Комисија за историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-istorija/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 09:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-istorija/ 32 32 Бугарската комисија потврди дека и Охридската архиепископија е предмет на договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskata-komisija-potvrdi-deka-i-ohridskata-arhiepiskopija-e-predmet-na-dogovor/ Tue, 29 Nov 2022 07:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=579418

Откако по минатонеделниот состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, на кој, како што посочија во петокот нејзините копретседавачи, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров, се разговарало за Охридската архиепископија и како таа е претставена во македонските учебници, следеа низа реакции дека прашањето за црквата нема место во разговорите кои ги водат членовите на Комисијата.

Македонскиот тим на Комисијата, пак вчера излезе со појаснување дека на состаноци не се дискутира за решавање на статусот на МПЦ-ОА, а вчера се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така потенцира дека историчарите воопшто не разговарале за статусот.

Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

– И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а  членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во  ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.

Се посочува и дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.

– Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми  и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија.

Членот на заедничката историска Комисија Петар Тодоров, вчера кажа дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.

-На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ.

Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.

– Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров.

 

Ѓоргиев во петокот по завршувањето на двоневниот состанок изјави дека дебатата била за Охридската архиепископија и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.

Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

– Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев.

Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.

– Јас разбирам дека тоа е многу важна тема и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров

The post Бугарската комисија потврди дека и Охридската архиепископија е предмет на договор appeared first on Република.

]]>

Откако по минатонеделниот состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, на кој, како што посочија во петокот нејзините копретседавачи, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров, се разговарало за Охридската архиепископија и како таа е претставена во македонските учебници, следеа низа реакции дека прашањето за црквата нема место во разговорите кои ги водат членовите на Комисијата. Македонскиот тим на Комисијата, пак вчера излезе со појаснување дека на состаноци не се дискутира за решавање на статусот на МПЦ-ОА, а вчера се огласи и премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така потенцира дека историчарите воопшто не разговарале за статусот. Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.
– И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а  членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во  ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.
Се посочува и дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.
– Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми  и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија.
Членот на заедничката историска Комисија Петар Тодоров, вчера кажа дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.
-На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ.
Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.
– Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров.
  Ѓоргиев во петокот по завршувањето на двоневниот состанок изјави дека дебатата била за Охридската архиепископија и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници. Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. – Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев. Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.
– Јас разбирам дека тоа е многу важна тема и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров

The post Бугарската комисија потврди дека и Охридската архиепископија е предмет на договор appeared first on Република.

]]>
Проф. Филипоски: Недоволната компетентност на македонскиот дел од Комисијата не е надмината, туку уште повеќе засилена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-filiposki-nedovolnata-kompetentnost-na-makedonskiot-del-od-komisijata-ne-e-nadminata-tuku-ushte-povekje-zasilena/ Mon, 19 Sep 2022 05:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=552062

Бурните негативни реакции првенствено од научно-стручен карактер во македонската јавност, кои минатиот месец ги предизвика објавувањето на т.н. препораки за заедничко чествување на историски личности од средновековниот период, за чудо воопшто не влијаеа барем за евентуална промена во динамиката на работа за Заедничката комисија, пишува Тони Филипоски, професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет.

Според соопштението на МНР во врска со последните дводневни состаноци (14 и 15 септември 2022 г. во Скопје) на Заедничката комисија „членовите на Комисијата разговарале за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја . . . “. Уште се дознава дека „во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура.“ Како научно-стручни забелешки на т.н. препораки за заедничко чествување на историски личности од средновековниот период своевремено наведов детални и бројни научни забелешки за сите пет т.н. препораки (линк за препораките од 18.08.2022), но меѓу другото потенцирав дека се работи за: „некомпетентност на македонскиот дел од Комисијата поради отсуство на барем еден историчар (експерт по медиевистика и византологија)“ и „силно политичко влијание и забележливо ‘калкуланство’ со научната етика во работата на македонскиот дел од Комисијата во полза на одредени политички цели“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-filiposki-nedozvolivo-e-izednachuvanje-na-preslav-i-ohrid-koga-se-raboti-za-prodolzuvanje-i-neguvanje-na-kirilometodievskite-tradicii/

По одржувањето на последните состаноци на Заедничката комисија „некомпетентноста на македонскиот дел од Комисијата . . . “ воопшто не е надмината, туку напротив од непознати причини уште повеќе е засилена. Имено за т.н. препораки, всушност идни промени за средновековниот период што овојпат треба да се направат во македонските и бугарските учебници за основно образование, на последните состаноци (исто како и на претходните) расправале и одлучувале историчари кои се занимаваат со нова и најнова историја и уште повеќе зачудува учеството на етнолог/антрополог, политиколог . . . (во македонскиот дел од Комисијата), но повторно без ниту еден историчар-медиевист и византолог, кој би бил единствено компетентен за „средновековната историја“ и „средновековните црковни институции“, веројатно првенствено средновековната историја на Охридската архиепископија (иако од необјасниви причини таа институција како намерно да не се споменува во соопштението на МВР). Ваквата евидентна „некомпетентност на македонскиот дел од Комисијата“ не смее да се дозволи особено кога се преговара за исклучително значајните т.н. препораки од областа на средновековието за менување на учебници во основно образование, што во последното Соопштение на самата Комисија беа окарактеризирани како многу позначајни од оние веќе објавените за заедничко чествување на историски личности од средновековието-пишува професорот.

