Кочо Анѓушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kocho-angjushev/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кочо Анѓушев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kocho-angjushev/ 32 32 Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-gi-obvini-sdsm-i-vmro-dpmne-deka-zaednichki-rabotele-kocho-angushev-da-bide-staven-na-tsrna-lista-na-sad/ Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=822548

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори.

Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.

-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.

Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.

-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.

 

The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори. Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.
-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.
Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.
-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.
 

The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>
Негово право е да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели Агелер за Заев кој застана во одбрана на Анѓушев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/negovo-pravo-e-da-kazhe-s-shto-saka-za-negoviot-prijatel-veli-ageler-za-zaev-koj-zastana-vo-odbrana-na-angushev/ Sat, 16 Dec 2023 15:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=723694

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека поранешниот премиер Зоран Заев кој застана во одбрана на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев по неговото ставање на „црната листа“ заради вмешаност во значителна корупција, има право да го стори тоа и да го каже својот став.

Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа. Ќе кажам дека – исто како и со именувањето на Орце Камчев и неговите организации – она што го видовме е дека, често, кога се работи за овие означувања, како и за корупцијата, тоа со кои луѓе работите може да влијае на вашето семејство. Значи, апсолутно е негово право да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели амбасадорката Агелер во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Кога некој е означен од САД, како во случајот со Анѓушев кој вели дека ќе бара некаков вид на правни лекови, Агелер смета дека тоа е негово право, но додава дека ставањето на „црната листа“ се темели на правна процедура и на докази.

Повторно ќе кажам, ние не означуваме лица врз основа на сомневања, не означуваме лица врз основа на тоа што мислиме или чувствуваме за нив, тука нема ништо лично. Се работи за правна процедура и како и кај сите правни процедури, оние што биле ставени на листа се добредојдени да ангажираат адвокати од САД и да дејствуваат врз основа на нивното незадоволство. Јас можам да кажам дека сме сигурни во означувањето на тоа лице поради доказите што ги поседуваме. Тој може слободно да се занимава со тоа, но сигурна сум дека таа одлука ќе биде потврдена, рече американската амбасадорка.

Таа наведува дека нивниот фокус не е само на корупцијата, туку дека највисок приоритет во Амбасадата е да ги поддржи напорите на државава целосно да се интегрира во Европа.

-Пред оваа Влада се поставени одредени барања, за да може да продолжи понатаму во пристапувањето кон ЕУ. Ги охрабруваме да ги донесат тие одлуки, било да се работи за опозициските партии, било за Владата, уште еднаш да донесат тешки одлуки и повторно да усвојат амандмани за да продолжат понатаму. Сепак, она што навистина е значајно е државата да ги спроведе реформите што се потребни за целосно да се интегрира внатре во Европа, вклучително и реформите во правосудството, но и во здравството, образованието и други сектори, за целосно да се интегрира во Европа. Тоа ќе ја направи државата посилна, постабилна, попросперитетна и ќе донесе можности што луѓето ги бараат за да не ја напуштат државата и да бараат можности на друго место, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.

 

The post Негово право е да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели Агелер за Заев кој застана во одбрана на Анѓушев appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека поранешниот премиер Зоран Заев кој застана во одбрана на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев по неговото ставање на „црната листа“ заради вмешаност во значителна корупција, има право да го стори тоа и да го каже својот став.
Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа. Ќе кажам дека – исто како и со именувањето на Орце Камчев и неговите организации – она што го видовме е дека, често, кога се работи за овие означувања, како и за корупцијата, тоа со кои луѓе работите може да влијае на вашето семејство. Значи, апсолутно е негово право да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели амбасадорката Агелер во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Кога некој е означен од САД, како во случајот со Анѓушев кој вели дека ќе бара некаков вид на правни лекови, Агелер смета дека тоа е негово право, но додава дека ставањето на „црната листа“ се темели на правна процедура и на докази.
Повторно ќе кажам, ние не означуваме лица врз основа на сомневања, не означуваме лица врз основа на тоа што мислиме или чувствуваме за нив, тука нема ништо лично. Се работи за правна процедура и како и кај сите правни процедури, оние што биле ставени на листа се добредојдени да ангажираат адвокати од САД и да дејствуваат врз основа на нивното незадоволство. Јас можам да кажам дека сме сигурни во означувањето на тоа лице поради доказите што ги поседуваме. Тој може слободно да се занимава со тоа, но сигурна сум дека таа одлука ќе биде потврдена, рече американската амбасадорка.
Таа наведува дека нивниот фокус не е само на корупцијата, туку дека највисок приоритет во Амбасадата е да ги поддржи напорите на државава целосно да се интегрира во Европа.
-Пред оваа Влада се поставени одредени барања, за да може да продолжи понатаму во пристапувањето кон ЕУ. Ги охрабруваме да ги донесат тие одлуки, било да се работи за опозициските партии, било за Владата, уште еднаш да донесат тешки одлуки и повторно да усвојат амандмани за да продолжат понатаму. Сепак, она што навистина е значајно е државата да ги спроведе реформите што се потребни за целосно да се интегрира внатре во Европа, вклучително и реформите во правосудството, но и во здравството, образованието и други сектори, за целосно да се интегрира во Европа. Тоа ќе ја направи државата посилна, постабилна, попросперитетна и ќе донесе можности што луѓето ги бараат за да не ја напуштат државата и да бараат можности на друго место, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.
 

The post Негово право е да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели Агелер за Заев кој застана во одбрана на Анѓушев appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-pismoto-na-zaev-vo-demokratija-sekoj-ima-pravo-na-stav/ Fri, 15 Dec 2023 13:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=723338

Ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни така што не би можел да дадам дополнителни коментари, вели премиерот Димитар Ковачевски во однос на писмото што поранешниот премиер Зоран Заев го испрати по одлуката на САД да го стави поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа.

САД се наш стратешки партнер и тие своите одлуки ги носат врз основа на информации и процедури што се спроведуваат во нивните институции. Јас во тоа не можам да навлегувам ниту, пак, имам информации. Ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни, така што не би можел да дадам дополнителни коментари. Сепак, се работи за одлука на САД. Имаше и брифинг од страна на нивниот амбасадор во Скопје - изјави денеска Ковачевски.

Прашан дали има информации кои лица од неговата партија може да се најдат на црната листа на САД, Ковачевски со одговор дека нема да коментира процеси во кои Владата не е вклучена.

Не би можел да шпекулирам или да коментирам за процес во којшто Владата на ниту еден начин не е вклучена, така што тоа е прашање што ќе мора да го упатите до оние кои водат такви процеси, а овде се работи за САД. Меѓутоа, Владата во ниту еден момент не е контактирана во однос на ова прашање - рече Ковачевски.

САД го стави поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа поради вмешаност во значителна корупција. Поточно, како што стои во образложението, тој ја злоупотребил својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопал довербата на јавноста во владините институции и јавни процеси.

 

The post Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став appeared first on Република.

]]>

Ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни така што не би можел да дадам дополнителни коментари, вели премиерот Димитар Ковачевски во однос на писмото што поранешниот премиер Зоран Заев го испрати по одлуката на САД да го стави поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа.
САД се наш стратешки партнер и тие своите одлуки ги носат врз основа на информации и процедури што се спроведуваат во нивните институции. Јас во тоа не можам да навлегувам ниту, пак, имам информации. Ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни, така што не би можел да дадам дополнителни коментари. Сепак, се работи за одлука на САД. Имаше и брифинг од страна на нивниот амбасадор во Скопје - изјави денеска Ковачевски.
Прашан дали има информации кои лица од неговата партија може да се најдат на црната листа на САД, Ковачевски со одговор дека нема да коментира процеси во кои Владата не е вклучена.
Не би можел да шпекулирам или да коментирам за процес во којшто Владата на ниту еден начин не е вклучена, така што тоа е прашање што ќе мора да го упатите до оние кои водат такви процеси, а овде се работи за САД. Меѓутоа, Владата во ниту еден момент не е контактирана во однос на ова прашање - рече Ковачевски.
САД го стави поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа поради вмешаност во значителна корупција. Поточно, како што стои во образложението, тој ја злоупотребил својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопал довербата на јавноста во владините институции и јавни процеси.  

