Комисија за енергетика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-energetika/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 12:14:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Комисија за енергетика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-energetika/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Наместо механизација за ископ во РЕК, ЕСМ набавува возила за 143 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-namesto-mehanizatsija-za-iskop-vo-rek-esm-nabavuva-vozila-za-143-milioni-denari/ Mon, 26 Feb 2024 12:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=748509

Не престануваат скандалите со набавките во ЕЛЕМ. Низа скандали го тресат ЕЛЕМ со изнајмување на механизација и разни договори со Марковски компани. Од една страна се објавува огромен тендер од 46 милиони евра за ангажирање на механизација за потребите на РЕК Битола, а од друга страна се објавува оглас за набавка на 52 возила за потребите на Дирекција и подружниците, во износ од 90.268.092,00 ден без ддв, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај договор за набавка на 52 возила од една фирма, склучен е уште еден договор за набавка на уште 30 возила во износ од 31.338.600 денари без ДДВ. Што значи дека ќе се набават 82 возила и ќе се потрошат 143.495.896,00 денари со вклучен ДДВ. Се поставува едноставното прашање зошто овие пари не се наменети за купување на механизација потребна за ископ Раководството во заминување гледа на секаков начин да причини поголема штета на претпријатието, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Наместо механизација за ископ во РЕК, ЕСМ набавува возила за 143 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Ревизорите потврдија дека Владата и енергетските компании со своето незнаење ја оштетиле државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-potvrdija-deka-vladata-i-energetskite-kompanii-so-svoeto-neznaene-ja-oshtetile-drzhavata/ Mon, 03 Jul 2023 17:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=657822

Државниот завод за ревизија објави конечен извештај за извршена ревизија на успешност за Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза. Извештајот се концентрира повеќе на техничката подготвеност на постројките. Констатирана е неспремност на енергетскиот систем технички да се справи со енергетска криза. Од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ велат дека со извештајот потврдени се многу укажувања во изминативе години од ВМРО-ДПМНЕ за несоодветно работење на енергетските компании и Владата, а најсимптоматична е забелешката дека блок 3 во РЕК Биотла не бил во погон повеќе од една година и затоа се изгубени 1.621 илјади MWh.

Причина за ваков застој е појавен дефект на блок трансформаторот кој се уништува при стартување на блокот. За ова нема никаква одговорност. Истиот се носи на поправка и потоа се става во резерва без да се испита на терен дали е технички исправен и дали стои спремен за погон. Ова е тотално незнаење на раководниот тим на ЕЛЕМ како да се испита трансформаторот иако е тоа обврска во договорот за поправка.
Нарачан е наводно нов трансформатор кој се изработува во време од неколку месеци што претставува техничко-технолошко чудо за ваков вонсериски производ освен ако не е претходно припремен коруптивен договор. Истиот закасни со испорака и време на ставање во погон и наместо да се наплати гаранција и бара надомест на штета се премолчува целата оваа обврска. Извршена е набавка на помошна механизација, но не е целосно според потребите на рудниците. Иако од 2017 година се оставени копмлетно проекти за набавка на нова помошна механизација и главна рударска опрема, ниеден од овие проекти не е реализиран. Она што сега е реализирани за 25 мил. евра не одговара целосно на потребите. Целта на овие набавки е да се елиминира ангажирање на надворешни компании за ископ и транспорт на јаглен и јаловина. Видно од извештајот дека и понатака силно се користи надворешна механизација од приватни компании што е предмет на сомнежи за коруптивни зделки без објава на оглас и со директно преговарање, велат од Комисијата.

Потсетуваат дека за овие работи ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пати предупредувано, но немаше реакција од надлежните институции.

