кол центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kol-centar/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 19:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кол центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kol-centar/ 32 32 Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/partijata-na-vuchik-imala-kol-tsentar-vo-novosadskiot-saem-kade-shto-se-broele-glasovite/ Tue, 04 Jun 2024 19:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=784786

 Новосадската полиција во неделата на денот на локалните изборите добила наредба од „врвот“ да не одговара на пријавите на членови на опозицијата и граѓани за настаните на Новосадскиот саем, каде беше откриен еден од најголемите т.н.„кол-центри“ на СНС.

Штом претставниците на опозициските листи во Нови Сад го забележале тој кол-центар кој се наоѓал на новосадскиот саем, на истото место каде што ГИК требало да ги преброи гласовите по изборите, повикале полиција. Тие побараа полицијата да излезе на местото на настанот, да влезе во просторијата каде што стотина млади луѓе беа заклучени и да провери што навистина се случува.

Одговорот што го добиле од дежурниот полицаец бил ист: „Ќе ги известам колегите“.

Полицијата се појавила дури по час и половина, кога на саемот пристигнале три возила на интервентната единица, а во едно од нив бил и командантот на единицата за интервенција Никола Крајиновиќ. Кога до возилото се приближиле активисти и граѓани и побарале од полицајците да излезат надвор и да влезат во „кол-центарот“ за да видат што се случува внатре, тие одговориле дека за тоа не се одговорни тие, туку регионалната редовна патрола.

Како што се зголемуваа тензиите, полицијата само седеше во своите возила, додека активистите не се обидоа насилно да влезат во просторијата каде што беа стотина активисти на СНС.

Во тој момент полициските службеници излегле од возилото и направиле кордон пред вратата. Потоа дошло до физички конфликт со полицијата.

Извор од врвот на МВР во Нови Сад за Данас вели дека новосадската полиција имала наредба „од врвот“ да не одговара на пријавите на граѓаните и да не влегува во кол центарот.

„На новосадската полиција строго и беше наредено да не постапува кога почнаа да пристигнуваат извештаи дека на саемот се случуваат изборни нерегуларности. Одлучено е максимално да се одложи пристигнувањето на саемот, а строго е наложено во случај на пристигнување на местото да не се влегува во просторијата каде што се активистите на СНС. Не знам кој точно го нарачал и дали бил некој од врвот на МВР или од политичките структури, знам само дека до мене стигна дека наредбата е од „врвот“, изјави за Данас извор од МВР на Србија.

Ннекои мажи почнале да трчаат кон главниот влез на новосадскиот саем со кутии полни документи, додека на излезот ги чекал автомобил со кој се оддалечиле

Изборниот ден во Нови Сад беше многу бурен, а најголем инцидент беше случајот со кол центарот на Новосадскиот саем. Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на изборите немало поголеми инциденти, освен дека на саемот биле нападнати припадници на полицијата, како и дека е причинета голема материјална штета на просторот на Новосадскиот саем.

The post Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? appeared first on Република.

