Комисија за мобилност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-mobilnost/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Nov 2022 10:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за мобилност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-mobilnost/ 32 32 Саше Димовски: Не може Комисијата за мобилност за три минути, без разговор и дополнителна документација да носи решение кој ќе добие додаток https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sashe-dimovski-ne-moze-komisijata-za-mobilnost-za-tri-minuti-bez-razgovor-i-dopolnitelna-dokumentacija-da-nosi-reshenie-koj-kje-dobie-dodatok/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=574803

Саше Димовски реагира на начинот на кој работи Комисијата за мобилност која одлучува кој од пациентите ќе добие додаток во висина од седум илјади денари. Тој е ревлтиран од нивниот однос и начинот на кој работат и донесуваат одлуки кои ги засегаат можеби едни од најтешкио болните пациенти во државата.

Одлуката на Комисијата за мобилност ја чекав два месеци. Ме одбила, не ми следува додаток во висина од седум илјади денари бидејќи, според нив, сум имал оскудна документација од лекари од јавното здравство и не сум бил во инвалидска количка, вели за „Република“ Димовски.

Членови на комисијата се докторите Илир Шабани, Иљиса Вејсели и Шенај Рустеми Селами, начначени од министерот за здравство Беким Сали. Тој објаснува како работи Комисијата.

Закажувањето на Комисијата оди преку матичен лекар. Комисијата работи само во вторник и четврток, од 16 до 18 часот. Приемот трае три минути. Ете толку. Кога бев јас имаше околу 30 луѓе кои чекаа да бидат примени. Што да се направи во тие три минути? Јас донесов отпусна листа од последната операција и документ од првата извршена контрола. Имам еден тон докуменнтација и тоа лекарите во Комисијата, ако сакаат, можат во истиот момент да го видат, доволно е само да отворат „Мој термин“, бидејќи таму стои се запишано. Сите мои операции на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, сите преврски, контроли...Но, лекарите од Комисијата тоа не го сторија. Само ги предадов докумените кои ги носев со себе, тие констатираа дека не сум во инвалидска количка и толку траеше прегледот. Ми рекоа ќе добиете известување. И ете, добив, после два месеци чекање, дека сум одбиен бидејќи сум имал оскудна документација од лекари од јавно здравство и не сум бил во инвалидска количка, вели Димовски.

Тој е огорчен на одност бидејќи ако лекарите побарале дополнителна документација тој можел да им ја обезбеди.

Ги чекам 70 дена за решение. Одењето на таа комисија чини 1.250 денари, а те гледаат три минути. Да сакаа, можеа да отворат во Мој термин и оттаму да го видат целото досие, 33 дена бев на Клиниката за пластична хирургија. Рекоа дека решението ќе стигне за 10 дена, ама ете плус уште 60 дена почекав, вели Димовски.

Димовски за пет месеци имал пет операции и ногата му е ампутирана. Се движи со помош на дубак. Комисијата за мобилност, која е составена од двајца ортопеди и еден физијатар е во Клинички центар и пристапот дотаму е многу отежнат.

Им се извинувам јавно што ми ја исекоа ногата во приватната болница „Систина“, а не во Клиника за да го исполнам нивниот услов. И со тие пари и без тие пари, нога не ми расне, вели Димовски и дообајснува дека во Систина дел од лекарите работат интервенции за кои имаат склучено догово со Фондот за здравство осигурување.

Здружението на новинарите на македонија (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) минатата недела упатија апел за помош на новинарот Димовски, кој за да прооди повторно потребна му е протеза.

И тука е апсурдноста на целата ситуација со Комисијата за мобилност која бара пациентот да биде во инвалидска количка. Јас не смеам да си дозволна да 'залегнам'. Посетувам интензивна физикална тераприја, ногата мора да биде во форма за протезата која теба да ја ставам. И таа протеза потебно е Комисија да ја одобри, да се увезе од Германија, да се царини и потоа да се регистрира во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), вели Димовски, кој очекува до крајот на јануари да ја има протезата која многу ќе му го подобри квалитетот на животот.

The post Саше Димовски: Не може Комисијата за мобилност за три минути, без разговор и дополнителна документација да носи решение кој ќе добие додаток appeared first on Република.

]]>