коментари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komentari/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 11:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коментари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komentari/ 32 32 Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/negova-odgovornost-bilo-da-brishi-komentari-sluchajot-dobro-zoshto-odi-na-sud/ Wed, 26 Jun 2024 11:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=790983

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт.

На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.

Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов.
Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.

Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“:

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт. На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.
Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов. Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.
Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“: https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>
„Дремевте ко мисири, што не го кажа ова на говорница?“ ѝ порачаа граѓаните на статусот на Костадиновска Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dremevte-ko-misiri-shto-ne-go-kazha-ova-na-govornitsa-porachaa-graganite-na-statusot-na-kostadinovska-stojchevska/ Wed, 29 May 2024 08:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=782657

„Многу храбро вака на Фејсбук“, „Што не го кажавте ова на говорница?“, „Зошто сте пратеничка“, се само дел од коментарите кои граѓаните ги оставија под статусот на пратеничката од СДСМ и довчерашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, преку кој таа порача дека новиот собраниски спикер Африм Гаши го прекршил Уставот и Законот за македонски јазик со тоа што заклетвата ја даде прво на македонски, а потоа на албански јазик.

Покрај македонскиот јазик, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда. Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите, порача меѓудругото Костадиновска Стојчевска.

Но, не од собраниската говорница за време на конститутивната седница, туку преку „Фејсбук“.

Тоа што ни таа и ниту еден од нејзините сопартијци од СДСМ кои добија пратенички мандати во новото Собрание не се јавија за збор и не станаа ни еднаш да учествуваат во дискусијата која се водеше вчера, ги разлути и граѓаните, но и останатите членови на СДСМ.

Прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ од однесувањето на пратениците од СДСМ, а му се придружија и многу други сопартијци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dechki-aj-po-doma-dosta-beshe-im-poracha-kichevski-na-sopartijtsite-pratenitsi-od-sdsm/

The post „Дремевте ко мисири, што не го кажа ова на говорница?“ ѝ порачаа граѓаните на статусот на Костадиновска Стојчевска appeared first on Република.

]]>

„Многу храбро вака на Фејсбук“, „Што не го кажавте ова на говорница?“, „Зошто сте пратеничка“, се само дел од коментарите кои граѓаните ги оставија под статусот на пратеничката од СДСМ и довчерашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, преку кој таа порача дека новиот собраниски спикер Африм Гаши го прекршил Уставот и Законот за македонски јазик со тоа што заклетвата ја даде прво на македонски, а потоа на албански јазик.
Покрај македонскиот јазик, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда. Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите, порача меѓудругото Костадиновска Стојчевска.
Но, не од собраниската говорница за време на конститутивната седница, туку преку „Фејсбук“. Тоа што ни таа и ниту еден од нејзините сопартијци од СДСМ кои добија пратенички мандати во новото Собрание не се јавија за збор и не станаа ни еднаш да учествуваат во дискусијата која се водеше вчера, ги разлути и граѓаните, но и останатите членови на СДСМ. Прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ од однесувањето на пратениците од СДСМ, а му се придружија и многу други сопартијци. https://republika.mk/vesti/makedonija/dechki-aj-po-doma-dosta-beshe-im-poracha-kichevski-na-sopartijtsite-pratenitsi-od-sdsm/

The post „Дремевте ко мисири, што не го кажа ова на говорница?“ ѝ порачаа граѓаните на статусот на Костадиновска Стојчевска appeared first on Република.

]]>
„Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ste-bile-vo-uchilnitsa-vo-juni-ministre-roditelite-gnevni-na-odlukata-za-raspust-kaj-shakiri-izbrishani-site-loshi-komentari/ Wed, 26 Jul 2023 12:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=665540

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.

По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем.

Во дел од коментарите се вели:

Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки? 

Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!

Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?

Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.

Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.

Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

The post „Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари appeared first on Република.

