комбе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kombe/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 13:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комбе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kombe/ 32 32 Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-se-dozvolilo-palevski-i-keshishov-da-se-vozat-vo-isto-politsisko-kombe-i-da-si-podavaat-livchina/ Mon, 25 Nov 2024 13:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=841588

Интересно беше на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“.Се поставува како полицијата два пати со исто комбе ги возела обвинетите Палевски и Кешиев додека тие си подавале ливчиња.

Во прата изјава на Кишишев пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.

– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.

Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.

– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.

На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека треба да отвори истрага.

Keшишов: Палчо ми даде ливче

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.

Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв.

- Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/keshishov-izjavata-ne-e-moja-palcho-mi-dade-livche-da-go-napisham-so-moj-rakopis/

The post Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? appeared first on Република.

]]>

Интересно беше на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“.Се поставува како полицијата два пати со исто комбе ги возела обвинетите Палевски и Кешиев додека тие си подавале ливчиња. Во прата изјава на Кишишев пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.
– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.
Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.
– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.
На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека треба да отвори истрага.

Keшишов: Палчо ми даде ливче

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството. Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв. - Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети. На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/keshishov-izjavata-ne-e-moja-palcho-mi-dade-livche-da-go-napisham-so-moj-rakopis/

The post Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? appeared first on Република.

]]>
Украински дрон удри во комбе со патници – има ранети, меѓу кои и деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-dron-udri-vo-kombe-so-patnitsi-ima-raneti-megu-koi-i-detsa/ Tue, 15 Oct 2024 19:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=827322

Украински дрон удри во комбе со патници во регионот на Белгород. Повредени се осум цивили, меѓу кои и четири деца, пишува руска „Газета“.

Инцидентот се случил во близина на регионалниот центар кај селото Октјабрски. Двајца мажи со рани од шрапнел се пренесени во Градската болница. По укажаната прва помош две жени се пуштени на амбулантно лекување.

„Во Регионалната детска болница се хоспитализирани четворица малолетници. Момче на возраст од 17 години има повреда од минска експлозив и рана од шрапнел на ногата. 16-годишно девојче има рана на потколеницата. 10- годишно момче има затворена краниоцеребрална повреда и баротраума 8-годишно момче има рана на ногата и минска експлозивна повреда“, изјави началникот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Комбето било тешко оштетено.

The post Украински дрон удри во комбе со патници – има ранети, меѓу кои и деца appeared first on Република.

]]>

Украински дрон удри во комбе со патници во регионот на Белгород. Повредени се осум цивили, меѓу кои и четири деца, пишува руска „Газета“. Инцидентот се случил во близина на регионалниот центар кај селото Октјабрски. Двајца мажи со рани од шрапнел се пренесени во Градската болница. По укажаната прва помош две жени се пуштени на амбулантно лекување. „Во Регионалната детска болница се хоспитализирани четворица малолетници. Момче на возраст од 17 години има повреда од минска експлозив и рана од шрапнел на ногата. 16-годишно девојче има рана на потколеницата. 10- годишно момче има затворена краниоцеребрална повреда и баротраума 8-годишно момче има рана на ногата и минска експлозивна повреда“, изјави началникот на регионот, Вјачеслав Гладков. Комбето било тешко оштетено.

The post Украински дрон удри во комбе со патници – има ранети, меѓу кои и деца appeared first on Република.

]]>
Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-od-strumichko-vrshel-javen-prevoz-na-patnitsi-bez-litsentsa/ Wed, 07 Aug 2024 14:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=804274

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т..

Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово.

Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции.

За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т.. Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово. Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>
Низ Тетово се возат неисправни комбиња и автобуси кои вршат јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/niz-tetovo-se-vozat-neispravni-kombina-i-avtobusi-koi-vrshat-javen-prevoz/ Tue, 19 Dec 2023 15:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=724610

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 декември) од 08.00 до 14.00 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани биле 1 возило со неисправни сопирачки, 1 со истечена регистрација, 5 со неизвршен вонреден технички преглед и 1 со недостиг на потребната опрема, сите на гостиварското подрачје. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, додека 2 од возилата веднаш биле исклучени од сообраќајот. Во рамките на вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-11).

The post Низ Тетово се возат неисправни комбиња и автобуси кои вршат јавен превоз appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 декември) од 08.00 до 14.00 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани биле 1 возило со неисправни сопирачки, 1 со истечена регистрација, 5 со неизвршен вонреден технички преглед и 1 со недостиг на потребната опрема, сите на гостиварското подрачје. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци, додека 2 од возилата веднаш биле исклучени од сообраќајот. Во рамките на вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-11).

