Комисија за култура на ВМРО ДПМНЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 12:00:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за култура на ВМРО ДПМНЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne/ 32 32 Зарем Бисера Костадиновска Стојчевска со своја рака ќе потпише за книгата „Абдулќерим Саити – интелектуалец и националдемократ од Охрид“ која претставува глорификација на изразит шовинист кој се бори против македонската држава, истата онаа држава за која се бори дедото на министерката? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zarem-bisera-kostadinovska-stojchevska-so-svoja-raka-ke-potpishe-za-knigata-abdulkerim-saiti-intelektualets-i-natsionaldemokrat-od-ohrid-koja-pretstavuva-glorifikatsija-na-izrazit-shovinist-koj-se-bor/ Wed, 14 Feb 2024 12:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=744056

После намалувањето за 40% на средствата за издавачка дејност со ребалансот на буџетот за 2022 година и оставањето на истата сума за буџетите за 2023 и 2024, слободно може да се констатира дека оваа влада и министерката која го предводи Министерството за култура направија незапамтена штета на издавачката дејност, а со тоа и на културата воопшто, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Со двете претходни годишни програми впечатливо е влошена состојбата во издавачката дејноста. Министерството за култура и министерката не сакаат да ги чујат бројните реакции на културните оператори, на непосредните творци и на сите оние кои посочуваат отсуството на елементарни вредносни критериуми според кои се распределени парите на граѓаните на скандалозни проекти.

Единствениот критериум кој доследно се почитува при распределбата на средства, низ годините на владеењето на СДСМ и ДУИ, е заедничкиот интерес и блискоста. Доделените средства повеќе наликуваат на ордени на градите на шарените првоборци отколку на показател на вредноста на издавечкиот проект. Доволно е да се погледнат имињата и сумите со кои се поддржани „блиските по идеологија“ писатели, а оние потврдени, но неподобни автори добиваат некакви смешни и навредливи суми. И тоа стана сосема очекувано и предвидливо низ годините. Впрочем затоа, и покрај бројните укажувања, докрај се криеја комисиите составени од некакви опскурни лица непознати во книжевната и културната јавност. Да имаа кредибилитет и доблест нивните имиња ќе се откриеја заедно со конкурсните резултати, а не неколку дена подоцна, кога јавноста гласно го побара тоа, повикувајќи се на фактите дека конкурсот е јавен, дека проектите се од јавен и национален интерес, а парите се народни.

Немањето мерила и критериуми е јасна реалност, на прв поглед. За нив, не е важно за каков проект се работи. Важни се само блискоста, полтронството и напластените „шарени“ заслуги. Носителите на овие епитети добиваат повеќе, а на оние другите, им се фрлаат трошки додека од позадина се слуша гласот на незнајните „стручни“ комисии кои упорно нѐ убедуваат дека сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите.

Тука се и етно-партиските критериуми при делењето на пленот. Навикнавме на ова, нели? Но, барем да нема скандалозни проекти кои се поддржани. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ги прашува „стручната“ комисија и министерката која се потпира врз таа стручност – за кој и за каков национален интерес станува збор кога се поддржува книга во која се глорифицира дејност против македонскиот народ и Македонија? Зарем Бисера Костадиновска Стојчевска со своја рака ќе потпише за книгата „Абдулќерим Саити – интелектуалец и националдемократ од Охрид“ која претставува глорификација на изразит шовинист кој се бори против македонската држава, истата онаа држава за која се бори дедото на министерката?

Од целокупната листа со поддржани проекти не може да се види ниту јасна насока, ниту критериум, никаков концепт или замисла околу тоа што е национален интерес. Досега комисиите јавно не се огласија за да одговорат на бројните прашања од јавноста. Наместо да се кријат, членовите на комисијата треба јавно да ги покажат своите компетенции и да го бранат својот избор пред критики од апликантите и од јавноста. Никаде не објаснија зошто на потврдени македонските автори им се потфрлени потценувачки средства? Јавноста не знае, а треба да знае, колку и какви преводи се поддржани? Каква е структурата и соодносот на поддржаните книжевни родови? Комисиите треба да објаснат – според кој критериум некои институции за исти настани се десеткратно повеќе поддржани од други? На пример, Музејот на албанската азбука во однос на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, кој за одбележувањето на „Прличевите беседи“ добива понижувачка сума и покрај тоа што Прличев е значаен за македонската, но и за другите балкански литератури. Членовите на Комисијата и министерката за култура треба да објаснат – зошто со мизерни суми се поддржуваат книгите за деца од домашни автори? Веројатно Комисиијата со својата „стручност“ не може да согледа дека со таквата погубна конкурсна политика нема да се создаде нова читателска публика, а со тоа ќе се уништи и иднината на македонското издаваштво.

Одговори нема да има. Ќе се кријат во сопствениот молк, замижувајќи пред пустошот што го оставаат. А кога наскоро ќе заминат, потребна е јасна, темелна и сеопфатна реформа во издавачката дејност, стои во дописот на Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Зарем Бисера Костадиновска Стојчевска со своја рака ќе потпише за книгата „Абдулќерим Саити – интелектуалец и националдемократ од Охрид“ која претставува глорификација на изразит шовинист кој се бори против македонската држава, истата онаа држава за која се бори дедото на министерката? appeared first on Република.

]]>

После намалувањето за 40% на средствата за издавачка дејност со ребалансот на буџетот за 2022 година и оставањето на истата сума за буџетите за 2023 и 2024, слободно може да се констатира дека оваа влада и министерката која го предводи Министерството за култура направија незапамтена штета на издавачката дејност, а со тоа и на културата воопшто, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
Со двете претходни годишни програми впечатливо е влошена состојбата во издавачката дејноста. Министерството за култура и министерката не сакаат да ги чујат бројните реакции на културните оператори, на непосредните творци и на сите оние кои посочуваат отсуството на елементарни вредносни критериуми според кои се распределени парите на граѓаните на скандалозни проекти. Единствениот критериум кој доследно се почитува при распределбата на средства, низ годините на владеењето на СДСМ и ДУИ, е заедничкиот интерес и блискоста. Доделените средства повеќе наликуваат на ордени на градите на шарените првоборци отколку на показател на вредноста на издавечкиот проект. Доволно е да се погледнат имињата и сумите со кои се поддржани „блиските по идеологија“ писатели, а оние потврдени, но неподобни автори добиваат некакви смешни и навредливи суми. И тоа стана сосема очекувано и предвидливо низ годините. Впрочем затоа, и покрај бројните укажувања, докрај се криеја комисиите составени од некакви опскурни лица непознати во книжевната и културната јавност. Да имаа кредибилитет и доблест нивните имиња ќе се откриеја заедно со конкурсните резултати, а не неколку дена подоцна, кога јавноста гласно го побара тоа, повикувајќи се на фактите дека конкурсот е јавен, дека проектите се од јавен и национален интерес, а парите се народни. Немањето мерила и критериуми е јасна реалност, на прв поглед. За нив, не е важно за каков проект се работи. Важни се само блискоста, полтронството и напластените „шарени“ заслуги. Носителите на овие епитети добиваат повеќе, а на оние другите, им се фрлаат трошки додека од позадина се слуша гласот на незнајните „стручни“ комисии кои упорно нѐ убедуваат дека сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите. Тука се и етно-партиските критериуми при делењето на пленот. Навикнавме на ова, нели? Но, барем да нема скандалозни проекти кои се поддржани. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ги прашува „стручната“ комисија и министерката која се потпира врз таа стручност – за кој и за каков национален интерес станува збор кога се поддржува книга во која се глорифицира дејност против македонскиот народ и Македонија? Зарем Бисера Костадиновска Стојчевска со своја рака ќе потпише за книгата „Абдулќерим Саити – интелектуалец и националдемократ од Охрид“ која претставува глорификација на изразит шовинист кој се бори против македонската држава, истата онаа држава за која се бори дедото на министерката? Од целокупната листа со поддржани проекти не може да се види ниту јасна насока, ниту критериум, никаков концепт или замисла околу тоа што е национален интерес. Досега комисиите јавно не се огласија за да одговорат на бројните прашања од јавноста. Наместо да се кријат, членовите на комисијата треба јавно да ги покажат своите компетенции и да го бранат својот избор пред критики од апликантите и од јавноста. Никаде не објаснија зошто на потврдени македонските автори им се потфрлени потценувачки средства? Јавноста не знае, а треба да знае, колку и какви преводи се поддржани? Каква е структурата и соодносот на поддржаните книжевни родови? Комисиите треба да објаснат – според кој критериум некои институции за исти настани се десеткратно повеќе поддржани од други? На пример, Музејот на албанската азбука во однос на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, кој за одбележувањето на „Прличевите беседи“ добива понижувачка сума и покрај тоа што Прличев е значаен за македонската, но и за другите балкански литератури. Членовите на Комисијата и министерката за култура треба да објаснат – зошто со мизерни суми се поддржуваат книгите за деца од домашни автори? Веројатно Комисиијата со својата „стручност“ не може да согледа дека со таквата погубна конкурсна политика нема да се создаде нова читателска публика, а со тоа ќе се уништи и иднината на македонското издаваштво. Одговори нема да има. Ќе се кријат во сопствениот молк, замижувајќи пред пустошот што го оставаат. А кога наскоро ќе заминат, потребна е јасна, темелна и сеопфатна реформа во издавачката дејност, стои во дописот на Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Зарем Бисера Костадиновска Стојчевска со своја рака ќе потпише за книгата „Абдулќерим Саити – интелектуалец и националдемократ од Охрид“ која претставува глорификација на изразит шовинист кој се бори против македонската држава, истата онаа држава за која се бори дедото на министерката? appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Националните установи како центри за купување социјален мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-natsionalnite-ustanovi-kako-tsentri-za-kupuvane-sotsijalen-mir/ Tue, 13 Feb 2024 08:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=743505

НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ КАКО ЦЕНТРИ ЗА КУПУВАЊЕ СОЦИЈАЛЕН МИР,

ФИКТИВНИ АВТОРИ ЗА НЕФИКТИВНИ СРЕДСТВА, РЕНОМИРАНИТЕ ФЕСТИВАЛИ ФРЛЕНИ НА МАРГИНИТЕ

- по повод објавените конкурсни резултати во драмската дејност

Објавената Годишна програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2024 година во драмската дејност е лошо продолжение, јасна слика на безидејноста и доказ за немањето елементарна стратегија на Министерството за култура, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Шеснаесетте национални установи од областа на културата чија примарна дејност е драмската дејност наместо извор на креативни и репрезентативни центри на македонскиот театар се претвораат во установи за купување на социјален мир и раскусурување на политичките коалициски договори. Одобрените 50 проекти (или во просек по 3,125 по национална

установа) ниту од далеку не можат да го исцрпат креативниот потенцијал на овие установи. Од понудените 50 проекти, само 4 се праизведби на современи македонски драмски текстови што јасно укажува на негрижата за современата македонска драма. И кога на ова ќе се додаде податокот дека во просек секој проект е финансиран со приближно 720 000 денари, средства кои ни приближно не ги задоволуваат потребите дури и на наједноставните и најсиромашните театарски продукции, ќе се добие комплетната слика за бездната во која е фрлен македонскиот театар.

