когенеративните централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kogenerativnite-tsentrali/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 19:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png когенеративните централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kogenerativnite-tsentrali/ 32 32 Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-vladata-ima-jasna-strategija-i-plan-za-spravuvane-so-zagaduvaneto-a-toa-se-kogenerativnite-tsentrali/ Tue, 12 Nov 2024 19:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=836936

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој меѓу другото говореше и за загадувањето на воздухот, една од најактуелните теми деновиве како и за најавените мерки од страна на Владата за справување со ваквиот горлив проблем.

Според него ова е тема која во изминативе десетина години се претвора во навика особено во зимскиот период, тема на која постојано се навраќаме и е се поприсутна во медиумскиот простор.

Првично беше заради политички поени, па потоа се промени власта и видовме дека од тие најави за коишто тогашните владини министри сами си протестираа против себе немаше ништо. Веќе после 7 години неправење ништо, истите тие кои во минатото ги оправдуваа тие мерки, а не беа соодветни, сега гледаме дека реагираат на оваа тема за којашто не велам дека не е суштинска и не треба нешто да се преземе“, истакнува Стојаноски.

Тој објаснува дека врз основа на анализата која е направена, а покажува дека воздухот во градот Скопје, а и во останатите градови најмногу се загадува поради немањето друга алтернатива која ја користат граѓаните за греење освен огревното дрво, Владата размислува и настапува со јасна стратегија за „напаѓање“ на загадувањето.

Ако сакате да го „нападнете“ загадувањето и да имате стратегија како тоа да го надминете мора да имате конкретен план и ние се одлучивме тоа да го направиме преку инсталација на когенеративни централи. Тие се оние централи коишто произведуваат енергија на гас. Во Скопје има една таква, тоа е когенеративната централа „ТЕ-ТО“ којашто произведува електрична енергија, но и топлинска енергија и на тој начин да можеме да го завршиме процесот на гасификација и на топлификација на градот и да може таа алтернатива да стигне до што е можно поголем број на домаќинства за да може да се замени огревот на дрва и на други материјали со овој начин на огрев и на тој начин за 60% да го намалиме загадувањето, прецизен е Стојаноски во презентирањето на решението.

Според него со оглед на тоа дека во изминатите години не е правено ништо по ова прашање, потребно е време како и партнери преку чие влегување на пазарот ќе може да се направат овие когенеративни централи со чија помош ќе се намалува загадувањето, не само во Скопје, туку и во другите градови од земјата.

Отворен е повикот кон партнерите, јас верувам дека ќе изнајдеме начин и тие партнери да ги привлечеме тука бидејќи водиме една пријателска политика кон сите оние коишто сакаат да вложуваат. Јас сакам да ја потсетам јавноста дека со гас и со загревање на ваков начин ние почнавме уште во претходниот мандат додека бевме на власт, конкретно за градот Битола каде што преку РЕК и таа енергија што се создава да успееме со гас да ја донесеме до Битола и на тој начин ќе продолжиме да се движиме и во градот Скопје“, вели Стојаноски.

The post Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи appeared first on Република.

]]>