Државниот ревизор во конечен извештај за ревизија на успешност и подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетска криза констатира една општа вистина, а тоа е дека надлежните институции и енергетските компании не преземале доволно ефикасни мерки да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок. Констатирани се слабости и хаотично делување во зголемување на производни капацитети од обновливи извори на електрична енергија. Во време на енергетска криза нема зголемување на домашното производство на електрична енергија. Наместо тоа исторошени се 588 милиони евра од буџетот на Република Македонија за набавка на електрична енергија од берзите на слободниот пазар и од HUPEX- унгарската берза. Република Македонија една третина од потребата за електрична енергија ја задоволува од увоз. Многу е симптоматично што за период од 2019 до 2022 година загубите на електрична енергија во пренос и дистрибуција се движат во граници од 20% од вкупното домашно производство на ел.енергија . Просек производство 5.4 GWh, а загуби 0.98 GWh. Тоа се дел технички загуби кои нормално може да бидат во граници од 5-7%, но останатиот дел до 20% се кражби на електрична енергија во дистрибутивната мрежа. Нема активност за решавање на вакви кражби на електрична енергија, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Нajголем дел од законските и подзаконските акти кои го регулираат енергетскиот сектор или не се функционални или не се донесени, велат од Комисијата и ги споменуваат поважните:

  • Подобрување на енергетска ефикасност практично нема. Не е формиран фонд за енергетска ефикасност иако има можност во законот за енергетска ефикасност.
  • Нема донесено Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за период 2021-2025 година иако нацрт верзија за истата е изготвена. Не донесена Програма за реализација значи дека развојот на енергетиката е хаотичен или воопшто го нема.
  • Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ е обврска согласно Законот за енергетика од 2022 година, но овој план се уште не е донесен.
  • Нема донесено Стратегија за реконструкција на згради за домување, јавни и комерцијални згради. Рокот бил до февруари 2022 година од Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски.
  • Уредба со која се утврдува обврзувачка шема за енергетска ефикасност не е донесена од страна на Владата на предлог на министерство за економија.
    Во однос на термоцентралите согласно националната енергетска стратегија се предвидува намалување на производство на електрична енергија од јаглен и користење на природен гас или водородно гориво. Ништо не е преземено да се реши овој базичен проблем во енергетиката.
    Во период од 2019 до 2022 година индикативно е што АД ЕСМ купува електрична енергија на отворен пазар по многу висока цена, а кога има вишоци продава на берза по многу пониска цена.
  • Загрижува фактот што АД ЕСМ се уште нема добиено А-интегрирана дозвола за работа за РЕК Битола иако за тоа се потрошени 61.4 миниони евра. Според месечните извештаи за мерење на загадувачки елементи во воздухот, регистрирано е многу големо присуство на загадувачки супстанци ( SO2, NOx и прашина) во воздухот при што во некои мерења надминати се дозволените вредности над 20 пати. И за ова загадување и труење на населението нема покренато никаква одговорност од надлежните институции.
  • Набавки на мазут и природен гас се обременети со силни сомнежи за коруптивни зделки.
  • Во 2021 година Република Македонија е прва членка од западен балкан која стана членка на Powering Past Coal Alliance - за напуштање на јагленот која се обврза дека до 2030 година ќе го напушти јагленот за производство на електрична енергија. Сеуште нема одговорност за ваквата “храбра“ непромислена одлука бидејќи со оваа одлука последиците по македонската економија ќе бидат екстремно негативни.