Очигледен е недостатокот на концепт и хаотичноста во финансирањето на проекти на Здруженија на граѓани и физички лица од независната сцена. Прегледот на финансираните 53 проекти експлицитно посочува на потребата за задоволување на што е возможно поголем број на апликанти, што е одлика на владеењето на СДСМ во изборна година, на сметка на квалитетот на избраната програма.
Исто така, забележлива е тенденцијата на понудени проекти чии автори едноставно не постојат или се измислени или пак, во прашање е нешто сосема друго? Затоа, јавно прашуваме - Дали оваа Влада, ова Министерство и овој министер, јавно прокламираат одобрување на проекти на фиктивни автори само за да се избегне плаќањето на авторските права? Затоа јавно замолуваме да ни објаснат, чиј е, на пример, драмскиот текст „Детектор на лаги” и кој е тој автор Василиј Витанов? Дали можеби се работи за драмскиот текст “Детектор на лаги” на Василиј Сигарев?! И како мислат да бидат исплатени авторските хонорари со одобрена сума од 337.000 денари и со остатокот од оваа сума да се продуцира театарска претстава?
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека постои нејасна, но видллива тенденција на изедначување на веќе постоечки и реномирани театарски фестивали и манифестации со повеќегодишно фестивалско портфолио со фестивали и манифестации кои се формирани, веројатно наменски, оваа или минатата година. Со ова драстично се намалуваат средствата за нормално организирање на реномираните фестивали и манифестации.
Меѓународното претставување на македонскиот театар и годинава ќе биде скудно и во рамките на скандалозното и тенденциозно уништување на македонската култура и театар за време на владеењето на СДСМ и нејзините неспособни и некомпетентни кадри. Финансирање, пак, за реализација на фестивал во Косово во соработка со НУ Албанска драма Скопје е скандал без преседан во историјата на македонската држава.
Театарот е моќна уметност која се обидува јасно да ја претстави сликата на времето во кое егзистира. Сликата на нашата сегашност е поразителна.
Но, #Важно е да предочиме дека во многу блиска иднина овие безумни постапки ќе бидат минато!, стои во излагањето на Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Националните установи како центри за купување социјален мир appeared first on Република.

Инволвираноста на кадрите на СДСМ и нејзините коалициски партнери во случајот хотел „Шар-ан“ организирани во криминална банда, делува застрашувачки, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/involviranosta-na-kadrite-na-sdsm-i-nejzinite-koalitsiski-partneri-vo-sluchajot-hotel-shar-an-organizirani-vo-kriminalna-banda-deluva-zastrashuvachki-reagiraat-od-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne/ Thu, 14 Dec 2023 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=722873

Додека Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ постојано алармира и бара да се преземат одлучни мерки за заштита на културното наследство и пред сè заштита на културните богатства на Скопската чаршија, власта уште еднаш на дело ја покажа својата незаинтересираност, инертност и неефективност во случаите со превенирање и спречување на криминално – профитерските планови на своите партиски кадри и соработниците од коалиционите партнери, се вели во соопштението на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости се кривичните дела за кои се сомничат претходните директори на Конзерваторскиот центар од Скопје и на Управата за заштита на културното наследство и уште деветмина граѓани кои вчера беше поднесена кривична пријава. Вчера беа уапсени деветмина осомничени, а по двајца се трагаше. По добиените судски наредби биле извршени претреси кај 11 физички лица (10 во Скопје и едно во Тетово) и во 9 правни субјекти во Скопје. Пронајдена е и одземена документација, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ уреди, растителна материја, два пиштоли, муниција, пари во различни валути.

Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје и едно лице од Тетово, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на економски криминал и кривични дела против културно наследство, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.

Криминалното уривање на хотел ,,Шар Ан“ во рамките на старото градско јадро на главниот град на државава, во, со посебен Закон и Стратегија заштитената целина на Скопската чаршија, чие постоење е исторски датирано од XV век, а чие монументално потекло датира уште поназад, во XI век, е случај за кој апелираме цела година. Вчерашните случувања предизвикаа силна реакција во јавноста, чија жестина е правопропорционална со молкот на одговорните владини претставници. Инволвираноста на кадрите на СДСМ и нејзините коалициски партнери организирани во криминална банда, делува навистина застрашувачки, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Дрското бришење на оваа културна реликвија не само што означува безобѕирно непочитување на историското значење на културен простор во стариот дел на градот заштитен на највисоко ниво, туку и покажува со прст кон свесното искористување на коруптивните механизми, како начин на функционирње на оваа власт.

Рушењето на хотел ,,Шар Ан“ е трагичен случај кој не претставува обична архитектонска загуба, туку посочува на системското распаѓање на државата, во која желбите за профит свесно ги прескокнуваат црвените граници за заштита на културно-историското наследство. Тајните зделки за вакво неовластено тргување со културното богатство на една држава, креираат слика на систем кој гние во своето јадро, во кое се вмешани поединци од различни државни институции и приватни правни лица.

Значењето на Старата скопска чаршија не смее да се потцени, таа е монументален градски комплекс, културна ризница од сите видови културно наследство, таа е доказ за богатиот со наследство простор на Македонија и секоја нејзина девастација не е само чин на уривање на еден објект, туку дрзок напад врз богатата историја на Македонија.

По овој еклатантен чин на агресија врз културното наследство, довербата во властите е разнишана до тој степен, што ја остава јавноста сама да извлекува заклучоци, да суди и да се бори со прашањата за лична и колективна одговорност.

Наспроти изобилството декларации и прогласи за светоста на културното наследство ширум светот, наспроти потпишаните резолуции за прифаќање на Бледски договори или Љубљански процеси, се чувствува отсуство на брза, остра и решителна акција за зачувување на ваквите веќе ретки историски градби. Во ова се крие страшната вистина дека, профитот и личните интереси ја надминуваат личната и професионална етика и законската обврска за грижа и нега на македонското културно богатство.

Неспорна е одговорноста на раководителите на институциите, но неизбежно е прашањето за одговорноста и на другите раководни државни службеници во истите тие институции. Тие се клучните сегменти во системот на квалитетна работа кои треба да ги евидентираат и посочат сите недостатоци и неправилности во одредени постапки поврзани со заштитата. Очигледно е дека недостатоците и неправилностите се премолчувани токму од раководните државни службеници. Затоа, повторно прашање до министерката: По кои критериуми се поставуваат раководителите на институциите и раководните државни службеници на носечките сектори во нив? Случувањата од вчера наликуваат на вешто замрсено клопче, со свесна намера, кое спротивно од логиката треба да се отплеткува од центарот.

Во општество каде што заштитата на културното наследство е на најниско можно ниво и после бројните наши укажувања не добивме одговор ниту видовме нечија одговорност. Сѐ ова предизвикува сериозно длабока загриженост. Јавноста продолжува да го изразува своето згрозување, опозицијата во континуитет бара одговорност, а хотел ,,Шар Ан“, едноставно, го нема.

Во годината во која Комисијата за култура интензивно и професионално укажува и реагира, од културната мапа на Македонија, преку ноќ, исчезнуваат цели локалитети и културно–историски добра, зад чие неповратно бришење стојат токму владините кадри, функционери, раководни државни службеници и нивните бизнис соработници, се вели во соопштението на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

The post Инволвираноста на кадрите на СДСМ и нејзините коалициски партнери во случајот хотел „Шар-ан“ организирани во криминална банда, делува застрашувачки, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Додека Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ постојано алармира и бара да се преземат одлучни мерки за заштита на културното наследство и пред сè заштита на културните богатства на Скопската чаршија, власта уште еднаш на дело ја покажа својата незаинтересираност, инертност и неефективност во случаите со превенирање и спречување на криминално – профитерските планови на своите партиски кадри и соработниците од коалиционите партнери, се вели во соопштението на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ. Злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости се кривичните дела за кои се сомничат претходните директори на Конзерваторскиот центар од Скопје и на Управата за заштита на културното наследство и уште деветмина граѓани кои вчера беше поднесена кривична пријава. Вчера беа уапсени деветмина осомничени, а по двајца се трагаше. По добиените судски наредби биле извршени претреси кај 11 физички лица (10 во Скопје и едно во Тетово) и во 9 правни субјекти во Скопје. Пронајдена е и одземена документација, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ уреди, растителна материја, два пиштоли, муниција, пари во различни валути.
Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје и едно лице од Тетово, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на економски криминал и кривични дела против културно наследство, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.
Криминалното уривање на хотел ,,Шар Ан“ во рамките на старото градско јадро на главниот град на државава, во, со посебен Закон и Стратегија заштитената целина на Скопската чаршија, чие постоење е исторски датирано од XV век, а чие монументално потекло датира уште поназад, во XI век, е случај за кој апелираме цела година. Вчерашните случувања предизвикаа силна реакција во јавноста, чија жестина е правопропорционална со молкот на одговорните владини претставници. Инволвираноста на кадрите на СДСМ и нејзините коалициски партнери организирани во криминална банда, делува навистина застрашувачки, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ. Дрското бришење на оваа културна реликвија не само што означува безобѕирно непочитување на историското значење на културен простор во стариот дел на градот заштитен на највисоко ниво, туку и покажува со прст кон свесното искористување на коруптивните механизми, како начин на функционирње на оваа власт.
Рушењето на хотел ,,Шар Ан“ е трагичен случај кој не претставува обична архитектонска загуба, туку посочува на системското распаѓање на државата, во која желбите за профит свесно ги прескокнуваат црвените граници за заштита на културно-историското наследство. Тајните зделки за вакво неовластено тргување со културното богатство на една држава, креираат слика на систем кој гние во своето јадро, во кое се вмешани поединци од различни државни институции и приватни правни лица. Значењето на Старата скопска чаршија не смее да се потцени, таа е монументален градски комплекс, културна ризница од сите видови културно наследство, таа е доказ за богатиот со наследство простор на Македонија и секоја нејзина девастација не е само чин на уривање на еден објект, туку дрзок напад врз богатата историја на Македонија. По овој еклатантен чин на агресија врз културното наследство, довербата во властите е разнишана до тој степен, што ја остава јавноста сама да извлекува заклучоци, да суди и да се бори со прашањата за лична и колективна одговорност. Наспроти изобилството декларации и прогласи за светоста на културното наследство ширум светот, наспроти потпишаните резолуции за прифаќање на Бледски договори или Љубљански процеси, се чувствува отсуство на брза, остра и решителна акција за зачувување на ваквите веќе ретки историски градби. Во ова се крие страшната вистина дека, профитот и личните интереси ја надминуваат личната и професионална етика и законската обврска за грижа и нега на македонското културно богатство. Неспорна е одговорноста на раководителите на институциите, но неизбежно е прашањето за одговорноста и на другите раководни државни службеници во истите тие институции. Тие се клучните сегменти во системот на квалитетна работа кои треба да ги евидентираат и посочат сите недостатоци и неправилности во одредени постапки поврзани со заштитата. Очигледно е дека недостатоците и неправилностите се премолчувани токму од раководните државни службеници. Затоа, повторно прашање до министерката: По кои критериуми се поставуваат раководителите на институциите и раководните државни службеници на носечките сектори во нив? Случувањата од вчера наликуваат на вешто замрсено клопче, со свесна намера, кое спротивно од логиката треба да се отплеткува од центарот. Во општество каде што заштитата на културното наследство е на најниско можно ниво и после бројните наши укажувања не добивме одговор ниту видовме нечија одговорност. Сѐ ова предизвикува сериозно длабока загриженост. Јавноста продолжува да го изразува своето згрозување, опозицијата во континуитет бара одговорност, а хотел ,,Шар Ан“, едноставно, го нема. Во годината во која Комисијата за култура интензивно и професионално укажува и реагира, од културната мапа на Македонија, преку ноќ, исчезнуваат цели локалитети и културно–историски добра, зад чие неповратно бришење стојат токму владините кадри, функционери, раководни државни службеници и нивните бизнис соработници, се вели во соопштението на Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post Инволвираноста на кадрите на СДСМ и нејзините коалициски партнери во случајот хотел „Шар-ан“ организирани во криминална банда, делува застрашувачки, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Министерката ја уништува професионалноста во културата со парцијални, привремени и дилетантски решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-ministerkata-ja-unishtuva-profesionalnosta-vo-kulturata-so-partsijalni-privremeni-i-diletantski-reshenija/ Thu, 12 Oct 2023 07:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=690347

