комерцијална банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komercijalna-banka/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 11:34:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комерцијална банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komercijalna-banka/ 32 32 КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/khv-i-izdade-dozvola-na-komertsijalna-banka-za-davane-ponuda-za-prezemane-na-stopanska-banka-ad-bitola/ Thu, 22 Aug 2024 11:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=809055

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола.

Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.

Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена, информира КХВ.

Комерцијална банка на 13-ти месецов објави дека нуди 3.200 денари по акција за преземање на Стопанска банка АД Битола, откако од Народната банка и била издадена претходна согласност за стекнување капитален дел од 100 проценти од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Претходно, Стопанска банка АД Битола сподели дека Управниот одбор на 1 август согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва добил известување од Комерцијална банка АД Скопје дека има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола

На денешната седница на Комисијата за хартии од вредност е издадена и една дозвола за работење на инвестициски агент коj има склучено договор за продажба на удели со КБ Инвест АД Скопје.

The post КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола appeared first on Република.

]]>

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција. Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена, информира КХВ. Комерцијална банка на 13-ти месецов објави дека нуди 3.200 денари по акција за преземање на Стопанска банка АД Битола, откако од Народната банка и била издадена претходна согласност за стекнување капитален дел од 100 проценти од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Претходно, Стопанска банка АД Битола сподели дека Управниот одбор на 1 август согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва добил известување од Комерцијална банка АД Скопје дека има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола На денешната седница на Комисијата за хартии од вредност е издадена и една дозвола за работење на инвестициски агент коj има склучено договор за продажба на удели со КБ Инвест АД Скопје.

The post КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола appeared first on Република.

]]>
„Комерцијална банка“ е во преговори со повеќе инвеститори за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komertsijalna-banka-e-vo-pregovori-so-poveke-investitori-za-prodazhba-na-imotot-i-opremata-na-euronikel/ Tue, 23 Jan 2024 15:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=734637

Откако последниве денови во јавноста и медиумите се појави интерес за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“, од „Комерцијална банка“ ја информираат пошироката јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.

Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес, велат од „Комерцијална банка“.

Оттаму истакнуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и „Комерцијална банка“ е слободна да ги продава без никакви ограничувања.

The post „Комерцијална банка“ е во преговори со повеќе инвеститори за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“ appeared first on Република.

]]>

Откако последниве денови во јавноста и медиумите се појави интерес за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“, од „Комерцијална банка“ ја информираат пошироката јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.
Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.   Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес, велат од „Комерцијална банка“.
Оттаму истакнуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и „Комерцијална банка“ е слободна да ги продава без никакви ограничувања.

The post „Комерцијална банка“ е во преговори со повеќе инвеститори за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“ appeared first on Република.

]]>
КБ: Научени сме газдите на пропаднатите фирми за своите слабости да ги обвинуваат банките https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kb-naucheni-sme-gazdite-na-propadnatite-firmi-za-svoite-slabosti-da-gi-obvinuvaat-bankite/ Mon, 22 Aug 2022 20:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=543032

Во банкарството одамна сме научени сопствениците на пропаднати фирми, како Златко Тодоров од Кубус, а сега и Трифун Костовски од Еуростандард банка, за своите слабости, лошо и незаконско работење да ги обвинуваат банките, реагира Комерцијална банка откако мнозинскиот сопственик на Еуростандард банка, Трифун Костовски на прес – конференција го обелодени извештајот за пропаѓањето на банката и обвини дека во Македонија функционира шема меѓу банките за незаконско финансирање на чело со Комерцијална банка.

Според нив, од долгонајавуваната кампања единственото „ново“ било повторното презентирање на наводниот „случај Кубус“ и наводна вмешаност на повеќе банки, меѓу кои и Комерцијална банка, во некаква си шема за незаконско финансирање.

-А, самите тие потврдија дека „случајот Кубус“ е процесуиран во Обвинителството (но, и со контроли на НБМ) и притоа не се утврдени неправилности и незаконитости во работењето на Комерцијална банка. Или пак за правда и законитост може да зборуваме само ако се според мислењето и волјата на Тасева и Костовски, велат од Комерцијална.

Тие тврдат дека експертите кои ги ангажирал Костовски не побарале никаква документација или состанок за да ги презентираат своите „наоди“ и да ги слушнат аргументите на банките.