The post Ревизорите потврдија дека Владата и енергетските компании со своето незнаење ја оштетиле државата appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија објави конечен извештај за извршена ревизија на успешност за Подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза. Извештајот се концентрира повеќе на техничката подготвеност на постројките. Констатирана е неспремност на енергетскиот систем технички да се справи со енергетска криза. Од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ велат дека со извештајот потврдени се многу укажувања во изминативе години од ВМРО-ДПМНЕ за несоодветно работење на енергетските компании и Владата, а најсимптоматична е забелешката дека блок 3 во РЕК Биотла не бил во погон повеќе од една година и затоа се изгубени 1.621 илјади MWh.
Причина за ваков застој е појавен дефект на блок трансформаторот кој се уништува при стартување на блокот. За ова нема никаква одговорност. Истиот се носи на поправка и потоа се става во резерва без да се испита на терен дали е технички исправен и дали стои спремен за погон. Ова е тотално незнаење на раководниот тим на ЕЛЕМ како да се испита трансформаторот иако е тоа обврска во договорот за поправка. Нарачан е наводно нов трансформатор кој се изработува во време од неколку месеци што претставува техничко-технолошко чудо за ваков вонсериски производ освен ако не е претходно припремен коруптивен договор. Истиот закасни со испорака и време на ставање во погон и наместо да се наплати гаранција и бара надомест на штета се премолчува целата оваа обврска. Извршена е набавка на помошна механизација, но не е целосно според потребите на рудниците. Иако од 2017 година се оставени копмлетно проекти за набавка на нова помошна механизација и главна рударска опрема, ниеден од овие проекти не е реализиран. Она што сега е реализирани за 25 мил. евра не одговара целосно на потребите. Целта на овие набавки е да се елиминира ангажирање на надворешни компании за ископ и транспорт на јаглен и јаловина. Видно од извештајот дека и понатака силно се користи надворешна механизација од приватни компании што е предмет на сомнежи за коруптивни зделки без објава на оглас и со директно преговарање, велат од Комисијата.
Потсетуваат дека за овие работи ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пати предупредувано, но немаше реакција од надлежните институции.
Државниот ревизор во конечен извештај за ревизија на успешност и подготвеност на енергетскиот систем да се справи со енергетска криза констатира една општа вистина, а тоа е дека надлежните институции и енергетските компании не преземале доволно ефикасни мерки да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок. Констатирани се слабости и хаотично делување во зголемување на производни капацитети од обновливи извори на електрична енергија. Во време на енергетска криза нема зголемување на домашното производство на електрична енергија. Наместо тоа исторошени се 588 милиони евра од буџетот на Република Македонија за набавка на електрична енергија од берзите на слободниот пазар и од HUPEX- унгарската берза. Република Македонија една третина од потребата за електрична енергија ја задоволува од увоз. Многу е симптоматично што за период од 2019 до 2022 година загубите на електрична енергија во пренос и дистрибуција се движат во граници од 20% од вкупното домашно производство на ел.енергија . Просек производство 5.4 GWh, а загуби 0.98 GWh. Тоа се дел технички загуби кои нормално може да бидат во граници од 5-7%, но останатиот дел до 20% се кражби на електрична енергија во дистрибутивната мрежа. Нема активност за решавање на вакви кражби на електрична енергија, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Нajголем дел од законските и подзаконските акти кои го регулираат енергетскиот сектор или не се функционални или не се донесени, велат од Комисијата и ги споменуваат поважните:
  • Подобрување на енергетска ефикасност практично нема. Не е формиран фонд за енергетска ефикасност иако има можност во законот за енергетска ефикасност.
  • Нема донесено Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката за период 2021-2025 година иако нацрт верзија за истата е изготвена. Не донесена Програма за реализација значи дека развојот на енергетиката е хаотичен или воопшто го нема.
  • Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ е обврска согласно Законот за енергетика од 2022 година, но овој план се уште не е донесен.
  • Нема донесено Стратегија за реконструкција на згради за домување, јавни и комерцијални згради. Рокот бил до февруари 2022 година од Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски.
  • Уредба со која се утврдува обврзувачка шема за енергетска ефикасност не е донесена од страна на Владата на предлог на министерство за економија. Во однос на термоцентралите согласно националната енергетска стратегија се предвидува намалување на производство на електрична енергија од јаглен и користење на природен гас или водородно гориво. Ништо не е преземено да се реши овој базичен проблем во енергетиката. Во период од 2019 до 2022 година индикативно е што АД ЕСМ купува електрична енергија на отворен пазар по многу висока цена, а кога има вишоци продава на берза по многу пониска цена.
  • Загрижува фактот што АД ЕСМ се уште нема добиено А-интегрирана дозвола за работа за РЕК Битола иако за тоа се потрошени 61.4 миниони евра. Според месечните извештаи за мерење на загадувачки елементи во воздухот, регистрирано е многу големо присуство на загадувачки супстанци ( SO2, NOx и прашина) во воздухот при што во некои мерења надминати се дозволените вредности над 20 пати. И за ова загадување и труење на населението нема покренато никаква одговорност од надлежните институции.
  • Набавки на мазут и природен гас се обременети со силни сомнежи за коруптивни зделки.
  • Во 2021 година Република Македонија е прва членка од западен балкан која стана членка на Powering Past Coal Alliance - за напуштање на јагленот која се обврза дека до 2030 година ќе го напушти јагленот за производство на електрична енергија. Сеуште нема одговорност за ваквата “храбра“ непромислена одлука бидејќи со оваа одлука последиците по македонската економија ќе бидат екстремно негативни.
   
