Коле Ангеловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kole-angelovski/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 08:54:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Коле Ангеловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kole-angelovski/ 32 32 Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kole-angelovski-golem-praznik-za-nas-teatardhiite-ni-doaga-kako-kukna-slava/ Wed, 27 Mar 2024 08:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=759174

Денеска е 27 март, Светски ден на театарот. Автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот е филмскиот и театарски актер, театарски режисер, Коле Ангеловски. Ја пренесуваме во целост неговата порака.

27 Март – Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра), па потоа коктелче, баш како на куќна слава.

Јас имав посебна среќа што нa 27 март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театар Комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија.

Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на македонскиот театар.

Првиот, кога Македонија, во рамките на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на претставата. Сценограф, костимограф, композитор (за секоја претстава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа сè што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и сèфункционираше како што треба.

Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна.

Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави, проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.

Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а сè помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, претставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарницата, со среќна и насмеана публика.

Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10, 20 отсто, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село – тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни.

Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот „Комеди Франсез“ има постојано вработена трупа.

Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи.

И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски… Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот – „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси…

Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс за евентуално да бидат примени…

Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава…

Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!

https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=fAfClpc_Gs2dU6td

The post Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава appeared first on Република.

]]>

Денеска е 27 март, Светски ден на театарот. Автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот е филмскиот и театарски актер, театарски режисер, Коле Ангеловски. Ја пренесуваме во целост неговата порака. 27 Март – Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра), па потоа коктелче, баш како на куќна слава. Јас имав посебна среќа што нa 27 март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театар Комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија. Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на македонскиот театар. Првиот, кога Македонија, во рамките на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на претставата. Сценограф, костимограф, композитор (за секоја претстава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа сè што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и сèфункционираше како што треба. Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна. Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави, проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати. Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а сè помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, претставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарницата, со среќна и насмеана публика. Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10, 20 отсто, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село – тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни. Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот „Комеди Франсез“ има постојано вработена трупа. Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи. И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски… Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот – „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси… Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс за евентуално да бидат примени… Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава… Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР! https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=fAfClpc_Gs2dU6td

The post Коле Ангеловски: Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава appeared first on Република.

]]>
Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golem-praznik-za-nas-teatardhiite-ni-doaga-kako-kukna-slava-veli-akterot-i-rezhiser-kole-angelovski-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 11:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=758873

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.

Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија.

Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар.

Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.

Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна.

Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.

Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика.

Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни.

Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа.

Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи.

И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси...

Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени...

Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава...

Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.

https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.
Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија. Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар. Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.
Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна. Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.
Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика. Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни. Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа. Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи. И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси... Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени... Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава... Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.
https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги – Медал за заслуги за шоуто „К-15“, Повелба на Македонија за Албански театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gotse-todorovski-bajrush-mjaku-i-kole-angelovski-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi-medal-za-zaslugi-za-shouto-k-15-povelba-na-makedonija-za-albanski-teatar/ Tue, 26 Dec 2023 20:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=726927

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги додели признанијата Орден за заслуги за Македонија, Медал за заслуги и Повелба на Македонија.

Со Орден за заслуги Пендаровски ги одликуваше Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски.

Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција.

Бајруш Мјаку се одликува за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар. Тој се втемели како една од централните театарски фигури во Република Македонија.

Коле Ангеловски се одликува за 60-годишната богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм. Неговиот актерски, а пред сè режисерски опус остава длабока трага во меморијата на широката публика, неговото творештво е широко вреднувано и со непроценливо значење за целокупниот развој и популаризација на театарската и филмската уметност.

[caption id="attachment_726929" align="alignnone" width="690"] Коле Ангеловски/фото: Кабинет на Претседателот[/caption]

Медал за заслуги за Македонија им беше врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.

Лупчо Каров се одликува за авторскиот придонес и за учеството во неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваше уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество и, воопшто, за сиот ангажман во радиото и телевизијата, за придонесот кон македонската музика, но и за неговиот граѓански активизам и за вклучувањето во зачувувањето на животната средина, со што остави неизбришливи траги во медиумскиот простор и македонската естрада, но и во севкупното општествено живеење.

Бранко Огњановски и Васко Тодоров се одликуваат за неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваат уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество. Како едни од најкарактеристичните телевизиски ликови тие оставија белег и поттик за развој на овој вид творештво и за идните генерации.

Признанието Повелба на Македонија беше доделено на Албанскиот театар за седумдецениското постоење при што се етаблираше во една од водечките уметнички институции којашто остварува особено значајна културна, образовна и естетска дејност во македонското општество, како и за непроценливиот придонес во развојот на современиот театар во Република Македонија, се вели во соопштението.