Со „политичка остроумност“ во петокот (6 октомври), по истекот на работното време, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска испраќа допис до институциите од културата во кој наложува изготвување решенија за плата на секој вработен, а преку кои „дискретно“ бара друг да ѝ ја заврши валканата работа, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, министерката ги принудува работодавачите/директорите на институциите со едностран акт да ги менуваат правата од работен однос уредени со Колективен договор за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Непристојниот предлог на Бисера е да им „даде“ 10 % зголемување на плата на културните работници, но да го стават „во мирување“ членот 65 од Колективниот договор до февруари 2024 година. Со ова фактички ќе престане да важи постоечкиот Колективен договор што СКРМ го потпиша во 2019 година со Министерството за култура.
Очигледната намера која треба да се спроведе е спротивна на членот 14 од Општиот колективен договор за јавен сектор. Дополнително, со ова се злоупотребува заклучокот на Владата за доследна примена на Општиот колективен договор.
Ваквото ограничување како во јавниот сектор во културата се случува тивко и скриено од јавноста уште во две институции од државната управа. На ист интригантски начин беа оштетени и вработените во Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм. Двете институции беа злоупотребени во пролетните протести (патем иницирани од Вас министерке) за зголемување на платите и остварување на правото за додаток на плата во согласност со Уредбата на Владата (Сл. весник бр. 50 од 07.03.2023).
Со ова се потврдува фактот дека целото министерување на Бисера Костадиновска-Стојчевска е сведено исклучиво на барање „креативни“ начини не само за поништување на Колективниот договор во културата туку и на спроведување непишани агенди преку кои ја девалвира, маргинализира и деградира македонската култура и културен идентитет на Македонците.
Со празен буџет ваквите небулозни и еднострани „решенија“ донесени без согласност на сите инволвирани страни (за кои реагираше и Синдикат на културата на Република Македонија-СКРМ) допрва ќе создададат дополнителен хаос во културниот сектор. Прва цел на СДСМ беше да се девалвираат институциите од културата, а сега и да се осиромаши и така малку од стручниот кадар што остана во нив! Вработените во културата и јавноста веќе се научени да ги читаат идеите кои сакате да ги скриете.
Министерке, Жан Моне, еден од идеолозите на Европската Унија кон која вашата Влада само декларативно е насочена вели: „Ништо не може да се постигне без луѓе и ништо не е трајно без институции“. Вие, министерке д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска, само продолжувате да ја уништувате професионалноста во културата со вашите парцијални, привремени и дилетантски решенија. За Вас и за Вашиот празен буџет луѓето и институциите се материјален вишок. Тие, едноставно, се неважни!

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Министерката ја уништува професионалноста во културата со парцијални, привремени и дилетантски решенија appeared first on Република.

]]>

Со „политичка остроумност“ во петокот (6 октомври), по истекот на работното време, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска испраќа допис до институциите од културата во кој наложува изготвување решенија за плата на секој вработен, а преку кои „дискретно“ бара друг да ѝ ја заврши валканата работа, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, министерката ги принудува работодавачите/директорите на институциите со едностран акт да ги менуваат правата од работен однос уредени со Колективен договор за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор. Непристојниот предлог на Бисера е да им „даде“ 10 % зголемување на плата на културните работници, но да го стават „во мирување“ членот 65 од Колективниот договор до февруари 2024 година. Со ова фактички ќе престане да важи постоечкиот Колективен договор што СКРМ го потпиша во 2019 година со Министерството за култура. Очигледната намера која треба да се спроведе е спротивна на членот 14 од Општиот колективен договор за јавен сектор. Дополнително, со ова се злоупотребува заклучокот на Владата за доследна примена на Општиот колективен договор. Ваквото ограничување како во јавниот сектор во културата се случува тивко и скриено од јавноста уште во две институции од државната управа. На ист интригантски начин беа оштетени и вработените во Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм. Двете институции беа злоупотребени во пролетните протести (патем иницирани од Вас министерке) за зголемување на платите и остварување на правото за додаток на плата во согласност со Уредбата на Владата (Сл. весник бр. 50 од 07.03.2023). Со ова се потврдува фактот дека целото министерување на Бисера Костадиновска-Стојчевска е сведено исклучиво на барање „креативни“ начини не само за поништување на Колективниот договор во културата туку и на спроведување непишани агенди преку кои ја девалвира, маргинализира и деградира македонската култура и културен идентитет на Македонците. Со празен буџет ваквите небулозни и еднострани „решенија“ донесени без согласност на сите инволвирани страни (за кои реагираше и Синдикат на културата на Република Македонија-СКРМ) допрва ќе создададат дополнителен хаос во културниот сектор. Прва цел на СДСМ беше да се девалвираат институциите од културата, а сега и да се осиромаши и така малку од стручниот кадар што остана во нив! Вработените во културата и јавноста веќе се научени да ги читаат идеите кои сакате да ги скриете. Министерке, Жан Моне, еден од идеолозите на Европската Унија кон која вашата Влада само декларативно е насочена вели: „Ништо не може да се постигне без луѓе и ништо не е трајно без институции“. Вие, министерке д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска, само продолжувате да ја уништувате професионалноста во културата со вашите парцијални, привремени и дилетантски решенија. За Вас и за Вашиот празен буџет луѓето и институциите се материјален вишок. Тие, едноставно, се неважни!

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Министерката ја уништува професионалноста во културата со парцијални, привремени и дилетантски решенија appeared first on Република.

]]>
„Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litsa-na-revolutsijata-ekskluzivna-patuvachka-izlozhba-na-neobjaveni-fotografii-od-makedonski-revolutsioneri/ Thu, 28 Sep 2023 12:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=686057

Во годината кога се одбележуваат три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери.

Изложбата „Лица на револуцијата“ која ќе патува низ пет македонски града свечено ќе биде отворена в сабота, на 30 септември во 19 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде во Битола на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

„Лица на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“ е изложба која со својот прониклив наслов ветува дека ќе биде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја кои за првпат ќе ѝ бидат откриени на јавноста.

Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.

Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.

Она што ја издвојува оваа изложба е ексклузивноста по однос на понудениот фотографски материјал пред публиката, внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893 - 1903 - 1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода.

„Лицата на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“, нуди единствена можност за првпат во македонската историја да се погледнат и доживеат оригинални фотографии, индивидуални и групни портрети, кои прикажуваат револуционери од различни движења и струи во рамките на македонското револуционерно движење.

Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период.

Ова ексклузивно претставување на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.

The post „Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери appeared first on Република.

]]>

Во годината кога се одбележуваат три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери. Изложбата „Лица на револуцијата“ која ќе патува низ пет македонски града свечено ќе биде отворена в сабота, на 30 септември во 19 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде во Битола на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. „Лица на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“ е изложба која со својот прониклив наслов ветува дека ќе биде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја кои за првпат ќе ѝ бидат откриени на јавноста. Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век. Она што ја издвојува оваа изложба е ексклузивноста по однос на понудениот фотографски материјал пред публиката, внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893 - 1903 - 1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода. „Лицата на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“, нуди единствена можност за првпат во македонската историја да се погледнат и доживеат оригинални фотографии, индивидуални и групни портрети, кои прикажуваат револуционери од различни движења и струи во рамките на македонското револуционерно движење. Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период. Ова ексклузивно претставување на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.

The post „Лица на револуцијата“ – ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-kako-golem-poznavach-na-kulturata-ministerkata-go-stavi-svojot-potpis-za-formirana-na-shest-novi-natsionalni-kulturni-institutsii-dosega-nitu-edna-od-niv-ne-funktsion/ Mon, 17 Apr 2023 13:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=631465

ЏЕЗ-ИМПРОВИЗАЦИЈАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Оставка е решението Бисера!

Три недели државните службеници од културата протестираат пред Министерството за финансии и Владата на Република Македонија во надеж дека некој ќе ги слушне нивните барања за рамноправен третман и достоинствени плати како нивните колеги од Министерството за финансии. Но според омилениот принцип на власта „Сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“ вработените од Министерството за финансии веќе имаат плата повисока за 30%. Очиггледно, тие се „поеднаквите“.
Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во Владата на ДУИ и СДС, три недели, наводно ја даваше својата поддршка на нејзините вработени од кои зависи реализацијата на националната програма за култура на неколку стотини културни оператори. Резултатите од досегашните протести кои министерката јавно, пред медиумите ги поддржа, донесоа само покачување на нејзината плата за 78% и на платите на избраните директори. Многумина останаа разочарани, со болно чувство дека се подмолно изманипулирани и понижени. Ваквите постапки на министерката покажуваат дека во неа не може да се гледа сериозен и искрен соговорник, туку само провиден манипулатор кој пред себе има некоја друга скриена агенда.
А обемот на таа агенда е прилично широк.
- Хаосот кој настана со поднесувањето на измените на девет закони по скратена процедура, меѓу кои е и Законот за заштита на културното наследство, само ја потврдува нетранспарентноста и „матната“ страна на владините проекти. Иако Законот за заштита на културното наследство е повлечен, кај јавноста остана реалниот сомнеж дека зад оваа постапка не се крие согледба за направен превид, туку манипулативен обид да се протнат измените низ некои други, тајни, „задни вратничиња“.
- Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис на согласноста за формирања на шест нови национални културни институции. Досега, ниту една од нив не функционира. Зошто? Едноставно, затоа што министерката нема соодветна, професионална анализа за финкционалното делување на овие институции. Има желба, или подобро кажано – агенда. Новиот, национален џез оркестар го „насади“ во зградата на Филхармонијата, а од револтот на нејзините вработени произлезе петиција во која јасно се наведуваат причините за нивното несогласување - просторот да го делат со друг национален оркестар.
Се гледа дека Бисера Костадиновска Стојчевска е голем почитувач на џезот, посебно на фри-џезот и импровизациите, па ваквиот начин на работење министерката за култура го имплементира и во културната политика. Тоа го прави прилично неуко и лаички. За музичка импровизација сепак е потребен божествен талент, повеќегодишно искуство и искрена посветеност.
А за политичка импровизација...што треба?!
Централна комисија
за култура на ВМРО-ДПМНЕ

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира appeared first on Република.

Љутков: За 2023 година Министерството за култура има само 1,2% од Буџетот, а Владата не обезбеди средства за колективниот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-za-2023-godina-ministerstvoto-za-kultura-ima-samo-1-2-od-budhetot-a-vladata-ne-obezbedi-sredstva-za-kolektivniot-dogovor/ Mon, 20 Mar 2023 10:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=621507

„Градот на културата како што е Велес со многу манифестации, кој што имал по пет, по шест милиони денари за продукција денеска да го сведеме на едвај два милиони е срамота. Тука може да го споменам и Драмски, мислам дека околу 60% е скратен буџетот за овие 6-7 години, значи сега има буџет некаде околу 3 милиони. Ако во 2017-та сме го завршиле со 8,7 милиони, денеска имаме едвај три милиони денари за продукција“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на „Канал 77“.

