Колинда Грабар Китаровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolinda-grabar-kitarovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 14:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Колинда Грабар Китаровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolinda-grabar-kitarovikj/ 32 32 Koлинда „грми“ со изгледот на 55 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kolinda-grmi-so-izgledot-na-55-godini/ Thu, 21 Dec 2023 14:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=725339

Колинда Грабар Китаровиќ (55), поранешната претседателка на Хрватска, со својот изглед го привлече вниманието на медиумите.

Хрватските медиуми пишуваат дека поранешниот претседател блесна на доделувањето на наградите за најдобрите спортисти на Хрватскиот олимписки комитет.

[caption id="attachment_725337" align="alignnone" width="587"] foto Beta[/caption]

Колинда и во таа прилика облече елегантен фустан во нејзината препознатлива боја, кралско сина, пренесува 24сата.хр.

The post Koлинда „грми“ со изгледот на 55 години appeared first on Република.

]]>

Колинда Грабар Китаровиќ (55), поранешната претседателка на Хрватска, со својот изглед го привлече вниманието на медиумите. Хрватските медиуми пишуваат дека поранешниот претседател блесна на доделувањето на наградите за најдобрите спортисти на Хрватскиот олимписки комитет. [caption id="attachment_725337" align="alignnone" width="587"] foto Beta[/caption] Колинда и во таа прилика облече елегантен фустан во нејзината препознатлива боја, кралско сина, пренесува 24сата.хр.

The post Koлинда „грми“ со изгледот на 55 години appeared first on Република.

]]>
Уапсен велешанец кој ограбил продажен објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-veleshanets-koj-ograbil-prodazhen-objekt/ Sun, 17 Dec 2023 10:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=723887

Триесет и деветгодишен велешанец е приведен под сомнение дека извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, се наведува во соопштението на МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето е задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Уапсен велешанец кој ограбил продажен објект appeared first on Република.

]]>

Триесет и деветгодишен велешанец е приведен под сомнение дека извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, се наведува во соопштението на МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Уапсен велешанец кој ограбил продажен објект appeared first on Република.

]]>
Колинда порача: Јас сум кралица на паркот на принцовите ме боли „пи-пи“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kolinda-poracha-jas-sum-kralitsa-na-parkot-na-printsovite-me-boli-pi-pi/ Wed, 15 Feb 2023 18:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=609367

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ се пофали дека имала можност во живо да го следи првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

Колинда гордо позираше на паркот Принцева во маичка која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

„Јас сум кралица на Паркот на принцовите,  и ме боли „пи пи“ пишува на маицата на поранешната претседателка на Хрватска.

The post Колинда порача: Јас сум кралица на паркот на принцовите ме боли „пи-пи“ appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ се пофали дека имала можност во живо да го следи првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Колинда гордо позираше на паркот Принцева во маичка која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. „Јас сум кралица на Паркот на принцовите,  и ме боли „пи пи“ пишува на маицата на поранешната претседателка на Хрватска.

The post Колинда порача: Јас сум кралица на паркот на принцовите ме боли „пи-пи“ appeared first on Република.

]]>
Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sportsko-dobrososedskite-maniri-na-edna-dama-poradi-dresot-na-hrvatska-ne-otidov-na-natprevarot-na-srbija/ Fri, 16 Dec 2022 17:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=586625

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китановиќ изјави денеска дека во Катар сакала да оди на натпреварот на репрезентацијата на Србија на Светското фудбалско првенство, но не го сторила тоа бидејќи на себе носела дрес на Хрватска, па не сакала тоа да биде протолкувано како провокација.

Таа исто така изјави дека на Олимписките игри во Токио навивала за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Со цело срце го поддржував Новак Ѓоковиќ и сакав тој да го освои олимпискиот медал. Според мене, спортот е темел на една нација и треба многу повеќе да се инвестира во спортот. Политиката треба да се отстрани од навивањето. Навивам и за многу српски спортисти и за српската репрезентација кога е можно“, изјави поранешната претседателка на Хрватска за ТВ К1.