 

The post Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги – Медал за заслуги за шоуто „К-15“, Повелба на Македонија за Албански театар appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги додели признанијата Орден за заслуги за Македонија, Медал за заслуги и Повелба на Македонија. Со Орден за заслуги Пендаровски ги одликуваше Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски. Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција. Бајруш Мјаку се одликува за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар. Тој се втемели како една од централните театарски фигури во Република Македонија. Коле Ангеловски се одликува за 60-годишната богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм. Неговиот актерски, а пред сè режисерски опус остава длабока трага во меморијата на широката публика, неговото творештво е широко вреднувано и со непроценливо значење за целокупниот развој и популаризација на театарската и филмската уметност. [caption id="attachment_726929" align="alignnone" width="690"] Коле Ангеловски/фото: Кабинет на Претседателот[/caption] Медал за заслуги за Македонија им беше врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.
Лупчо Каров се одликува за авторскиот придонес и за учеството во неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваше уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество и, воопшто, за сиот ангажман во радиото и телевизијата, за придонесот кон македонската музика, но и за неговиот граѓански активизам и за вклучувањето во зачувувањето на животната средина, со што остави неизбришливи траги во медиумскиот простор и македонската естрада, но и во севкупното општествено живеење.
Бранко Огњановски и Васко Тодоров се одликуваат за неповторливото хумористично шоу „К-15“, преку коешто пренесуваат уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество. Како едни од најкарактеристичните телевизиски ликови тие оставија белег и поттик за развој на овој вид творештво и за идните генерации. Признанието Повелба на Македонија беше доделено на Албанскиот театар за седумдецениското постоење при што се етаблираше во една од водечките уметнички институции којашто остварува особено значајна културна, образовна и естетска дејност во македонското општество, како и за непроценливиот придонес во развојот на современиот театар во Република Македонија, се вели во соопштението.  

The post Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги – Медал за заслуги за шоуто „К-15“, Повелба на Македонија за Албански театар appeared first on Република.

]]>
Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kole-angelovski-e-ovogodishniot-laureat-na-vasil-iloski-na-denovite-na-komedija-vo-kumanovo/ Thu, 28 Sep 2023 07:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=685828

Дваесет и шестото издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ беше отворен вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Пред публиката настапи велешкиот театар со комедијата „Синиот портокал“. На отворањето присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која кажа дека актерите преку брилијантната игра со години успеваат да ја насмеат публиката, а фестивалот е еден од најпосетуваните во државата.

Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност преку еден од најспецифичните жанрови, комедијата да ја негуваат и развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука во градот на безвременското дело „Бегалка“ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче кои се синоним и препознатлив белег на Куманово, кажа министерката.

Во обраќањето, таа истакна дека Министерството за култура останува партнер и поддржувач на фестивалот кој придонесува за развој на македонската култура.

Костадиновска Стојчевска му честиташе на овогодишниот лауреат Коле Ангеловски за неговиот придонес.

Творечкиот опус на доајенот на македонскиот театар и филм е разновиден и особено ни е драго што еден од најистакнатите културни работници кој цел свој живот го посвети на уметноста, особено во делот на комедијата вечерва ќе го добие признанието „Васил Иљоски“. Тој ќе се вброи во класата на врвните актерски великани Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска и Благоја Чоревски кои беа лауреати на фестивалот, рече министерката.

Наградата на Ангеловски му ја врачи Чоревски која кажа дека Ангеловски е еден од „виновниците“ за формирање на фестивалот.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски кажа дека преку овој фестивал Куманово покажува колку сака театар. Лауреатот Ангеловски рече дека само на фестивалот се одиграни близу 30-тина негови претстави.

Покрај велешкиот на фестивалот ќе се играат претставите „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар комедија од Скопје, „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија. Кумановци ќе ја проследат и претставата „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Како и претходните и годинава фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Љубовна терапија“. На 15-ти октомври ќе биде прикажана „Обвинителка“ и ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, за машка и женска улога, споредна улога, сценографија, костимографија и во други категории. Досега низ годините изведени се 210 претстави во изведба на професионални театри од нашата Република и од театарските куќи од регионот.

 

The post Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово appeared first on Република.