The post Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став appeared first on Република.

]]>
Заев: Анѓушев е мој пријател и го подржувам во докажувањето на неоснованоста на сомневањата изразени од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-angushev-e-moj-prijatel-i-go-podrzhuvam-vo-dokazhuvaneto-na-neosnovanosta-na-somnevanata-izrazeni-od-sad/ Wed, 13 Dec 2023 16:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=722636

„Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив во мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно, одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави“, вели поранешниот премиер Зоран Заев во јавното пишано обраќање по повод ставањето на бизнисменот Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД.

„САД се стратешки пријател и партнер на Македонија. Сметам дека јас лично, а и како поранешен претседател на Владата сум исто така пријател на САД. Тоа сум го потврдил низ конкретни примери во текот на моето работење. Тоа јавно го имаат и потврдено највисоки претставници на САД.

Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено - економска и политичка тема во земјава вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев.

Јавно сакам да го споделам мојот став кој веќе и е познат на јавноста, а тоа е дека Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер. Голем дел од економските успеси на Владата беа директна заслуга на Анѓушев. Македонија ретко кога имала вака висок функционер кој е и професор но пред се и успешен деловен човек со огромно практично искуство во економската проблематика и предизвиците на државата во економијата. Како премиер, ми беше чест што имав таков соработник кому економијата и државата му беа секогаш на прво место. Знаеше да каже и покаже дека неговите фирми и капитал вредат онолку колку што ни вреди државата и дека само со успех на државата може да имаме сите надеж дека ќе успееме во сопствените приватните деловни планови.

Сите шпекулации што ги слушам деновиве дури и од одредена јавна институција ги сметам за неосновани затоа што Владата и стручните служби своевремено им имаат обезбедено и испратено навремен, соодветен и основан одговор.

Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно , одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението од Заев.

 

The post Заев: Анѓушев е мој пријател и го подржувам во докажувањето на неоснованоста на сомневањата изразени од САД appeared first on Република.

]]>

„Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив во мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно, одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави“, вели поранешниот премиер Зоран Заев во јавното пишано обраќање по повод ставањето на бизнисменот Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД. „САД се стратешки пријател и партнер на Македонија. Сметам дека јас лично, а и како поранешен претседател на Владата сум исто така пријател на САД. Тоа сум го потврдил низ конкретни примери во текот на моето работење. Тоа јавно го имаат и потврдено највисоки претставници на САД. Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено - економска и политичка тема во земјава вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев. Јавно сакам да го споделам мојот став кој веќе и е познат на јавноста, а тоа е дека Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер. Голем дел од економските успеси на Владата беа директна заслуга на Анѓушев. Македонија ретко кога имала вака висок функционер кој е и професор но пред се и успешен деловен човек со огромно практично искуство во економската проблематика и предизвиците на државата во економијата. Како премиер, ми беше чест што имав таков соработник кому економијата и државата му беа секогаш на прво место. Знаеше да каже и покаже дека неговите фирми и капитал вредат онолку колку што ни вреди државата и дека само со успех на државата може да имаме сите надеж дека ќе успееме во сопствените приватните деловни планови. Сите шпекулации што ги слушам деновиве дури и од одредена јавна институција ги сметам за неосновани затоа што Владата и стручните служби своевремено им имаат обезбедено и испратено навремен, соодветен и основан одговор. Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно , одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението од Заев.  

The post Заев: Анѓушев е мој пријател и го подржувам во докажувањето на неоснованоста на сомневањата изразени од САД appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-stavaneto-na-angushev-na-tsrnata-lista-ne-se-zasnova-na-somnezh-tuku-na-dokazi/ Wed, 13 Dec 2023 13:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=722596

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска истакна дека во однос на ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД поради корупција, не станува збор за сомнеж, туку за цврсти докази дека тој бил вмешан во коруптивни активности и тоа во повеќе случаи, јави Дојче веле.

Ова не се сомнежи. Ние точно знаеме што направил Анѓушев - вели Агелер.

На денешниот брифинг со новинарите, Агелер во однос на најавата на Анѓушев дека ќе се жали на одлуката, рече дека тој веќе го сторил преку свој адвокат во САД, но тоа ништо нема да смени.

Американската амбасадорка го оцени како позитивен чекорот на Владата да предложи закон со кој автоматски ќе се отвора истрага во земјава секое лице кое ќе се најде на „црната листа“ на САД, што досега се практикуваше за листите на ЕУ и ОН.

Агелер напомена дека во Македонија постои епидемија на корупцијата, присутна е во сите пори на општеството и е значително зголемена во изминатите десет години. Потсети дека во изминатите 32 години колку двете земји имаат меѓусебни односи, САД издвоиле речиси 500 милиони долари за владеење на правото и добро владеење во Македонија, а, како што рече „гледаме епидемија на корупција во земјата“.

Има епидемија на корупција во оваа држава. Таа е во секој сектор, секоја организација, и само со именување на корумпираните актери ние можеме да почнеме да ѝ помагаме на оваа земја да се справи со тоа - рече Агелер.

Американската амбасадорка додаде дека „црната листа“ на САД на која, само во последните 8 месеци, се најдоа повеќе познати имиња на политичари и бизнисмени е обид да им се помогне на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите.

Она што најмногу ја збунува американската амбасадорка, како што вели, е фактот што по секое објавено ново име на т.н. „црна листа“, „никој во  Македонија не е изненаден, ниту меѓу граѓаните ниту меѓу официјалните претставници“.

Таа рече и дека јуни годинава, кога САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, досега, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратила до нивни колеги во САД да побараат споделување на доказите, со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата кои се на листата, објави Дојче веле.

The post Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска истакна дека во однос на ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД поради корупција, не станува збор за сомнеж, туку за цврсти докази дека тој бил вмешан во коруптивни активности и тоа во повеќе случаи, јави Дојче веле.
Ова не се сомнежи. Ние точно знаеме што направил Анѓушев - вели Агелер.
На денешниот брифинг со новинарите, Агелер во однос на најавата на Анѓушев дека ќе се жали на одлуката, рече дека тој веќе го сторил преку свој адвокат во САД, но тоа ништо нема да смени. Американската амбасадорка го оцени како позитивен чекорот на Владата да предложи закон со кој автоматски ќе се отвора истрага во земјава секое лице кое ќе се најде на „црната листа“ на САД, што досега се практикуваше за листите на ЕУ и ОН. Агелер напомена дека во Македонија постои епидемија на корупцијата, присутна е во сите пори на општеството и е значително зголемена во изминатите десет години. Потсети дека во изминатите 32 години колку двете земји имаат меѓусебни односи, САД издвоиле речиси 500 милиони долари за владеење на правото и добро владеење во Македонија, а, како што рече „гледаме епидемија на корупција во земјата“.
Има епидемија на корупција во оваа држава. Таа е во секој сектор, секоја организација, и само со именување на корумпираните актери ние можеме да почнеме да ѝ помагаме на оваа земја да се справи со тоа - рече Агелер.
Американската амбасадорка додаде дека „црната листа“ на САД на која, само во последните 8 месеци, се најдоа повеќе познати имиња на политичари и бизнисмени е обид да им се помогне на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите. Она што најмногу ја збунува американската амбасадорка, како што вели, е фактот што по секое објавено ново име на т.н. „црна листа“, „никој во  Македонија не е изненаден, ниту меѓу граѓаните ниту меѓу официјалните претставници“. Таа рече и дека јуни годинава, кога САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, досега, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратила до нивни колеги во САД да побараат споделување на доказите, со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата кои се на листата, објави Дојче веле.

The post Агелер: Ставањето на Анѓушев на „црната листа“ не се заснова на сомнеж, туку на докази appeared first on Република.

]]>
Агелер: Листата ќе се проширува, Македонија се соочува со епидемија од корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-listata-ke-se-proshiruva-makedonija-se-soochuva-so-epidemija-od-koruptsija/ Thu, 07 Dec 2023 14:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=720797

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“. Таа денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција.

