комисија за дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-diskriminatsija/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 14:03:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комисија за дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komisija-za-diskriminatsija/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-primi-chlenovi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ Wed, 17 Jul 2024 14:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=797726

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човековите права.

Нагласувајќи ја исклучително важната улога на КСЗД, како самостоен и независен орган, претседателката Сиљановска Давкова ја изрази нејзината безусловна поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, како основен предуслов за градење демократско општество.

На средбата присуствуваа претседателот на Комисијата Игор Јадровски, заменик претседателот Лимко Бејзароски и членовите Флора Кадриу, Драгана Дрндаревска и Душан Томшиќ.

The post Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kszd-utvrdi-neednakov-tretman-kon-graganite-koi-platile-za-da-promenat-vozachki-i-soobrakajni-dozvoli/ Wed, 14 Feb 2024 14:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=744124

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.

Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.

Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.

Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, дополнуваат оттаму.

The post КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата. Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.
Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.
Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.
Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, дополнуваат оттаму.

The post КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи appeared first on Република.

]]>
Бендевска ја најави тужбата против државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-ja-najavi-tuzhbata-protiv-drzhavata/ Thu, 05 Oct 2023 11:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=688165

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијата, истакна денеска претседателката Весна Бендевска.

На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга истакна дека од формирањето на Комисијата, пред две ипол години, до сега работеле на околу 850 претставки.

Оваа година до крајот на септември Комисијата работеше на околу 430 претствки за разлика од лани, кога вкупниот број на претставки за 12 месеци беше 320. Еклатантно се зголемува бројот на претставки, кои се поднесуваат пред Комисијата, изјави Бендевска пред почетокот на средбата.

Целта на средбите, според неа, е граѓаните и невладиниот сектор да бидат запознаени со работата на Комисијата, да биде претставен Законот за спречување и заштита од дискриминација и наједноставно и најлесно да можат да поднесуваат претставки кога ќе се почувствуваат дискриминирани од страна на органи на државна управа или приватни субјекти.

Комисијата, нагласи Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46.

Тоа е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици, рече Бендевска.

Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, тие ученици немаат еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници и подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука.

Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме пред граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата ќе е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.

Во однос на претставките на граѓаните со бугарска самосвест, рече дека значително се намалени, но во пораст бил бројот по други дискриминаторски основи.

The post Бендевска ја најави тужбата против државата appeared first on Република.

]]>

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијата, истакна денеска претседателката Весна Бендевска. На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга истакна дека од формирањето на Комисијата, пред две ипол години, до сега работеле на околу 850 претставки.
Оваа година до крајот на септември Комисијата работеше на околу 430 претствки за разлика од лани, кога вкупниот број на претставки за 12 месеци беше 320. Еклатантно се зголемува бројот на претставки, кои се поднесуваат пред Комисијата, изјави Бендевска пред почетокот на средбата.
Целта на средбите, според неа, е граѓаните и невладиниот сектор да бидат запознаени со работата на Комисијата, да биде претставен Законот за спречување и заштита од дискриминација и наједноставно и најлесно да можат да поднесуваат претставки кога ќе се почувствуваат дискриминирани од страна на органи на државна управа или приватни субјекти. Комисијата, нагласи Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети. Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46.
Тоа е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици, рече Бендевска.
Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, тие ученици немаат еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници и подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука.
Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме пред граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата ќе е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.
Во однос на претставките на граѓаните со бугарска самосвест, рече дека значително се намалени, но во пораст бил бројот по други дискриминаторски основи.

The post Бендевска ја најави тужбата против државата appeared first on Република.

]]>
Фали третина од учебниците, можна е тужба против МОН поради дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fali-tretina-od-uchebnitsite-mozhna-e-tuzhba-protiv-mon-poradi-diskriminatsija/ Mon, 04 Sep 2023 13:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=678671

Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници. По сите наставни предмети и на сите наставни јазици учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти денеска Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН.

По минатогодишното доцнење на учебниците и констатацијата од КСЗД дека е направена продолжена дискриминација врз учениците, Комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај.

Според извештајот што бил пратен од МОН, една третина од учебниците и оваа година не се обезбедени. Како што рече Весна Бендевска, член на КСЗД,  утврдиле дека МОН не ја отстранило повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема популација ученици од основното образование во зададениот рок (31 август), што било негова законска обврска.

Со ваков недостиг на учебници, констатираната дискриминација не само што не е отстранета за оваа учебна година, туку е од многу поголеми размери од оние што Комисијата ги утврди на крајот на јуни 2023 година, истакна Бендевска.

Ги напомна меѓународните конвенции за право на образование, како и дека е тоа загарантирано со нашиот Устав, но со оглед дека КСЗД има надлежност да укажува, решение за неспроведената препорака, рече, е судската заштита од дискриминација.

На седница на Комисијата утре таа ќе извести за неисполнетата препорака и ќе  се одлучува  за евентуална судска тужба за случај од јавен интерес односно за системска и продолжена дискриминација на учениците. Тоа би било прв случај КСЗД да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.