The post Низ Тетово се возат неисправни комбиња и автобуси кои вршат јавен превоз appeared first on Република.

]]>
Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poveke-litsa-se-povredeni-vo-soobrakajka-otkako-kombe-avtobus-se-prevrtel-na-patot-strumitsa-valandovo/ Tue, 07 Nov 2023 11:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=699138

Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.

Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.

Според информациите од струмичкото обвинителство, во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 11 се полесно повредени и се пренесени за укажување помош во болницата.

Од струмичката болница засега не можат да го потврдат точниот број на примени, повредени и задржани патници на лекување, бидејќи сè уште траат испитувањата и дополнително ќе ја соопштат точната бројка.

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.

The post Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово appeared first on Република.

]]>

Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот. Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова. Според информациите од струмичкото обвинителство, во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 11 се полесно повредени и се пренесени за укажување помош во болницата. Од струмичката болница засега не можат да го потврдат точниот број на примени, повредени и задржани патници на лекување, бидејќи сè уште траат испитувањата и дополнително ќе ја соопштат точната бројка. Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.

The post Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово appeared first on Република.

]]>
Тетовски комбиња и автобуси возат неисправни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovski-kombina-i-avtobusi-vozat-neispravni/ Tue, 11 Apr 2023 15:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=629907

Во периодот од 9 до 14 часот вчера полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани шест технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) било со неизвршен технички преглед.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на нивните возачи изготвени им се соодветни поднесоци. Ваква контрола, исто така, била спроведена и од 06 до 10 часот, во која биле санкционирани 4 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-3). Две возила (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед, а констатиран бил и 1 (ТЕ) друг вид на сообраќаен прекршок. Покрај тоа, санкционирани биле и 5 возачи (ТЕ) кои вршеле јавен превоз без потребните документи.

The post Тетовски комбиња и автобуси возат неисправни appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 9 до 14 часот вчера полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани шест технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) било со неизвршен технички преглед. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на нивните возачи изготвени им се соодветни поднесоци. Ваква контрола, исто така, била спроведена и од 06 до 10 часот, во која биле санкционирани 4 технички неисправни возила (ТЕ-1 и ГВ-3). Две возила (ТЕ-1 и ГВ-1) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед, а констатиран бил и 1 (ТЕ) друг вид на сообраќаен прекршок. Покрај тоа, санкционирани биле и 5 возачи (ТЕ) кои вршеле јавен превоз без потребните документи.

The post Тетовски комбиња и автобуси возат неисправни appeared first on Република.

]]>
20-годишник од Оптичари со комбе удри во жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/20-godishnik-od-optichari-so-kombe-udri-vo-zhena/ Tue, 21 Feb 2023 12:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=611476

Вчера во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари, битолско, удрило во Б.С.(75) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

The post 20-годишник од Оптичари со комбе удри во жена appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари, битолско, удрило во Б.С.(75) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

The post 20-годишник од Оптичари со комбе удри во жена appeared first on Република.

]]>
Едно без сопирачки друго без светло: Koмбињата и автобусите во Тетово небезбедни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edno-bez-sopirachki-drugo-bez-svetlo-kombinjata-i-avtobusite-vo-tetovo-nebezbedni/ Tue, 01 Mar 2022 16:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=466014

На 28.02.2022 во периодот од 06 до 09.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле вкупно два прекршоци (ТЕ). Едно возило имало неисправни сопирачки, а второто неисправни светлосно-сигнални уреди, по што двете биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци.

Во контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1). Вчера (28 февруари) на подрачјето на СВР Тетово од 14 до 18.00 часот, исто така, била спроведена и контрола за прекршоци што ги прават пешаците, во рамките на која вкупно биле санкционирани 19 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-10)

The post Едно без сопирачки друго без светло: Koмбињата и автобусите во Тетово небезбедни appeared first on Република.

]]>

На 28.02.2022 во периодот од 06 до 09.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле вкупно два прекршоци (ТЕ). Едно возило имало неисправни сопирачки, а второто неисправни светлосно-сигнални уреди, по што двете биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци. Во контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1). Вчера (28 февруари) на подрачјето на СВР Тетово од 14 до 18.00 часот, исто така, била спроведена и контрола за прекршоци што ги прават пешаците, во рамките на која вкупно биле санкционирани 19 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-10)

The post Едно без сопирачки друго без светло: Koмбињата и автобусите во Тетово небезбедни appeared first on Република.

]]>