колеги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolegi/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 10:01:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png колеги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolegi/ 32 32 Колега нападнал колега https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolega-napadnal-kolega/ Mon, 01 Jul 2024 10:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=792328

Вчера во 12.45 часот во Полициско одделение Жеровјане, Ц.Т. (55) од Гостивар пријавил дека на претходниот ден околу 21.00 часот, на фарма во тетовско село, бил физички нападнат од неговиот колега Љ.И. (50).

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Колега нападнал колега appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.45 часот во Полициско одделение Жеровјане, Ц.Т. (55) од Гостивар пријавил дека на претходниот ден околу 21.00 часот, на фарма во тетовско село, бил физички нападнат од неговиот колега Љ.И. (50). Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Колега нападнал колега appeared first on Република.

]]>
Банкар уби пет колеги, нападот го пренесуваше во живо на Инстаграм https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bankar-ubi-pet-kolegi-napadot-go-prenesuvashe-vo-zhivo-na-instagram/ Tue, 11 Apr 2023 07:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=629676

Конор Старџен (25), вработен во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, уби петмина свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар.

Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Инстаграм.

Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека се уште се слушале истрели во зградата на банката и во размената на оган го елиминирала напаѓачот.

Во престрелката се ранети девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, кои се пренесени во болница.

Подоцна ранета жена почина во болница, а еден од ранетите полицајци, 25-годишен маж, е во критична состојба, соопшти болницата во Луисвил.

Мотивот на напаѓачот засега не е познат.

Мета, компанијата сопственик на Инстаграм, соопшти дека веднаш го отстранила видеото од убиството во Луисвил.

The post Банкар уби пет колеги, нападот го пренесуваше во живо на Инстаграм appeared first on Република.

]]>

Конор Старџен (25), вработен во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, уби петмина свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар. Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Инстаграм. Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека се уште се слушале истрели во зградата на банката и во размената на оган го елиминирала напаѓачот. Во престрелката се ранети девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, кои се пренесени во болница. Подоцна ранета жена почина во болница, а еден од ранетите полицајци, 25-годишен маж, е во критична состојба, соопшти болницата во Луисвил. Мотивот на напаѓачот засега не е познат. Мета, компанијата сопственик на Инстаграм, соопшти дека веднаш го отстранила видеото од убиството во Луисвил.

The post Банкар уби пет колеги, нападот го пренесуваше во живо на Инстаграм appeared first on Република.

]]>
Драма во Центар: Двајца колеги се испотепале на работно место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-tsentar-dvajtsa-kolegi-se-ispotepale-na-rabotno-mesto/ Tue, 28 Mar 2023 14:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=624740

Двајца колеги се степале на работно место на почетокот на март, но случајот бил пријавен во полициска станица многу подоцна.

Како што информира МВР, на 27.03.2023 во 15.30 часот во Полициска станица Центар В.К.(50) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 09.00 часот, додека бил на своето работно место во објект на ул. „11 Октомври“, на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Н.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма во Центар: Двајца колеги се испотепале на работно место appeared first on Република.

]]>

Двајца колеги се степале на работно место на почетокот на март, но случајот бил пријавен во полициска станица многу подоцна. Како што информира МВР, на 27.03.2023 во 15.30 часот во Полициска станица Центар В.К.(50) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 09.00 часот, додека бил на своето работно место во објект на ул. „11 Октомври“, на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Н.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма во Центар: Двајца колеги се испотепале на работно место appeared first on Република.

]]>
Oгнен Дранговски: Македонија со задоволство им ја отворала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце, зошто тој молк колеги, соседи, пријатели? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ognen-drangovski-makedonija-so-zadovolstvo-im-ja-otvorala-vratata-na-bugarskite-umetnitsi-bez-somnezhi-i-so-rashireni-ratse-zoshto-toj-molk-kolegi-sosedi-prijateli/ Sun, 29 Jan 2023 19:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=602392

Предизвикан од хистеријата која ја зафати и ѝ се наметнува на Македонија, и разните обвинувања за некаков антиевропски антибугарски наратив, и некакво нетрпение кон се’ што е бугарско, а во недостиг на било каква реакција на Министерството за Култура, ниту на Министрството за Надворешни работи на република Македонија, да не зборувам за институциите на ЕУ (то е некоја посебна приказна) сакам да одговорам нешто од моето лично искуство. Ова не сакам да служи како правдање туку видување и демантирање дека македонците се ксенофоби!!!, напиша на својот фејсбук профил актерот Огнен Дранговски.