]]>

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.
По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем. Во дел од коментарите се вели:
Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки?    Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!   Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?
Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.
Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.
Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

The post „Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари appeared first on Република.

]]>
Кочанчанка заработила кривична пријава за коментари на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kochanchanka-zarabotila-krivichna-prijava-za-komentari-na-fejsbuk/ Fri, 10 Feb 2023 18:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=607531

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(42) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 19.12.2022 пријавената, на социјалната мрежа Фејсбук, во коментарите на својот објавен текст, промовирала омраза.

The post Кочанчанка заработила кривична пријава за коментари на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(42) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 19.12.2022 пријавената, на социјалната мрежа Фејсбук, во коментарите на својот објавен текст, промовирала омраза.  

The post Кочанчанка заработила кривична пријава за коментари на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
И МВР потсетува дека се следат сите коментари на одобрување или оправдување воени злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-mvr-potsetuva-deka-se-sledat-site-komentari-na-odobruvanje-ili-opravduvanje-voeni-zlostorstva/ Mon, 04 Apr 2022 08:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=482974

Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-shto-pishuvate-odobruvanje-ili-opravduvanje-na-voeni-zlostorstva-na-socijalnite-mrezi-e-krivichno-delo-potsetuva-jo/

МВР апелира и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот cybercrime@moi.gov.mk  за соодветно да биде постапено.

Законот предвидува дека тој што по пат на информациски систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население, појаснува МВР.

The post И МВР потсетува дека се следат сите коментари на одобрување или оправдување воени злосторства appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-shto-pishuvate-odobruvanje-ili-opravduvanje-na-voeni-zlostorstva-na-socijalnite-mrezi-e-krivichno-delo-potsetuva-jo/ МВР апелира и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот cybercrime@moi.gov.mk  за соодветно да биде постапено.
Законот предвидува дека тој што по пат на информациски систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население, појаснува МВР.

The post И МВР потсетува дека се следат сите коментари на одобрување или оправдување воени злосторства appeared first on Република.

]]>
Внимавајте што пишувате: Одобрување или оправдување на воени злосторства на социјалните мрежи е кривично дело, потсетува ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-shto-pishuvate-odobruvanje-ili-opravduvanje-na-voeni-zlostorstva-na-socijalnite-mrezi-e-krivichno-delo-potsetuva-jo/ Mon, 04 Apr 2022 08:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=482960

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина. Од Јавното обвинителство информираат дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе сторат кривично дело „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

Законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера  за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Во членот 404 од Кривичниот законик прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.

Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Внимавајте што пишувате: Одобрување или оправдување на воени злосторства на социјалните мрежи е кривично дело, потсетува ЈО appeared first on Република.

„Уште Роналдо да го оставите дома“: Балканот ја слави победата на Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ushte-ronaldo-da-go-ostavite-doma-balkanot-ja-slavi-pobedata-na-makedonija/ Thu, 24 Mar 2022 23:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=478102

Медиумите во регионот со пофалби ја оценуваат големата победа на македонската репрезентација во Палермо.

„Спорт клуб“, „Арена“, „Курир“ ,Вечерњи лист“, „Спортски новости“ и посакуваат на Македонија да се најде во Катар.

Коментрите на навивачите се „Браво браќа“, „ги срушивте лажните европски шампиони“, „Уште Роналдо да го оставите дома“.

The post „Уште Роналдо да го оставите дома“: Балканот ја слави победата на Македонија appeared first on Република.

]]>

Медиумите во регионот со пофалби ја оценуваат големата победа на македонската репрезентација во Палермо. „Спорт клуб“, „Арена“, „Курир“ ,Вечерњи лист“, „Спортски новости“ и посакуваат на Македонија да се најде во Катар. Коментрите на навивачите се „Браво браќа“, „ги срушивте лажните европски шампиони“, „Уште Роналдо да го оставите дома“.

The post „Уште Роналдо да го оставите дома“: Балканот ја слави победата на Македонија appeared first on Република.

]]>