Љутков додаде дека за да влезе публиката да гледа претстава мора да се обезбедат услови. Буџетите за продукција се на катастрофално ниво. Фондот за филм е скратен 5 милиони евра.

Ако 2013-та година министерството за култура имал 2,15% од генералниот Буџет, во 2014-та го достигнал рекордот од 2,30%. Во 2020-та година е 1,4%, а во 2021 година е 1,43%. А, во 2022 година 1,49%, а 2023-та година е 1,2%. Со ваков однос кој што го има кон културата СДСМ овие 6 години со промена на пет министри кои што реално не можат да мрднат од местото и со поставување на несоодветни кадри на најстратешките места во Владата, ние не можеме да зборуваме за ништо повеќе, нагласи тој.

Љутков рече дека колективен договор се потпишал, но не се обезбедиле средства за потребите на истиот тој договор.

„Владата не обезбедила средства за потпишување на колективниот договор, туку дава наредба да се скратат платите од програмските активности. Значи нас ни кратат“, нагласи Љутков.

Од 2018-та па наваму до пред да станам член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, бев претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. И ние во програмата понудивме всушност во 2020-та и модел како треба да функционира културата. Дури и во програмата ставивме и „Денар за културата, денар за спортот, денар за образование“ во која што од акцизата на нафтените деривати ќе одат директно по еден денар во секој сектор. И што на годишно ниво се некаде околу 15 милиони евра помош за културата. И плус баравме 2.5% од Буџетот да се врати делот во културата и плус еден денар од акцизата на нафтените деривати, појасни Љутков.

Тој додаде дека да се воведеше сето тоа што го имаше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за културата, денес буџетот би бил три пати поголем за културата.

The post Љутков: За 2023 година Министерството за култура има само 1,2% од Буџетот, а Владата не обезбеди средства за колективниот договор appeared first on Република.

]]>

„Градот на културата како што е Велес со многу манифестации, кој што имал по пет, по шест милиони денари за продукција денеска да го сведеме на едвај два милиони е срамота. Тука може да го споменам и Драмски, мислам дека околу 60% е скратен буџетот за овие 6-7 години, значи сега има буџет некаде околу 3 милиони. Ако во 2017-та сме го завршиле со 8,7 милиони, денеска имаме едвај три милиони денари за продукција“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на „Канал 77“. Љутков додаде дека за да влезе публиката да гледа претстава мора да се обезбедат услови. Буџетите за продукција се на катастрофално ниво. Фондот за филм е скратен 5 милиони евра.
Ако 2013-та година министерството за култура имал 2,15% од генералниот Буџет, во 2014-та го достигнал рекордот од 2,30%. Во 2020-та година е 1,4%, а во 2021 година е 1,43%. А, во 2022 година 1,49%, а 2023-та година е 1,2%. Со ваков однос кој што го има кон културата СДСМ овие 6 години со промена на пет министри кои што реално не можат да мрднат од местото и со поставување на несоодветни кадри на најстратешките места во Владата, ние не можеме да зборуваме за ништо повеќе, нагласи тој.
Љутков рече дека колективен договор се потпишал, но не се обезбедиле средства за потребите на истиот тој договор. „Владата не обезбедила средства за потпишување на колективниот договор, туку дава наредба да се скратат платите од програмските активности. Значи нас ни кратат“, нагласи Љутков.
Од 2018-та па наваму до пред да станам член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, бев претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. И ние во програмата понудивме всушност во 2020-та и модел како треба да функционира културата. Дури и во програмата ставивме и „Денар за културата, денар за спортот, денар за образование“ во која што од акцизата на нафтените деривати ќе одат директно по еден денар во секој сектор. И што на годишно ниво се некаде околу 15 милиони евра помош за културата. И плус баравме 2.5% од Буџетот да се врати делот во културата и плус еден денар од акцизата на нафтените деривати, појасни Љутков.
Тој додаде дека да се воведеше сето тоа што го имаше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за културата, денес буџетот би бил три пати поголем за културата.  

The post Љутков: За 2023 година Министерството за култура има само 1,2% од Буџетот, а Владата не обезбеди средства за колективниот договор appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Институциите на системот да дадат одговор за материјално-финансиското работење во Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-institutsiite-na-sistemot-da-dadat-odgovor-za-materijalno-finansiskoto-rabotene-vo-agentsijata-za-film/ Thu, 16 Mar 2023 11:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=620283

Постојат основани сомнежи дека во раководењето и работењето на Агенцијата за филм во изминатите шест години има многу законски прекршувања, како и воочлива апсорпција на клучни функции во мал број одбрани персони, реагираат од Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Комисијата, како потврда на тоа, Транспаренси Интернешнл Македонија, како релевантен чинител, деновиве излезе пред јавноста со констатација дека постои судир на интереси во Агенцијата за филм и ги повика надлежните институции да постапат по наодите од направената анализа.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати, информира и алармира за конкретни состојби во Агенцијата за филм. Имено, во текот на 2022 година доделени се финансиски средства врз основа на објавен Kонкурс за производство на долгометражен игран, краткометражен игран, документарен и анимиран филм во точен износ од 302.050.000 денари или 4,9 милиони евра. На првиот рок на одлучување доделени се 103.350.000 денари, додека на вториот 198.700.000 денари.

Укажуваме дека во 2022 година овие средства не се единствените кои Агенцијата за филм ги доделува со едногодишно или повеќегодишно задолжување. Исто така, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ посочува и за двојното финансирање на одредени проекти преку Годишната програма на Министерството за култура.

Од завршната сметка на Агенцијата за филм за 2022 година, објавена на официјалната веб- страница на институцијата, јасно се гледа дека големиот „борч“ кој се таложи, се прелева во наредната година. Тие средства изнесуваат над 700.000.000 денари, односно повеќе од 11 милиони евра. Оваа информација само дополнително го засилува алармот кој укажува на бројните недоследности во финансиското работење на Агенцијата.

Несовесното и незаконско работење на Агенцијата за филм е видливо и во делот на прибирањето на надоместоци. Конкретно, Агенцијата не постапува според утврдената законска процедура. Не се преземаат навремени мерки за прибирање на средства за што постои законска одговорност за злоупотреба на службената должност и овластување во согласност со Кривичниот закон.

Агенцијата за филм, континуирано во период од повеќе години, склучува договори за договорни услуги со исти лица. Симптоматичен е податокот што кај некои од нив е утврден судир на интерес. Се наметнува прашањето – што всушност плаќа Агенцијата!?

Прашуваме, дали Владата и Министерството за култура од 2017 година, па до денес, увидуваат недостатоци во финансиското работење на Агенцијата за филм? Реторичко прашање, нели? Недостатоци има, и тоа, големи. И сега, дали некој го задолжува директорот на Агенцијата тие недостатоци да ги отстрани? Како го усвојува Владата Годишниот извештај за работа на Агенцијата за филм? Со сериозна анализа или само како информација?

Очигледно, под заштитната капа на Владата и Министерството се раководниот кадар (по завршување на мандатот, без конкурс му продолжува „вечно“ да е вршител на должност) на Агенцијата и одбраните правни и физички лица блиски до ДФРМ.

На потег се институциите на системот во однос на индициите за злоупотреба на службена должност, концентрацијата на моќ и судир на интереси во раководењето и управувањето со Агенцијата за филм, да дадат соодветна правна разрешница и одговор на дилемата – кој кого манипулира!?

Агенцијата за филм ја одигрува својата „улога“ за некого и за нешто. Сепак, според знаењето, способноста и талентот ни „Златна малина“ не можат да освојат. Ќе бидат втори..., велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Институциите на системот да дадат одговор за материјално-финансиското работење во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Постојат основани сомнежи дека во раководењето и работењето на Агенцијата за филм во изминатите шест години има многу законски прекршувања, како и воочлива апсорпција на клучни функции во мал број одбрани персони, реагираат од Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Според Комисијата, како потврда на тоа, Транспаренси Интернешнл Македонија, како релевантен чинител, деновиве излезе пред јавноста со констатација дека постои судир на интереси во Агенцијата за филм и ги повика надлежните институции да постапат по наодите од направената анализа.
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати, информира и алармира за конкретни состојби во Агенцијата за филм. Имено, во текот на 2022 година доделени се финансиски средства врз основа на објавен Kонкурс за производство на долгометражен игран, краткометражен игран, документарен и анимиран филм во точен износ од 302.050.000 денари или 4,9 милиони евра. На првиот рок на одлучување доделени се 103.350.000 денари, додека на вториот 198.700.000 денари. Укажуваме дека во 2022 година овие средства не се единствените кои Агенцијата за филм ги доделува со едногодишно или повеќегодишно задолжување. Исто така, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ посочува и за двојното финансирање на одредени проекти преку Годишната програма на Министерството за култура. Од завршната сметка на Агенцијата за филм за 2022 година, објавена на официјалната веб- страница на институцијата, јасно се гледа дека големиот „борч“ кој се таложи, се прелева во наредната година. Тие средства изнесуваат над 700.000.000 денари, односно повеќе од 11 милиони евра. Оваа информација само дополнително го засилува алармот кој укажува на бројните недоследности во финансиското работење на Агенцијата. Несовесното и незаконско работење на Агенцијата за филм е видливо и во делот на прибирањето на надоместоци. Конкретно, Агенцијата не постапува според утврдената законска процедура. Не се преземаат навремени мерки за прибирање на средства за што постои законска одговорност за злоупотреба на службената должност и овластување во согласност со Кривичниот закон. Агенцијата за филм, континуирано во период од повеќе години, склучува договори за договорни услуги со исти лица. Симптоматичен е податокот што кај некои од нив е утврден судир на интерес. Се наметнува прашањето – што всушност плаќа Агенцијата!? Прашуваме, дали Владата и Министерството за култура од 2017 година, па до денес, увидуваат недостатоци во финансиското работење на Агенцијата за филм? Реторичко прашање, нели? Недостатоци има, и тоа, големи. И сега, дали некој го задолжува директорот на Агенцијата тие недостатоци да ги отстрани? Како го усвојува Владата Годишниот извештај за работа на Агенцијата за филм? Со сериозна анализа или само како информација? Очигледно, под заштитната капа на Владата и Министерството се раководниот кадар (по завршување на мандатот, без конкурс му продолжува „вечно“ да е вршител на должност) на Агенцијата и одбраните правни и физички лица блиски до ДФРМ. На потег се институциите на системот во однос на индициите за злоупотреба на службена должност, концентрацијата на моќ и судир на интереси во раководењето и управувањето со Агенцијата за филм, да дадат соодветна правна разрешница и одговор на дилемата – кој кого манипулира!? Агенцијата за филм ја одигрува својата „улога“ за некого и за нешто. Сепак, според знаењето, способноста и талентот ни „Златна малина“ не можат да освојат. Ќе бидат втори..., велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Институциите на системот да дадат одговор за материјално-финансиското работење во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/ Fri, 10 Mar 2023 12:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=618146

„ДОБРИОТ“ ТРГОВЕЦ НЕ ДАВА НА ВЕРЕСИЈА!

-Распродавање на честа и достинството на македонската култура и историја- Влахо кај Живојно – за јаглен;

„Св. Атанасиј“ во Спанчево – за фотоволтаици;

„Северна“ – ја додадоа за хациенди на Халкидики;

македонската историја – на Бугарија за хонорари и наводни европски интеграции!