Македонија од секогаш со задоволство им ја отварала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце.

Па првата претстава која ја гледав во Народниот Театар во Битола беше „Дванаесетата Ноќ“ од Шекспир , режирана од големиот Крикор Азарјан.(1993 г) До денес ми оддeкнува во главата. Подоцна ја имав честа да го запознаам но за моја голема жалост не сороботував со него. Но гледав негови претстави поставени на сцената на Битолскиот Театар.

На истата сцена ја гледавме Не Шегувај се со Љубовта режирана од Галин Стоев

„Стаклена Менажерија’ од Т. Вилијамс, режирана од професорот Красимир Спасов, е една од претставите која влијаеше на мене да станам денес она што сум. Со професорот Красимир Спасов имав среќа да соработувам на Шекспировата Многу Врева за Ништо.

За време на студиите на фестивалот Млад Отворен Театар во Скопје гледавме претстави на Лилија Абаџиева, Квартет (Сфумато) на Јавор Грдев. Претставите беа многу влијателни и испраќани со овации.

Уживав и многу научив од работилницата по Комедиа дел Арте на Факултетот за Драмски Уметности Скопје, водена единствениот Александар Илиев.

Ја гледав премиерата на Декамерон режирана од Александар Морфов на Имарет(плаошник) во Охрид на фестивалот Охридско Лето.

Во тоа време беше и Антигона ин Техноленд на Македонскиот Народен Театар режирана од Галин Стоев.

Се разбира неодминлива и незаборавна е соработката со Лилија Абаџиева на Гогољевата Женидба во НТБ Истата претстава гостуваше на Бургаско Лето во Р. Бугарија.

Гледавме пак ќе речам со задоволство разни гостувања , на многу театри од Бугарија, како Народниот Театар Иван Вазов, Сфумато, Театарот на Армијата и многу други.

Јас самиот со неколку колеги претстојувавме дестина дена во Смолен во театарот Иван Хајтов како дел од копродукција, сме гостувале и на фестивалот во Враца

Христо Бојчев е поставен повеќе пати и во Прилеп и во Гостивар. Георги Господинов е еден од најчитаните автори во Македонија.

Горе споменатите режисери работеа многу пати низ Македонија како Драмски Театар и во МНТ и се разбира не треба да престанат да работат. Нивните претстави сеуште се дел од репертоарите на театрите низ Македонија. Нивните претстави играа рамноправно на фестивалите за театар во Македонија.

Да не ги заборавам десетиците останати уметници од Бугарија , сценографи, костимографи, кореографи...... И тоа само во театарската уметност, веројатно имало соработка и во сите други полиња од уметноста.

И сега??? За каква ксенофобија зборуваме, обвинуваме, се самообвинуваме, зошто дозволуваме разноразни емисари да нѝ солат памет за соживот и добрососедство????????

Ни доаѓаат и нѝ велат вие македонците сте заостанати, не знаете да живеете по европски, и никој ама баш никој од луѓето кои треба да не’ одбранат од таквите напади само со факти, само климаат, и по некоја нервозно хистерична реакција која е најчесто задоцнета и е само декламација. Тука мислам на Претседателот Стево Пендаровски. А Министерството за Култура треба да научи дека не е само административно тело, туку многу повеќе од само молк. Треба да научи дека е и своевиден браник. Таму треба да мириса на душата на земјава...

Од секогаш сме имале некои недоразбирања со Бугарите и ова не го пишувам за да го анализарам бугарското општество и проблемите кои си ги имаат, нека си ги решаваат. И не ги именував сите овие луѓе за да ги обвинам ниту пак да ги прашам, туку си се прашувам самиот, зошто сиот тој молк пријатели, колеги, соседи. Добиваме блокади бидејќи им се може, а да не зборувам што се кажуваше на во нивниот парламент. Искрено прв пат почуствував страв од пенливото беснило од говорниците дека Македонија е Бугарска. Ниту една единствена реакција , ниту збор, ништо. Молк. Си велам може им е наважно, не знам... Ете јас отсекогаш со задовоство сум работел со нив, а и останатите колеги, ги пречекуваме со отворени раце и уште поотворени срца, и ќе ги пречекуваме во иднина сигурен сум. Можеби грешам, грешиме, можеби треба да научиме за реципроцитет и опортунизам. Можеби кај нив важи она на Балканот, ние Балканците сме топли луѓе освен за тие кои нѝ сметаат... не знам...

