колапс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolaps/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png колапс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kolaps/ 32 32 Министерот Таравари е дома, во добра состојба е по вчерашниот колапс https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-taravari-e-doma-vo-dobra-sostojba-e-po-vcherashniot-kolaps/ Wed, 27 Nov 2024 11:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=842259

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.

Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е - премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА.

На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.

The post Министерот Таравари е дома, во добра состојба е по вчерашниот колапс appeared first on Република.

]]>

Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-sotsijalnite-mrezhi-se-organiziraat-za-prevoz-do-rabota-poradi-kolapsot-na-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840168

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/

Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.

Друга граѓанка напиша:

Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.

На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.

Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.
Друга граѓанка напиша:
Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.
На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.
Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.
https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=840162

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.

Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.
Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.
Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.
Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.
Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров. Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.  

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
Колапс на здравството: Три дена се затворени сите хируршки сали на Хирургија во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolaps-na-zdravstvoto-tri-dena-se-zatvoreni-site-hirurshki-sali-na-hirurgija-vo-klinichki-tsentar/ Thu, 11 Apr 2024 07:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=764781

На здравството му е случува колапс, три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Молк од "транспарентната" власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција сите хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти. Изостанаа одговори како дојде до овој колапс на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство, велат од Комисијата.

Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција.

Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација.

Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење. Платформата 1189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Колапс на здравството: Три дена се затворени сите хируршки сали на Хирургија во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

На здравството му е случува колапс, три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Молк од "транспарентната" власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција сите хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти. Изостанаа одговори како дојде до овој колапс на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство, велат од Комисијата.
Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција.
Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација. Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење. Платформата 1189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Колапс на здравството: Три дена се затворени сите хируршки сали на Хирургија во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Снегот ја парализира Македонија: Блокирани патиштата, колони возила заглавени на Стража https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/snegot-ja-paralizira-makedonija-blokirani-patishtata-koloni-vozila-zaglaveni-na-strazha/ Sat, 25 Nov 2023 14:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=716169

Во овие моменти вистински хаос се случува на планинскиот превој Стража каде колони возила се заглавени поради снегот.

Забрана за движење АМСМ издаде од 13:00 часот на патниот правец Кичево-Стража. Од 12:40 на патниот правец Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово.

Забрана за движење од 12:45 има и на патениот правец Дебар – Маврово, истакна АМСМ.

Инаку забрана за движење без зимска опрема има и на патот кон Попова Шапка.

The post Снегот ја парализира Македонија: Блокирани патиштата, колони возила заглавени на Стража appeared first on Република.

]]>

Во овие моменти вистински хаос се случува на планинскиот превој Стража каде колони возила се заглавени поради снегот. Забрана за движење АМСМ издаде од 13:00 часот на патниот правец Кичево-Стража. Од 12:40 на патниот правец Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово. Забрана за движење од 12:45 има и на патениот правец Дебар – Маврово, истакна АМСМ. Инаку забрана за движење без зимска опрема има и на патот кон Попова Шапка.

The post Снегот ја парализира Македонија: Блокирани патиштата, колони возила заглавени на Стража appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Немаме јавен превоз, учебници, струја, гасовод, Уставен суд, Собрание… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-nemame-javen-prevoz-uchebnici-struja-gasovod-ustaven-sud-sobranie/ Thu, 20 Oct 2022 11:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=563534

Имати, па немати, коментира Ивор Мицковски за тоталниот колапс кој ѝ се случува на Македонија.

Немаме јавен превоз.
Немаме учебници.
Немаме струја за зимава.
Немаме гасовод.
Немаме Уставен суд.
Немаме Собрание.
Имаме криминал, корупција и клиентелизам за извоз.
Имаме нефункционална Влада доминирана од една етничка партија.
Имаме навреди и блокади од Бугарија.
Имаме домашен раздор и политичко неединство.
Имаме огромни зајмувања и рекордна инфлација.
Тоа е тоа, имати па немати, пишува тој.

The post Мицковски: Немаме јавен превоз, учебници, струја, гасовод, Уставен суд, Собрание… appeared first on Република.

]]>

Имати, па немати, коментира Ивор Мицковски за тоталниот колапс кој ѝ се случува на Македонија.
Немаме јавен превоз. Немаме учебници. Немаме струја за зимава. Немаме гасовод. Немаме Уставен суд. Немаме Собрание. Имаме криминал, корупција и клиентелизам за извоз. Имаме нефункционална Влада доминирана од една етничка партија. Имаме навреди и блокади од Бугарија. Имаме домашен раздор и политичко неединство. Имаме огромни зајмувања и рекордна инфлација. Тоа е тоа, имати па немати, пишува тој.

The post Мицковски: Немаме јавен превоз, учебници, струја, гасовод, Уставен суд, Собрание… appeared first on Република.

]]>