-Тие само се повеле од укажувањата на сопствениците на пропаднатите фирми и на Еуростандард банка, а кои пак признаа дека ги плаќаат „експертите“ од имот кој не им бил замрзнат, за сега да бидеме наивни и да треба да веруваме во независно мислење.

Впрочем како што е наведено и во Правните напомени содржани во самиот извештај на „меѓународните експерти“, нивниот извештај „се заснова на информациите, документите и помошта обезбедена исклучиво од страна на клиентот“ и „не може да се гарантира дека тие информации се точни“, како и дека „компанијата Р.У.Р. ДОО нема да се смета за одговорна за какви било грешки, пропусти, недостатоци или погрешни толкувања на информациите или каква било загуба или штета“, додаваат од банката.

За нив овие експерти не се релевантни, а Комерцијална редовно ја контролирале меѓународни ревизорски куќи со увид во документацијата и НБМ со своите годишни и други ревизии и тие не утврдиле никакви неправилности и незаконитости во работењето на банката.

За стечајот на Еуростандард, според Комерцијална банка единствени виновници се одговорните лица во Надзорниот одбор, Управниот одбор и лицата со кредитни овластувања, кои со погрешни кредитни одлуки ја довеле банката во стечај.

-А, според член 181 од Законот за банките, „тој што со своето работење ќе ги прекрши одредбите на овој закон, со што ќе придонесе за отворање стечајна постапка кај банка и ќе предизвика штета за доверителите на банката, ќе се казни со затвор од три до десет години“, додаваат од банката.

The post КБ: Научени сме газдите на пропаднатите фирми за своите слабости да ги обвинуваат банките appeared first on Република.

]]>

Во банкарството одамна сме научени сопствениците на пропаднати фирми, како Златко Тодоров од Кубус, а сега и Трифун Костовски од Еуростандард банка, за своите слабости, лошо и незаконско работење да ги обвинуваат банките, реагира Комерцијална банка откако мнозинскиот сопственик на Еуростандард банка, Трифун Костовски на прес – конференција го обелодени извештајот за пропаѓањето на банката и обвини дека во Македонија функционира шема меѓу банките за незаконско финансирање на чело со Комерцијална банка. Според нив, од долгонајавуваната кампања единственото „ново“ било повторното презентирање на наводниот „случај Кубус“ и наводна вмешаност на повеќе банки, меѓу кои и Комерцијална банка, во некаква си шема за незаконско финансирање.
-А, самите тие потврдија дека „случајот Кубус“ е процесуиран во Обвинителството (но, и со контроли на НБМ) и притоа не се утврдени неправилности и незаконитости во работењето на Комерцијална банка. Или пак за правда и законитост може да зборуваме само ако се според мислењето и волјата на Тасева и Костовски, велат од Комерцијална.
Тие тврдат дека експертите кои ги ангажирал Костовски не побарале никаква документација или состанок за да ги презентираат своите „наоди“ и да ги слушнат аргументите на банките.
-Тие само се повеле од укажувањата на сопствениците на пропаднатите фирми и на Еуростандард банка, а кои пак признаа дека ги плаќаат „експертите“ од имот кој не им бил замрзнат, за сега да бидеме наивни и да треба да веруваме во независно мислење.
Впрочем како што е наведено и во Правните напомени содржани во самиот извештај на „меѓународните експерти“, нивниот извештај „се заснова на информациите, документите и помошта обезбедена исклучиво од страна на клиентот“ и „не може да се гарантира дека тие информации се точни“, како и дека „компанијата Р.У.Р. ДОО нема да се смета за одговорна за какви било грешки, пропусти, недостатоци или погрешни толкувања на информациите или каква било загуба или штета“, додаваат од банката. За нив овие експерти не се релевантни, а Комерцијална редовно ја контролирале меѓународни ревизорски куќи со увид во документацијата и НБМ со своите годишни и други ревизии и тие не утврдиле никакви неправилности и незаконитости во работењето на банката. За стечајот на Еуростандард, според Комерцијална банка единствени виновници се одговорните лица во Надзорниот одбор, Управниот одбор и лицата со кредитни овластувања, кои со погрешни кредитни одлуки ја довеле банката во стечај.