командант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komandant/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Apr 2023 08:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png командант Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/komandant/ 32 32 Воено искуство од Сирија, ЦАР, Либија: Ова е вистинскиот командант на групата „Вагнер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voeno-iskustvo-od-sirija-tsar-libija-ova-e-vistinskiot-komandant-na-grupata-vagner/ Sun, 23 Apr 2023 18:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=633314

Војната во Украина и донесе светска слава на приватната воена компанија „Вагнер“, со големато учество што го има во борбите, особено во битката за Бахмут. Како јавно лице на „Вагнер“ често се појавува основачот на компанијата, Евгениј Пригожин, но тој нема доволно воено знаење и искуство за да ги контролира секојдневните борбени активности во целата командна хиерархија на „Вагнер“.

Според руски медиуми, главниот командант на „Вагнер“ е мистериозен резервен офицер, кој дипломирал на неколку престижни руски воени академии, вклучувајќи го и елитното падобранско училиште на Воената гарда „Суворов“ во Улјановск и Рјазанск. Неговото кодно име е Лотос, а родено е Антон Јелизаров од Ростов.

Тој бил член на 10-та бригада на специјалните сили на ГРУ. Потоа се префрлил во „Вагнер“ и служел во Сирија, Централно Африканската Република, Либија. Со таквите ангажмани, овој офицер има неверојатна воена кариера и активно воено искуство, како ретко кој.

Дури и Пригожин во една прилика кажа дека Лотос сам командувал со заземањето на Соледар, а веројатно е дека има големо влијание и врз целата операција за земање на територијата на Бахмут.

The post Воено искуство од Сирија, ЦАР, Либија: Ова е вистинскиот командант на групата „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина и донесе светска слава на приватната воена компанија „Вагнер“, со големато учество што го има во борбите, особено во битката за Бахмут. Како јавно лице на „Вагнер“ често се појавува основачот на компанијата, Евгениј Пригожин, но тој нема доволно воено знаење и искуство за да ги контролира секојдневните борбени активности во целата командна хиерархија на „Вагнер“. Според руски медиуми, главниот командант на „Вагнер“ е мистериозен резервен офицер, кој дипломирал на неколку престижни руски воени академии, вклучувајќи го и елитното падобранско училиште на Воената гарда „Суворов“ во Улјановск и Рјазанск. Неговото кодно име е Лотос, а родено е Антон Јелизаров од Ростов. Тој бил член на 10-та бригада на специјалните сили на ГРУ. Потоа се префрлил во „Вагнер“ и служел во Сирија, Централно Африканската Република, Либија. Со таквите ангажмани, овој офицер има неверојатна воена кариера и активно воено искуство, како ретко кој. Дури и Пригожин во една прилика кажа дека Лотос сам командувал со заземањето на Соледар, а веројатно е дека има големо влијание и врз целата операција за земање на територијата на Бахмут.

The post Воено искуство од Сирија, ЦАР, Либија: Ова е вистинскиот командант на групата „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>
Путин назначи нов командат на трупите кои се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-naznachi-nov-komandat-na-trupite-koi-se-borat-vo-ukraina/ Sat, 08 Oct 2022 16:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=558842

Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990-тите, војната во Чеченија во 2000-тите и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година, а според извештајот на министерството од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина.

Суровикин бил назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година, а претходно, од октомври 2013 година, тој командувал со трупите на Источниот воен округ.

Одлуката за назначување на новиот командат доаѓа само неколку часа по експлозијата која делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина.

Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина.

 

The post Путин назначи нов командат на трупите кои се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана преку Телеграм. Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990-тите, војната во Чеченија во 2000-тите и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година, а според извештајот на министерството од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина. Суровикин бил назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година, а претходно, од октомври 2013 година, тој командувал со трупите на Источниот воен округ. Одлуката за назначување на новиот командат доаѓа само неколку часа по експлозијата која делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина. Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина.  

The post Путин назначи нов командат на трупите кои се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-smeni-komandantot-na-silite-za-specijalni-operacii/ Mon, 25 Jul 2022 20:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=533174

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството.

Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс.

Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина.

Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас.

Причината за неговата смена се уште не се наведува.

The post Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството. Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс. Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина. Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас. Причината за неговата смена се уште не се наведува.

The post Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции appeared first on Република.

]]>
Командата на руските сили во Украина ја презема генерал со големо искуство од Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komandata-na-ruskite-sili-vo-ukraina-ja-prezema-general-so-golemo-iskustvo-od-sirija/ Sat, 09 Apr 2022 06:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=485568

Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизира својата команда за операциите во Украина со назначувањето на генералот Александар Дворников, кој има големо искуство во Сирија.

Имаше многу лоша координација меѓу различните команди - изјави западниот претставник.

Тој вели дека новиот командант на Јужниот воен округ е назначен за да се обиде да обезбеди подобра координација.

Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, би очекувале целокупната команда и контрола да се подобрат - изјави неименуван функционер за „Си-Ен-Ен“.

Тој смета дека промените се случуваат бидејќи е важно Путин да постигне некаков успех до 9 мај, кога Русија ја слави победата во Втората светска војна. Тоа значи дека за Русите политичкиот императив би имал предност пред воените приоритети.

Западните власти сметаат дека повеќе сили постепено се испраќаат во Донбас, наместо да има пауза што ќе и овозможи на руската армија да се прегрупира.

Постои тензија меѓу воената логика, која бара силите да запрат и соодветно да се подготват за новата руска операција во Донбас и политичката логика, која бара операцијата да продолжи и да се постигне брза цел - вели претставникот.

Според проценките на западните служби, се верува дека Русија има нешто помалку од 100 баталјони на располагање за операции. Тоа би значело дека руските сили се уште се значајни, но официјалниот претставник исто така вели дека руската тактика е попречена од помал број украински единици кои дејствуваат на многу попаметен начин.

The post Командата на руските сили во Украина ја презема генерал со големо искуство од Сирија appeared first on Република.

]]>

Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизира својата команда за операциите во Украина со назначувањето на генералот Александар Дворников, кој има големо искуство во Сирија.
Имаше многу лоша координација меѓу различните команди - изјави западниот претставник.
Тој вели дека новиот командант на Јужниот воен округ е назначен за да се обиде да обезбеди подобра координација.
Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, би очекувале целокупната команда и контрола да се подобрат - изјави неименуван функционер за „Си-Ен-Ен“.
Тој смета дека промените се случуваат бидејќи е важно Путин да постигне некаков успех до 9 мај, кога Русија ја слави победата во Втората светска војна. Тоа значи дека за Русите политичкиот императив би имал предност пред воените приоритети. Западните власти сметаат дека повеќе сили постепено се испраќаат во Донбас, наместо да има пауза што ќе и овозможи на руската армија да се прегрупира.
Постои тензија меѓу воената логика, која бара силите да запрат и соодветно да се подготват за новата руска операција во Донбас и политичката логика, која бара операцијата да продолжи и да се постигне брза цел - вели претставникот.
Според проценките на западните служби, се верува дека Русија има нешто помалку од 100 баталјони на располагање за операции. Тоа би значело дека руските сили се уште се значајни, но официјалниот претставник исто така вели дека руската тактика е попречена од помал број украински единици кои дејствуваат на многу попаметен начин.

The post Командата на руските сили во Украина ја презема генерал со големо искуство од Сирија appeared first on Република.

]]>
Руски командант во Украина бил убиен од своите војници поради големите загуби на единицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-komandant-vo-ukraina-bil-ubien-od-svoite-vojnici-poradi-golemite-zagubi-na-edinicata/ Fri, 25 Mar 2022 16:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=478536

Командант на руска бригада во Украина бил убиен од неговите војници, за „Скај“ потврдиле западни претставници.

Се верува дека полковникот Медвечек, кој командувал со 37-та бригада, бил намерно погоден од неговите војници.

Командантот на бригадата беше убиен од неговите војници, веруваме, како резултат на обемот на загубите што ги претрпе неговата бригада. Веруваме дека е намерно убиен од неговите војници - изјавил западен функционер.

Официјалното лице додало дека генерал-полковник кој командувал со 49-та бригада за комбинирано вооружување, исто така, загинал во борба, што го прави седмиот руски генерал кој бил убиен во борба од почетокот на руската воена акција.

The post Руски командант во Украина бил убиен од своите војници поради големите загуби на единицата appeared first on Република.

]]>

Командант на руска бригада во Украина бил убиен од неговите војници, за „Скај“ потврдиле западни претставници. Се верува дека полковникот Медвечек, кој командувал со 37-та бригада, бил намерно погоден од неговите војници.
Командантот на бригадата беше убиен од неговите војници, веруваме, како резултат на обемот на загубите што ги претрпе неговата бригада. Веруваме дека е намерно убиен од неговите војници - изјавил западен функционер.
Официјалното лице додало дека генерал-полковник кој командувал со 49-та бригада за комбинирано вооружување, исто така, загинал во борба, што го прави седмиот руски генерал кој бил убиен во борба од почетокот на руската воена акција.

The post Руски командант во Украина бил убиен од своите војници поради големите загуби на единицата appeared first on Република.

]]>
Русија потврди дека нејзин важен командант е убиен во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-potvrdi-deka-nejzin-vazen-komandant-e-ubien-vo-mariupol/ Sun, 20 Mar 2022 18:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=475761

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јави Би-Би-Си.

Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби.

Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.

Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“.

The post Русија потврди дека нејзин важен командант е убиен во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јави Би-Би-Си. Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби. Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте. Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“.

The post Русија потврди дека нејзин важен командант е убиен во Мариупол appeared first on Република.

]]>