]]>

Дваесет и шестото издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ беше отворен вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Пред публиката настапи велешкиот театар со комедијата „Синиот портокал“. На отворањето присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која кажа дека актерите преку брилијантната игра со години успеваат да ја насмеат публиката, а фестивалот е еден од најпосетуваните во државата.
Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност преку еден од најспецифичните жанрови, комедијата да ја негуваат и развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука во градот на безвременското дело „Бегалка“ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче кои се синоним и препознатлив белег на Куманово, кажа министерката.
Во обраќањето, таа истакна дека Министерството за култура останува партнер и поддржувач на фестивалот кој придонесува за развој на македонската култура. Костадиновска Стојчевска му честиташе на овогодишниот лауреат Коле Ангеловски за неговиот придонес.
Творечкиот опус на доајенот на македонскиот театар и филм е разновиден и особено ни е драго што еден од најистакнатите културни работници кој цел свој живот го посвети на уметноста, особено во делот на комедијата вечерва ќе го добие признанието „Васил Иљоски“. Тој ќе се вброи во класата на врвните актерски великани Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска и Благоја Чоревски кои беа лауреати на фестивалот, рече министерката.
Наградата на Ангеловски му ја врачи Чоревски која кажа дека Ангеловски е еден од „виновниците“ за формирање на фестивалот. Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски кажа дека преку овој фестивал Куманово покажува колку сака театар. Лауреатот Ангеловски рече дека само на фестивалот се одиграни близу 30-тина негови претстави. Покрај велешкиот на фестивалот ќе се играат претставите „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар комедија од Скопје, „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија. Кумановци ќе ја проследат и претставата „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Како и претходните и годинава фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Љубовна терапија“. На 15-ти октомври ќе биде прикажана „Обвинителка“ и ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, за машка и женска улога, споредна улога, сценографија, костимографија и во други категории. Досега низ годините изведени се 210 претстави во изведба на професионални театри од нашата Република и од театарските куќи од регионот.  

The post Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово appeared first on Република.

]]>
Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/meshko-glumtsite-ne-umiraat-nemaat-godini-tie-na-svoite-matichni-stseni-ostanuvaat-dolgo-po-nivnoto-fizichko-zaminuvane-reche-dragan-spasov-dats-na-komemoratsijata-za-dimche-meshkovski/ Tue, 28 Mar 2023 12:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=624664

Ведар дух, мајстор актер, неверојатен тип за имрповизации, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе, грижлив татко и дедо, вљубен во сопругата Марица. Сето тоа беше актерот Димче Мешковски, кој почина на 20 март годинава, во Лос Анџелес, САД, кому денеска Драмски театар Скопје, неговата матична куќа му организираше комеморација.

Доајенот на македонското глумиште Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.

Иимав среќа и задоволство да се вработам во Драмски во 1967 и на работа ме примија Мешко и Дади (н.з. Владимир Ангеловски), кои беа во комисија. Иако помлади од мене, веќе беа вработени во Драмскиот театар и ете можеби заради братовска врска бев примен, рече денеска на комеморацијата режисерот и актер Коле Ангеловски.

Ангеловски зборуваше за дружбата со Мешко која траела 40 години.

Секојдневно се дружевме на проби, на претстави, кабаре, снимања. Со него поминав повеќе време отколку со сопствената фамилија. Работевме претстави, филмови и телевизиски серии. Со него имаше толку импровзиации и толку непредвидени ситуцаии. Во 'Болва в уво' јас имав една реплика, но толку импровизиравме што никогаш не се знаеше коолку ќе трае претставата и како ќе заврши. Во претставата 'Солунски патрдии', Мешко и Дади, секогаш седев позади сцената и само гледав и следев што ли сега ќе смислат, што ќе кажат. Беше задоволство да се слуша. За Мешко се сеќавам само на убави работи, на прекрасна дрѕжба. Се надевам дека горе играат бриџ со брат ми Дади, Мичо Егегеецот и Мац“, рече Ангеловски.

Актерот Драган Спасов Дац во својот говор кажа дека кога ќе замине некој близок никогаш не може да срочи некоја реченица за неговото испраќање. А заминале и блиски и подалечни...

Мешко, глумците не умираат, глумците немаат години и глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумците остануваат нивните претстави, нивните филмови, тв драми, нивните штосови, анегдоти, нивните загрижени и насмеани лица. Е таков те памтам, насмеан полн со дух, живот, енергија. Иако ги имаше сите болести на светот ти беше поздрав од сите и не се предаваше. Помнам еднаш кога го праша Мичо Егеец кој беше јак и здрав како бик: Мичо! ти си бил од нешто болен? Мичо збунет те праша: Како мислиш болен, сум имал грип некогаш. А јас тогаш те прашав тебе: Мешко а ти, има нешто од што не си бил болен..., кажа Дац.

Дац раскажа дека секојдневно се слушале откако Мешко заминал во САД и дека најмногу го интересирае случувањата во театарот. Разговорите траеле со часови, навистина бевме како татко и син, рече Дац.

Ти беше вљубен во твојата Марица како првиот ден кога си ја сретнал, таа беше твојата убавица, поткрепа и ветер во крилјата. Ми велеше: Ако ме остави Марица одма ќе умрам. Посебно беше горд на Наташа и нејзините успеси а и на Јасна која тргна по твоите стапки ама далеку од овде. Отиде да ги вратиш заедно со твојата сакана внука Леона, ама ти остана таму, таму во туѓината. И знаеш што, мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух.
И не знам зошто велат да се почива во мир, јас мислам дека и таму треба да се продолжи со исто темпо, онака како што човекот живеел на земјата. Каков мир ти се молам ти не беше мирен човек, кажа Дац.

Јасна и Наташа, ќерките на Мешковски, преку писмено обраќање ги споделија своите спомени за Димче, растењето во Драмски и за она што тој ги учел во животот. Велат дека детството им било магично, обвиено и зачинето со фантазијата на театарот.