Таа повтори дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на „црната листа“ можат да пријават незадоволство но во секој случај ние имавме најавено санкција. Оваа санкција е воведена и ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, но сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции. Сите ве уверувам дека ќе има и други имиња. Нема конкретна временска рамка кога ќе се објават, рече Агелер, додавајќи дека во земјава има епидемија на корупција, која треба да биде спречена.

Американскиот Стејт департмент во вторникот објави дека го означува Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Оваа ознака, посочуваат од Стејт департментот, ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Агелер се огласи истиот ден преку платформата X, нагласувајќи дека именувањето на Кочо Анѓушев е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер тогаш на платформата Х.

 

The post Агелер: Листата ќе се проширува, Македонија се соочува со епидемија од корупција appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“. Таа денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција. Таа повтори дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.
Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на „црната листа“ можат да пријават незадоволство но во секој случај ние имавме најавено санкција. Оваа санкција е воведена и ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, но сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции. Сите ве уверувам дека ќе има и други имиња. Нема конкретна временска рамка кога ќе се објават, рече Агелер, додавајќи дека во земјава има епидемија на корупција, која треба да биде спречена.
Американскиот Стејт департмент во вторникот објави дека го означува Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Оваа ознака, посочуваат од Стејт департментот, ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ. Агелер се огласи истиот ден преку платформата X, нагласувајќи дека именувањето на Кочо Анѓушев е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер тогаш на платформата Х.
 

The post Агелер: Листата ќе се проширува, Македонија се соочува со епидемија од корупција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-angushev-posocheniot-gospodin-nikogash-ne-bil-chlen-na-sdsm-nitu-pak-se-chustvuval-kako-chlen-na-sdsm/ Thu, 07 Dec 2023 14:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=720789

Сериозни наводи се тоа во однос на соопштението кое имав можност да го прочитам од Стејт департментот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со наводите за корупција и ставањето на „црната листа“ на САД на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев. Според премиерот, нашите институции треба да го проверат она што е наведено од американските власти.

Ковачевски рече дека „посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ“.

Јас колку што знам тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија и нејзиниот претседател. Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание во однос на сите водени постапки во однос на нивната законитост за работењето на кој било функционер, изјави Ковачевски.

Премиерот, кој беше во посета на Фармацевсткиот факултет, вели дека останува нашите институции во однос на сите такви случаи да постапат и да го кажат наодите во однос на наводите кои таму се наведени.

Владата, како што потсети Ковачевски, веќе донесе одлука во однос на менување на законските решенија во државата.

Првото се однесува на лица санкционирани согласно одлуки на Обеднетите нации и ЕУ. Законската регулатива ќе биде изменета и согласнот законите на САД во однос на нивно обавување на општествени функции во иднината и второ, веќе е формирана работна група која што ја предводи вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во која учествуваат министри од економските ресори, директорите на безбедносните служби, како советодавна улога и министри од критичните области, како министрите за одбрана и за внатрешни работи за менување на законската регулатива во однос на работење на лица физички и правни во промето, рече Ковачевски.

Земјите од ЕУ и членките на НАТО, многу сериозно ги сфаќаат санкциите од САД и секогаш истовремено спроведуваат и свои одлуки кои опфаќаат и вакви лица.

The post Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Сериозни наводи се тоа во однос на соопштението кое имав можност да го прочитам од Стејт департментот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со наводите за корупција и ставањето на „црната листа“ на САД на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев. Според премиерот, нашите институции треба да го проверат она што е наведено од американските власти. Ковачевски рече дека „посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ“.
Јас колку што знам тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија и нејзиниот претседател. Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание во однос на сите водени постапки во однос на нивната законитост за работењето на кој било функционер, изјави Ковачевски.
Премиерот, кој беше во посета на Фармацевсткиот факултет, вели дека останува нашите институции во однос на сите такви случаи да постапат и да го кажат наодите во однос на наводите кои таму се наведени. Владата, како што потсети Ковачевски, веќе донесе одлука во однос на менување на законските решенија во државата.
Првото се однесува на лица санкционирани согласно одлуки на Обеднетите нации и ЕУ. Законската регулатива ќе биде изменета и согласнот законите на САД во однос на нивно обавување на општествени функции во иднината и второ, веќе е формирана работна група која што ја предводи вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во која учествуваат министри од економските ресори, директорите на безбедносните служби, како советодавна улога и министри од критичните области, како министрите за одбрана и за внатрешни работи за менување на законската регулатива во однос на работење на лица физички и правни во промето, рече Ковачевски.
Земјите од ЕУ и членките на НАТО, многу сериозно ги сфаќаат санкциите од САД и секогаш истовремено спроведуваат и свои одлуки кои опфаќаат и вакви лица.

The post Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту пак се чуствувал како член на СДСМ appeared first on Република.

]]>
МНР на Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓуше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-na-malta-mu-ja-prekina-funktsijata-pochesen-konzul-na-poraneshniot-vitsepremier-kocho-angushe/ Thu, 07 Dec 2023 12:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=720719

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото поместување на „црната листа“ на САД, објави „Тајмс оф Малта“.

Портпаролот на малтешкото МНР во изјава за „Тајмс од Малта“ истакнал дека Министерството никогаш не добило никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување во 2021 година.

Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување, што веднаш стапува во сила и внимателно ги следи најновите случувања, изјавил тој.

Анѓушев денеска преку соопштение и се заблагодари на, како што вели пријателска Малта за честа да биде почесен конзул, но наведува дека со оглед на одлуката на Стејт департментот, со која не се согласува, но ја цени и прифаќа, смета дека не е во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име.

Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Македонија од 2021 година. Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на која било држава или институција, нагласува Анѓушев во соопштението до медиумите.

Тој додава дека одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на него и со тоа прашање треба да се носи лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.

Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските САД. Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход. На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји, наведе Анѓушев.

 

The post МНР на Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓуше appeared first on Република.

]]>

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото поместување на „црната листа“ на САД, објави „Тајмс оф Малта“. Портпаролот на малтешкото МНР во изјава за „Тајмс од Малта“ истакнал дека Министерството никогаш не добило никакви негативни информации за Анѓушев од неговото назначување во 2021 година.
Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување, што веднаш стапува во сила и внимателно ги следи најновите случувања, изјавил тој.
Анѓушев денеска преку соопштение и се заблагодари на, како што вели пријателска Малта за честа да биде почесен конзул, но наведува дека со оглед на одлуката на Стејт департментот, со која не се согласува, но ја цени и прифаќа, смета дека не е во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име.
Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Македонија од 2021 година. Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на која било држава или институција, нагласува Анѓушев во соопштението до медиумите.
Тој додава дека одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на него и со тоа прашање треба да се носи лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.
Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските САД. Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход. На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји, наведе Анѓушев.
 

The post МНР на Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓуше appeared first on Република.

]]>
Анѓушев: Силно ги негирам сите сомневања изразени од почитуваниот Стејт Департмент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angushev-silno-gi-negiram-site-somnevana-izrazeni-od-pochituvaniot-stejt-department/ Tue, 05 Dec 2023 17:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=720014

Во текот на мојот мандат во Владата од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја, вели во реакција Кочо Анѓушев, за кого претходно денеска беше соопштено дека е ставен на црната листа на САД.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-sleduvaat-poveke-naznachuvana-no-fakt-e-deka-nashite-sanktsii-ne-mozhat-da-ja-popravat-epidemijata-na-koruptsija-vo-makedonija/

Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби. Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец. Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата, вели во својата реакција Анѓушев.

 

The post Анѓушев: Силно ги негирам сите сомневања изразени од почитуваниот Стејт Департмент appeared first on Република.

]]>

Во текот на мојот мандат во Владата од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја, вели во реакција Кочо Анѓушев, за кого претходно денеска беше соопштено дека е ставен на црната листа на САД. https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-sleduvaat-poveke-naznachuvana-no-fakt-e-deka-nashite-sanktsii-ne-mozhat-da-ja-popravat-epidemijata-na-koruptsija-vo-makedonija/
Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби. Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец. Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата, вели во својата реакција Анѓушев.
 