Ова е парагон-блокот на Владата на ДУИ и приврзокот СДС(М) со кој во последниве шест години се распродава честа и достинството на македонската култура и историја!

Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ подолго време укажува за алармантната состојба со културното наследство на Македонија. Бројните неправилности во сферата на заштитата доведоа до целосна деградација на многу локалитети.

Запоставена е заштитата и негувањето на сите видови културно наследство. Доведен е во прашање и статусот на меѓународно признаените добра, како што се Гласоечкото пеење на Ургентната листа на УНЕСКО, Охридскиот Регион (Охрид, Струга и Дебарца) како светско природно и културно наследство, но и Преспанскиот Регион со езерата на Листата на светско природно наследство. На Тентативната листа на УНЕСКО за прогласување чекаат уште неколку локалитети (Трескавец, Курбиново, Кокино) на кои никако да им се подобри националниот статус за да можат да бидат впишани во УНЕСКО како културно наследство важно за светскот културен диверзитет.

А одговори и одговорност на сите поставени прашања нема од никаде. Јавноста го претпоставува „Ценовникот“ на оваа неизбрана и нелегитимна Влада, но никако да дојде до конкретни одговори за тоа кои се причините и кој/кои се виновникот/ците за ваквите состојби.

ВМРО-ДПМНЕ не верува во колективна одговорност! Одговорноста секогаш е персонализирана и точно лоцирана. Досега прашањата беа поставувани само до првиот човек на Министерството за култура на Република Македонија, од која никогаш и не добивме одговори. Затоа, ќе се обидеме да ги прашаме одговорните кадри од кои директно зависи спроведувањето на актуелните законски прописи и се надеваме дека ќе искамчиме некаков одговор.

Увид во состојбите со заштитата на културното наследство имаат оние кои секојдневно се во контакт со него и кои директно работат на терен. Една од нив е новоизбраниот раководител во моќниот Сектор за управен и инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Жаклина Петровска, назначена во 2022 година на највисоката и единствена позиција во државата, генерален инспектор за културно наследство!

Оттаму, сосема легитимно е прашањето до почитуваната, како функционира системот, инспекторке!?

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна appeared first on Република.

]]>

„ДОБРИОТ“ ТРГОВЕЦ НЕ ДАВА НА ВЕРЕСИЈА! -Распродавање на честа и достинството на македонската култура и историја- Влахо кај Живојно – за јаглен; „Св. Атанасиј“ во Спанчево – за фотоволтаици; „Северна“ – ја додадоа за хациенди на Халкидики; македонската историја – на Бугарија за хонорари и наводни европски интеграции! Ова е парагон-блокот на Владата на ДУИ и приврзокот СДС(М) со кој во последниве шест години се распродава честа и достинството на македонската култура и историја! Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ подолго време укажува за алармантната состојба со културното наследство на Македонија. Бројните неправилности во сферата на заштитата доведоа до целосна деградација на многу локалитети. Запоставена е заштитата и негувањето на сите видови културно наследство. Доведен е во прашање и статусот на меѓународно признаените добра, како што се Гласоечкото пеење на Ургентната листа на УНЕСКО, Охридскиот Регион (Охрид, Струга и Дебарца) како светско природно и културно наследство, но и Преспанскиот Регион со езерата на Листата на светско природно наследство. На Тентативната листа на УНЕСКО за прогласување чекаат уште неколку локалитети (Трескавец, Курбиново, Кокино) на кои никако да им се подобри националниот статус за да можат да бидат впишани во УНЕСКО како културно наследство важно за светскот културен диверзитет. А одговори и одговорност на сите поставени прашања нема од никаде. Јавноста го претпоставува „Ценовникот“ на оваа неизбрана и нелегитимна Влада, но никако да дојде до конкретни одговори за тоа кои се причините и кој/кои се виновникот/ците за ваквите состојби. ВМРО-ДПМНЕ не верува во колективна одговорност! Одговорноста секогаш е персонализирана и точно лоцирана. Досега прашањата беа поставувани само до првиот човек на Министерството за култура на Република Македонија, од која никогаш и не добивме одговори. Затоа, ќе се обидеме да ги прашаме одговорните кадри од кои директно зависи спроведувањето на актуелните законски прописи и се надеваме дека ќе искамчиме некаков одговор. Увид во состојбите со заштитата на културното наследство имаат оние кои секојдневно се во контакт со него и кои директно работат на терен. Една од нив е новоизбраниот раководител во моќниот Сектор за управен и инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Жаклина Петровска, назначена во 2022 година на највисоката и единствена позиција во државата, генерален инспектор за културно наследство! Оттаму, сосема легитимно е прашањето до почитуваната, како функционира системот, инспекторке!?

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна appeared first on Република.

]]>
Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-nikoj-ne-prezema-odgovornost-za-trajnoto-unishtuvane-na-zashtitenoto-kulturno-nasledstvo/ Tue, 07 Mar 2023 11:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=616828

Катастрофални десетина денa за Министерството за култура. Додека Министерството се обидува да најде начин како да го укине или заобиколи Колективниот договор за вработените од културата да не го добијат планираното покачување на платите, медиумите известуваат за намерно и свесно уништување на неолитскиот локалитет Влахо кај Живојно за експоатација на јаглен. Иако оваа информација најпрво ја има Министерството и Управата за заштита на културното наследство, тие одлучуваат да го игнорираат и да го премолчат процесот надевајќи се дека нема таа информација да излезе во јавноста. Но вистината е како шило, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Неколку дена подоцна, албанска телевизиска куќа обвини за ископување на некропола кај Скупи и за „намерно уништување“ на наоди кои говорат за „Дарданија и дарданството“ на Скупи. Да прецизираме – се кријат и уништуваат наоди кои ги гледаат и ги снимаат. За ова, директорот на Управата за заштита на културното наследство на самото место увидува дека има „невнимание“ при работа и дека „има неправилности во работата, дека има оштетени остатоци, дека има расфрлани коски, скршени саркофази… и дека отсега ќе имало посебна грижа и нема да биде професионално, туку суперпрофесионално“.

Неколку дена подоцна во јавноста излегува информацијата дека кај археолошкиот локалитет „Св. Атанасиј“ кај с. Спанчево ќе се поставуваат фотоволтаици. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, први кои треба да го чуваат тамошното културно наследство во тој регион, излегуваат, на увид по што утврдуваат дека инвеститорот ги има сите потребни документи за изградба, меѓу кои и Дозволата од Управата за заштита на културното наследство. Воедно, од прекопувањето на самиот локалитет, Заводот и музејот од Штип констатира на самото место дека „на терен имаше расфрлана керамика, но такви наоди има по цело Кочанско“. Притоа, од надлежната установа изјавуваат дека доколку има археологија, таму тие можат да го стопираат ископувањето, „но такво нешто не увиделе“! Да биде иронијата поголема, кога со багери се ископува на археолошки локалитет излегуваат археолошки наоди. И тоа не е археологија, туку нормална градежна активност. Генијална констатација!

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека, истовремено се премолчуваат уште десетици други уништени или оштетени локалитети низ државата. И каде е надлежното Министерство и Управата кои по дејност и основа на постоењето мораат грижливо да го чуваат недвижното културно наследство!? На сето ова, Министерството излегува со само едно бедно соопштение во кое кажува дека ископувањата во Скупи се според сите правила и прописи, односно спротивно од првичното мислење на директорот на Установата, која директно го контролира тоа. Иритира потсетувањето на ланската изјавата од министерката во емисијата „Трилинг“, дека другите го уништуваат културното наследство, па потоа изгледа дека државата не се грижи за него. Ова јасно покажува дека Министерството е „село без кучиња“ и без никаков срам, морал и чувство за одговорност!

Овие скорешни јавни сведочења за трајно уништување на недвижното културно наследство не започнуваат од сега. Тие се резултат на повеќегодишна негрижа која случајно кулминира токму во овој момент. Јавноста и цела Македонија сведочат за разорните случувања во кои никој нема вина и никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, подложно и на Кривичниот законик!

Дали е ова последниот чекор за бришење на македонскиот идентитет и историја, по политичките договори со Грција и Бугарија? Дали физичкото уништување на локалитетите е дел од ова сценарио?

И кога ќе помислиме дека културата во Македонија стигна до самото дното, тука се д-р Бисера Костадиновска–Стојчевска и нејзината „стручна културна машинерија“ да нѐ разубедат. Тие неуморно продолжуваат да копаат!, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

The post Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Катастрофални десетина денa за Министерството за култура. Додека Министерството се обидува да најде начин како да го укине или заобиколи Колективниот договор за вработените од културата да не го добијат планираното покачување на платите, медиумите известуваат за намерно и свесно уништување на неолитскиот локалитет Влахо кај Живојно за експоатација на јаглен. Иако оваа информација најпрво ја има Министерството и Управата за заштита на културното наследство, тие одлучуваат да го игнорираат и да го премолчат процесот надевајќи се дека нема таа информација да излезе во јавноста. Но вистината е како шило, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.
Неколку дена подоцна, албанска телевизиска куќа обвини за ископување на некропола кај Скупи и за „намерно уништување“ на наоди кои говорат за „Дарданија и дарданството“ на Скупи. Да прецизираме – се кријат и уништуваат наоди кои ги гледаат и ги снимаат. За ова, директорот на Управата за заштита на културното наследство на самото место увидува дека има „невнимание“ при работа и дека „има неправилности во работата, дека има оштетени остатоци, дека има расфрлани коски, скршени саркофази… и дека отсега ќе имало посебна грижа и нема да биде професионално, туку суперпрофесионално“.
Неколку дена подоцна во јавноста излегува информацијата дека кај археолошкиот локалитет „Св. Атанасиј“ кај с. Спанчево ќе се поставуваат фотоволтаици. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, први кои треба да го чуваат тамошното културно наследство во тој регион, излегуваат, на увид по што утврдуваат дека инвеститорот ги има сите потребни документи за изградба, меѓу кои и Дозволата од Управата за заштита на културното наследство. Воедно, од прекопувањето на самиот локалитет, Заводот и музејот од Штип констатира на самото место дека „на терен имаше расфрлана керамика, но такви наоди има по цело Кочанско“. Притоа, од надлежната установа изјавуваат дека доколку има археологија, таму тие можат да го стопираат ископувањето, „но такво нешто не увиделе“! Да биде иронијата поголема, кога со багери се ископува на археолошки локалитет излегуваат археолошки наоди. И тоа не е археологија, туку нормална градежна активност. Генијална констатација!
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека, истовремено се премолчуваат уште десетици други уништени или оштетени локалитети низ државата. И каде е надлежното Министерство и Управата кои по дејност и основа на постоењето мораат грижливо да го чуваат недвижното културно наследство!? На сето ова, Министерството излегува со само едно бедно соопштение во кое кажува дека ископувањата во Скупи се според сите правила и прописи, односно спротивно од првичното мислење на директорот на Установата, која директно го контролира тоа. Иритира потсетувањето на ланската изјавата од министерката во емисијата „Трилинг“, дека другите го уништуваат културното наследство, па потоа изгледа дека државата не се грижи за него. Ова јасно покажува дека Министерството е „село без кучиња“ и без никаков срам, морал и чувство за одговорност! Овие скорешни јавни сведочења за трајно уништување на недвижното културно наследство не започнуваат од сега. Тие се резултат на повеќегодишна негрижа која случајно кулминира токму во овој момент. Јавноста и цела Македонија сведочат за разорните случувања во кои никој нема вина и никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, подложно и на Кривичниот законик! Дали е ова последниот чекор за бришење на македонскиот идентитет и историја, по политичките договори со Грција и Бугарија? Дали физичкото уништување на локалитетите е дел од ова сценарио? И кога ќе помислиме дека културата во Македонија стигна до самото дното, тука се д-р Бисера Костадиновска–Стојчевска и нејзината „стручна културна машинерија“ да нѐ разубедат. Тие неуморно продолжуваат да копаат!, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Дали во време на идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за безбедноста на културното наследство во депоата!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-dali-vo-vreme-na-identitetsko-i-kulturoloshko-negirane-na-makedonskata-samobitnost-treba-da-se-zagrizhime-i-za-bezbednosta-na-kulturnoto-nasledstvo-vo-depoata/ Sat, 25 Feb 2023 16:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=613147

,,СЛЕП ВОДИ САКАТ": ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАГРОЗЕНОСТ НА БЕЗБЕДНОСТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Почитувана министерке, годишната програма од национален интерес во културата за 2023 година во делот на заштитата на културното наследство буквално може да се преточи во максимата - ,,СЛЕП ВОДИ САКАТ"!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Особено во областа на заштитата на движното и недвижното културно наследство општиот впечаток кон активностите на заводите и музеите оддава слика на депресија, на проекти кои се придвижувани од инерцијата низ годините, а мотивирани од неинвентивноста и апатијата во која некои од заводите едвај и да ја пронаѓаат вратата до своите депоа, а други никако да излезат од своите атари да се „опул’ат“ наоколу, барем во својот двор.