 

Најавеното формирање на Секретаријат, како помошно тело на македонскиот дел од Комисијата, се чини дека е задоцнето и нецелисходно што конкретно се однесува за актуелното креирање на т.н. препораки од областа на средновековието за идните учебници во основно образование и последователно малку е веројатно да има било какво позитивно влијание на целокупниот процес. Уште повеќе што во научната и поширока јавност постојат оправдани и сериозни стравувања за т.н. „бугаризација“ на македонскиот историски наратив, кој би започнал да се остварува со менување на учебниците во основно образование, а во иднина веројатно би продолжил со менување на наставните програми за средно и високо образование за сите историски периоди. Впрочем како резултат на сите овие ненаучни постапки на македонските власти во нашата држава, за жал поддржани од само многу мал дел колеги-историчари, веќе од неодамна се спроведува и поттикнува своевидна „ревизија и (само)цензура“ во македонската историска наука и пошироко. Сето ова несомнено ќе има несогледливи негативни последици за нормалниот научен и образовен развој на државата, што како крајна последица веројатно ќе доведе до редефинирање на современиот македонски национален идентитет.

The post Проф. Филипоски: Недоволната компетентност на македонскиот дел од Комисијата не е надмината, туку уште повеќе засилена appeared first on Република.

]]>

Бурните негативни реакции првенствено од научно-стручен карактер во македонската јавност, кои минатиот месец ги предизвика објавувањето на т.н. препораки за заедничко чествување на историски личности од средновековниот период, за чудо воопшто не влијаеа барем за евентуална промена во динамиката на работа за Заедничката комисија, пишува Тони Филипоски, професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет. Според соопштението на МНР во врска со последните дводневни состаноци (14 и 15 септември 2022 г. во Скопје) на Заедничката комисија „членовите на Комисијата разговарале за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја . . . “. Уште се дознава дека „во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура.“ Како научно-стручни забелешки на т.н. препораки за заедничко чествување на историски личности од средновековниот период своевремено наведов детални и бројни научни забелешки за сите пет т.н. препораки (линк за препораките од 18.08.2022), но меѓу другото потенцирав дека се работи за: „некомпетентност на македонскиот дел од Комисијата поради отсуство на барем еден историчар (експерт по медиевистика и византологија)“ и „силно политичко влијание и забележливо ‘калкуланство’ со научната етика во работата на македонскиот дел од Комисијата во полза на одредени политички цели“. https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-filiposki-nedozvolivo-e-izednachuvanje-na-preslav-i-ohrid-koga-se-raboti-za-prodolzuvanje-i-neguvanje-na-kirilometodievskite-tradicii/
По одржувањето на последните состаноци на Заедничката комисија „некомпетентноста на македонскиот дел од Комисијата . . . “ воопшто не е надмината, туку напротив од непознати причини уште повеќе е засилена. Имено за т.н. препораки, всушност идни промени за средновековниот период што овојпат треба да се направат во македонските и бугарските учебници за основно образование, на последните состаноци (исто како и на претходните) расправале и одлучувале историчари кои се занимаваат со нова и најнова историја и уште повеќе зачудува учеството на етнолог/антрополог, политиколог . . . (во македонскиот дел од Комисијата), но повторно без ниту еден историчар-медиевист и византолог, кој би бил единствено компетентен за „средновековната историја“ и „средновековните црковни институции“, веројатно првенствено средновековната историја на Охридската архиепископија (иако од необјасниви причини таа институција како намерно да не се споменува во соопштението на МВР). Ваквата евидентна „некомпетентност на македонскиот дел од Комисијата“ не смее да се дозволи особено кога се преговара за исклучително значајните т.н. препораки од областа на средновековието за менување на учебници во основно образование, што во последното Соопштение на самата Комисија беа окарактеризирани како многу позначајни од оние веќе објавените за заедничко чествување на историски личности од средновековието-пишува професорот.
  Најавеното формирање на Секретаријат, како помошно тело на македонскиот дел од Комисијата, се чини дека е задоцнето и нецелисходно што конкретно се однесува за актуелното креирање на т.н. препораки од областа на средновековието за идните учебници во основно образование и последователно малку е веројатно да има било какво позитивно влијание на целокупниот процес. Уште повеќе што во научната и поширока јавност постојат оправдани и сериозни стравувања за т.н. „бугаризација“ на македонскиот историски наратив, кој би започнал да се остварува со менување на учебниците во основно образование, а во иднина веројатно би продолжил со менување на наставните програми за средно и високо образование за сите историски периоди. Впрочем како резултат на сите овие ненаучни постапки на македонските власти во нашата држава, за жал поддржани од само многу мал дел колеги-историчари, веќе од неодамна се спроведува и поттикнува своевидна „ревизија и (само)цензура“ во македонската историска наука и пошироко. Сето ова несомнено ќе има несогледливи негативни последици за нормалниот научен и образовен развој на државата, што како крајна последица веројатно ќе доведе до редефинирање на современиот македонски национален идентитет.