The post Анѓушев: Силно ги негирам сите сомневања изразени од почитуваниот Стејт Департмент appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-sleduvaat-poveke-naznachuvana-no-fakt-e-deka-nashite-sanktsii-ne-mozhat-da-ja-popravat-epidemijata-na-koruptsija-vo-makedonija/ Tue, 05 Dec 2023 16:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=720007

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/ По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Кочо Анѓушев на црната листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/ Tue, 05 Dec 2023 14:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=719971

Соединетите Американски Држави го ставија бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев на нивната црна листа. Тој се смета како генерално неподобен за влез во Америка, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија од Стејт Департментот преку официјално соопштение.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Департментот исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во САД.

Анѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев. Тој e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.

 

The post Кочо Анѓушев на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави го ставија бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев на нивната црна листа. Тој се смета како генерално неподобен за влез во Америка, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија од Стејт Департментот преку официјално соопштение.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ, се вели во соопштението на Стејт Департментот.
Департментот исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во САД. Анѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев. Тој e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.  

The post Кочо Анѓушев на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>
585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/ Mon, 14 Aug 2023 17:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=672104

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите.

Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/

Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.

Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.

Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.

Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.

Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења.

Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.

Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела.

Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.

Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово.

Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници.

https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во својот најнов документарен филм „Убиство во Тетово“ открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите. Денеска новинарите ги објавија документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите. Истражувањето покажува дека модуларните ковид-болници, вклучувајќи ја и изгорената во Тетово, биле градени несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, без надзор на изградбата и низа други законски пропусти. Документите до кои дојдоа новинарите на ИРЛ покажуваат дека за несоодветната тендерска постапка, аларм се вклучил уште при првиот повик за изградба на модуларен ковид-центар, кога надлежноста беше во Министерството за локална самоуправа. Тогашниот министер Горан Милевски ја поништил постапката бидејќи биле прекршени повеќе закони, а се сомневал дека одредени фирми се фаворизираат, велат од ИРЛ. https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-kompanija-i-eden-chovek-uspea-da-go-korumpira-tseliot-sistem-i-da-se-izvleche-so-14-izvrsheni-ubistva/ Додаваат дека по ова, надлежностите за спроведување тендер му се префрлаат на Министерството за здравство, тогаш водено од Венко Филипче. И во поништената постапка и подоцна во повторената постапка, тендерот го добива македонската компанија „Брако“, една од семејните фирми на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Подоцна се реализира уште еден тендер за изградба на 17 модуларни ковид-центри во внатрешноста на земјата, вклучувајќи ја и таа во Тетово. Овој тендер е спроведен од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство. Пет од болниците ќе ги гради валандовската фирма „ЈБТ Ари и Том“, а останатите 12 вклучувајќи ја и тетовската ќе ги гради „Брако“.
Техничката спецификација за изградбата на овие модуларни објекти е подготвена и потпишана од архитектката Вања Андонова, тогаш кабинетски службеник кај министерот Филипче. Андонова по заминувањето на Филипче од министерската функција, се вработува во „Брако“. Непосредно пред да се случи пожарот, почнува да се подготвува уште еден тендер за модуларни објекти, овој пат за замена на старите објекти на амбулантите во Скопје. Овој тендер го добива фирма-ќерка на „Брако“, компанијата „ЕМС“, покажува истражувањето на ИРЛ.
Само што почнаа да се градат првите три модуларни амбуланти, се случи пожарот во Тетово. Истражувањето на ИРЛ покажало дека неколку денови по пожарот, изведувачот побарал да се подобрат стандардите за изградбата на амбулантите. За изградбата на овие 10 амбуланти била ангажирана и фирма за надзор над изградбата, што не е случај со претходните модуларни објекти. Сега, новововедениот надзор ќе каже дека техничката спецификација не ги исполнува ниту минимум стандардите за безбедност и отпорност од пожар.
Документите покажуваат дека далеку од очите на јавноста, изведувачот и Министерството за здравство потпишале анекс на договор за да ги подобрат стандардите, а со тоа се зголемила и цената на изведбата за околу 15 отсто. Овој анекс на договор, иако е законска обврска, Министерството за здравство нема да го достави до Бирото за јавни набавки, институција надлежна да ги објавува сите склучени договори на институции. Покрај спорните елементи околу тендерските постапки, документацијата што новинарите на ИРЛ ја обезбедија, покажува дека истрагата за пожарот првично се водела во насока кон тоа да се откријат причините за пожарот и зошто толку брзо изгоре целиот објект, но неколку месеци подоцна се поднесува обвинение за сосема други кривични дела, велат од ИРЛ.
Документацијата покажува дека обвинителите, тројца од Тетово и двајца од Скопје, уште во првиот месец знаеле дека спорна е техничката спецификација, нарачале и четири вештачења што ги лоцираат причинско-последичните врски за пожарот, покажува истражувањето на ИРЛ, а меѓу овие документи се и вештачењето за електричната инсталација и извештајот од германските форензичари. Меѓутоа, сосема нејасно обвинителите ќе се одлучат да нарачаат уште едно, петто вештачење, изработено од професори од Факултетот за електротехнички науки, кое, пак, изнесува спротивни гледишта за настанувањето на пожарот од претходните вештачења. Неколку денови по ова вештачење, поднесено е и обвинението, кое опфаќа три физички лица, двајцата директори, Флорим Бесими и Артан Етеми за „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“.
Судскиот процес ја збуни јавноста, бидејќи во ниту еден момент од главните расправи не се дискутираше за причините за пожарот, а не беше презентирано ниту германското вештачење. На крајот од судскиот процес, дури и судијата Јордан Велковски самоиницијативно им појасни на новинарите дека ова судење не беше за пожарот и дека Обвинителството е тоа што ги носи предметите кај нив, а овој предмет е за други кривични дела. Втора шанса за правдата има во уште една обвинителска истрага што се води во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Беше најавено дека ова обвинителство ќе ја проверува тендерската документација, но таа истрага е сè уште во фаза на предистрага и не бележи никаков напредок, велат од ИРЛ.
Истражувачката сторија „Убиство во Тетово“ се темели на документација што новинарите ја обезбедија од институциите преку Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, како и материјали доставени од свиркачи од тендерската постапка за градењето на модуларните објекти и од истрагата водена од Основното јавно обвинителство во Тетово. Материјалите содржат 585 документи напишани на 5.455 страници. https://youtu.be/6EIyQKTyc8Q?si=Kn9lvP1ffEUNCnpW

The post 585 документи напишани на 5.455 страници ги покажуваат саботираните истраги и прикривањата на пропустите appeared first on Република.

]]>
Со нарачана студија Рашковски му помогнал на Анѓушев да има монопол над македонското сонце 35 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-narachana-studija-rashkovski-mu-pomognal-na-angjushev-da-ima-monopol-nad-makedonskoto-sonce-35-godini/ Tue, 17 May 2022 12:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=503319

Македонија е најсончевата земја во Европа, а македонските олихарси во и околу власта умешно го вртат спечалот околу сонцето.

Истражувачката сторија на ИРЛ „Кај ми е сонцето“, објавена денеска, открива како поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски преку физибилити студија го врти македонското сонце кон џебот на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба. 

Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел од македонското сонце, на третина век. ИРЛ првпат открива дека сето ова не би било можно без физибилити студијата на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. Нарачал и платил документ што дал проценка дека приватници треба да ја реформираат државната компанија ТЕЦ „Осломеј“ во сончев генератор на струја, а не ЕСМ. Студијата се работела заедно со тимот на Анѓушев. Откако си даде оставка од позицијата вицепремиер за економија, тој стана партнер во „Осломеј“. 

https://republika.mk/vesti/ekonomija/fe-oslomej-1-vo-kichevo-e-prva-soncheva-elektrana-vo-jugoistochna-evropa-izgradena-vrz-star-rudnik/

Термоелектроцентралата „Осломеј“ во Кичево е еден од најголемите загадувачи на воздухот.

Плановите за „Осломеј“ се преродба на термоелектроцентралата во извор на зелена обновлива енергија добиена од сонцето. Идејата и не е така стара. Се зародува во 2019 година, кога вицепремиер за економски прашања е Кочо Анѓушев. Визијата за трансформација на кичевскиот загадувач во сончева фарма ја реализира тогашниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, преку кого оди нарачката и изработката на физибилити студија за ТЕЦ „Осломеј“ – објект под надлежност на Електрани на Македонија (ЕСМ), пишува ИРЛ.