Кога една препорака не е спроведена, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор. Но, во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација. Голем број ученици кои учат на различни јазици во основното образование остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаења и образување. Таквата форма на дискриминација, според законот, е структурна, системска, што ја прават институциите. Во таков случај Комисијата, согласно законот, има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, истакна Бендевска.

Таа го претстави извештајот добиен од МОН за статусот на сите учебници што се потребни во основното образование. За учебниците што недостигаат често била наведена формулацијата „во завршна фаза“, или „пред печатење“, или дека на објавен повик за учебници нема пријавено автори, или тие се „несоодветни според нормативот за наставен кадар“, а повици за авторски тимови за изработка на учебници МОН има објавувано и откако учебната година е почната.

Според извештајот, по ниту еден задолжителен предмети учебници ќе немаат учениците од шесто одделение – вкупно 10 наставни предмети за кои сѐ уште нема одобрување.

Учениците од трето одделение ја почнуваат оваа година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Учебниците по македонски, албански, турски и босански јазик не се готови. Допрва следува нивно „печатење, преведување и дистрибуција“ што МОН го нарекува „завршна фаза“. Во истата фаза се и учебниците по природни науки и општество. Учебникот по српски јазик нема ни одобрение од Националната комисија. Учебник по математика ќе нема, ниту досега е распишан јавен повик за формирање авторски тим, а истиот ќе треба да се преведе и на сите други наставни јазици, соопшти Бендевска.

Вкупно 20 учебници по странски јазици, како прв или втор предмет во сите девет одделенија, сѐ уште немаат одобрение за употреба од Педагошката служба и сите, во извештајот од МОН, имале статус: „во напредна фаза на одобрување“.

Ако се има предвид законската одредба дека јавниот повик за овие учебници трае од 10 дена до три месеци, Комисијата не може да утврди кога овие учебници би биле дистрибуирани до учениците, рече Бендевска.

Учебник по македонски јазик ќе немаат учениците кои настава следат на албански, турски, српски и босански од четврто, петто и од шесто одделение, иако тој е задолжителен предмет.

Учебникот за Историја и општество, кој беше повлечен во мај годинава поради крупни грешки, ќе го немаат ни годинашните петтоодделенци. Тврдењето на МОН, рече Бендевска, е дека ракописот од нов авторски тим бил во фаза на одобрување.

Проблематични се одделенијата за кои се работат нови наставни програми, и следствено нови учебници, согласно Концепцијата за основно образование од 2020-ра која до оваа учебна година етапно се примени до шесто одделени. Така што учениците од седмо, осмо и деветто одделение, кои сѐ уште не се опфатени со реформата, ќе учат по стари наставни програми и ќе ги користат старите учебници, освен учебникот по Географија кој, иако е одобрен, не може да се користи поради, како што навело МОН во извештајот, „проблеми со преносот на материјалните авторски права со авторот“

За предметот Историја за седмо одделение (два учебника), Историја за осмо и Историја за деветто одделение (два учебника од различни издавачи), МОН  соопштило дека „во моментов не нарачува дополнителен тираж заради историската комисија“.

Не можеме да утврдиме дали ова значи дека учениците ќе ги користат постоечките одобрени учебници по Историја или не, додаде Бендевска.

МОН не постапило на препораката од КСЗД од јуни годинава - по итна постапка да се направат измени Законот за учебници за основно и средно образование за да се упростат процедурите за изработка на учебници.

Во однос на одговорот од МОН дека за некои предмети нема интерес односно не се јавуваат автори на повиците за изработка на учебници, Бендевска укажа на членот 17-а од Законот за учебници, според кој ако на конкурсот не се пријави ниту еден автор со ракопис за учебник или ако конкурсот се објавува за предмет што се воведува првпат во образованието, министерот, по предлог на Педагошката служба, треба да формира авторски тим за изработка на ракопис за учебник.

The post Фали третина од учебниците, можна е тужба против МОН поради дискриминација appeared first on Република.