Навистина е привилегија што сме деца на Мешко и затоа сме благодарни што токму тој е нашиот родител и секако, сопруг на Марица. Да се расте, да се созрева и да се живее со таков човек е вистински благослов. Како современ и либерален човек, Димче нé воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не учеше како да се сака и почитува својот народ и сопствената земја. Тој нé поддржуваше буквално во сé. 

Оти Мешко беше таков, со него секогаш знаеш на што си. Директен и објективен, човек кој оди по земја. Секогаш добро информиран за актуелните случувања кај нас и во светот, имаше познавање од нашата и светската историја и литература, пратеше политика, геополитика, уметност, спорт, култура. Човек со табиет да дебатира, на разни теми, жива енциклопедија, елоквентен, речит, со висока интелигенција.

Со љубов кон луѓето, посебно ги сакаше своите колеги - актери. До вчера го спомнуваше Драмски, постојано го сонуваше театарот и беше вистински вљубеник во својата актерска професија. Секогаш расположен за дружба и за песна, носеше во себе некоја посебна, моќна ментална енергија, напишаа неговите ќерки.

Наташа е поранешна македонска пливачка шампионка, олимпијка, сега професор на Факултетот за физичка култура, Јасна е актерка во САД.

В. д. директорката Маја Вељковиќ-Пановска рече дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар.

Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе. Всушност, Мешко беше испреплетен со Драмски, рече Вељковиќ-Пановска.

Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал.

Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат.

Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други.

Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.

 

The post Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски appeared first on Република.

]]>

Ведар дух, мајстор актер, неверојатен тип за имрповизации, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе, грижлив татко и дедо, вљубен во сопругата Марица. Сето тоа беше актерот Димче Мешковски, кој почина на 20 март годинава, во Лос Анџелес, САД, кому денеска Драмски театар Скопје, неговата матична куќа му организираше комеморација. Доајенот на македонското глумиште Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.
Иимав среќа и задоволство да се вработам во Драмски во 1967 и на работа ме примија Мешко и Дади (н.з. Владимир Ангеловски), кои беа во комисија. Иако помлади од мене, веќе беа вработени во Драмскиот театар и ете можеби заради братовска врска бев примен, рече денеска на комеморацијата режисерот и актер Коле Ангеловски.
Ангеловски зборуваше за дружбата со Мешко која траела 40 години.
Секојдневно се дружевме на проби, на претстави, кабаре, снимања. Со него поминав повеќе време отколку со сопствената фамилија. Работевме претстави, филмови и телевизиски серии. Со него имаше толку импровзиации и толку непредвидени ситуцаии. Во 'Болва в уво' јас имав една реплика, но толку импровизиравме што никогаш не се знаеше коолку ќе трае претставата и како ќе заврши. Во претставата 'Солунски патрдии', Мешко и Дади, секогаш седев позади сцената и само гледав и следев што ли сега ќе смислат, што ќе кажат. Беше задоволство да се слуша. За Мешко се сеќавам само на убави работи, на прекрасна дрѕжба. Се надевам дека горе играат бриџ со брат ми Дади, Мичо Егегеецот и Мац“, рече Ангеловски.
Актерот Драган Спасов Дац во својот говор кажа дека кога ќе замине некој близок никогаш не може да срочи некоја реченица за неговото испраќање. А заминале и блиски и подалечни...
Мешко, глумците не умираат, глумците немаат години и глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумците остануваат нивните претстави, нивните филмови, тв драми, нивните штосови, анегдоти, нивните загрижени и насмеани лица. Е таков те памтам, насмеан полн со дух, живот, енергија. Иако ги имаше сите болести на светот ти беше поздрав од сите и не се предаваше. Помнам еднаш кога го праша Мичо Егеец кој беше јак и здрав како бик: Мичо! ти си бил од нешто болен? Мичо збунет те праша: Како мислиш болен, сум имал грип некогаш. А јас тогаш те прашав тебе: Мешко а ти, има нешто од што не си бил болен..., кажа Дац.
Дац раскажа дека секојдневно се слушале откако Мешко заминал во САД и дека најмногу го интересирае случувањата во театарот. Разговорите траеле со часови, навистина бевме како татко и син, рече Дац.
Ти беше вљубен во твојата Марица како првиот ден кога си ја сретнал, таа беше твојата убавица, поткрепа и ветер во крилјата. Ми велеше: Ако ме остави Марица одма ќе умрам. Посебно беше горд на Наташа и нејзините успеси а и на Јасна која тргна по твоите стапки ама далеку од овде. Отиде да ги вратиш заедно со твојата сакана внука Леона, ама ти остана таму, таму во туѓината. И знаеш што, мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух. И не знам зошто велат да се почива во мир, јас мислам дека и таму треба да се продолжи со исто темпо, онака како што човекот живеел на земјата. Каков мир ти се молам ти не беше мирен човек, кажа Дац.
Јасна и Наташа, ќерките на Мешковски, преку писмено обраќање ги споделија своите спомени за Димче, растењето во Драмски и за она што тој ги учел во животот. Велат дека детството им било магично, обвиено и зачинето со фантазијата на театарот.
Навистина е привилегија што сме деца на Мешко и затоа сме благодарни што токму тој е нашиот родител и секако, сопруг на Марица. Да се расте, да се созрева и да се живее со таков човек е вистински благослов. Како современ и либерален човек, Димче нé воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не учеше како да се сака и почитува својот народ и сопствената земја. Тој нé поддржуваше буквално во сé.  Оти Мешко беше таков, со него секогаш знаеш на што си. Директен и објективен, човек кој оди по земја. Секогаш добро информиран за актуелните случувања кај нас и во светот, имаше познавање од нашата и светската историја и литература, пратеше политика, геополитика, уметност, спорт, култура. Човек со табиет да дебатира, на разни теми, жива енциклопедија, елоквентен, речит, со висока интелигенција. Со љубов кон луѓето, посебно ги сакаше своите колеги - актери. До вчера го спомнуваше Драмски, постојано го сонуваше театарот и беше вистински вљубеник во својата актерска професија. Секогаш расположен за дружба и за песна, носеше во себе некоја посебна, моќна ментална енергија, напишаа неговите ќерки.
Наташа е поранешна македонска пливачка шампионка, олимпијка, сега професор на Факултетот за физичка култура, Јасна е актерка во САД. В. д. директорката Маја Вељковиќ-Пановска рече дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар.
Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе. Всушност, Мешко беше испреплетен со Драмски, рече Вељковиќ-Пановска.
Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…). Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал. Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат. Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.  