Физибилити студија по мерка на корисникот 

Употребната вредност на сонцето во ТЕЦ „Осломеј“ е измерена во физибилити студија со работен наслов „Фотоволтаична централа Осломеј“. На повеќе од 100 страници авторите д-р Александар Дединец, научен соработник во МАНУ, и Дарко Јаневски, правен експерт во Друштвото за консултантски услуги АЦТ ДОО Скопје, објаснуваат зошто државата треба да се заортачи со приватни фирми за да изгради две фотоволтаични централи од по 50 MWh. Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ ја нарачал тогашниот генсек на Владата Драги Рашковски за потребите на ЕСМ. Вицепремиер е Кочо Анѓушев. Документот за оправданост за ЈПП што го обезбеди ИРЛ покажува учество на кабинетот на тогашниот вицепремиер во тогаш само идејата – ТЕЦ „Осломеј“ од место за согорување јаглен и јаловиште да прерасне во сончева долина.

Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ открива дека улогата на Кочо Анѓушев во реализацијата на приватните фотоволтаични централи на државно земјиште воопшто не била спорадична. Тогашната заложба на вториот човек во Владата да се искористат сончевите зраци, а „опасниот загадувач“ близу Кичево да се трансформира во извор на обновлива енергија за производство на струја денес е реалност. Веќе се избрани две компании – бугарската „Соларпро“ и турската „Фортис енергетика“. Треба да функционираат како две посебни постројки, секоја со моќност од по 50 мегават-часа.

Текстот во физибилити студијата открива дека кабинетот на Кочо Анѓушев учествувал во изработката на документот. Откако експертите утврдиле дека е потребно јавно-приватно партнерство, а не да инвестира самата компанија ЕСМ во фотоволтаици, поранешниот заменик-премиер станува еден од газдите и управител на компанијата која следните 35 години ќе биде партнер со државата во експлоатација на сонцето за профит.


Целиот текст на ИРЛ ТУКА


За потсетување, бизнис ориентираната власт во времето на струмичкиот бизнисмен Зоран Заев, во чијашто влада вицепремеир беше велешкио бизнисмен Кочо Анѓушев, се обиде да го извлече максимумот од марихуаната, на која македонското сонце одлично ѝ одговара.

Во време на криза за енергенси, пак, неприкосновените одледувачи на марихуана, Заеви, повторно се вртат кон сонцето и влегуваат во бизнис со струја. Овојпат сонцето ќе му ги полни џебовите на 18-годишниот Душко Заев, кој влегувајќи со полнолестството влезе и во производството на струја од фотоволтаици.

The post Со нарачана студија Рашковски му помогнал на Анѓушев да има монопол над македонското сонце 35 години appeared first on Република.

]]>

Македонија е најсончевата земја во Европа, а македонските олихарси во и околу власта умешно го вртат спечалот околу сонцето. Истражувачката сторија на ИРЛ „Кај ми е сонцето“, објавена денеска, открива како поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски преку физибилити студија го врти македонското сонце кон џебот на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба.  Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел од македонското сонце, на третина век. ИРЛ првпат открива дека сето ова не би било можно без физибилити студијата на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. Нарачал и платил документ што дал проценка дека приватници треба да ја реформираат државната компанија ТЕЦ „Осломеј“ во сончев генератор на струја, а не ЕСМ. Студијата се работела заедно со тимот на Анѓушев. Откако си даде оставка од позицијата вицепремиер за економија, тој стана партнер во „Осломеј“. 
https://republika.mk/vesti/ekonomija/fe-oslomej-1-vo-kichevo-e-prva-soncheva-elektrana-vo-jugoistochna-evropa-izgradena-vrz-star-rudnik/ Термоелектроцентралата „Осломеј“ во Кичево е еден од најголемите загадувачи на воздухот.
Плановите за „Осломеј“ се преродба на термоелектроцентралата во извор на зелена обновлива енергија добиена од сонцето. Идејата и не е така стара. Се зародува во 2019 година, кога вицепремиер за економски прашања е Кочо Анѓушев. Визијата за трансформација на кичевскиот загадувач во сончева фарма ја реализира тогашниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, преку кого оди нарачката и изработката на физибилити студија за ТЕЦ „Осломеј“ – објект под надлежност на Електрани на Македонија (ЕСМ), пишува ИРЛ.

Физибилити студија по мерка на корисникот 

Употребната вредност на сонцето во ТЕЦ „Осломеј“ е измерена во физибилити студија со работен наслов „Фотоволтаична централа Осломеј“. На повеќе од 100 страници авторите д-р Александар Дединец, научен соработник во МАНУ, и Дарко Јаневски, правен експерт во Друштвото за консултантски услуги АЦТ ДОО Скопје, објаснуваат зошто државата треба да се заортачи со приватни фирми за да изгради две фотоволтаични централи од по 50 MWh. Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ ја нарачал тогашниот генсек на Владата Драги Рашковски за потребите на ЕСМ. Вицепремиер е Кочо Анѓушев. Документот за оправданост за ЈПП што го обезбеди ИРЛ покажува учество на кабинетот на тогашниот вицепремиер во тогаш само идејата – ТЕЦ „Осломеј“ од место за согорување јаглен и јаловиште да прерасне во сончева долина. Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ открива дека улогата на Кочо Анѓушев во реализацијата на приватните фотоволтаични централи на државно земјиште воопшто не била спорадична. Тогашната заложба на вториот човек во Владата да се искористат сончевите зраци, а „опасниот загадувач“ близу Кичево да се трансформира во извор на обновлива енергија за производство на струја денес е реалност. Веќе се избрани две компании – бугарската „Соларпро“ и турската „Фортис енергетика“. Треба да функционираат како две посебни постројки, секоја со моќност од по 50 мегават-часа. Текстот во физибилити студијата открива дека кабинетот на Кочо Анѓушев учествувал во изработката на документот. Откако експертите утврдиле дека е потребно јавно-приватно партнерство, а не да инвестира самата компанија ЕСМ во фотоволтаици, поранешниот заменик-премиер станува еден од газдите и управител на компанијата која следните 35 години ќе биде партнер со државата во експлоатација на сонцето за профит.
Целиот текст на ИРЛ ТУКА
За потсетување, бизнис ориентираната власт во времето на струмичкиот бизнисмен Зоран Заев, во чијашто влада вицепремеир беше велешкио бизнисмен Кочо Анѓушев, се обиде да го извлече максимумот од марихуаната, на која македонското сонце одлично ѝ одговара. Во време на криза за енергенси, пак, неприкосновените одледувачи на марихуана, Заеви, повторно се вртат кон сонцето и влегуваат во бизнис со струја. Овојпат сонцето ќе му ги полни џебовите на 18-годишниот Душко Заев, кој влегувајќи со полнолестството влезе и во производството на струја од фотоволтаици.

The post Со нарачана студија Рашковски му помогнал на Анѓушев да има монопол над македонското сонце 35 години appeared first on Република.

]]>
Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angjushev-cenata-na-elektrichnata-energija-povekje-nema-da-se-spushti-pod-80-evra-za-megavat-chas/ Sat, 15 Jan 2022 08:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=444838

Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА.

Интервјуто го пренесуваме во целост.

Како поранешен вицепремиер за економски прашања и трговец со електрична енергија, ваш коментар за цената на електричната енергија и за начинот на кој Владата се справува со енергетската и здравствената криза?

-Ако зборуваме за цената на електричната енергија многу е важно да кажеме прво од каде потекнува и што се случува – дали ова што се случува е во Македонија или е нешто пошироко. Ова што денеска го имаме сите го викаат како енергетска криза, а јас не го викам енергетска, туку финансиска криза, бидејќи енергетска криза би било доколку некој нема електрична енергија во Европа. Како што гледаме никој не се жали дека нема електрична енергија, сите имаат електрична енергија, што значи дека кризата не е дека нема енергија, туку кризата е дека енергијата е скапа. Е сега, како дојде до тоа енергијата да биде скапа се четири фактори коишто ја генерираат цената на електричната енергија.

