колација Вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolatsija-vredi/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 18:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png колација Вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolatsija-vredi/ 32 32 Пред штабот на „Влен“ огради и полициско обезбедување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-shtabot-na-vlen-ogradi-i-politsisko-obezbeduvane/ Wed, 08 May 2024 18:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=775776

Пред изборниот штаб на албанската опозициска коалиција „Влен“ кај плоштадот “Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полициските сили.

Од „Влен“ за МИА велат дека сето ова е преземено само поради безбедносни причини, но, како што, посочуваат немаат никаква најава за некаков инцидент или загрозување по животот на некој од присутните претставници од медиумите, и членовите на коалицијата.

Во штабот на „Влен“ доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“. На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата „Влен“ Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари.

За потсетување, на првиот круг од претседателските избори пред изборниот штаб на „Влен“ по одржување на првата прес-конференција по затворање на гласачките места, членот на ДУИ Артан Груби со други членови и симпатизери од партијата дојдоа да прославуваат пред штабот на албанската опозициска коалиција, по што сите медиумски работници и симпатизери на коалиција беа преселени на друга локација, односно кај седиштето на Демократското движење, за, како што рекоа тогаш, да не дојде до некаков инцидент.

The post Пред штабот на „Влен“ огради и полициско обезбедување appeared first on Република.

]]>

Пред изборниот штаб на албанската опозициска коалиција „Влен“ кај плоштадот “Скендербег“ во Скопје се поставени заштитни баридаки и се забележува присуството на полициските сили. Од „Влен“ за МИА велат дека сето ова е преземено само поради безбедносни причини, но, како што, посочуваат немаат никаква најава за некаков инцидент или загрозување по животот на некој од присутните претставници од медиумите, и членовите на коалицијата. Во штабот на „Влен“ доминира победничка атмосфера, присутните извикуваат „Победа, победа“. На прес-конференцијата се обраќаат претседателите на партиите од коалицијата „Влен“ Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Таравари. За потсетување, на првиот круг од претседателските избори пред изборниот штаб на „Влен“ по одржување на првата прес-конференција по затворање на гласачките места, членот на ДУИ Артан Груби со други членови и симпатизери од партијата дојдоа да прославуваат пред штабот на албанската опозициска коалиција, по што сите медиумски работници и симпатизери на коалиција беа преселени на друга локација, односно кај седиштето на Демократското движење, за, како што рекоа тогаш, да не дојде до некаков инцидент.

The post Пред штабот на „Влен“ огради и полициско обезбедување appeared first on Република.

]]>
Коалиција Вреди: ДУИ во руско сценарио бара лек за изборниот пораз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsija-vredi-dui-vo-rusko-stsenario-bara-lek-za-izborniot-poraz/ Fri, 29 Mar 2024 12:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=760131

Навреме предупредивме дека очајниот ДУИ смислил сценарио за предизвикување политичка криза после првиот круг на претседателските избори со цел да избегне чесно признавање на извесниот пораз. Нивен сон е Техничката Влада на Талат Џафери да опстои повеќе од предвидените 100 дена. Бујар Османи избегнува одговор на многу логичното прашање што правел како претседавач со ОБСЕ во текот на 2023 за оваа меѓународна институција да оцени дека постои потенцијал за нарушувањето на безбедноста во изборниот процес и го зголеми бројот на набљудувачи. Исто така молчи дали Османи како домаќин на Лавров го прашал за рецептот за суспендирање на демократската волја на граѓаните, се вели во реакцијата на Коалиција Вреди.

Но, контурите на ова РУСКО сценарио полека излегуваат на виделина. Владата на Талат Џафери незаконски спречува поставување на началник и дополнителен началник на СВР Тетово за да може да ги злоупотребува партиските војници на ДУИ инсталирани во полицијата во кампањата. Потврда за ова е последниот скандал со училиштето во Житоша кое не само што е претворено во штаб на ДУИ, туку во него полицајци отворено агитираат за Али Ахмети, се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи. Очекуваме дека раководството на МВР соодветно ќе ги евидентира и санкционира овие девијации од страна на полициски службеници.