Таква слика се создава кога се нема концепт и критериуми за евалуација на проектите што се оценуваат. Непропорционално распределените средства во заштитата ја вчудоневидуваат стручната јавност кога индивидуалниот објект „Алим Беговата куќа“ во Тетово ќе се заштитува со 2.500.000 денари, наспроти објектот „Куќата на Стефовци“ во Охрид, патем од семејството на Вашата претходничка Ирена Стефоска, која ќе се заштитува со само 200.000 денари.
Голем дисбаланс во распределбата на средствата гледаме во поддршката на Заводот за заштита на спомениците на културата од Вашиот роден град Битола (поддржан со 9.000.000 денари), додека градовите на УНЕСКО, Охрид и Струга, за заштита ќе добијат вкупно 2.100.000 денари. А можеби логика треба да најдеме во интервентните 7.700.000 одвоени за Курбиново или 8.500.000 за Трескавец, а притоа во целост се паднати во заборав Хераклеја, Баргала, неолитскиот локалитет Влахо, а и манастирот во Матејче, за кој на Вашата манипулативна прес-конференција спомнавте дека ќе го поддржите со 1.500.000 денари.
Белото знаме госпоѓо Бисера Костадиновска Стојчевска одамна е развиено во заштитата, кога очекувате со бедни 50.000 денари, да, 50.000 денари, кумановските конзерватори да извршат невозможна мисија за да ја опремат конзерваторската лабораторија во нивниот град. Не е ни чудо, ниту е првпат кај нас, штетите најнапред да мора да се прикријат, па потоа да се поправаат. Таков мизерен впечаток добива секој добронамерник кога пристапува кон институција од заштитата, додека секој заштитар е во континуиран стрес од состојбите во неговата дејност.
Затоа ли, Министерството за култура се погрижи годинава да го избере како „посебно важен проект“ партерното уредување и хортикултурата пред Македониумот во Крушево, додека штетите и несанираните делови од објектот ги остава далеку од погледот на јавноста, и од домашните и од странските туристи, криејќи ги несанираните витражи во задната страна на истиот објект со големо име – МАКЕДОНИУМ?
Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп, иако има надлежност врз огромен регион, навистина е време да си погледне во прилепски Варош и да направи увид во состојбата на фреските во црквата Св. Архангел Михаил, бидејќи нашето културно наследство во иднина ќе можеме да го гледаме само во книги, додека етнолошкото наследство во едукативните сликовници, филмови и виртуелни игри оставени во рацете на чудно зголемиот број невладини организации (патем да ви укажеме дека некои од нив во називот го содржат терминот „валоризација“, резервиран исклучиво за државни установи) од областа на заштитата на културното наследство.
Доколку не ја согледаме потребата за конзервација на национално важните збирки, со етнолошки предмети, на пример - накитот, барем на оние во Музејот на Македонија, и тие ќе бидат заборавени исто како и иконите од Галеријата на икони кои бел ден не видоа.
Врв на лакрдијата се 150.000 или, пак, 200.000 денари за сондажно, односно систематско археолошко истражување во услови на 40% инфлација, што покажува дека ваквите истражувања вредат помалку од, на пример, Првата манифестација за спорт и традиционионални јадења во регионот на Пелагонија (Прилеп, Долнени, Крушево) на Здружението за културно наследство АЛБ-КУЛТ од Скопје - „Игрите и традиционалните јадења на нашите предци“ со сума од 352.000 денари или, пак, се изедначува со „Денот на летото“ (Dita e Verës) од Хуманитарното здружение за култура, екологија и спорт ЕКО ВИТА АРТ Скопје - Сарај со 210.000 денари.
Ете, барем да го поддржевте едиствениот музеј во државава посветен на ослободувањето на Македонија од фашизмот во II светска војна, НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ - Кичево, кој сте го поддржале со само 2 проекти во вкупна вредност од 200.000 денари, а се изнаслушавме како наследството од периодот на Народноослободителната војна Ви е приоритет број еден.
Но затоа не сте заборавиле да поддржите проект за двете години постоење од Музејот на Република „Северна“ Македонија, кои треба да се овековечат со документарен филм (втор дел) во програмата за музејска дејност. Зарем преименувањето на установите со додавката „северна“ достигна степен на документарност, а печатењето на влезните билети за Музејот - Гевгелија стана проект од национален интерес, наспроти целосно изземената поддршка за Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“ со теми од македонската средновековна историја.
Кога станува збор за нематеријалното културно наследство, тоа безмалку и да го нема во 2023 година, односно го сведовте на провиден локален патриотизам, па така Струмичкиот карневал го наградивте со 495.000 денари, заради Вашиот претходен партиски газда, а традиционалниот Вевчански карневал го избришавте од мапата на постоење, сакајќи да ја избришете колективната меморија на македонскиот народ!
Поразувачки е фактот дека буџетот на единствената национална институција за заштитата на македонското кинематографско културно наследство, Кинотеката на Македонија, е со скоро 50% намален буџет. Во програмата го нема капиталниот проект за обнова, заштита и ревитализација на Хавзи пашините конаци или, пак, постојаната изложбена поставка. Очигледно изготвените проекти од времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ се ставени во некој „бункер“. Уште позагрижувачки е фактот што од вкупната одобрена сума за заштита на филмското наследство едвај 50% се наменати за основната дејност на Кинотеката – а, за истражувачки проекти има нула денари. Затоа, повторно и оваа година примарна дејност на Кинотеката за жал, ќе биде работата на кинотечното кино и по некој проект на евтина дигитализација.
И така, ден по ден, година по година, стигнавме до Годишната програма за 2023 година, во која врв на национален интерес во заштитата да ти било физичкото обезбедување на институциите со 2.400.000 денари за само два конзерваторски центри во Скопје (и тоа од програмските средства), додека музеите во меѓувреме добиваат циркуларно писмо сами да си се снаоѓаат од сопствени средства за истата таа потреба.
Министерке, нехармоничната и неизбалансирана културна политика која ја водите од позиција на лична преференција кон одредени институции и директори е прозрена и презрена. Евидентен е фактот дека Ве плаши тоа што музеите ги поседуваат материјалните докази за идентитетското и културолошко постоење на Македонија, и затоа нивните проекти свесно ги девалвирате и маргинализирате!
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува дали во време на отворено, агресивно, безмилосно и брутално идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за основната безбедност на културното наследство во депоата!? Не нè чуди ни загриженоста на јавноста за тоа дали ДУИ и СДС(М) подготвуваат терен за бришење на материјалната поткрепа на македонското национално постоење?
Не ни треба никој да фрла со камења по нас од Калето. Неколкуте самоникнати дрвја на фортификацискиот ѕид од јужната страна победоносно ја означуваат капитулацијата на заштитата во нашата земја!

The post Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Дали во време на идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за безбедноста на културното наследство во депоата!? appeared first on Република.

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Годинава ќе слушаме тотална музичка какафонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-godinava-ke-slushame-totalna-muzichka-kakafonija/ Thu, 23 Feb 2023 16:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=612403

КАКАФОНИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА!

Конфузен и неконзистентен е секој нов обид на министерката да го оправда нејзиното самоволие, прикривајќи се зад наводните одлуки на комисиите, не истакнувајќи го своето дискреционо право!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувана“ министерке, сте ги виделе ли одлуките од минатите години при носењето на новите? Сте виделе ли што било национален интерес во музичко-сценската дејност овие мачни седум години?! Лично Вие, Вашата Влада, Вашите кабинетски специјални советници и раководни кадри во Министерството за култура и по институциите, успеавте целосно да ги маргинализирате националните установи и подмолно да уништите сѐ што е традиционално, македонско, создавано и негувано со децении.