И повторно оставени, сами на себе, како секогаш, ние Македонците, други да нѝ ги пишуваат наративите, а ние сами да си се браниме, а преку глава нѝ е на сите, да кажуваме кои сме , а уште по преку глава ни е да нѝ кажуваат кои не сме, а по најново кои сме т.е. кои сме биле ама сме згрешиле и сме станале нешто друго.....

И пак се прашувам и не можам да си одговорам зошто тој молк колеги, соседи, пријатели....

Зошто сиот молк???????

The post Oгнен Дранговски: Македонија со задоволство им ја отворала вратата на бугарските уметници, без сомнежи и со раширени раце, зошто тој молк колеги, соседи, пријатели? appeared first on Република.

Aко го вознемирувате колегата додека е на одмор можете да добиете казна од 1200 долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ako-go-voznemiruvate-kolegata-dodeka-e-na-odmor-mozhete-da-dobiete-kazna-od-1200-dolari/ Fri, 13 Jan 2023 13:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=596492

Добивате „итни“ деловни пораки од колегите дури и на одмор? Во тој случај, не сте сами. За многумина, таа граница одамна е надмината, особено откако работатите од дома за време на пандемијата.

Нарушувањето на одморот од страна на луѓето од компанијата е, всушност, вообичаена појава за многу работници, особено во Индија, пишува CNN. Таму вработените се чувствуваат преоптоварени со обврски, а во исто време - недоволно платени

Компанија од Мумбаи смислила начин да го реши овој проблем
со Dream11, платформа заигри.Таа ќе ги казни своите вработени со 100.000 рупии (1.200 долари) доколку контактираат со колегите на одмор на кој било начин поврзан со работата; па без разлика дали се работи за повици или пораки.

The post Aко го вознемирувате колегата додека е на одмор можете да добиете казна од 1200 долари appeared first on Република.

]]>

Добивате „итни“ деловни пораки од колегите дури и на одмор? Во тој случај, не сте сами. За многумина, таа граница одамна е надмината, особено откако работатите од дома за време на пандемијата. Нарушувањето на одморот од страна на луѓето од компанијата е, всушност, вообичаена појава за многу работници, особено во Индија, пишува CNN. Таму вработените се чувствуваат преоптоварени со обврски, а во исто време - недоволно платени Компанија од Мумбаи смислила начин да го реши овој проблем со Dream11, платформа заигри.Таа ќе ги казни своите вработени со 100.000 рупии (1.200 долари) доколку контактираат со колегите на одмор на кој било начин поврзан со работата; па без разлика дали се работи за повици или пораки.

The post Aко го вознемирувате колегата додека е на одмор можете да добиете казна од 1200 долари appeared first on Република.

]]>
Kолеги се степале на работно место во угостителски објект https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolegi-se-stepale-na-rabotno-mesto-vo-ugostitelski-objekt/ Fri, 03 Jun 2022 21:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=510861

На 02.06.2022 во 16.57 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(43) од Скопје пријавил дека на работно место во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од неговиот колега Н.В.(41) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Kолеги се степале на работно место во угостителски објект appeared first on Република.

]]>

На 02.06.2022 во 16.57 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(43) од Скопје пријавил дека на работно место во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од неговиот колега Н.В.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Kолеги се степале на работно место во угостителски објект appeared first on Република.

]]>
Вработен во тетовската болница нападнал колешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-tetovskata-bolnica-napadnal-koleshka/ Thu, 13 Jan 2022 11:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=444094

Вчера година во 10.15 часот во СВР Тетово 44-годишната А.А. од тетовска Брвеница вработена во Клиничка болница Тетово пријавила дека околу 09.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од Б.К. од Тетово, исто така, вработен во болницата.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Вработен во тетовската болница нападнал колешка appeared first on Република.

]]>

Вчера година во 10.15 часот во СВР Тетово 44-годишната А.А. од тетовска Брвеница вработена во Клиничка болница Тетово пријавила дека околу 09.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од Б.К. од Тетово, исто така, вработен во болницата. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Вработен во тетовската болница нападнал колешка appeared first on Република.

]]>