The post Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски appeared first on Република.

]]>
„Ваква неправда нема ни на филм“: Режисерот Коле Ангеловски плати сметка за вода како да наполнил 25 фудбалски игралишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vakva-nepravda-nema-ni-na-film-reziserot-kole-angelovski-plati-smetka-za-voda-kako-da-napolnil-25-fudbalski-igralishta/ Fri, 23 Dec 2022 16:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=589286

Режисерот Коле Ангеловски се соочува со судска неправда за која вели ја нема ниту на филм. Ангеловски живее во куќа во Козле и како што раскажува пред камерата на „Сител“, редовно ги плаќал паушалите околу 2.000 денари кои му пристигнувале на сметка од Водовод и канализација. За месец септември 2016 му пристигнала фактура од 66.000 денари за потрошени 2500 кубни метри вода. За него е нејасно каде истекла оваа количина вода.

Ангеловски се жалел на суд и го добил спорот. Но драмата тука не завршила, по две години од судксата пресуда, тој бил обжален од јавното претпријатие до Апелациониот суд кој пак пресудил во корист на Водовод.

Ангеловски тврди дека и по сите судски процеси се уште плаќа паушални сметки бидејќи инкасаторите не дошле да ја прочитаат состојбата на водомоерот. За овој случај побаравме став од јавното претпријатие но и зошто законската обврска за вчитување на водомерите не е запазена од вработените на водовод.

https://youtu.be/Fzv-Lp1WOiM

The post „Ваква неправда нема ни на филм“: Режисерот Коле Ангеловски плати сметка за вода како да наполнил 25 фудбалски игралишта appeared first on Република.

]]>

Режисерот Коле Ангеловски се соочува со судска неправда за која вели ја нема ниту на филм. Ангеловски живее во куќа во Козле и како што раскажува пред камерата на „Сител“, редовно ги плаќал паушалите околу 2.000 денари кои му пристигнувале на сметка од Водовод и канализација. За месец септември 2016 му пристигнала фактура од 66.000 денари за потрошени 2500 кубни метри вода. За него е нејасно каде истекла оваа количина вода. Ангеловски се жалел на суд и го добил спорот. Но драмата тука не завршила, по две години од судксата пресуда, тој бил обжален од јавното претпријатие до Апелациониот суд кој пак пресудил во корист на Водовод. Ангеловски тврди дека и по сите судски процеси се уште плаќа паушални сметки бидејќи инкасаторите не дошле да ја прочитаат состојбата на водомоерот. За овој случај побаравме став од јавното претпријатие но и зошто законската обврска за вчитување на водомерите не е запазена од вработените на водовод. https://youtu.be/Fzv-Lp1WOiM

The post „Ваква неправда нема ни на филм“: Режисерот Коле Ангеловски плати сметка за вода како да наполнил 25 фудбалски игралишта appeared first on Република.

]]>
Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-ptica-so-glavata-megju-noze-od-kole-angelovski-vecherva-vo-dramski-teatar/ Tue, 12 Apr 2022 08:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=487177

Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва со почеток во 20 часот ќе се одигра на сцената на Драмски тетар.

