комисија за онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-onkologija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 15:51:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комисија за онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-onkologija/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-smeta-deka-filipche-ima-politichka-odgovornost-za-onkologija-sdsm-velat-deka-opozitsijata-ja-politizira-rabotata-na-anketnata-komisija/ Mon, 13 Nov 2023 15:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=701158

На првата седница на собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија од новиот 30-дневен рок, на која се разгледуваа стенограми од сведочења во изминатиот еден месец, опозициските пратеници на одговорност го прозваа поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Според нив, тој има политичка одговорност за случувањата на Клиниката затоа што не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита според кој министерот за здравство има обврска за надзор над законитоста на работењето на здравствените установи.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Анкетната комисија, сметаат дека е несфатливо тој да не знаел за незаконските набавки на лекови на реверс и за енормното задолжување, како и дека не знаел за постоењето на КАТО-системот - со кој  треба да се контролира „патот“ на скапата биолошка терапија за онколошките пациенти, а тоа им било познато на следниот министер Беким Сали и на актуелниот Фатмир Меџити.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека има спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање пред оваа комисија на 17 октомври рекол дека не бил запознат за случувањата, непостоењето протоколи и стручен колегиум на Онкологија, а дека поранешниот медицински директор на Клиниката, Нино Васев, како што рече, „ги демантирал исказите на Филипче" со своето сведочење кога кажал дека праќал извештаи до Кабинетот на министерот за здравство.

Од овие излагања имам констатација -  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже, изјави Милошоски.

Според пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, не е можно Филипче ништо да не знаел за случувањата на Онкологија додека бил министер.

Знаел се, а не презел ништо, и затоа политичка одговорност од Филипче треба и мора да има, рече Коцевски.

Независната пратеничка Гордана Силјановска-Давкова рече дека е „навистина многу чудно“ тоа што речиси сите министри по Филипче знаеле, а тој додека бил министер не знаел дека постои КАТО-системот иако бил набавен во 2014, во времето кога министер бил Никола Тодоров, а Венко Филипче му бил советник.

Пратениците од СДСМ во одбрана на ексминистерот потсетија на сведочењата дека квалитетната биолошката терапија е набавена токму во мандатот на Филипче.

Тоа е многу голем чекор и тоа е на барање на Здружението на онколошките пациенти. И самиот како поранешен министер во неговите изјави кажува дека во Онкологија се консултирал и целосно е во соработка со сите здруженија за онколошките пациенти... Не треба да заборавиме дека се соочивме и со короната и дека тогашниот министер Венко Филипче ја носеше целата одговорност на свој грб за време на целата корона, кога Клиниката за онкологија работеше непречено и ги услужуваше своите пациенти. Има многу аргументи кажано од сведоците дека овој поранешен министер направил многу за оваа Клиника, изјави Даниела Маркоска од СДСМ.

На оценката од пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ дека од Филипче треба да се бара политичка одговорност, Ненад Коциќ од СДСМ праша од кого треба да се бара политичка одговорност поради тоа што наместо за лекови за граѓаните, пари се трошеле за „шмизли и стиропор“.

Коциќ на почетокот на седницата реагираше на излагањето на Милошоски откако тој одговорност за скандалот на Онкологија лоцираше кај Филипче, со забелешка дека се политизира работата на Анкетната комисија. Како што рече Коциќ, Милошоски  донел „личен заклучок“ наместо Комисијата координирано да донесе заклучоци врз основа на материјалот собран од сведочењата.

Во новиот, дополнителен рок од 30 дена, членовите на собраниската Анкетна комисија треба да ги анализираат сите докази и материјали што ги добиле од институции и од искази на поединци кои беа повикани да сведочат во претходниот месец.

Со анализа на стенограми од изјави од сведочењата работата на Анкетната комисија ќе продолжи утре.