]]>

 Новосадската полиција во неделата на денот на локалните изборите добила наредба од „врвот“ да не одговара на пријавите на членови на опозицијата и граѓани за настаните на Новосадскиот саем, каде беше откриен еден од најголемите т.н.„кол-центри“ на СНС. Штом претставниците на опозициските листи во Нови Сад го забележале тој кол-центар кој се наоѓал на новосадскиот саем, на истото место каде што ГИК требало да ги преброи гласовите по изборите, повикале полиција. Тие побараа полицијата да излезе на местото на настанот, да влезе во просторијата каде што стотина млади луѓе беа заклучени и да провери што навистина се случува. Одговорот што го добиле од дежурниот полицаец бил ист: „Ќе ги известам колегите“. Полицијата се појавила дури по час и половина, кога на саемот пристигнале три возила на интервентната единица, а во едно од нив бил и командантот на единицата за интервенција Никола Крајиновиќ. Кога до возилото се приближиле активисти и граѓани и побарале од полицајците да излезат надвор и да влезат во „кол-центарот“ за да видат што се случува внатре, тие одговориле дека за тоа не се одговорни тие, туку регионалната редовна патрола. Како што се зголемуваа тензиите, полицијата само седеше во своите возила, додека активистите не се обидоа насилно да влезат во просторијата каде што беа стотина активисти на СНС. Во тој момент полициските службеници излегле од возилото и направиле кордон пред вратата. Потоа дошло до физички конфликт со полицијата. Извор од врвот на МВР во Нови Сад за Данас вели дека новосадската полиција имала наредба „од врвот“ да не одговара на пријавите на граѓаните и да не влегува во кол центарот.
„На новосадската полиција строго и беше наредено да не постапува кога почнаа да пристигнуваат извештаи дека на саемот се случуваат изборни нерегуларности. Одлучено е максимално да се одложи пристигнувањето на саемот, а строго е наложено во случај на пристигнување на местото да не се влегува во просторијата каде што се активистите на СНС. Не знам кој точно го нарачал и дали бил некој од врвот на МВР или од политичките структури, знам само дека до мене стигна дека наредбата е од „врвот“, изјави за Данас извор од МВР на Србија.
Ннекои мажи почнале да трчаат кон главниот влез на новосадскиот саем со кутии полни документи, додека на излезот ги чекал автомобил со кој се оддалечиле Изборниот ден во Нови Сад беше многу бурен, а најголем инцидент беше случајот со кол центарот на Новосадскиот саем. Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на изборите немало поголеми инциденти, освен дека на саемот биле нападнати припадници на полицијата, како и дека е причинета голема материјална штета на просторот на Новосадскиот саем.

The post Партијата на Вучиќ имала кол центар во новосадскиот саем каде што се броеле гласовите? appeared first on Република.

]]>
Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kol-centar-vkluchen-vo-golema-evropska-izmama-so-kriptovaluti/ Fri, 11 Nov 2022 15:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=572845

Во голема меѓународна акција откриена е инвестициска измама со употреба на криптовалути на која жртви биле стотици илјади лица од целиот свет. Еден од центрите од каде се вршела измамата, според сомненијата е и Македонија.

Станува збор за акција која ја координираа Европравда и Европол, а вчера и завчера (8 и 9 ноември) акцијата била спроведена во Македонија, Албанија, Бугарија, Грузија и Украина. Биле претресени 15 кол-центри, а уапсени се пет осомничени.

Од нашите институции во акцијата учествувале еден обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и 28 полицајци од МВР. Претрес бил извршен во еден од 15-те кол-центри и засега нема уапсено лице. Петмината уапсени за кои соопшти Европравда се во Албанија – четворица и во Грузија – еден.

Претресите во останатите 14 кол-центри, пак, биле во: Албанија – 6, Грузија – 5 и Украина 3.

Осомничените се претставувале како брокери кои со мали инвестиции може да им помогнат на инвеститорите да заработат големи суми пари. Во реалноста организираната криминална група ги измамила жртвите на начин што ја стекнала нивната доверба преку Интернет и преку професионално поставените центри за повици или други начини на т.н. социјален инженеринг. Со ова тие ги охрабрувале жртвите да инвестираат преку веб-платформи кои всушност се контролирани од криминалната група и на тој начин последователно губеле големи суми пари, соопшти Европравда.

Оттаму потенцираат дека станува збор за истрага чиишто размери се без преседан. Собраните докази покажуваат дека измамите почнале најмалку од 2016 година и досега се проценува дека има стотици илјади жртви ширум светот. Проценките се оти на годишно ниво, групата правела штета од 50 милиони евра.

Истрагата за оваа онлајн измама се води од 2018 година, а во моментов се отворени судски случаи во седум земји.

Во претресите претходните два дена биле запленети над 500 електронски уреди (компјутери, лаптопи, хард-дискови, УСБ), над 340 00 евра во кеш, неколку мобилни телефони, „паричници“ со криптовалути, имоти, лични документи, банкарски картички и стотици други документи.

Во соопштението објавено по спроведената акција, од Европравда на потенцијалните инвеститори ги советуваат да бидат дополнително внимателни кога прават онлајн инвестиции во криптовалути и да проверат дали веб-платформите каде вложуваат им припаѓаат на легални компании или не.