Пред се, значи, најголем фактор е цената на природниот гас. Каде настана проблемот со цената на гасот. Во суштина кризава е европска и не е светска, а главните количини на гас во Европа доаѓаат од Русија, еден мал дел од Норвешка – значи Северното Море, некои мали производства имаат одредени држави и еден дел од Африка, од Алжир, но тоа е за јужниот дел, да речеме Шпанија итн. Но, доминантно гасот доаѓа од Русија. Гасот може да се купи на два начина. Едниот начин е да се купи по формула врзана со цената на нафтата, а вториот е да се купи на спот маркет. Европа реши да купува гас на спот маркет, но за жал, европската економија малку поспоро се движеше и закрепнуваше, а притоа паралелно на тоа се случи Кина и азиските земји драстично да го зголемат конзумот на гас од две причини. Прво, заради тоа што и Кина реши да ги затвора термоелектраните на јаглен и да преминува на производство на електрична енергија од гас, а и нивната економија побргу се опорави после КОВИД-кризата и ги зголеми количините на гас што ги троши директно во индустријата. На тој начин се случи еден добар дел од рускиот гас да отиде на тие пазари и кога побарувачката расте, а гасот е сепак со лимитирани количини на производство, се разбира цената расте. Тука има и геополитички проблеми околу Северниот тек 2 итн., меѓутоа, кратко речено, ако треба да симплифицираме значи големата потрошувачка на гас во Кина направи големи количини на гас да отидат спрема Кина и тоа ја зголеми цената на гасот во Европа и во европските земји таа достигна рекордни нивоа. И ако земете дека добар дел од електричната енергија се произведува на гас, во тој случај тоа ја генерира или ја бутка цената на електричната енергија нагоре.

Втора причина се зелените сертификати коишто пораснаа драстично и од некои 20-ина евра тие отидоа до 60, 70 евра. Тие директно влијаат во цената на електричната енергија, но тоа е политиката за премин или енергетска транзиција од загадувачки индустрии или загадувачки облици на производство на електрична енергија кон обновливи извори на електрична енергија. Со други зборови, тоа е цената на екологијата што ја плаќаме. Сите сакаме да имаме поздрава животна средина, но треба да бидеме свесни дека тоа чини. И таа цена денес еден дел тоа го генерира.

Трета компонента се намалените издашности на обновливите извори на енергија. Европа во голем дел се потпре на обновливи извори, еден најголем дел можеби на ветерните електрани во северните мориња, меѓутоа се погоди период да нема премногу ветер. Обновливите извори по сите карактеристики се еколошки добри, меѓутоа, од друга страна, пак, тие даваат електрична енергија само кога природата тоа го дава – фотоволтаиците кога има сонце, ветерните електрани кога има ветер, хидроелектраните кога има вода, а се погоди период сите тие извори да бидат намалени во споредба со некакви просеци од минатите години. Тоа е третиот фактор којшто ја генерираше цената на струјата, бидејќи имаше помала понуда од тие извори и нормално кога има помала понуда цената расте.

И четвртата компонента е компонентата на реалната инфлација. Во светот се испечатија многу пари. Тие пари направија зголемување на основните цени на ресурсите, бидејќи тоа е еден затворен круг. Да речеме, пораснаа металите 100 отсто. Сите резервни делови во хидро, термо електрани или какви било постројки се прават од метал, што значи дека и деловите поскапеа, нивната инвестиција поскапе, нивното одржување поскапе. Понатаму, инфлацијата направи да има покачување на платите. Тоа направи поскапување на работната рака и сето тоа направи една генерација на инфлација која што ние не можеме да кажеме дека не постои. Таа постои. Таа постои секаде во светот, а изворот на таа инфлација е точно кризата која што веќе ја живееме две години, а не знаеме ни до кога ќе заврши. Значи, инфлацијата е компонента која што влијае на цената на струјата, веројатно најмалку во моментот, но и таа влијае. И кога ќе земете збир од сите овие четири компоненти тоа е практично вкупното зголемување на цената на електричната енергија.

Е сега како ние се справуваме со тоа? Како и сите други земји коишто немаат доволно сопствено производство. Значи, најдобро се справуваат тие држави коишто имаат доволно сопствено производство, а сите тие држави коишто се доминантно увозно зависни за жал мора да ја плаќаат пазарната цена на електричната енергија и тоа нормално ја генерира цената на електричната енергија. Што може Владата да направи? Всушност тоа што го прави. Јас прво мислам дека треба проблемот или прашањето на енергетика да се извади од дневно-политичкото прашање или дневно-политичкото препукување, бидејќи во енергетика ништо не се прави за една, две, три години. За се треба да имате план за 10, 20 години.  Ние имаме, но за жал, малку се чита тој план. Тоа се вика Енергетска стратегија, донесена е 2018 година. Таму е се ова убаво напишано и треба тоа само да се чита и да се почитува. Мислам дека во таа насока треба да се оди. Но, кратко речено, значи што може Владата да направи? Може да извади пари од Буџет и да субвенционира. Впрочем тоа и го прави, така и тоа главно го прави во домаќинствата, а не во делот на стопанството. Веројатно во делот на стопанството и тешко може да го направи иако има мерки коишто може да се преземат, но домаќинствата максимално ги штити. Покачувањето на цената на електричната енергија од околу 10 проценти, во споредба со тоа какви се пазарните цени на електричната енергија е мало покачување, што значи дека Владата ќе издвои сериозни средства да ги субвенционира. Но, тоа не е решение на долг рок бидејќи не може нон стоп да субвенционира. Може, надежта е дека оваа криза ќе помине. Е точно тука јас не сум убеден дека оваа криза ќе помине и дека цените брзо ќе се вратат на старото ниво. Ако земеме предвид дека минатата година цените овој период од годината беа 50-60 евра по мегават час итн., јас мислам дека такви цени уште долг период нема да видиме. Зошто? Заради тоа што дури и да се реши проблемот со гасот и да се намали цената на гасот, останатите три компоненти коишто влијаат врз цената на електричната енергија и понатаму ќе останат.

Како човек којшто има искуство 20-ина години во оваа област, мое лично мислење е дека цените на долг рок ќе се стабилизираат меѓу 80 и 120 евра по мегават час. Еве денеска баш ја погледнав берзата, денеска е 261 евро. Имаше денови кога одеше и до 400 и до 500 евра. Мислам дека беше залажување тоа во текот на празниците дека се стабилизирала берзата. Не. Значи, се намали потрошувачката, бидејќи индустријата не работеше, а таа е главен консумент на енергија и затоа цените во текот на новогодишните празници паднаа, но ако ги гледате и претпоставките и берзите и тоа што дневно се тргува на берзите ќе видите дека цената се движи повторно помеѓу 200-250-260 евра по мегават час што е исклучително висока цена.

Дали ова ќе остане на долг рок, како што кажав, веќе не очекувам да остане на долг рок засекогаш ваква цената, меѓутоа колку ова ќе трае – па мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година, значи да падне некаде до кај 120-130 евра и полека тоа да се стабилизира, но мислам дека повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час.

Дали беше неопходно укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата за граѓаните за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар?

-Пресметката на цената на електричната енергија е една формула во која влегуваат повеќе компоненти. Ако останеше евтината тарифа веројатно, а притоа Владата имала одреден волумен на пари или одредена сума на пари коишто планирала да ги потроши за субвенционирање, во тој случај тие 9,48 отсто покачување ќе беа повисоки. Значи на крајот на краиштата сето тоа се сведува на тоа колку дома ќе произведете енергија и по која цена ќе ја продадете, колку енергија ќе увезете. Цената е микс на тие компоненти. Ако го гледаме чистиот микс веројатно покачувањето требаше да биде 30-40-50 проценти. Е сега, од тоа реално покачување до покачување од 10 проценти е субвенција на државата која што ја дава во цената и тоа е равенка со неколку непознати во коишто ако евтината тарифа не ја укинете тогаш повеќе ќе ја покачите цената на струјата и обратно.