Автор и режија: Коле Ангеловски, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Раде Василев,
музика: Кокан Димушевски.

Улоги: СТЕФАН ВУЈИСИЌ, МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА, БЛАГОЈ ЧОРЕВСКИ, ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ, МАРИЈА КОНДОВСКА, АНАСТАС ТАНОВСКИ, КАЛИНА НАУМОВСКА, БЛАГИЦА ДИМИТРОВСКА, СИМОН МАНАСКОВСКИ.

Инспициент: Жарко Намичев, суфлер: Жаклина Цветковска

Чудна комедија со среќен крај.
Птицата е симбол на слобода. Може да лета каде сака, за неа не постојат граници, не постојат ограничувања, но, ако главата и е меѓу нозе, ќе лета, ама ниско.
Кратка содржина:
Климент, млад доктор, бил на специјализација во странство. Таму се запознал со една девојка, која студирала Славистика и го зборува Македонскиот јазик. Никогаш не била во Македонија и би сакал преа да ја види таа земја, за која што толку многу слушала. Климент ја поканува да дојде, да ги види убавините на земјата, да ги запознае луѓето, традицијата, историјата...Девојката прифаќа. Климент пресреќен, за да ја дочека како треба, од Евдокија, инаку стара мома, изнајмува куќа, во стилот на старите Македонски куќи од почетокот на 20 век, како што се куќите во Охрид или Крушево. Ангажира двајца глумци, сега пензионери, Филимен и Иконија да бидат негови родители, се договара со Никифор, постар шеф-готвач кој порано работел во врвни хотели, а сега се бави со кетеринг, да биде негов слуга. На почетокот, глумците и шефот се збунети, но откако Климент им објаснува какви се нивните задачи и што треба да прават, со радост прифаќаат. Прават проби и со нетрпение ја очекуваат девојката. Звонче на вратата и..паника, можеби е девојката.. сите се на своите места, влезени во своите улоги, Никифор ја отвора вратата, а таму двајца типови, облечени во бели скафандери, со маски на лицето, го бараат Климент, кој на своите акери им објснува дека мора итно да замине, но ако случајно, во меѓу време, додека не се врати, девојката дојде, да прават се како што се договориле. Климент со типовите во скафандери заминува. И сега што? Збунети и загрижени актериве не знаат што да прават, плус времето се стуштува. Надвор се потготвува бура...Молњи..почнува да врне, снемува струја, а на телефоните немаат мрежа..За да ги расположи, Никифор принесува разни мезиња, пијачка и полека атмосверата се разведрува..
И што ќе се случува понатаму, дојдете во Драмски да ја видите претставата кога условите ќе дозволат.
Птица со главата меѓу нозе, не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема брканици, смешни карактери, ова е приказна за она што ни се случува денес во Македонија, од пандемија, од социјала, од политика..Приказни за тоа како било, а како е денес. За тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни ситуации, а сето тоа погледано од еден позитивен и комичен агол.
Ова е актерска претстава, ќе играат постарите актери на Драмски, врвни мајстори на овој жарн. Начинот на играње по Станиславски, со се она, кој сум, што сум, биографија, вистински односи, ама откачено и со дистанца..А тоа мислам дека многу добро го правиме.
Шест машки улоги, четири женски.
Сценогравски просторот преставува салон на старата куќа со се она што има во тој тип на куќи, од мебел, реквизита, реалистично и автентично..Да мириса на темјан и дуњи. Но во текот на претставата куќата се смалува, работите исчезнуваат...Некаква тежина притиска одозгора. Мрак, молњи дожд..
Светлото е многу важна компонента за целокупната армосвера.
Костимите, во првиот дел, реалистични, денешни, во вториот дел ликовите како да доаѓаат од некоја драма на Чехов, бели и од тоа време.
Дваесетина костими.
Музиката ( компонирана) треба да ја надополнува атмосверата на претставата
И на крај, науката, а може и Господ, да придонесат повтрно да имаме нормална ситуација, да се победи вирусот, луѓето да бидат здрави и безбедни и публиката да се врати во театарот, па сите заедно да се радуваме на полните салони.

Со надеж дека оваа претстава ќе се рализира пријателски ве поздравувам. (Коле Ангеловски)

The post Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва со почеток во 20 часот ќе се одигра на сцената на Драмски тетар.

Автор и режија: Коле Ангеловски, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Раде Василев, музика: Кокан Димушевски.

Улоги: СТЕФАН ВУЈИСИЌ, МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА, БЛАГОЈ ЧОРЕВСКИ, ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ, МАРИЈА КОНДОВСКА, АНАСТАС ТАНОВСКИ, КАЛИНА НАУМОВСКА, БЛАГИЦА ДИМИТРОВСКА, СИМОН МАНАСКОВСКИ.