The post Ревизорите потврдија дека Владата и енергетските компании со своето незнаење ја оштетиле државата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги загуби преговорите поради кои германска компанија не тужи за 28 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-kovachevski-gi-zagubi-pregovorite-poradi-koi-germanska-kompanija-ne-tuzhi-za-28-milioni-evra/ Sun, 12 Feb 2023 19:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=608116

Сакајќи да го прикрие сопственото неуспешно работење и неспособноста во управување на АД ЕСМ, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски  сака да ја префрли вината на други, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на Ковачевски се однесува за период што ги опфаќа двете раководни гарнитури, на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Спорот со германската фирма, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, го губи токму тој.

Имено, тој пред новинарите во петокот на 10.2.2023 година изјавува дека за раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт.

Договорот е склучен во 2012 година е раскинат во 2016 година, од страна на тогашното раководство на ЕСМ. По тој договор е направен ремонт на блоковите 2 и 3. Според образложението за раскинувањето на договорот, тој еднострано е раскинат од ЕСМ затоа што не биле добри перформансите на извршениот ремонт. Германската компанија понудила споодба, да се приближат ставовите, но тоа не е постигнато. Чесно е да кажеме дека овој спор ќе го загубиме само прашање е колку тимот на адвокати ќе успее да го намали бараниот износ од 28 милиони евра – изјави Ковачевски.

Сакаме  да го корегираме Ковачевски да не дава паушални искази за кои постојат и докази. Најодговорно тврдиме дека преговорите за спогодба кои се случија пред да се активира арбитражниот суд,  се одвиваа уште пред  СДСМ да го преземе раководењето на АД ЕСМ, кое се случи на 4.8 2017 година. Тие преговори продолжија и после  овој датум, но сега под водство на раководната гарнитиура на СДСМ. Овие преговори за спогодба со германскиот изведувач ги изгуби токму Васко Ковачевски и тоа минатата година. И тоа во услови кога има документи од германскиот изведувач кои се  потврдени од независни надворешни консултанти дека бараните параметри за котлите не се постигнати и тоа по вина на самиот изведувач.

Зошто АД ЕСМ под  водство на Васко Ковачевски ги изгуби овие преговори  и спогодби пред арбитражниот суд кога претходното раководство на АД ЕСМ предводено од ВМРО-ДПМНЕ му остави сигурни позиции со аргументи за неисполнети технички параметри за ремонтираните котли и оправдани барања од АД ЕЛЕМ за наплата на штети?  Котел 2 и 3 имаат полоши технички карактеристики од колку пред модернизацијата. На изведувачот од Германија  не му е одобрено да работи на модернизација на котел 1 сè додека не се изврши поправка на неисполнетите барани технички параметри на котлите од блок 2 и блок 3.

Наместо да ја замајува јавноста со лаги и  небулози  за некаква штета од 28 милиони евра, требало да се погрижи почната постапка од ВМРО-ДПМНЕ да ја доврши со цел АД ЕСМ да нема никакви загуби, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ковачевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги загуби преговорите поради кои германска компанија не тужи за 28 милиони евра appeared first on Република.