Кога ја потпишавте програмата за оваа година, видовте ли дека Македонската филхармонија е осакатена за 5.500.000 денари! Во јавно објавените резултати не може да се видат ниту поединечните проекти, ниту новата сезона на Филхармонијата, што остава сомнеж дали воопшто постои програма на Македонската филхармонија за 2023 година, или таа ќе се прави во од, избирајќи од она што е на дофат од популарната музика, наспроти уметничка програма? Кога веќе ги покачивте цените на билетите за културните настани, јавноста заслужува да види кои европски и светски уметници ќе гостуваат во Филхармонија и Македонската опера и балет во оваа сезона. А, што да се каже за импровизираната програма на Операта и Балетот кога се одобрени едвај две премиери и две обнови. Ете, и на „Мајските оперски вечери“ и фестивалот „Охридско лето“ без наведени програми им се доделени суми од 5.000.000, односно 30.000.000 денари.
Програмите и средствата за проектите на центрите за култура се под секое ниво, дури и за коментар! Дополнително, дискрепанците на доделените средствата за исти тематски настани се неверојатни. Па така, НУ Центар за култура „Иљо Антески-Смок“- Тетово за „Концертот на Елина Дуни“ добил 350.000 денари, а НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово за „Концерт на отворено на Нокаут“ добил 150.000 денари. Музејот на албанската азбука - Битола за проектот „Празник на азбуката“ добива 1.000.000 денари, а НУ Центар за култура „Кочо Рацин“- Кичево за проектот „Ден на македонската азбука“ дури 10 пати помалку, односно 100.000 денари. Со цели 20.000 денари е поддржан проектот „Класика за Делчево“ за манифестацијата „Музичка манифестација по повод Светскиот ден на учителите“, додека проектот „Програма по повод 7 Март - Денот на албанскиот учител“ на Центарот за култура во Кичево со 75.000 денари. А, пак, за оние музички уметници кои некако прифатиле да бидат дел од програмите на националните установи, доделени се средства во висина меѓу 20.000 и 30.000 денари, што целосно ја отсликува мизеријата во која се наоѓа националната култура.
Распределбата на финансиите за проектите кај другите корисници на Конкурсот стана редовна практика за подмирување на партиските и коалициските пазарења! По тој принцип на „заслуга“ е финансиран и „Тајмлес фестивал“ на Мастер Про Продукција, за кој се издвоени 2.204.000 денари.
Дека политиката е основен критериум за категоризирање и бодување на уметниците и манифестациите во музичко-сценската дејност, покажува и фактот што на сметка на скратените средства за фестивалите „Макфест“, (кој секогаш бил еднакво финансиран со „Фолк фест Валандово“) и „Охридски трубадури“, ПМГ Рекордингс Фестивалот во организација на Вашиот сопартиец Мирко Попов останува бетониран.
Шестото издание на„Скупи камер фест“ на Здружението „Муза“е финансирано со преку 1.000.000 денари, наспроти култното „Скопско лето“ со 800.000 денари, потоа Здружението на албански музичари за „Лира фест“ со преку 1.000.000 денари, наспроти етаблираниот Фестивал на музичките уметници „Златна лира“ со 800.000 денари?! На истиот список се редат и сериозно голем број проекти за кои се издвоени високи суми, за понови или сосема нови фестивали и манифестации: „Топ Тет Музик фестивал“ на Фишта Тетово со високи 744.000 денари, „Фестивал Мериди“ на Артал Тетово со 300.000 денари, многу „популарните: фестивалот „Наши песни“ и манифестацијата „Еден ден, една ноќ“, организирани од „Куљт“ од селото Долно Строгомиште со речиси 500.000 денари итн.
Хорскиот фестивал „Техо“, кој во 2021 година го прослави својот 30-годишен јубилеј, оваа, 2023 година, добил двојно поголем износ или 504.000 денари за одбележување на 50-годишниот јубилеј на истиот хор?! На ова ќе треба да даде одговор не само Kомисијата за музичко-сценска дејност туку и министерката и диригентот Зориќ, кој е член на Советот за култура на министерката! Средствата за одредени фестивали се тројно намалени од минатата година, а некои, како на пример Здружението на џез-музичари, е поддржано со нула денари.
Министерке, знаете ли каква штета им правите на овие музички менаџери и музичари? Свесни ли сте дека им го рушите домашниот, но и меѓународниот углед, особено имајќи предвид дека сите контакти и заложби за обезбедување квалитетни музички настани се договараат однапред една, две или повеќе години!
Веќе не сме изненадени кога за два, речиси исти фестивали, само за различни музички инструменти (едниот за пијано, другиот за кларинет), разликата во доделените средства е трипати поголема - 51.000 денари наспроти 153.000 денари.
Дискриминирачки по етничка основа се издвоените средства кои неосновано ги двојат албанските од македонските изведувачи, па така, Бесијана Мехмеди за проектот „Жени во културата" добива 408.000 денари, Хајдар Хајдари 408.000 денари, а 80-годишното одбележување со „Свечен концерт за композиторот и академик Ристо Аврамовски“е поддржано со 240.000 денари. Листата е голема, а неоснованата дискредитација, разочарувањето и омаловажувањето на македонските музички уметници е уште поголемо.
Одлуките на Mинистерството од годинешнава програма во музичко-сценската дејност, не покажуваат никаква стратегија, уметнички концепт ниту конзистентност во културните политики. Затоа, годинава ќе слушаме тотална музичка какафонија.
Каде плови овој брод и каде допрва ќе нѐ носи? Искрено, се надеваме дека нема да ја делиме истата судбина како „Титаник“.

Централна комисија

за култура на ВМРО-ДПМНЕ

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Годинава ќе слушаме тотална музичка какафонија appeared first on Република.

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-ne-gi-zasluzhuva-dodelenite-sretstva-zarem-odbelezhuva-100-godini/ Tue, 21 Feb 2023 08:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=611354

ПОДДРШКА ЗА МИНИСТЕРКАТА! АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НЕ ГИ

ЗАСЛУЖУВА ДОДЕЛЕНИТЕ СРЕДСТВА!

Зарем Археолошкиот музеј на „Република Македонија“ одбележува 100 години!?

Со цел наменско трошење на и онака тенкиот буџет во културата, во знак на искрена поддршка на заложбите на министерката д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска за „економична“ и „балансирана“ распределба, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ му укажува на Министерството за „култура“ дека треба да бидат повлечени 400 000 денари за одбележување на т.н. „Јубилеј 100 години Археолошки музеј“ поради непостоечкиот јубилеј.
Не е на одмет да ви дадеме уште неколку од бројните бесплатни поуки.
Археолошкиот музеј на Македонија како посебен правен субјект во 2023 година ќе одбележи јубилеј од скромни 11 години постоење, и тоа благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која во 2012 година реализираше еден ваков огромен подвиг. Гарнитурата на СДС(М), денес ставена во сервилна улога како подизведувач на агендите на нивните газди од ДУИ, како и отаде границата на исток, Бугарија, се познати по неоснованата храброст да прекројуваат и ревидираат историски факти. Преку т.н. историски комисии навикнати се да лажираат избори, анкети, скрининзи и европски преговори, а овојпат преку нивните неспособни менаџери во културата продолжија со замена на тези, одобрувајќи речиси половина милион денари за настан кој ќе биде прославен како јубилеј кој не соодвестува со историските факти.
Како појаснување за јавноста да знае, а и да ја потсетиме научната фела и „стручната комисија“ која ги додели средствата:
1) во 1920 година е основана археолошка збирка која функционира во рамките на Филозофскиот факултет; 2) истата збирка 1924 година започнува да функционира како Историско-археолошки музеј со лапидариум (Музеј на Вардарска Бановина/Музеј на Јужна Србија) во Куршумли ан; 3) за време на II светска војна го добива името Народен музеј, сместен исто така во Куршумли ан; 4) во 1949 год. го добива името Археолошки музеј на Македонија, сместен во зградата на касарната на Скопското Кале, каде по Скопскот земјотрес не постои; 5) во 1976 год. е пуштена во употреба градбата Музеј на Македонија, каде што во 1982 година археологијата почнува да функционира како оддел.
Штом не знаете да ви појасниме! Во 2012 год. за првпат во историјата е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија - Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата, чие име го сменивте преку ноќ за никој да не ве види, кој во 2014 година, за првпат доби негов простор во самиот центар на Скопје, повторно благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш, за каков јубилеј 100 години Археолошки музеј станува збор? Како сте тргнале, кутриот, нема да почека ни полнолетство, а истите вие го уништувате и однадвор и однатре. Археолошкиот музеј на Македонија наместо паметник за милениусмкото цивилизациско постоење на Македонија, Владата на ДУИ и СДС(М) целосно и во континуитет го запустува, го запоставува, го цензурира, а вие се фотографирате само меѓу празните витрини.
Колку за споредба и заради бележење на институционалната меморија, кога истиот музеј во 2019 година одбележуваше т.н. јубилеј 95 години Археолошки музеј, во ретроспективниот видеозапис беше изземен посебниот правен субјект Археолошки музеј на Македонија, регистриран 2012, а отворен 2014 година, од втората директорка по ред во режимот на СДС(М), д-р Славица Бабамова. Истовремено, „100-годишниот јубилеј“ годинава би се одбележал со отстранетата постојана нумизматичка збирка од вашиот прв режимски директор, Горан Санев, на чие место ќе гостува изложбата од Бугарија под наслов „Сребрена Тракија“.
И ако 1 април 1924 година е датумот на втемелувањето на музејската дејност во Македонија, како што стои на веб-страница од Археолошкиот музеј на Македонија, јубилејот е 2024, а не 2023 година. Исто така, во официјална информација не е наведено постоењето на музејот од 2014 година. Ако веќе се одбележува јубилеј, треба да се одбележува 100 години археолошки инситуционален истражувачки континуитет во Македонија, а редно би било да го признаете историскиот успех и востановувањето на посебниот правен субјект специјализиран за археологијата од 2012 година – Археолошкиот музеј на Македонија. Патем, во јубилејот никаде не стои именката - Македонија, а клучното нагласување на 100-те години, всушност, е потиснување на успехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека во нејзинот мандат за првпат се изгради и се отвори самостоен Археолошки музеј на Македонија!
Годинава СДС(М) може да слави само: 9 години Археолошки музеј на Македонија и 2 години од нивниот Археолошки музеј на „Република Македонија“ со нивните заслуги: 1) растурање на постојаната поставка и 2) внесување на додавката „северна“.
Колку завидливост кон бисерот на македонската археологија! Но празни души, празен музеј, велат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? appeared first on Република.

Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-godineshnata-programa-tendentsiozno-se-unishtuva-izdavachkata-produktsija-na-makedonski-jazik/ Fri, 17 Feb 2023 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=610130

Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво! Ова е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата Годишна програма, се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Катастрофата беше очекувана со незапаметеното скратување на средствата во висина од дури 40% во однос на претходната година, а во услови на историски најголем буџет на државата. Ова е показател дека Министерството за култура, односно актуелната „елита“ во културата, е „накитена“ со елементарно непознавање на културните политики, вклучително и издаваштвото, а тоа, пак, укажува на отсуство на секакви мерила и критериуми за квалитет и перцепција на националниот интерес, токму во областа каде што до израз доаѓа македонскиот пишан збор.

Комисијата на сите им доделува по нешто ситно, небаре делат милостина. Ниту сите проекти се еднакви, ниту поддршката може и смее да биде таква. Сумата со која се поддржани, за голем дел од проектите, значи минорен придонес, со што целиот Конкурс ја губи смислата да биде некаква поддршка која ќе помогне да се направат проекти кои се од исклучително значење и вредност, но не се комерцијални.

Од реакциите на бројните реномирани автори, чии проекти не се поддржани, се гледа дека при одлучувањето, оваа режимска власт се пресметува со политичките неистомисленици и нејзините критичари, но редовно има - некогаш повеќе, некогаш помалку - за своите придружни гласноговорници. Па така, Бајруш Мијаку, член на Советот за култура на министерката, добива дури 207.000 денари. Тука е и поддршката од 104.00 денари за поранешниот пратеник на СДС(М), некогаш многу важна алка во синџирот на власта која не доведе на ова дереџе, Ферид Мухиќ.

Деновиве, јавноста постојано слуша за капитални проекти кои ги нема во Програмата. Одлуките за тоа кои и какви проекти ќе бидат поддржани се донесени од некоја опскурна комисија за која во јавноста никој не чул, ниту пак, некој од оние кои таму ги поставил, некаде ја истакнал нивната стручност, искуство и компетенции. Но затоа, пак, имаме пример како членот на Комисијата Биљана Рајчинова-Николова, вработена во Инстититутот за македонска литература одобрува девет изданија на институцијата во која е вработена!

Поддршката на книжевните манифестации, од националните институции, како што е „Струшките вечери на поезијата“, но и сите останати книжевни манифестации кои се организирани од здруженија на граѓани, издавачки куќи итн. е толку намалена, што директно го загрозува нивното одржување, па и самото постоење. Но, тоа не му пречи, па дури и е задоволен, административниот службеник Тодорче Тасевски, на привремена работа - директор на „Струшките вечери на поезијата“. Не е така далечна 2016-та година, кога снимаше политички спотови за неговата обесправеност во Министерството за култура, а сега „скромниот“ Тасевски се задоволува со намалување на средствата за македонскиот поетски бренд со светска слава. На овој колосек за намалување, се и „Рациновите средби“.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека станува збор за тенденциозно уништување на издавачката продукција на македонски јазик. Манифестациите со повеќедецениска традиција оставаат трајни белези и имаат незаменлива улога во македонската култура. За жал, Министерството пресметува дека гломазните проекти во интердисциплинарна дејност, кои најчесто остануваат невидливи за јавноста, се ефикасно орудие за задоволувањето на дрчноста на партиските војници и поддржувачи. И покрај нивното вдомување во националните установи, не престануваат да добиваат милиони, и сега – си молчат! Видлив е примерот со поддршката од 205.000 денари на електронското списание „Окно“ кое е рангирано во прва категорија. За споредба, најстарото печатено списание „Стожер“ на ДПМ добива 108.000 денари.