Таа додаде дека во Доха запознала многу српски обожаватели, некои од Србија, некои од БиХ и дека многу од нив сакале да се фотографираат со неа и да се дружат.

„Мило ми е што делиме ист географски простор и мораме да направиме се за сите да бидеме исполнети со позитивност и пријателство. Сите сакаме да покажеме спортски дух и позитивна конкуренција. Се бориме на спортските терени, а надвор од нив сите сме пријатели и луѓе“, изјави Грабар-Китаровиќ.

На прашањето дали односите меѓу Хрватска и Србија биле подобри кога таа беше претседателка, Китаровиќ одговори дека секако дека има отворени прашања меѓу нашите земји.

Има работи што се решаваат зад затворени врати, а има работи што треба да се негуваат на јавен простор и да се избегнуваат какви било инциденти“, рече Грабар-Китаровиќ.

Таа посочува дека како претседателка се борела за влез на соседните земји во ЕУ и НАТО, „која го сака тоа секако“.

Таа на Србија ѝ посака многу успех во реализација на зацртаните цели.

The post Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија appeared first on Република.

]]>

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китановиќ изјави денеска дека во Катар сакала да оди на натпреварот на репрезентацијата на Србија на Светското фудбалско првенство, но не го сторила тоа бидејќи на себе носела дрес на Хрватска, па не сакала тоа да биде протолкувано како провокација. Таа исто така изјави дека на Олимписките игри во Токио навивала за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Со цело срце го поддржував Новак Ѓоковиќ и сакав тој да го освои олимпискиот медал. Според мене, спортот е темел на една нација и треба многу повеќе да се инвестира во спортот. Политиката треба да се отстрани од навивањето. Навивам и за многу српски спортисти и за српската репрезентација кога е можно“, изјави поранешната претседателка на Хрватска за ТВ К1.
Таа додаде дека во Доха запознала многу српски обожаватели, некои од Србија, некои од БиХ и дека многу од нив сакале да се фотографираат со неа и да се дружат.
„Мило ми е што делиме ист географски простор и мораме да направиме се за сите да бидеме исполнети со позитивност и пријателство. Сите сакаме да покажеме спортски дух и позитивна конкуренција. Се бориме на спортските терени, а надвор од нив сите сме пријатели и луѓе“, изјави Грабар-Китаровиќ.
На прашањето дали односите меѓу Хрватска и Србија биле подобри кога таа беше претседателка, Китаровиќ одговори дека секако дека има отворени прашања меѓу нашите земји. Има работи што се решаваат зад затворени врати, а има работи што треба да се негуваат на јавен простор и да се избегнуваат какви било инциденти“, рече Грабар-Китаровиќ. Таа посочува дека како претседателка се борела за влез на соседните земји во ЕУ и НАТО, „која го сака тоа секако“. Таа на Србија ѝ посака многу успех во реализација на зацртаните цели.

The post Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија appeared first on Република.

]]>
Колинда ги поздрави усташките знамиња во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kolinda-gi-pozdravi-ustashkite-znaminja-vo-katar/ Mon, 28 Nov 2022 10:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=579058

Поранешната претседателка на Хрватска се појави во Катар за да ја бодри репрезентацијата против Канада. Убавата Колинда водушеви со фустанот со народни мотиви. Но, на стадионот во Ал Рајан имаше многу хрватски навивачи и она што ги згрози сите беа истакнатите усташки знамиња. На трибините имше и голем број Хрвати од дијаспората.

Грабар-Китаровиќ тоа го виде и не го осуди.

https://republika.mk/sport/fudbal/dzvezda-vo-doha-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-izgleda-odlichno-vo-narodna-nosija/

The post Колинда ги поздрави усташките знамиња во Катар appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Хрватска се појави во Катар за да ја бодри репрезентацијата против Канада. Убавата Колинда водушеви со фустанот со народни мотиви. Но, на стадионот во Ал Рајан имаше многу хрватски навивачи и она што ги згрози сите беа истакнатите усташки знамиња. На трибините имше и голем број Хрвати од дијаспората. Грабар-Китаровиќ тоа го виде и не го осуди. https://republika.mk/sport/fudbal/dzvezda-vo-doha-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-izgleda-odlichno-vo-narodna-nosija/

The post Колинда ги поздрави усташките знамиња во Катар appeared first on Република.