]]>

Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници. По сите наставни предмети и на сите наставни јазици учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти денеска Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН. По минатогодишното доцнење на учебниците и констатацијата од КСЗД дека е направена продолжена дискриминација врз учениците, Комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај. Според извештајот што бил пратен од МОН, една третина од учебниците и оваа година не се обезбедени. Како што рече Весна Бендевска, член на КСЗД,  утврдиле дека МОН не ја отстранило повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема популација ученици од основното образование во зададениот рок (31 август), што било негова законска обврска.
Со ваков недостиг на учебници, констатираната дискриминација не само што не е отстранета за оваа учебна година, туку е од многу поголеми размери од оние што Комисијата ги утврди на крајот на јуни 2023 година, истакна Бендевска.
Ги напомна меѓународните конвенции за право на образование, како и дека е тоа загарантирано со нашиот Устав, но со оглед дека КСЗД има надлежност да укажува, решение за неспроведената препорака, рече, е судската заштита од дискриминација. На седница на Комисијата утре таа ќе извести за неисполнетата препорака и ќе  се одлучува  за евентуална судска тужба за случај од јавен интерес односно за системска и продолжена дискриминација на учениците. Тоа би било прв случај КСЗД да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.
Кога една препорака не е спроведена, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор. Но, во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација. Голем број ученици кои учат на различни јазици во основното образование остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаења и образување. Таквата форма на дискриминација, според законот, е структурна, системска, што ја прават институциите. Во таков случај Комисијата, согласно законот, има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, истакна Бендевска.
Таа го претстави извештајот добиен од МОН за статусот на сите учебници што се потребни во основното образование. За учебниците што недостигаат често била наведена формулацијата „во завршна фаза“, или „пред печатење“, или дека на објавен повик за учебници нема пријавено автори, или тие се „несоодветни според нормативот за наставен кадар“, а повици за авторски тимови за изработка на учебници МОН има објавувано и откако учебната година е почната. Според извештајот, по ниту еден задолжителен предмети учебници ќе немаат учениците од шесто одделение – вкупно 10 наставни предмети за кои сѐ уште нема одобрување.
Учениците од трето одделение ја почнуваат оваа година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Учебниците по македонски, албански, турски и босански јазик не се готови. Допрва следува нивно „печатење, преведување и дистрибуција“ што МОН го нарекува „завршна фаза“. Во истата фаза се и учебниците по природни науки и општество. Учебникот по српски јазик нема ни одобрение од Националната комисија. Учебник по математика ќе нема, ниту досега е распишан јавен повик за формирање авторски тим, а истиот ќе треба да се преведе и на сите други наставни јазици, соопшти Бендевска.
Вкупно 20 учебници по странски јазици, како прв или втор предмет во сите девет одделенија, сѐ уште немаат одобрение за употреба од Педагошката служба и сите, во извештајот од МОН, имале статус: „во напредна фаза на одобрување“.
Ако се има предвид законската одредба дека јавниот повик за овие учебници трае од 10 дена до три месеци, Комисијата не може да утврди кога овие учебници би биле дистрибуирани до учениците, рече Бендевска.
Учебник по македонски јазик ќе немаат учениците кои настава следат на албански, турски, српски и босански од четврто, петто и од шесто одделение, иако тој е задолжителен предмет. Учебникот за Историја и општество, кој беше повлечен во мај годинава поради крупни грешки, ќе го немаат ни годинашните петтоодделенци. Тврдењето на МОН, рече Бендевска, е дека ракописот од нов авторски тим бил во фаза на одобрување. Проблематични се одделенијата за кои се работат нови наставни програми, и следствено нови учебници, согласно Концепцијата за основно образование од 2020-ра која до оваа учебна година етапно се примени до шесто одделени. Така што учениците од седмо, осмо и деветто одделение, кои сѐ уште не се опфатени со реформата, ќе учат по стари наставни програми и ќе ги користат старите учебници, освен учебникот по Географија кој, иако е одобрен, не може да се користи поради, како што навело МОН во извештајот, „проблеми со преносот на материјалните авторски права со авторот“ За предметот Историја за седмо одделение (два учебника), Историја за осмо и Историја за деветто одделение (два учебника од различни издавачи), МОН  соопштило дека „во моментов не нарачува дополнителен тираж заради историската комисија“.
Не можеме да утврдиме дали ова значи дека учениците ќе ги користат постоечките одобрени учебници по Историја или не, додаде Бендевска.
МОН не постапило на препораката од КСЗД од јуни годинава - по итна постапка да се направат измени Законот за учебници за основно и средно образование за да се упростат процедурите за изработка на учебници. Во однос на одговорот од МОН дека за некои предмети нема интерес односно не се јавуваат автори на повиците за изработка на учебници, Бендевска укажа на членот 17-а од Законот за учебници, според кој ако на конкурсот не се пријави ниту еден автор со ракопис за учебник или ако конкурсот се објавува за предмет што се воведува првпат во образованието, министерот, по предлог на Педагошката служба, треба да формира авторски тим за изработка на ракопис за учебник.

The post Фали третина од учебниците, можна е тужба против МОН поради дискриминација appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-i-sprechuvane-diskriminatsija-ke-razgleda-shto-vetila-vladata-kon-behtel-i-enka-za-pogolema-rabotna-nedela/ Tue, 11 Apr 2023 11:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=629824

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-milionskite-penali-shto-ke-gi-plakame-ako-ne-se-zgolemi-rabotnata-nedela-kako-shto-potpisha-vladata/

Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.

The post Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум. https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-milionskite-penali-shto-ke-gi-plakame-ako-ne-se-zgolemi-rabotnata-nedela-kako-shto-potpisha-vladata/ Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.
 
The post Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела appeared first on Република.

]]>
Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-diskriminatsija-konstatira-deka-jankulovska-e-diskriminirana-vo-zatvorot-idrizovo-poradi-toa-shto-e-od-zhenski-pol/ Mon, 20 Mar 2023 13:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=621585

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години.

Комијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.

Конкретно, на Јанкуловска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.

Комисијата во обраложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение.

Комисијата и препорачува на Упрвата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.

The post Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години. Комијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол. Конкретно, на Јанкуловска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање. Комисијата во обраложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение. Комисијата и препорачува на Упрвата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.  

The post Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол appeared first on Република.

]]>