Колибри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolibri/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Feb 2022 11:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Колибри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolibri/ 32 32 „Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-izdade-kolibri-najdobriot-italijanski-roman-vo-2020-godina/ Tue, 01 Feb 2022 10:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=452327

„Или-Или“ го издаде преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година, романот „Колибри“ од Сандро Веронези. „Колибри“ е 206 издание во едицијата „ПРОаЗА“.

По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, се одлучивме да го издадеме и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова. Излегувањето на книгата е поддржано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и од Министерството за култура, соопштија од „Или-Или“.

Меѓународната сензација бр.1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

„Колибри“ е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“, е една од многуте позитивни книжевни критики за овој роман.

Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и добитник е на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа. Со романот Силата на минатото (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот Тивок хаос (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008 година. Со најновиот роман Колибри (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

The post „Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година appeared first on Република.

]]>

„Или-Или“ го издаде преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година, романот „Колибри“ од Сандро Веронези. „Колибри“ е 206 издание во едицијата „ПРОаЗА“.
По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, се одлучивме да го издадеме и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова. Излегувањето на книгата е поддржано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и од Министерството за култура, соопштија од „Или-Или“.
Меѓународната сензација бр.1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат. „Колибри“ е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“, е една од многуте позитивни книжевни критики за овој роман. Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и добитник е на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа. Со романот Силата на минатото (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот Тивок хаос (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008 година. Со најновиот роман Колибри (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

The post „Или-Или“ го издаде „Колибри“ – најдобриот италијански роман во 2020 година appeared first on Република.

]]>