притоа додава дека Идризово е најлош затвор во Европа.

Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно. Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман, вели Калајџиев.

The post Калајџиев: Во Македонија има малку помилувања appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк вели дека бројот на помилувања во земјава е мал, а краток е и рокот на ослободување од издржување казна затвор.
Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги, а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха, вели тој.
https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-komisijata-se-vodela-po-deloto-a-ne-po-lichnosta-kalajdhiev-nie-davame-mislene-pretsedatelkata-odluchuva/ Калајџиев вели дека условите во македонските затвори се катастрофални, а дека казнената политика е многу поостра споредено со земјите на ЕУ. Тој додава дека во затворите со години луѓе лежат за сообраќајки или за симболично количество дрога што го поседувале. За вакви прекршоци во ЕУ, според него, казните се помали. Притоа додава дека Идризово е најлош затвор во Европа.
Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно. Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман, вели Калајџиев.

The post Калајџиев: Во Македонија има малку помилувања appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-imenuvashe-pretsedatel-i-chlenovi-na-komisijata-za-pomiluvane/ Mon, 29 Jul 2024 09:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=801270

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.

The post Претседателката Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување appeared first on Република.

Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-imenuvashe-pretsedatel-i-chlenovi-na-komisijata-za-pomiluvane/ Mon, 29 Jul 2024 09:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=801261

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.

The post Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири. При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.