Невладините организации бараат Владата да ги укине субвенциите за малите хидроелектрани и порачуваат дека државата дава повеќе средства за субвенции отколку што тие произведуваат електрична енергија. Ваш коментар?

-Видете, мене ми е жал што оваа дискусија се води поприлично еднострано. Секогаш кога јас ќе влезам во дискусија да ја објаснувам таа тема влегувам во ризик дека некој ќе мисли дека ја штитам сопствената позиција, бидејќи јас имам еден дел од тие хидроелектрани, иако лично како сопственост имам некои 15-16 проценти од сите хидроелектрани во државата како сопственост.

Мислам дека е време да се кажат некои работи како што се. Мислам дека за тоа зборуваат луѓе што ретко или никогаш не виделе хидроелектрана. Мислам дека тоа стана малку популизам и модерно. И мислам дека тоа е, како да кажам, една дискусија која што влегува како дискусија на луѓе коишто не гледаат долгорочно на таа работа. Еве, воглавно две теми се тука. Значи, едната тема е дека тие влијаат штетно врз околината, а втората тема е дека се субвенционирани. Вие го поставивте прашањето околу субвенциите.

Ајде сега да разговараме за субвенциите. Испадна брзо сега еден ревизорски извештај со којшто јас не се согласувам и не ги земаа сите факти предвид и тоа е кога економисти ќе сакаат да дискутираат енергетика и не ги земале сите факти во предвид. Земале дека цената која што ја наплатиле хидроелектраните во државата е 80 евра, а притоа цената на берза била 41 или 44 евра. Е сега тука направиле проста математика колку произвеле хидроелектраните во овој период и разликата помеѓу тие две цени и дошле до некоја сума од 40 милиони евра дека хидроелектраните земале повеќе. Ај сега да размислиме дали е тоа така. На пример, не земале во предвид дека хидроелектраните уплатиле 17 милиони евра авансно во државата за да ги изградат хидроелектраните како еднократен надомест. Па ај сега извадете ги од тие 40 тие 17. Па после тоа, хидроелектраните секоја година плаќаат два отсто од производството, па извадете го тоа. Значи, тоа исто оди во државата. Па земете го во предвид дека ако се направат 200 хидроелектрани, а досега се направени околу 120, еве да зборуваме за 120, тие 120 хидроелектрани чинат не помалку од 200 милиони евра од кои 70 отсто е градежништво – македонски фирми граделе, 140 милиони евра од таа инвестиција останале во градежништвото на Македонија. Само даноци и ДДВ колку се платени спрема тоа во буџетот. А што ќе биде разликата, ако не ги направиме хидроелектраните во тој случај сета таа електрична енергија треба да ја увеземе, па дали е подобро да ја увеземе?

Е сега, тука доаѓаме до еден парадокс. Еве сега, денеска да ја гледаме ситуацијата. Викаме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струја би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра. Па еве, се она што минатите 10 години го земале сега дупло оваа година ќе и го вратат на државата.

Впрочем, оваа математика никој не ја прави. Затоа енергетика се прави на долг рок. Еве, јас прашувам, ако не ги направиме хидроелектраните, ако не направиме фотоволтаци, ако не направиме ветерни електрани, па од што оваа држава ќе има струја? Се ќе увезуваме? Па јаглен веќе немаме! Лага е дека има јаглен за четири блока или не се копало. Не. Вистината е јагленот е на исцрпување. Значи, повеќе во оваа држава јаглен нема. Гас нема. Од што ќе правиме енергија? Па нас ни остануваат само обновливите извори, тоа го имаме како сопствена енергија – хидро, фотоволтаици, ветер и евентуално биогас – биомаса и друго нема. Друго не постои во светот, не е измислено. И ние мораме да ги гледаме долгорочно.

Еве сега прашувам, сите тие гласноговорници коишто еколошки беа против малите хидроелектрани дали на тие денеска не им смета да се гори мазут и да се увезува јаглен? Дали е тоа помалку загадувачки? Ги нема денеска, ќутат. А и тоа сега е добро. Значи, кога ќе ја снема струјава се е добро, така? Видете, да бидеме објективни. Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба паметна држава, да биде свесна.

Впрочем, не треба ние да бидеме многу паметни. Не треба да ме слушате јас што зборувам. Ај да видиме што прави светот. Моментално во Европа работат 24 илјади мали хидроелектрани и тие никогаш не биле прашање никаде. Најголем дел од нив се во Германија. Од тие во моментот 21 отсто или 6.406 хидроелектрани се наоѓаат во заштитени подрачја. Значи, еколошки во национални паркови се наоѓаат. Од тие 3.936 се постоечки во национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се прават во национални паркови. Ама ние викаме во Македонија никаде да не се прават. Тоа е голем проблем. Тоа е голема грешка. И после тоа, во моментот од тие, 2.396 се уште се планирани во заштитени подрачја, а 77 во Европа во моментов се градат во заштитени подрачја. Лага е дека тоа не се прави во заштитени подрачја. Ако се прави на соодветен начин, се прави во заштитени подрачја.

Еве да видиме што прави околинава. Тоа е многу битно. Бугарија во 2005 години имала 95 мали хидроелектрани, во 2007 година имала 127, а во 2020 има 200, што значи Бугарија во меѓувреме изградила 70-80 мали хидроелектрани и таму не е тоа тема воопшто. Грција во 2005 година имала 50 мали хидроелектрани, во 2007 – 61, во 2009 – 96, во 2020 – 175. Словенија,  ја сметаме за најеколошка земја и можеме да ја споредиме најмногу со нашата држава и по големина и по се и била дел од поранешна Југославија итн., на почетокот на истражувањето во 2005 година имала 201 мала хидроелектрана, во 2020 се 380. Значи, Словенија во меѓувреме направила уште 179 мали хидроелектрани. Да не зборувам во Франција дека во 2005 година имала 1.710 мали хидроелектрани, а во 2020 има 2.355 мали хидроелектрани. Австрија има 4-5 илјади итн. Што значи дека овие држави не знаат што прават, само ние знаеме што правиме?

Прашањето е друго. Ако ја видите картата, не постои веќе река во Северна Италија, во Австрија, во Германија, во Франција кај што не е изградена мала хидроелектрана, тоа е се изградено. Единствен потенцијал е уште дел од Босна, дел од Србија, Косово, Албанија и Македонија. И јас го поставувам прашањето – да не е за тоа борбата, за слободните концесии? Значи, треба малку да го поставиме пошироко прашањето. И за кого ја водиме таа борба ние тука? Мислам дека треба како држава да бидеме попаметни. Јас ви кажав доволно аргументи коишто многу јасно ја отсликуваат ситуацијата и од еколошки аспект. Дали е помалку еколошко да изградите фотоволтаик или ветерна електрана – па исто е сечете дрвја, исто, па особено ако со фотоволтаик земете земјоделско земјиште, па тоа трајно го земате. Мислам дека ние како општество премногу се водиме од дневната политика, премногу се водиме од кампањи коишто некој ќе ги финансира и лесно ги прифаќаме тие кампањи без да ја гледаме широката сликата и далекурочната стратегија. Еве, се надевам дека колку што можев пократко ви одговорив, колку што можев поконкретно на ова прашање.

Рековте дека полесно со енергетската криза се справуваат земјите што имаат сопствено производство на електрична енергија. Што треба нашава земја да направи за да го зголеми сопственото производство?

-Да направи сопствено производство од тоа што го има како извори. Видете, во светот енергија се прави од неколку извори. Можете да правите од нуклеарна енергија, тоа не можеме да го направиме, за жал, мислам премногу е и големо и комплицирано и бара меѓународни дозволи. Можете да го направите од термоелектрани на јаглен. Ние јаглен повеќе немаме, а и да имаме викаме загадува и не го сакаме. Можете да направите од гас, но еве кога го правите од гас цената расте драстично. Мазутот не би сакал да го дискутирам воопшто, зашто е најштетен од сите овие. Тоа се конвенционалните начини и оние што се обновливи извори – хидроенергија, ветер, вода, сонце и биомаса и биогас. Е сега, ние, за жал, претходниве конвенционалниве ги немаме веќе. Значи, немаме ни гас, ни нуклеарна, јаглен веќе немаме, мазут и да сакаме да правиме пак треба мазутот да го увеземе – не е битно дали увезувате струја или мазут – увезувате. Значи, ние имаме само она што ни го дала природата – фотоволтаици, хидроелектрани против коишто има кампања, понатаму ветерници колку што можеме. Меѓутоа, мораме да знаеме дека обновливите извори произведуваат поскапа енергија од конвенционалните извори, зборувам за јаглен и за нуклеарни и дека тоа си има своја цена. Ама сепак е подобро да имате сопствено производство отколку сто отсто да зависите како во моментов. И еве ви го кажав пак примерот со хидроелектраните.