Нема трансформатор за РЕК Битола, има дефект на генераторот во ТЕЦ Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-transformator-za-rek-bitola-ima-defekt-na-generatorot-vo-tec-negotino/ Mon, 14 Nov 2022 09:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=573565

Додека ги слушаме фалбите на Владата на „нашата земја“ за тоа колку енергија произвела државната компанија ЕЛЕМ, новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцнел со испораката поради некакви транспортни проблеми, велат од Комисијаta за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

АД ЕЛЕМ склучи договор за поправка на оштетениот трансформатор во РЕК Битола со ЦОМЕЛ од Србија. Исто така на 28 Јули 2022 година склучи договор за нов трансформатор за трет блок во РЕК Битола кој според склучениот договор требаше најкасно на 15 Ноември да биде монтиран на лице место и ставен во погон. И еве, 15.11. 2022 година дојде, но трансформаторот не дојде.
Сега е целосно нејасно кога и дали блок 3 во РЕК Битола ќе биде во погон или ќе го чека другиот трансформатор кој е на поправка во Србија, потсетуваат оттаму.

Oд Комисијата прашуваат - Дали ќе се наплатат пенали за доцнење и неисполнување на договорните термини?

За новиот трансформатор се склучи договор со трговска компанија Actael N Ltd од Бугарија. Од интернет може да се најдат информации дека оваа компанија е основана на 28.6.2018 година со капитал од 5.000 лева како друштво со ограничена одговорност од едно лице, а во 2019 година има само 5 вработени и вкупен обрт од 219.000 лева. Во основна дејност стои дека е купување-продажба на стоки и друга опрема во обработен и/или необработен вид.
Компанија Actael N Ltd нарачала трансформатор во фабрика ASTOR Energi Ankara - од Турција. Трансформаторот ќе бил произведен, транспортиран, монтиран и ставен во погон во експресно краток рок од 110 дена од денот на потпишување на договорот.
Вака краток рок на производство на сосема нов енергетски трансформатор со преносен однос на напонот 425/15,75 кВ (засега моќноста не е позната) практично не е можно да се реализира, велат од комисијата.

Се наметнува прашањето, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,  дали се работи за нов трансформатор или е некој стар користен и сега само се прави некоја ревизија во турската фабрика?

Затоа е неопходно директорот на АД ЕЛЕМ да излезе и јавно да каже дали се работи за комплетно нов трансформатор произведен во фабриката или само се репарира и префарбува некој стар и користен? Секако треба да ја образложи и цената која е енормно висока и изнесува 5.450.000 евра без ДДВ, склучена со бугарска компанија Actael N Ltd.
Колку информативно за споредба треба да се земе предвид дека во МЕПСО пред две години се набави комплетно нов енергетски трофазен автотрансформатор 400/110/(10,5) кВ, 300/300/(100) МВА. Цената на овој нов трансформатор изнесува 2.393.000 ЕВРА без ДДВ.
Како ќе се објасни разликата од 3.057.000 ЕВРА без ДДВ? Или со ДВВ 3.607.260 ЕВРА?.
Сега се најавува проблем со транспортот на трансформаторот бидејќи бил многу голем и тежок. Меѓутоа, ако е трансформаторот ист како постојните во РЕК Битола кои се транспортираа за поправка до Белград-Србија, зошто овој нарачан од бугарската компанија има проблем со транспортот?
Ниту трансформаторот кој е на поправка е поправен, ниту новиот трансформатор е пристигнат. Дополнително генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект и сега набрзина се поправа со некои ангажмани кои не се објавени на бирото за јавни набавки што упатува дека е тоа со омилената метода со директно преговарање без јавна објава.
Ова е вистинската состојба во енергетиката. Карактеристика на работата на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ е само добар ПР маректинг и лаги, а во суштина имаме одлевање на милиони евра за увоз на електрична енергија со пари од Буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Нема трансформатор за РЕК Битола, има дефект на генераторот во ТЕЦ Неготино appeared first on Република.