The post ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>

На првата седница на собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија од новиот 30-дневен рок, на која се разгледуваа стенограми од сведочења во изминатиот еден месец, опозициските пратеници на одговорност го прозваа поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Според нив, тој има политичка одговорност за случувањата на Клиниката затоа што не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита според кој министерот за здравство има обврска за надзор над законитоста на работењето на здравствените установи. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Анкетната комисија, сметаат дека е несфатливо тој да не знаел за незаконските набавки на лекови на реверс и за енормното задолжување, како и дека не знаел за постоењето на КАТО-системот - со кој  треба да се контролира „патот“ на скапата биолошка терапија за онколошките пациенти, а тоа им било познато на следниот министер Беким Сали и на актуелниот Фатмир Меџити. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека има спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање пред оваа комисија на 17 октомври рекол дека не бил запознат за случувањата, непостоењето протоколи и стручен колегиум на Онкологија, а дека поранешниот медицински директор на Клиниката, Нино Васев, како што рече, „ги демантирал исказите на Филипче" со своето сведочење кога кажал дека праќал извештаи до Кабинетот на министерот за здравство.
Од овие излагања имам констатација -  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже, изјави Милошоски.
Според пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, не е можно Филипче ништо да не знаел за случувањата на Онкологија додека бил министер.
Знаел се, а не презел ништо, и затоа политичка одговорност од Филипче треба и мора да има, рече Коцевски.
Независната пратеничка Гордана Силјановска-Давкова рече дека е „навистина многу чудно“ тоа што речиси сите министри по Филипче знаеле, а тој додека бил министер не знаел дека постои КАТО-системот иако бил набавен во 2014, во времето кога министер бил Никола Тодоров, а Венко Филипче му бил советник. Пратениците од СДСМ во одбрана на ексминистерот потсетија на сведочењата дека квалитетната биолошката терапија е набавена токму во мандатот на Филипче.
Тоа е многу голем чекор и тоа е на барање на Здружението на онколошките пациенти. И самиот како поранешен министер во неговите изјави кажува дека во Онкологија се консултирал и целосно е во соработка со сите здруженија за онколошките пациенти... Не треба да заборавиме дека се соочивме и со короната и дека тогашниот министер Венко Филипче ја носеше целата одговорност на свој грб за време на целата корона, кога Клиниката за онкологија работеше непречено и ги услужуваше своите пациенти. Има многу аргументи кажано од сведоците дека овој поранешен министер направил многу за оваа Клиника, изјави Даниела Маркоска од СДСМ.
На оценката од пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ дека од Филипче треба да се бара политичка одговорност, Ненад Коциќ од СДСМ праша од кого треба да се бара политичка одговорност поради тоа што наместо за лекови за граѓаните, пари се трошеле за „шмизли и стиропор“. Коциќ на почетокот на седницата реагираше на излагањето на Милошоски откако тој одговорност за скандалот на Онкологија лоцираше кај Филипче, со забелешка дека се политизира работата на Анкетната комисија. Како што рече Коциќ, Милошоски  донел „личен заклучок“ наместо Комисијата координирано да донесе заклучоци врз основа на материјалот собран од сведочењата. Во новиот, дополнителен рок од 30 дена, членовите на собраниската Анкетна комисија треба да ги анализираат сите докази и материјали што ги добиле од институции и од искази на поединци кои беа повикани да сведочат во претходниот месец. Со анализа на стенограми од изјави од сведочењата работата на Анкетната комисија ќе продолжи утре.

The post ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>
Настова: Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен, лековите се издаваат исклучиво врз основа на лекарски извештај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastova-softverskiot-del-na-kato-sitemot-ne-beshe-kompleten-lekovite-se-izdavaat-iskluchivo-vrz-osnova-na-lekarski-izveshtaj/ Mon, 30 Oct 2023 20:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=696473

Во КАТО системот се подготвува терапијата, поврзана со софтвер кој ја следи работата на лекарот до конципирање протоколи и редоследот на терапијата до крајниот корисник (пациентот). Но, во нашиот случај софтверскиот дел не беше поврзан за болничкиот систем, што создаваше можност за дополнителен влез во системот. Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен. Аптеката ги внесе сите бар кодови на лекови, но тоа не беше инсталирано до крај. Болничкиот електронски систем не беше поврзан со КАТО системот што создаваше дополнителен проблем. Евиденцијата е довјна.