Ваквиот конкурс веќе целосно ја изгуби смислата на своето постоење. Секое продолжување на овој начин на поддршка на македонската култура претставува нејзино свесно уништување.

Но има излез од овој безизлез. За тоа е потребно ум, волја и желба за вистински да ѝ се помогне на македонската култура. Тој излез лежи во издржана национална стратегија со јасна визија како и во целосната реформа на системот на поддршка во културата, во јасните мерила и критериуми и со компетентните луѓе во Комисиите.

The post Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Жесток и подмолен удар врз македонското издаваштво! Ова е најкраткиот опис на резултатите за проектите поддржани во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2023 година. Наместо да се поддржува, со ваквата Годишна програма, се замелушува целокупната издавачка продукција во Македонија, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Катастрофата беше очекувана со незапаметеното скратување на средствата во висина од дури 40% во однос на претходната година, а во услови на историски најголем буџет на државата. Ова е показател дека Министерството за култура, односно актуелната „елита“ во културата, е „накитена“ со елементарно непознавање на културните политики, вклучително и издаваштвото, а тоа, пак, укажува на отсуство на секакви мерила и критериуми за квалитет и перцепција на националниот интерес, токму во областа каде што до израз доаѓа македонскиот пишан збор. Комисијата на сите им доделува по нешто ситно, небаре делат милостина. Ниту сите проекти се еднакви, ниту поддршката може и смее да биде таква. Сумата со која се поддржани, за голем дел од проектите, значи минорен придонес, со што целиот Конкурс ја губи смислата да биде некаква поддршка која ќе помогне да се направат проекти кои се од исклучително значење и вредност, но не се комерцијални. Од реакциите на бројните реномирани автори, чии проекти не се поддржани, се гледа дека при одлучувањето, оваа режимска власт се пресметува со политичките неистомисленици и нејзините критичари, но редовно има - некогаш повеќе, некогаш помалку - за своите придружни гласноговорници. Па така, Бајруш Мијаку, член на Советот за култура на министерката, добива дури 207.000 денари. Тука е и поддршката од 104.00 денари за поранешниот пратеник на СДС(М), некогаш многу важна алка во синџирот на власта која не доведе на ова дереџе, Ферид Мухиќ. Деновиве, јавноста постојано слуша за капитални проекти кои ги нема во Програмата. Одлуките за тоа кои и какви проекти ќе бидат поддржани се донесени од некоја опскурна комисија за која во јавноста никој не чул, ниту пак, некој од оние кои таму ги поставил, некаде ја истакнал нивната стручност, искуство и компетенции. Но затоа, пак, имаме пример како членот на Комисијата Биљана Рајчинова-Николова, вработена во Инстититутот за македонска литература одобрува девет изданија на институцијата во која е вработена! Поддршката на книжевните манифестации, од националните институции, како што е „Струшките вечери на поезијата“, но и сите останати книжевни манифестации кои се организирани од здруженија на граѓани, издавачки куќи итн. е толку намалена, што директно го загрозува нивното одржување, па и самото постоење. Но, тоа не му пречи, па дури и е задоволен, административниот службеник Тодорче Тасевски, на привремена работа - директор на „Струшките вечери на поезијата“. Не е така далечна 2016-та година, кога снимаше политички спотови за неговата обесправеност во Министерството за култура, а сега „скромниот“ Тасевски се задоволува со намалување на средствата за македонскиот поетски бренд со светска слава. На овој колосек за намалување, се и „Рациновите средби“. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека станува збор за тенденциозно уништување на издавачката продукција на македонски јазик. Манифестациите со повеќедецениска традиција оставаат трајни белези и имаат незаменлива улога во македонската култура. За жал, Министерството пресметува дека гломазните проекти во интердисциплинарна дејност, кои најчесто остануваат невидливи за јавноста, се ефикасно орудие за задоволувањето на дрчноста на партиските војници и поддржувачи. И покрај нивното вдомување во националните установи, не престануваат да добиваат милиони, и сега – си молчат! Видлив е примерот со поддршката од 205.000 денари на електронското списание „Окно“ кое е рангирано во прва категорија. За споредба, најстарото печатено списание „Стожер“ на ДПМ добива 108.000 денари. Ваквиот конкурс веќе целосно ја изгуби смислата на своето постоење. Секое продолжување на овој начин на поддршка на македонската култура претставува нејзино свесно уништување. Но има излез од овој безизлез. За тоа е потребно ум, волја и желба за вистински да ѝ се помогне на македонската култура. Тој излез лежи во издржана национална стратегија со јасна визија како и во целосната реформа на системот на поддршка во културата, во јасните мерила и критериуми и со компетентните луѓе во Комисиите.

The post Со годинешната Програма тенденциозно се уништува издавачката продукција на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-vo-kurbinovo-rabotat-grchki-konzervatori-bez-kontrola-na-makedonskite-institutsii/ Wed, 01 Feb 2023 12:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=603363

Додека Бујар Османи секојдневно и ревносно обиколуваше повеќе институции за преглед на таблите за двојазични ознаки, денес раководните кадри токму од партијата на Османи или помалите албанските партии, исто така не ја пропуштаат можноста за масовна двојазична промена на таблите по институциите и објектите - од лични имиња и презимиња, па сè до описи и патокази на културните добра, се вели во реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„Конзерваторските центри во Република Македонија подолг временски период станаа целосно нефункционални институции од дејноста за заштита на културното наследство, крајно оневозможени да ја реализираат својата основна задача и функција. Но и покрај тоа, неспособните раководни кадри од власта поитаа да ја истакнат формата пред суштината. Следствено, во регионите со повеќе бројно албанско население, таблите со натписите не се ниту двојазични.

Додека македонскиот јазик полека исчезнува, маргинализиран до целосно непрепознавање, неспособноста на оваа Влада ја доживува својата кулминација со целосната негрижа кон културното профано и сакрално добро, кое од година во година бележи нов поразителен статус на доуништување.

Дивеејќи во своите замисли, без никакво проследување на заштитните законски обврски - некогаш зададени од стручните установи или со упатства за користење на спомениците на културата обележани со метални табли, во период кога се поставуваа постулатите во заштитата на споменичкото наследство - денес конзерваторските центри се оставени не само на маргините од културата, туку цврсто лежат на самото културно дно.

Ненаоѓајќи го спасот во својата држава, центрите за конзервација се принудени да ја прифатат странската помош не како опција, туку како давеник за сламка, барајќи покритие за својата некадарност, која лесно се согледува преку странски „стручњаци“ кои деновиве работат во Курбиново без стручна контрола од домашните институции. Зарем по сè што ни се случува, воопшто не сме свесни дека странските заинтересирани страни, кои се „врткаат“ околу спомениците на културата на наше тло, сè уште гледаат на нив како на сопствена оставнина од минатото на овие простори.

Од работата на регионалните, локални конзерваторски центри, кои, исто така, треба да спроведуваат барем елементарна евиденција и превенција во заштитата, останаа само гласно најавени проекти за обично реновирање на црковна кујна (на пример таа во Трескавец), заборавајќи на главната причина за постоење на тој објект - црквата, заради која целиот тој предел го носи епитетот заштитено добро.

И како впрочем да се објасни ваквата состојба ако не се тргне од самото неспособно раководство поставено од Владата, каде што од прва рака се кршат правилниците за работа во вакви специфични стручни установи, во кои се именуваат директори со ниту еден работен ден во културата, а поимот „конзервација“ им е мисловна именка!

Тоа ли е таа наша убава земја?! Земја во која сѐ уште нема целосна ре/валоризација, ниту евиденција на спомениците изградени од пред 100 години. Да ги споменеме тука и поновите, оние индустриските (особено актуелни во светот), кои исчезнуваат пред нашите очи секој ден!

А сè започна со една банална сентенца... „годинава... само годинава нема пари за“... терен, обиколка, увид, заштита на културните добра на терен“, се вели во известувањето на Комисијатаза култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции appeared first on Република.

]]>

Додека Бујар Османи секојдневно и ревносно обиколуваше повеќе институции за преглед на таблите за двојазични ознаки, денес раководните кадри токму од партијата на Османи или помалите албанските партии, исто така не ја пропуштаат можноста за масовна двојазична промена на таблите по институциите и објектите - од лични имиња и презимиња, па сè до описи и патокази на културните добра, се вели во реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. „Конзерваторските центри во Република Македонија подолг временски период станаа целосно нефункционални институции од дејноста за заштита на културното наследство, крајно оневозможени да ја реализираат својата основна задача и функција. Но и покрај тоа, неспособните раководни кадри од власта поитаа да ја истакнат формата пред суштината. Следствено, во регионите со повеќе бројно албанско население, таблите со натписите не се ниту двојазични. Додека македонскиот јазик полека исчезнува, маргинализиран до целосно непрепознавање, неспособноста на оваа Влада ја доживува својата кулминација со целосната негрижа кон културното профано и сакрално добро, кое од година во година бележи нов поразителен статус на доуништување. Дивеејќи во своите замисли, без никакво проследување на заштитните законски обврски - некогаш зададени од стручните установи или со упатства за користење на спомениците на културата обележани со метални табли, во период кога се поставуваа постулатите во заштитата на споменичкото наследство - денес конзерваторските центри се оставени не само на маргините од културата, туку цврсто лежат на самото културно дно. Ненаоѓајќи го спасот во својата држава, центрите за конзервација се принудени да ја прифатат странската помош не како опција, туку како давеник за сламка, барајќи покритие за својата некадарност, која лесно се согледува преку странски „стручњаци“ кои деновиве работат во Курбиново без стручна контрола од домашните институции. Зарем по сè што ни се случува, воопшто не сме свесни дека странските заинтересирани страни, кои се „врткаат“ околу спомениците на културата на наше тло, сè уште гледаат на нив како на сопствена оставнина од минатото на овие простори. Од работата на регионалните, локални конзерваторски центри, кои, исто така, треба да спроведуваат барем елементарна евиденција и превенција во заштитата, останаа само гласно најавени проекти за обично реновирање на црковна кујна (на пример таа во Трескавец), заборавајќи на главната причина за постоење на тој објект - црквата, заради која целиот тој предел го носи епитетот заштитено добро. И како впрочем да се објасни ваквата состојба ако не се тргне од самото неспособно раководство поставено од Владата, каде што од прва рака се кршат правилниците за работа во вакви специфични стручни установи, во кои се именуваат директори со ниту еден работен ден во културата, а поимот „конзервација“ им е мисловна именка! Тоа ли е таа наша убава земја?! Земја во која сѐ уште нема целосна ре/валоризација, ниту евиденција на спомениците изградени од пред 100 години. Да ги споменеме тука и поновите, оние индустриските (особено актуелни во светот), кои исчезнуваат пред нашите очи секој ден! А сè започна со една банална сентенца... „годинава... само годинава нема пари за“... терен, обиколка, увид, заштита на културните добра на терен“, се вели во известувањето на Комисијатаза култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Курбиново работат грчки конзерватори без контрола на македонските институции appeared first on Република.

]]>