]]>

Додека ги слушаме фалбите на Владата на „нашата земја“ за тоа колку енергија произвела државната компанија ЕЛЕМ, новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцнел со испораката поради некакви транспортни проблеми, велат од Комисијаta за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. АД ЕЛЕМ склучи договор за поправка на оштетениот трансформатор во РЕК Битола со ЦОМЕЛ од Србија. Исто така на 28 Јули 2022 година склучи договор за нов трансформатор за трет блок во РЕК Битола кој според склучениот договор требаше најкасно на 15 Ноември да биде монтиран на лице место и ставен во погон. И еве, 15.11. 2022 година дојде, но трансформаторот не дојде. Сега е целосно нејасно кога и дали блок 3 во РЕК Битола ќе биде во погон или ќе го чека другиот трансформатор кој е на поправка во Србија, потсетуваат оттаму.
Oд Комисијата прашуваат - Дали ќе се наплатат пенали за доцнење и неисполнување на договорните термини?
За новиот трансформатор се склучи договор со трговска компанија Actael N Ltd од Бугарија. Од интернет може да се најдат информации дека оваа компанија е основана на 28.6.2018 година со капитал од 5.000 лева како друштво со ограничена одговорност од едно лице, а во 2019 година има само 5 вработени и вкупен обрт од 219.000 лева. Во основна дејност стои дека е купување-продажба на стоки и друга опрема во обработен и/или необработен вид. Компанија Actael N Ltd нарачала трансформатор во фабрика ASTOR Energi Ankara - од Турција. Трансформаторот ќе бил произведен, транспортиран, монтиран и ставен во погон во експресно краток рок од 110 дена од денот на потпишување на договорот. Вака краток рок на производство на сосема нов енергетски трансформатор со преносен однос на напонот 425/15,75 кВ (засега моќноста не е позната) практично не е можно да се реализира, велат од комисијата.
Се наметнува прашањето, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,  дали се работи за нов трансформатор или е некој стар користен и сега само се прави некоја ревизија во турската фабрика?
Затоа е неопходно директорот на АД ЕЛЕМ да излезе и јавно да каже дали се работи за комплетно нов трансформатор произведен во фабриката или само се репарира и префарбува некој стар и користен? Секако треба да ја образложи и цената која е енормно висока и изнесува 5.450.000 евра без ДДВ, склучена со бугарска компанија Actael N Ltd. Колку информативно за споредба треба да се земе предвид дека во МЕПСО пред две години се набави комплетно нов енергетски трофазен автотрансформатор 400/110/(10,5) кВ, 300/300/(100) МВА. Цената на овој нов трансформатор изнесува 2.393.000 ЕВРА без ДДВ. Како ќе се објасни разликата од 3.057.000 ЕВРА без ДДВ? Или со ДВВ 3.607.260 ЕВРА?. Сега се најавува проблем со транспортот на трансформаторот бидејќи бил многу голем и тежок. Меѓутоа, ако е трансформаторот ист како постојните во РЕК Битола кои се транспортираа за поправка до Белград-Србија, зошто овој нарачан од бугарската компанија има проблем со транспортот? Ниту трансформаторот кој е на поправка е поправен, ниту новиот трансформатор е пристигнат. Дополнително генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект и сега набрзина се поправа со некои ангажмани кои не се објавени на бирото за јавни набавки што упатува дека е тоа со омилената метода со директно преговарање без јавна објава. Ова е вистинската состојба во енергетиката. Карактеристика на работата на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ е само добар ПР маректинг и лаги, а во суштина имаме одлевање на милиони евра за увоз на електрична енергија со пари од Буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Нема трансформатор за РЕК Битола, има дефект на генераторот во ТЕЦ Неготино appeared first on Република.

]]>
Власта најавува најтешка зима на енергетски план https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-najavuva-najteshka-zima-na-energetski-plan/ Thu, 28 Jul 2022 06:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=534048

Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја.

Од ЕСМ уверуваат дека целосно ќе ги задоволат потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека сите неопходни набавки се направени навремено и по поволни цени. За набавка на досега испорачаниот мазут потрошени се околу 25 милиони евра, а за јагленот околу 30 милиони евра. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија, како што вчера изјави Ковачевски, ќе се увезе, но тоа според него, би биле многу мали количини.

– Имаме доволно количини и одговорно може да тврдам дека како држава во моментов набавуваме јаглен со најниска цена во регионот. За набавка на мазут имаме склучено договор уште во март за 140 илјади тони. Од нив, досега се испорачани околу 35 илјади тони, а во наредните три месеци треба да се испорачаат уште 105 илјади тони. АД ЕСМ досега стопроцентно ги задоволува потребите за електрична енергија на регулираниот пазар и немаше потреба од набавка на струја од увоз. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија тогаш ќе увеземе, но тоа ќе бидат многу мали количини. Согласно планот за производство се предвидува до април стопроцентно да ги испорачаме сите потреби за енергија за ЕВН Хоум, Електродистрибуција и за МЕПСО, рече Ковачевски по средбата со Македонската енергетска асоцијација.