Инспициент: Жарко Намичев, суфлер: Жаклина Цветковска

Чудна комедија со среќен крај. Птицата е симбол на слобода. Може да лета каде сака, за неа не постојат граници, не постојат ограничувања, но, ако главата и е меѓу нозе, ќе лета, ама ниско. Кратка содржина: Климент, млад доктор, бил на специјализација во странство. Таму се запознал со една девојка, која студирала Славистика и го зборува Македонскиот јазик. Никогаш не била во Македонија и би сакал преа да ја види таа земја, за која што толку многу слушала. Климент ја поканува да дојде, да ги види убавините на земјата, да ги запознае луѓето, традицијата, историјата...Девојката прифаќа. Климент пресреќен, за да ја дочека како треба, од Евдокија, инаку стара мома, изнајмува куќа, во стилот на старите Македонски куќи од почетокот на 20 век, како што се куќите во Охрид или Крушево. Ангажира двајца глумци, сега пензионери, Филимен и Иконија да бидат негови родители, се договара со Никифор, постар шеф-готвач кој порано работел во врвни хотели, а сега се бави со кетеринг, да биде негов слуга. На почетокот, глумците и шефот се збунети, но откако Климент им објаснува какви се нивните задачи и што треба да прават, со радост прифаќаат. Прават проби и со нетрпение ја очекуваат девојката. Звонче на вратата и..паника, можеби е девојката.. сите се на своите места, влезени во своите улоги, Никифор ја отвора вратата, а таму двајца типови, облечени во бели скафандери, со маски на лицето, го бараат Климент, кој на своите акери им објснува дека мора итно да замине, но ако случајно, во меѓу време, додека не се врати, девојката дојде, да прават се како што се договориле. Климент со типовите во скафандери заминува. И сега што? Збунети и загрижени актериве не знаат што да прават, плус времето се стуштува. Надвор се потготвува бура...Молњи..почнува да врне, снемува струја, а на телефоните немаат мрежа..За да ги расположи, Никифор принесува разни мезиња, пијачка и полека атмосверата се разведрува.. И што ќе се случува понатаму, дојдете во Драмски да ја видите претставата кога условите ќе дозволат. Птица со главата меѓу нозе, не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема брканици, смешни карактери, ова е приказна за она што ни се случува денес во Македонија, од пандемија, од социјала, од политика..Приказни за тоа како било, а како е денес. За тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни ситуации, а сето тоа погледано од еден позитивен и комичен агол. Ова е актерска претстава, ќе играат постарите актери на Драмски, врвни мајстори на овој жарн. Начинот на играње по Станиславски, со се она, кој сум, што сум, биографија, вистински односи, ама откачено и со дистанца..А тоа мислам дека многу добро го правиме. Шест машки улоги, четири женски. Сценогравски просторот преставува салон на старата куќа со се она што има во тој тип на куќи, од мебел, реквизита, реалистично и автентично..Да мириса на темјан и дуњи. Но во текот на претставата куќата се смалува, работите исчезнуваат...Некаква тежина притиска одозгора. Мрак, молњи дожд.. Светлото е многу важна компонента за целокупната армосвера. Костимите, во првиот дел, реалистични, денешни, во вториот дел ликовите како да доаѓаат од некоја драма на Чехов, бели и од тоа време. Дваесетина костими. Музиката ( компонирана) треба да ја надополнува атмосверата на претставата И на крај, науката, а може и Господ, да придонесат повтрно да имаме нормална ситуација, да се победи вирусот, луѓето да бидат здрави и безбедни и публиката да се врати во театарот, па сите заедно да се радуваме на полните салони.

Со надеж дека оваа претстава ќе се рализира пријателски ве поздравувам. (Коле Ангеловски)

The post Претставата „Птица со главата меѓу нозе“ од Коле Ангеловски вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Режисерот Коле Ангеловски добива седиште во публиката со плочка со неговото име по повод 10 години од формирањето на Театар Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reziserot-kole-angelovski-dobiva-sedishte-vo-publikata-so-plochka-so-negovoto-ime-po-povod-10-godini-od-formiranjeto-na-teatar-komedija/ Mon, 21 Mar 2022 15:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=476204

Театар Комедија на 27 март, кога се одбележува Светскиот ден на театарот ќе прослави 10 години од формирањето на оваа најмлада теататска институција.

Првите десет години се најтешки, е мислење што често се слуша меѓу народот, а сѐ понатаму е песна. Да бидеме искрени – нас и овие десет години ни беа како песна. Затоа со огромна радост ќе го пречекаме 27 март 2022 година и на Светскиот ден на театарот ќе влеземе во втората деценија на Театар Комедија, велат од Театарот.

Како Национална установа Театар Комедија е основан во ноември 2011 година, а официјалното отворање беше одбележано со премиерата на претставата „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски на Светскиот ден на театарот – 27 март 2012 година. Првите две години Театар Комедија ја реализираше својата програма на сцената на Драмски театар – Скопје, а потоа својот дом го најде во објектот Театар Центар.