Јасно им порачуваме на полициските службеници и останати кадри на ДУИ во државните институции, добро да размислат какви партиски задачи прифаќаат и спроведуваат. Ништо не може да ја смени реалноста. ДУИ после 08 мај преминува во опозиција и за секој нивен кадар кој се огрешил пред законите ќе следи соодветна правосудна постапка. Добро е секој партиски активист на ДУИ да размислува трезвено и да не се впушта во незаконски авантури лажно верувајќи дека ќе продолжат кариерите на Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби.

Знаеме дека исплашеното раководство на ДУИ и нивните коалициони другарчиња се подготвени на различни предизборни далавери, но треба да земат предвид дека на секој обид за спречување на слободно, фер и демократско гласање на Албанскиот народ, жестоко ќе одговориме. Ништо не може да ги спречи промените. Гласачите уште повеќе се мотивираат да гласаат против ДУИ кога ги гледаат овие нивни очајнички потези. Бранот е тргнат и тој секојдневно ќе расте додека не се претвори во цунами за ДУИ на изборите – велат од коалицијата.

 

The post Коалиција Вреди: ДУИ во руско сценарио бара лек за изборниот пораз appeared first on Република.

]]>

Навреме предупредивме дека очајниот ДУИ смислил сценарио за предизвикување политичка криза после првиот круг на претседателските избори со цел да избегне чесно признавање на извесниот пораз. Нивен сон е Техничката Влада на Талат Џафери да опстои повеќе од предвидените 100 дена. Бујар Османи избегнува одговор на многу логичното прашање што правел како претседавач со ОБСЕ во текот на 2023 за оваа меѓународна институција да оцени дека постои потенцијал за нарушувањето на безбедноста во изборниот процес и го зголеми бројот на набљудувачи. Исто така молчи дали Османи како домаќин на Лавров го прашал за рецептот за суспендирање на демократската волја на граѓаните, се вели во реакцијата на Коалиција Вреди. Но, контурите на ова РУСКО сценарио полека излегуваат на виделина. Владата на Талат Џафери незаконски спречува поставување на началник и дополнителен началник на СВР Тетово за да може да ги злоупотребува партиските војници на ДУИ инсталирани во полицијата во кампањата. Потврда за ова е последниот скандал со училиштето во Житоша кое не само што е претворено во штаб на ДУИ, туку во него полицајци отворено агитираат за Али Ахмети, се фотографираат и објавуваат на социјалните мрежи. Очекуваме дека раководството на МВР соодветно ќе ги евидентира и санкционира овие девијации од страна на полициски службеници. Јасно им порачуваме на полициските службеници и останати кадри на ДУИ во државните институции, добро да размислат какви партиски задачи прифаќаат и спроведуваат. Ништо не може да ја смени реалноста. ДУИ после 08 мај преминува во опозиција и за секој нивен кадар кој се огрешил пред законите ќе следи соодветна правосудна постапка. Добро е секој партиски активист на ДУИ да размислува трезвено и да не се впушта во незаконски авантури лажно верувајќи дека ќе продолжат кариерите на Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Знаеме дека исплашеното раководство на ДУИ и нивните коалициони другарчиња се подготвени на различни предизборни далавери, но треба да земат предвид дека на секој обид за спречување на слободно, фер и демократско гласање на Албанскиот народ, жестоко ќе одговориме. Ништо не може да ги спречи промените. Гласачите уште повеќе се мотивираат да гласаат против ДУИ кога ги гледаат овие нивни очајнички потези. Бранот е тргнат и тој секојдневно ќе расте додека не се претвори во цунами за ДУИ на изборите – велат од коалицијата.  

The post Коалиција Вреди: ДУИ во руско сценарио бара лек за изборниот пораз appeared first on Република.

]]>