]]>
Ѕвезда во Доха: Поранешната хрватска претседателка изгледа одлично во народна носија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dzvezda-vo-doha-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-izgleda-odlichno-vo-narodna-nosija/ Sun, 27 Nov 2022 19:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=578821

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е ѕвездата која го украде шоуто во Катар. Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Канада таа замина да ги поздрави навивачите кои се загреваа за фудбалскиот спектакл, а тие ѝ возвратија со „Због једне дивне црне жене“.

Никогаш не знаеш на кого ќе налеташ на Мундијалот! Одлична и искрена интеракција на поранешниот претседател со фановите – стои во описот на снимката.

Грабар Китаровиќ подоцна дојде од трибините, односно од свечената ложа за да ги бодри хрватските фудбалери. Како што најави, облекла народна носија која во ткаењето има црвено-бели полиња, а ја искомбинирала со ланче од корали.

Кодексот на облекување на свечената платформа дозволува свечено одело или традиционална облека, односно национална носија. Патем, тоа е правило и во дипломатијата. Националната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени пригоди. Така ќе ме видите во типични хрватски и црвено-бели комбинации на одела и костими или нивни комбинации, што е одлична промоција на Хрватска, најави претходно Грабар-Китаровиќ.

The post Ѕвезда во Доха: Поранешната хрватска претседателка изгледа одлично во народна носија appeared first on Република.

]]>

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е ѕвездата која го украде шоуто во Катар. Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Канада таа замина да ги поздрави навивачите кои се загреваа за фудбалскиот спектакл, а тие ѝ возвратија со „Због једне дивне црне жене“. Никогаш не знаеш на кого ќе налеташ на Мундијалот! Одлична и искрена интеракција на поранешниот претседател со фановите – стои во описот на снимката.
Грабар Китаровиќ подоцна дојде од трибините, односно од свечената ложа за да ги бодри хрватските фудбалери. Како што најави, облекла народна носија која во ткаењето има црвено-бели полиња, а ја искомбинирала со ланче од корали. Кодексот на облекување на свечената платформа дозволува свечено одело или традиционална облека, односно национална носија. Патем, тоа е правило и во дипломатијата. Националната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени пригоди. Така ќе ме видите во типични хрватски и црвено-бели комбинации на одела и костими или нивни комбинации, што е одлична промоција на Хрватска, најави претходно Грабар-Китаровиќ.  

The post Ѕвезда во Доха: Поранешната хрватска претседателка изгледа одлично во народна носија appeared first on Република.

]]>
Грабар-Китаровиќ: Премногу е горд да признае пораз, Путин попрво би умрел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grabar-kitarovikj-premnogu-e-gord-da-priznae-poraz-putin-poprvo-bi-umrel/ Sun, 25 Sep 2022 08:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=553925

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во настап во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, оцени дека е малку веројатно Владимир Путин да се откаже од војната, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна.

Иако војната ги ослабе руската економија и армија, поранешната хрватска претседателка смета дека Путин попрво би умрел отколку да признае пораз.

„Не е точно дека санкциите немаат ефект, имаат. Но, Путин е премногу горд за да признае пораз. Попрво би умрел“, рече таа.

Бидејќи Украина нема да отстапи ни педа од територијата, а ни Путин нема да отстапи од своите намери, Грабар-Китаровиќ смета дека војната ќе продолжи.

„Најдоброто на што можеме да се надеваме е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција – да ја преземе цела Украина“, заклучи Грабар-Китаровиќ.

The post Грабар-Китаровиќ: Премногу е горд да признае пораз, Путин попрво би умрел appeared first on Република.

]]>

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во настап во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, оцени дека е малку веројатно Владимир Путин да се откаже од војната, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна. Иако војната ги ослабе руската економија и армија, поранешната хрватска претседателка смета дека Путин попрво би умрел отколку да признае пораз.