Главната претпоставка за формирањето на Театар Комедија беше и, сѐ уште, е да се овозможи поголема театарска понуда со постоење на жанровски определен театар во државата, со репертоар кој ќе има бројни праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. Во овие десет години на сцената на Театар Комедија се поставени 33 премиери, а претставите имаа 922 изведби. Комедија е еден од најпосетуваните театри со вкупна бројка од 258.292 гледачи.

Како благодарница, на првиот режисер во Театар Комедија, Коле Ангеловски, едно од седиштата во публиката добива плочка со натпис: Коле Ангеловски, првиот режисер во Т. Комедија, 27.03.2012, „Ах, љубов моја“.

Заедно со Театар Комедија во овие десет години растеше и зрееше и комплетната актерска и сценска екипа. Театар Комедија досега има добиено 21 награда на домашни и меѓународни фестивали. Со огромно задоволство го организираме и Меѓународниот фестивал „Гола месечина“, кој се одржува на отворен простор.

Театар Комедија веќе се вброи и меѓу театарските куќи што ги отворија вратите за сите категории на граѓани. Исто така, за подобрување на условите за пристап и за непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп беа реализирани и неколку проекти.
Ентузијазмот и желбата за откривање нови предизвици се уште позасилени сега, кога имаме десетгодишно искуство зад нас. Во тешки времиња најтешко е да се насмеат луѓето, да се извлечат од сивилото на реалноста и да се внесат во простор каде што на сите проблеми ќе гледаат со насмевка. Бројната и верна публика на Театар Комедија веќе знае каде и со кого да влезе во безбедната зона на радоста и уживањето во животот.

Секој чекор напред е условен од трагите што сме ги оставиле. Во пресрет на Светскиот ден на театарот ве каниме и на изведбите на „Клетвата на Скотје“ во режија на Синиша Евтимов на 25 и 26 март во вашиот Театар Комедија.

The post Режисерот Коле Ангеловски добива седиште во публиката со плочка со неговото име по повод 10 години од формирањето на Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија на 27 март, кога се одбележува Светскиот ден на театарот ќе прослави 10 години од формирањето на оваа најмлада теататска институција.
Првите десет години се најтешки, е мислење што често се слуша меѓу народот, а сѐ понатаму е песна. Да бидеме искрени – нас и овие десет години ни беа како песна. Затоа со огромна радост ќе го пречекаме 27 март 2022 година и на Светскиот ден на театарот ќе влеземе во втората деценија на Театар Комедија, велат од Театарот.
Како Национална установа Театар Комедија е основан во ноември 2011 година, а официјалното отворање беше одбележано со премиерата на претставата „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски на Светскиот ден на театарот – 27 март 2012 година. Првите две години Театар Комедија ја реализираше својата програма на сцената на Драмски театар – Скопје, а потоа својот дом го најде во објектот Театар Центар. Главната претпоставка за формирањето на Театар Комедија беше и, сѐ уште, е да се овозможи поголема театарска понуда со постоење на жанровски определен театар во државата, со репертоар кој ќе има бројни праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. Во овие десет години на сцената на Театар Комедија се поставени 33 премиери, а претставите имаа 922 изведби. Комедија е еден од најпосетуваните театри со вкупна бројка од 258.292 гледачи. Како благодарница, на првиот режисер во Театар Комедија, Коле Ангеловски, едно од седиштата во публиката добива плочка со натпис: Коле Ангеловски, првиот режисер во Т. Комедија, 27.03.2012, „Ах, љубов моја“. Заедно со Театар Комедија во овие десет години растеше и зрееше и комплетната актерска и сценска екипа. Театар Комедија досега има добиено 21 награда на домашни и меѓународни фестивали. Со огромно задоволство го организираме и Меѓународниот фестивал „Гола месечина“, кој се одржува на отворен простор. Театар Комедија веќе се вброи и меѓу театарските куќи што ги отворија вратите за сите категории на граѓани. Исто така, за подобрување на условите за пристап и за непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп беа реализирани и неколку проекти. Ентузијазмот и желбата за откривање нови предизвици се уште позасилени сега, кога имаме десетгодишно искуство зад нас. Во тешки времиња најтешко е да се насмеат луѓето, да се извлечат од сивилото на реалноста и да се внесат во простор каде што на сите проблеми ќе гледаат со насмевка. Бројната и верна публика на Театар Комедија веќе знае каде и со кого да влезе во безбедната зона на радоста и уживањето во животот. Секој чекор напред е условен од трагите што сме ги оставиле. Во пресрет на Светскиот ден на театарот ве каниме и на изведбите на „Клетвата на Скотје“ во режија на Синиша Евтимов на 25 и 26 март во вашиот Театар Комедија.

The post Режисерот Коле Ангеловски добива седиште во публиката со плочка со неговото име по повод 10 години од формирањето на Театар Комедија appeared first on Република.

]]>