Вака вечерва пред собраниската Анкетна комисија сведочеше Билјана Настова, раководител на клиничката аптека на Онкологија според која, апсењето на фармацевтскиот техничар од Клиниката за онкологија, Калтрин Уштеленца не се случило во аптеката ниту за нешто поврзано со работењето на аптеката.

Калтрин е фатен надвор од просториите на аптеката и на Клиниката за дело кое воошто не е поврзано со работењето на аптеката, туку за нешто што своеволно го направил. Не се чувствувам одговорно за Калтрин, јас не можам да ги контролирам моите вработени во текот на седумчасвното работно време, каде одат и што прават. Излегуваат на појадок, во подрумските простории долу се чува физиолошки раствор за кој мора да вршат прием,..., рече Настова.

На прашањето дали чувствува страв или притисок од некои лица, одговори дека досега ниту еден притисок не влијаел на нејзината законска работа.

Стравот е објективно чувство. Без разлика, јас секогаш сум се обидувала да ја водам работата на аптеката најсовесно, најстручно и најодговорно. Сум имала проблеми во однос на снабдувањето, сум спречувала одредени проблеми од веледрогериите. Одговорно тврдам дека ниту еден притисок и ништо не влијаело на мојата законска работа, подвлече Настова која е вработена на Клиниката за онкологија од 2012 година.

Таа објасни дека за повторно да профункицонира КАТО системот, биле потребни дополнителни средства.

Беа потребни дополнителни средства за софтверскиот дел, а и во делот за идеалното подготвување цитостатици со микробиолошка чистота требаше да се снабди комора во која ќе се врши стерилноста на внесените препарати во изолаторите за што беа потребни дополнителни средства, истакна Настова.

Таа откри и дека по исклучување на КАТО системот била повикана на разговор во директорската просторија каде имало, рече, претставници од Белград. Се правеле анализи дали може КАТО системот повторно да се вклучи.

Што се случило во меѓувреме и до каде е ситуацијата, не знам, истакна Настова.

Според неа, аптеката ги издава лековите исклучиво врз основа на лекарскиот извештај.

Аптеката секогаш водела уредна документација, влез и излез на сите лекови и никогаш не се случило да има недостаток или вишок на лекови. Нарачките во аптека се вршат согласно потрошувачката, а биолошката терапија обично се требува на неделно или двонеделно ниво. Останатата симптоматска терапија може да се требува и на месечно ниво. Биолошката терапија се води и со рок и со сериски број, а издавањето на лекот се врши електронски, индивидуално, по пациент, со вметнување на името и бројот на досието на пациентот. Не можам да одговорам дали лекот се требува за други здравстевни установи зашто аптеката го издава лекот исклучиво врз основа на лекарскиот извештај, објасни Настова, додавајќи дека пописот во аптеката го врши комисија назначена најверојатно од директорите.

The post Настова: Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен, лековите се издаваат исклучиво врз основа на лекарски извештај appeared first on Република.

Нухи: Не сум препродавал лекови, ја наследив Клиниката со долг од 200 милиони денари поради набавена, а неплатена биолошка терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuhi-ne-sum-preprodaval-lekovi-ja-naslediv-klinikata-so-dolg-od-200-milioni-denari-poradi-nabavena-a-neplatena-bioloshka-terapija/ Mon, 30 Oct 2023 18:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=696447

На никаков начин не сум си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, не сум препродавал лекови, ниту со незаконско работење сум „билдал“ долгови на Клиниката за онкологија, изјави Нехад Нухи во сведочењето пред собраниската Анкетна комисија.

Нухи, кој беше организациски директор на Клиниката за онкологија од јуни 2021 до 3 април 2023 година, напомена дека ја наследил Клиниката со долг од скоро 200 милиони денари. Тој потенцира дека долгот бил исклучиво креиран од биолошка терапија, „претходно набавена и ненаплатена“.