Сега пристигнуваат количества јаглен од набавките кои се вршени во март, април и мај за кои се склучени договори, а според директорот на ЕСМ дополнително ќе се набават нови количества што ќе се испорачуваат од ноември до април. Просечната цена за набавениот јаглен, како што изјави, е од 55 до 62 евра по тон, а на берзата чини од 90 до 120 евра за тон.

Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети кои произведуваат електрична енергија. Покрај двата блока на РЕК Битола, се очекува во функција да биде ставен и третиот блок за кој е склучен договор за набавка на нов трансформатор и се поправа и стариот. Како што изјави Ковачевски, очекувањата се дека во октомври ќе биде ставен во функција.

– Со почетокот на грејната сезона РЕК „Битола“ ќе биде стопроцентно во функција и ќе произведува електрична енергија максимално со трите блокови. РЕК „Осломеј“ во моментов е во застој и се работи на ремонтните активности. Во рок од 60 дена ќе се подготви за функционирање во наредната грејна сезона и се очекува во текот на септември да биде ставен во функција. За двата капацитети работиме на зголемен ископ на сопствен јаглен и во Битола и во Осломеј, паралелно на тоа се извршени набавки и се склучени договори за испорака на јаглен од Грција и Албанија. Се прават напори за набавка на дополнителни количини на јаглен од Косово, рече Ковачевски.

Со прогласувањето на кризната состојба во август се очекува да почнат да се имплементираат и барањата на бизнис секторот – во текот на зимата да не се затворат границите за увоз на електрична енергија и тоа Владата да го искомуницира со Србија и Бугарија, да се зголеми производството на електрична енергија – ТЕЦ „Неготино“ и „Те-То“ да работат во зима, а мазутот да се пушти на слободниот пазар, како и да им се овозможи на капацитетите од лесната незагадувачка индустрија полесно и легално да поставуваат фотоволтаици.

Заменик-претседателот на Стопанската комора и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев вчера побара од институциите да овозможат 40-тината инсталирани мегавати во фотоволтаици и мали електрани што побрзо да се приклучат на електроенергетскиот систем, зашто секој мегават, како што рече, е „чисто злато“ и многу значаен за државата.

Се апелира и до граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да се насочи кон стопанството. Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика и опозицијата да биде конструктивна и да овозможи реализирање на мерките за поддршка на стопанството.

– За да се усвои уредба, мора прво да се прогласи енергетска криза. Без тоа, уредби и мерки не може да усвои Владата. А ако поминат 30 дена од тоа прогласување, тогаш тоа треба да го направи Собранието каде како одговорни политичари кои сме ја добиле довербата од граѓаните, треба да им олесниме на институциите и индустријата и да го ублажиме негатиовниот ефект. И опозицијата да се вклучи, го повикав Мицкоски, ако треба и кај нив ќе одиме и во Собрание можеме да дискутираме за вакви работи. Овие одлуки не се носат за ништо друго, само за да и се излезе во пресрет на индустријата, изјави вчера Бектеши по состанокот во МЕА.

The post Власта најавува најтешка зима на енергетски план appeared first on Република.