The post Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Во голема меѓународна акција откриена е инвестициска измама со употреба на криптовалути на која жртви биле стотици илјади лица од целиот свет. Еден од центрите од каде се вршела измамата, според сомненијата е и Македонија. Станува збор за акција која ја координираа Европравда и Европол, а вчера и завчера (8 и 9 ноември) акцијата била спроведена во Македонија, Албанија, Бугарија, Грузија и Украина. Биле претресени 15 кол-центри, а уапсени се пет осомничени. Од нашите институции во акцијата учествувале еден обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и 28 полицајци од МВР. Претрес бил извршен во еден од 15-те кол-центри и засега нема уапсено лице. Петмината уапсени за кои соопшти Европравда се во Албанија – четворица и во Грузија – еден. Претресите во останатите 14 кол-центри, пак, биле во: Албанија – 6, Грузија – 5 и Украина 3.
Осомничените се претставувале како брокери кои со мали инвестиции може да им помогнат на инвеститорите да заработат големи суми пари. Во реалноста организираната криминална група ги измамила жртвите на начин што ја стекнала нивната доверба преку Интернет и преку професионално поставените центри за повици или други начини на т.н. социјален инженеринг. Со ова тие ги охрабрувале жртвите да инвестираат преку веб-платформи кои всушност се контролирани од криминалната група и на тој начин последователно губеле големи суми пари, соопшти Европравда.
Оттаму потенцираат дека станува збор за истрага чиишто размери се без преседан. Собраните докази покажуваат дека измамите почнале најмалку од 2016 година и досега се проценува дека има стотици илјади жртви ширум светот. Проценките се оти на годишно ниво, групата правела штета од 50 милиони евра. Истрагата за оваа онлајн измама се води од 2018 година, а во моментов се отворени судски случаи во седум земји. Во претресите претходните два дена биле запленети над 500 електронски уреди (компјутери, лаптопи, хард-дискови, УСБ), над 340 00 евра во кеш, неколку мобилни телефони, „паричници“ со криптовалути, имоти, лични документи, банкарски картички и стотици други документи. Во соопштението објавено по спроведената акција, од Европравда на потенцијалните инвеститори ги советуваат да бидат дополнително внимателни кога прават онлајн инвестиции во криптовалути и да проверат дали веб-платформите каде вложуваат им припаѓаат на легални компании или не.

The post Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Ново хит видео на Вучиќ: Ме ставија тука во некој „кол центар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nov-hit-videospot-na-vuchikj-me-stavija-tuka-vo-nekoj-kol-centar/ Wed, 23 Mar 2022 20:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=477351

Откако неговиот претходен предизборен видеоспот го воодушеви Балканот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил, објави ново интересно видео.

Ако во претходното видео излезе од фрижидер, Вучиќ овојпат се јавува од кол центар.

Ме сместија овде во некој телефонски центар. Најважното нешто е да ги слушнам луѓето и затоа сум овде

 

Ни треба мир за да продолжиме да напредуваме и да ја развиваме нашата Србија уште побрзо.

 

Само ако сме заедно и ако цврсто се бориме, ако сме одговорни за нашата иднина, можеме се.

 

Единствената граница е нашиот сон - порачува Вучиќ во видеото.

 

The post Ново хит видео на Вучиќ: Ме ставија тука во некој „кол центар“ appeared first on Република.

]]>

Откако неговиот претходен предизборен видеоспот го воодушеви Балканот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил, објави ново интересно видео. Ако во претходното видео излезе од фрижидер, Вучиќ овојпат се јавува од кол центар.
Ме сместија овде во некој телефонски центар. Најважното нешто е да ги слушнам луѓето и затоа сум овде   Ни треба мир за да продолжиме да напредуваме и да ја развиваме нашата Србија уште побрзо.   Само ако сме заедно и ако цврсто се бориме, ако сме одговорни за нашата иднина, можеме се.   Единствената граница е нашиот сон - порачува Вучиќ во видеото.
 

The post Ново хит видео на Вучиќ: Ме ставија тука во некој „кол центар“ appeared first on Република.

]]>