Како што истакна Нухи, додека ја извршувал функцијата, цело време бил загрижен поради трендот на зголемување на долговите на Клиниката исклучиво од набавка и апликација на биолошка терапија. За време на неговиот ангажман, дополни, имало и два инцидента при кои била ангажирана полиција од него и од медицинскиот директор. Но, се работело, објасни, за изолирани инциденти во кои не биле вклучени ниту доктори, ниту кој било друг од менаџментот.

Нухи информира и дека имало моменти кога по одлука на медицинскиот директор, поради моментален недостиг, на реверс се набавувале лекови, спротивно на Законот за јавни набавки.

Постапката за јавна набавка на биолошката терапија за 2021 година беше направена од Министерството за здравство, не од мене или од медицинскиот директор. Ова се случи неполн месец од моето назначување за в.д. директор. Јавната набавка спроведена од Министерството за здравство како групна набавка од две години, почнувајќи од август 2021 до август 2023, беше во вредност 1,5 милијарда денари за две години или по 750 милиони за година. Фондот за здравствено осигурување за 2021 година одоборил 481 милион денари буџет за биолошка терапија. До крајот на јули 2021 година долгот на Клиниката изнесуваше најмногу 200 милиони денари и ова беше наследен долг, пред моето доаѓање. За 2021 и 2022 година на Клиниката и беа префрлени 962 милиона денари, а Клиниката согласно тендерот на Министерството за здравство набави биолошка терапија за 1,501 милијарда денари со што од старт е креиран долг од 538 милиони денари и плус долгот од пред моето доаѓање од 2020 година во висина од 200 милиони денари, е околу 740 милиони денари. Минатата, 2022 година ја завршивме со долг од 748 милион денари. Значи, тој долг е пренесен од претходното работење на Клиниката, од разликата во набавката и неплатената биолошка терапија од ФЗО, истакна Нухи.

Според него, имало моменти кога по одлука на медицинскиот директор, поради моментален недостиг, на реверс се набавувале лекови што е спротивно на Законот за јавни набавки.

Од страна на лекарите и медицинскиот директор бев непобитно уверен дека доколку дојде до прекин на примање на терапијата, терапијата може да биде неефикасна и пациентите да починат. Од друга страна, докторите и медицинскиот директор ме уверија дека не може на помал број пациенти да ја дадат оваа терапија за да не се зема на реверс, бидејќи тие не се богови и не можат да бираат на кого ќе му ја дадат, а кого ќе одбијат. Друга опција беше да се прави листа на чекање на пациенти кои додека да стигнат на ред, може да ја загубат битката со ракот. Одлучив да се борам за што поголеми буџети за набавка на терапија за да биде достапна во секое време за сите пациенти кои имаат потреба од неа. Не сум потпишувал реверси како директор, не сум премолчил како човек, со цел да се спасат човечки животи, а не да се изгубат поради тотално несоодветни процедури во 21 век и недостапејн лек, рече Нухи.

The post Нухи: Не сум препродавал лекови, ја наследив Клиниката со долг од 200 милиони денари поради набавена, а неплатена биолошка терапија appeared first on Република.

]]>

На никаков начин не сум си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, не сум препродавал лекови, ниту со незаконско работење сум „билдал“ долгови на Клиниката за онкологија, изјави Нехад Нухи во сведочењето пред собраниската Анкетна комисија.
Нухи, кој беше организациски директор на Клиниката за онкологија од јуни 2021 до 3 април 2023 година, напомена дека ја наследил Клиниката со долг од скоро 200 милиони денари. Тој потенцира дека долгот бил исклучиво креиран од биолошка терапија, „претходно набавена и ненаплатена“. Како што истакна Нухи, додека ја извршувал функцијата, цело време бил загрижен поради трендот на зголемување на долговите на Клиниката исклучиво од набавка и апликација на биолошка терапија. За време на неговиот ангажман, дополни, имало и два инцидента при кои била ангажирана полиција од него и од медицинскиот директор. Но, се работело, објасни, за изолирани инциденти во кои не биле вклучени ниту доктори, ниту кој било друг од менаџментот. Нухи информира и дека имало моменти кога по одлука на медицинскиот директор, поради моментален недостиг, на реверс се набавувале лекови, спротивно на Законот за јавни набавки.