]]>

Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја. Од ЕСМ уверуваат дека целосно ќе ги задоволат потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека сите неопходни набавки се направени навремено и по поволни цени. За набавка на досега испорачаниот мазут потрошени се околу 25 милиони евра, а за јагленот околу 30 милиони евра. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија, како што вчера изјави Ковачевски, ќе се увезе, но тоа според него, би биле многу мали количини.
– Имаме доволно количини и одговорно може да тврдам дека како држава во моментов набавуваме јаглен со најниска цена во регионот. За набавка на мазут имаме склучено договор уште во март за 140 илјади тони. Од нив, досега се испорачани околу 35 илјади тони, а во наредните три месеци треба да се испорачаат уште 105 илјади тони. АД ЕСМ досега стопроцентно ги задоволува потребите за електрична енергија на регулираниот пазар и немаше потреба од набавка на струја од увоз. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија тогаш ќе увеземе, но тоа ќе бидат многу мали количини. Согласно планот за производство се предвидува до април стопроцентно да ги испорачаме сите потреби за енергија за ЕВН Хоум, Електродистрибуција и за МЕПСО, рече Ковачевски по средбата со Македонската енергетска асоцијација.
Сега пристигнуваат количества јаглен од набавките кои се вршени во март, април и мај за кои се склучени договори, а според директорот на ЕСМ дополнително ќе се набават нови количества што ќе се испорачуваат од ноември до април. Просечната цена за набавениот јаглен, како што изјави, е од 55 до 62 евра по тон, а на берзата чини од 90 до 120 евра за тон. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети кои произведуваат електрична енергија. Покрај двата блока на РЕК Битола, се очекува во функција да биде ставен и третиот блок за кој е склучен договор за набавка на нов трансформатор и се поправа и стариот. Како што изјави Ковачевски, очекувањата се дека во октомври ќе биде ставен во функција. – Со почетокот на грејната сезона РЕК „Битола“ ќе биде стопроцентно во функција и ќе произведува електрична енергија максимално со трите блокови. РЕК „Осломеј“ во моментов е во застој и се работи на ремонтните активности. Во рок од 60 дена ќе се подготви за функционирање во наредната грејна сезона и се очекува во текот на септември да биде ставен во функција. За двата капацитети работиме на зголемен ископ на сопствен јаглен и во Битола и во Осломеј, паралелно на тоа се извршени набавки и се склучени договори за испорака на јаглен од Грција и Албанија. Се прават напори за набавка на дополнителни количини на јаглен од Косово, рече Ковачевски. Со прогласувањето на кризната состојба во август се очекува да почнат да се имплементираат и барањата на бизнис секторот – во текот на зимата да не се затворат границите за увоз на електрична енергија и тоа Владата да го искомуницира со Србија и Бугарија, да се зголеми производството на електрична енергија – ТЕЦ „Неготино“ и „Те-То“ да работат во зима, а мазутот да се пушти на слободниот пазар, како и да им се овозможи на капацитетите од лесната незагадувачка индустрија полесно и легално да поставуваат фотоволтаици. Заменик-претседателот на Стопанската комора и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев вчера побара од институциите да овозможат 40-тината инсталирани мегавати во фотоволтаици и мали електрани што побрзо да се приклучат на електроенергетскиот систем, зашто секој мегават, како што рече, е „чисто злато“ и многу значаен за државата. Се апелира и до граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да се насочи кон стопанството. Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика и опозицијата да биде конструктивна и да овозможи реализирање на мерките за поддршка на стопанството.
– За да се усвои уредба, мора прво да се прогласи енергетска криза. Без тоа, уредби и мерки не може да усвои Владата. А ако поминат 30 дена од тоа прогласување, тогаш тоа треба да го направи Собранието каде како одговорни политичари кои сме ја добиле довербата од граѓаните, треба да им олесниме на институциите и индустријата и да го ублажиме негатиовниот ефект. И опозицијата да се вклучи, го повикав Мицкоски, ако треба и кај нив ќе одиме и во Собрание можеме да дискутираме за вакви работи. Овие одлуки не се носат за ништо друго, само за да и се излезе во пресрет на индустријата, изјави вчера Бектеши по состанокот во МЕА.

The post Власта најавува најтешка зима на енергетски план appeared first on Република.

]]>
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-postoi-moznost-da-se-namali-cenata-na-nafteni-derivati-preku-namaluvanje-na-akcizite/ Mon, 07 Feb 2022 17:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=455317

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите.

При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите.

Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1.

И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2).

Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија.

Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено, пишува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

The post Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? appeared first on Република.

]]>

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите.
При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите. Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1. И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2). Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија. Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено, пишува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
 
The post Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? appeared first on Република.

]]>