„Коктел на вкусови“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koktel-na-vkusovi/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 11:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Коктел на вкусови“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koktel-na-vkusovi/ 32 32 „Коктел на вкусови“ на третиот Фестивал на биодиверзитет https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/koktel-na-vkusovi-na-tretiot-festival-na-biodiverzitet/ Fri, 16 Jun 2023 12:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=652166

На 18 јуни (недела), од пладне, во 12 часот, па се до 20 часот навечер во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по трети пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет, годинава насловен како „Коктел на вкусови“. Фестивалот го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна. Конкретно и на овој фестивал ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје. Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Паркот на франкофонијата.

На настанот ќе се изложат и презентираат домашни, традиционални производи со различни вкусови, благо, солено, луто: гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, се природно по рецептите на нашите баби. Исто така ќе имате можност да фи вкусите традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.Потоа ќе имате можност да се запознаете и со вкусовте на тартуфите, една од најретките и најскапите печурки кои ги има на нашето поднебје, да вкусите органско масло од лешник, природни сокови од шумски билки и плодови, масла, домашни ракии, занаетчиски пива, вина од мали семејни винарии.

Покрај дегустација на производите кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, додека најдобрите коктел мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители, а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот „Училишни градини на Слоу Фуд“.

The post „Коктел на вкусови“ на третиот Фестивал на биодиверзитет appeared first on Република.

]]>

На 18 јуни (недела), од пладне, во 12 часот, па се до 20 часот навечер во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по трети пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет, годинава насловен како „Коктел на вкусови“. Фестивалот го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна. Конкретно и на овој фестивал ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје. Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Паркот на франкофонијата. На настанот ќе се изложат и презентираат домашни, традиционални производи со различни вкусови, благо, солено, луто: гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, се природно по рецептите на нашите баби. Исто така ќе имате можност да фи вкусите традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.Потоа ќе имате можност да се запознаете и со вкусовте на тартуфите, една од најретките и најскапите печурки кои ги има на нашето поднебје, да вкусите органско масло од лешник, природни сокови од шумски билки и плодови, масла, домашни ракии, занаетчиски пива, вина од мали семејни винарии. Покрај дегустација на производите кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, додека најдобрите коктел мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители, а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот „Училишни градини на Слоу Фуд“.

The post „Коктел на вкусови“ на третиот Фестивал на биодиверзитет appeared first on Република.

]]>