коднапиран градоначалник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kodnapiran-gradonachalnik/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Mar 2022 20:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коднапиран градоначалник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kodnapiran-gradonachalnik/ 32 32 Министерство за надворешни работи на Украина: Киднапиран е градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvo-za-nadvoreshni-raboti-na-ukraina-kidnapiran-e-gradonachalnikot-na-melitopol-ivan-fedorov/ Fri, 11 Mar 2022 19:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=471528

Министерството за надворешни работи на Украина испрати официјално соопштение за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол од страна на руските сили.

Нивното соопштение го пренесува украинската амбасада во Скопје, а истото можете да го погледнете во продолжение:

Вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права од страна на руската војска.

Едно од таквите груби прекршувања беше киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров на 11 март.  Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам“.

Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна.

Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ.

Фактите за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол, како и стотици други факти за воени злосторства на руските окупатори на украинска територија, се внимателно документирани од агенциите за спроведување на законот.  Виновниците за ова и за други кривични дела ќе бидат изведени на најстрога одговорност.

The post Министерство за надворешни работи на Украина: Киднапиран е градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Украина испрати официјално соопштение за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол од страна на руските сили. Нивното соопштение го пренесува украинската амбасада во Скопје, а истото можете да го погледнете во продолжение: Вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права од страна на руската војска. Едно од таквите груби прекршувања беше киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров на 11 март.  Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам“. Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна. Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ. Фактите за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол, како и стотици други факти за воени злосторства на руските окупатори на украинска територија, се внимателно документирани од агенциите за спроведување на законот.  Виновниците за ова и за други кривични дела ќе бидат изведени на најстрога одговорност.

The post Министерство за надворешни работи на Украина: Киднапиран е градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров appeared first on Република.

]]>