The post Проф. Филипоски: Недоволната компетентност на македонскиот дел од Комисијата не е надмината, туку уште повеќе засилена appeared first on Република.

]]>
Зошто Владата за историската комисија не бараше експерти за средниот век?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-vladata-za-istoriskata-komisija-ne-barashe-eksperti-za-sredniot-vek/ Wed, 14 Sep 2022 12:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=550727

На ден пред почетокот на новата тура разговори на македонските и бугарските историчари, Владата, на предлог на МНР, на затворена седница го одобри Димитар Љоровски за нов член на македонскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Според образложението, Љоровски е македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период,  и Македонското револуционерно националноослободително движење.

По ова, сосема основано се поставува прашањето зошто МНР, односно Владата не најдоа за потребно да побараат и во комисијата да постават експерти за средниот век, кирилометодиевисти, палеослависти, слависти, додека траеја преговорите за овој период. Напротив, без таков претставник, нашите членови на комисијата го прифатија целосно бугарскиот наратив, што создаде бура од незадоволство во научната и целата домашна јавност. Воопшто, целата македонска наука од тој период беше занемарена, па со заедничките чествувања, на пример на 24 Мај и со промената на учебниците, тој ќе се сведе на Ден на бугарското образование, култура и словенска писменост, прашува „Пресинг ТВ“.

Македонските и бугарските историчари постигнаа согласност за заедничко чествување и за менување на учебниците за светите Кирил и Методи, светите Климент и Наум, и за за Цар Самоил. Меѓутоа, во овој период влегува и Охридската архиепископија, но до сега таа не се споменува.

Периодот чиј научен интерес е Љоровски, до оставката во членството во комисијата, поради политички притисоци, го „покриваше“ проф. Ванчо Ѓоргиев.

The post Зошто Владата за историската комисија не бараше експерти за средниот век?! appeared first on Република.

]]>

На ден пред почетокот на новата тура разговори на македонските и бугарските историчари, Владата, на предлог на МНР, на затворена седница го одобри Димитар Љоровски за нов член на македонскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според образложението, Љоровски е македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период,  и Македонското револуционерно националноослободително движење.
По ова, сосема основано се поставува прашањето зошто МНР, односно Владата не најдоа за потребно да побараат и во комисијата да постават експерти за средниот век, кирилометодиевисти, палеослависти, слависти, додека траеја преговорите за овој период. Напротив, без таков претставник, нашите членови на комисијата го прифатија целосно бугарскиот наратив, што создаде бура од незадоволство во научната и целата домашна јавност. Воопшто, целата македонска наука од тој период беше занемарена, па со заедничките чествувања, на пример на 24 Мај и со промената на учебниците, тој ќе се сведе на Ден на бугарското образование, култура и словенска писменост, прашува „Пресинг ТВ“.
Македонските и бугарските историчари постигнаа согласност за заедничко чествување и за менување на учебниците за светите Кирил и Методи, светите Климент и Наум, и за за Цар Самоил. Меѓутоа, во овој период влегува и Охридската архиепископија, но до сега таа не се споменува. Периодот чиј научен интерес е Љоровски, до оставката во членството во комисијата, поради политички притисоци, го „покриваше“ проф. Ванчо Ѓоргиев.

The post Зошто Владата за историската комисија не бараше експерти за средниот век?! appeared first on Република.

]]>
Што ќе попушти сега македонската комисија?: Денеска нов состанок со историчарите од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-kje-popushti-sega-makedonskata-komisija-deneska-nov-sostanok-so-istoricharite-od-bugarija/ Wed, 14 Sep 2022 06:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=550528

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба.

МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата.

-Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа, информираше МНР.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓорѓиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн.

– Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече  Ѓоргиев.

Како што оцени, периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата.

– Ние никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање

The post Што ќе попушти сега македонската комисија?: Денеска нов состанок со историчарите од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба. МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата. -Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа, информираше МНР. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓорѓиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. – Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече  Ѓоргиев. Како што оцени, периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата. – Ние никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање

The post Што ќе попушти сега македонската комисија?: Денеска нов состанок со историчарите од Бугарија appeared first on Република.

]]>