Зголемувањето на цената на струјата кажавте дека најчесто доаѓа поради проблемите со рускиот гас. Дали најавите од германскиот косопственик на гасоводот Северен поток 2 дека ќе ги добие сите неопходни дозволи за работа на гасоводот од германските власти во првата половина од годинава значат дека е на повидок некаков си крај на енергетската криза или пониски цени на пазарот?

-Значи, да, значи тоа дека ако се пушти тој цевковод, односно нов гасовод веројатно ќе се зголемат количините коишто ќе доаѓаат кон овој пазар, а со тоа ќе се зголеми понудата, ќе падне малку цената, но имајте предвид дека нема да се стопира конзумот во Азија, Кина итн., дека тој ќе продолжи понатаму. Што значи, сега кога е пак зголемена побарувачката цените веројатно ќе се нормализираат, значи ќе се намалат од постојното ниво, но веројатно никогаш нема да се вратат на старите цени од не знам 200-300 долари по илјада нормални кубни метри гас. Затоа кажувам цената и на електричната енергија која што директно од тоа ќе зависи ќе се стабилизира, нема да остане олку висока ама нема никогаш да падне на нивото кое што го гледавме пред неколку години.

Сега малку да се навратиме на Вашите активности во моментов што ги правите. Од неодамна станавте почесен конзул на Малта. Што тоа значи и дали можете да помогнете за зголемување на економската соработка меѓу двете земји?

-Малта е една од најмалите држави во рамките на Европската Унија, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Пред се, сакам да кажам дека почесен конзул е почесна функција. Тоа е голема чест, како да кажам, да бидете почесен конзул на некоја држава и јас еве се заблагодарувам на претседателот на Малта, на Владата на Малта што ме поканија и ми го понудија тоа како можност. Јас треба на некој начин, да ги претставувам интересите на Малта во Македонија бидејќи Малта нема своја амбасада. Практично овој конзулат е нивно претставништво.

Една од улогите на конзулот е и да помогне да се развијат економските односи. За жал, ние имаме многу мало ниво на размена со Малта и мислам дека тука постои голем простор, пред се, да речеме, во делот на храната. Ние викаме дека произведуваме земјоделски производи, но, за жал, не сфаќаме дека нашите земјоделски производи по количина се мали за големи пазари. За Русија, Германија, Франција, немаме количини коишто можеме да ги испорачаме, додека Малта е 100 отсто увозно ориентирана за зеленчук, овошје итн., а по големина, пак, е соодветна на нашите производствени капацитети и тука гледам голем простор.

Понатаму, Малта е едно интересно општество кое што има висок БДП по жител, можеби пет пати повисок од нашиот, а притоа нема некои природни богатства. Значи, повеќе ја тераат на интелектуална работа, на услуги, на ИТ-технологии, на финансиски сервиси итн. Мислам дека во тој дел има исто така простор за зголемување на соработката. Јас како конзул ќе направам се што можам да го интензивирам тоа.

Како здравствената и енергетската криза се одрази врз работата на вашите компании и дали користевте некоја од шесте мерки што ги даваше Владата за поддршка на стопанството и на граѓаните?

-Кризата беше голем проблем за целокупната економија и нормално и за нашите компании. Јас сум сопственик на Фероинвест Групацијата која што е сопственик на „Брако“, а „Брако“ сопственик на „Грин машинс“. „Брако“ е фабрика во Велес која што вработува околу 700 вработени, извезува во 42 држави, а „Грин машинс“ е ќерка-фирма на „Брако“, а тоа е бренд за производство на возила за чистење т.н. свипери, чистачи метлачки за улици и е еден од најголемите брендови во светот. За среќа „Брако“ ја имаше можноста да го откупи брендот. „Брако“ произведува веќе 7-8 години. Претходно произведуваше за сопствениците на брендот, значи произведувавме компоненти, па после тоа земавме комплетното возило да го правиме, а од 2018 година и го откупивме брендот, така што тоа е сега македонски бренд, наш бренд, којшто почнавме да го развиваме. Во меѓувреме развивме уште две нови возила. Јавноста беше запознаена – хидрогенско, прво возило во светот за чистење на улици. Сега стигна последната нарачка од Франција пред два дена, инаку се возат веќе во Холандија. Понатаму, развивме ново електрично мало возило. Тоа го промовиравме пред Нова година, 400ZT и ги правиме старите возила коишто ги правеше „Грин машинс“ и развивме ново големо дизел возило 5,5 кубично. Тоа е нов дел во сегментот на „Грин машинс“, со тоа го проширивме 955 којшто сега веќе почнавме да го испорачуваме спрема Блискиот Исток.

„Брако“ се справи со кризата успешно. Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа. Но, морам да кажам беше и можност. Зошто беше можност? Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите капацитети, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ се намали 18 проценти само додека јас бев во Владата, во тој период. Тоа беше поголема катастрофа за „Брако“ отколку ковидот.

Да не должам многу, „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд, во правење развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти. „Брако“ е во инвестицискиот циклус од 8,5 до 9 милиони, а заедно со другите инвестиции во мојата група – биогасна електрана и фотоволтаик во Кочани моменталната инвестиција во рамките на две години е 21 милион евра. Нормално, тоа не се само пари на компанијата, тоа во добар дел се банкарски пари коишто ги поддржуваат проектите и мислам дека и покрај тоа што е криза единствен начин да се справите со кризата е да бидете поорганизирани и побрзи од другите и храбро да инвестирате.

Македонија во индустријата нема друга шанса освен да има висока технологија, бидејќи други предности нема. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини, CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа не прави конкурентни да можеме да се носиме со конкуренцијата низ цел свет. На пример, нашите возила се продаваат, и Белата куќа ја чистат во Вашингтон, дворците на англиската кралица во Англија, Париз го чистат, Лондон го чистат.

„Брако“ за да може тоа да го постигне мораше да формира ќерки-фирми, па има ќерка-фирма 100 отсто во Холандија, ќерка-фирма во Германија, ќерка-фирма во Англија и ќерка-фирма во Америка, во Сан Диего во Калифорнија. Знаете, многу е полесно да сте вие фирма од Германија или од Италија и да продавате технологија. Тогаш самата земја и името на земјата продава. А кога сте од Македонија вие морате да бидете подобри и поевтини од цел свет за да продадете. За среќа тоа го успеваме. Успеваме заради тоа што во тие илјада вработени, колку што има во моите фирми, во целиот систем има над 150 инженери. Еден добар дел од тие инженери се во странство школувани, тие се вратени во Македонија. Само во такви фирми каде што има висока технологија вие можете да ги вратите од светот македонските инженери или деца коишто отишле таму да ги вратите во Македонија. Значи, ние имаме ученици коишто завршиле на МИТ, имаме ученици коишто завршиле постдипломски во Минхен, имаме во Виена итн. и тие се вратиле и денеска работат во „Брако“. Исто и најдобрите студенти од Машински факултет и од техничките факултети во Македонија се носечката снага на развојот на „Брако“ и само така може да се оди напред. Еве, така накратко би го кажал, да речеме, справувањето со кризата. Јас би рекол и би ги охрабрил сите стопанственици дека кризата е проблем, голем проблем, меѓутоа и голема шанса заради тоа што се отвораат нови пазари. Тука ќе додадам дека се отвори еден голем простор, бидејќи западноевропските компании почнаа да се повлекуваат полека од Кина и тука има голема можност да се земе дел од тој колач и само треба да се биде активен. „Брако“ во моментот извезува во 42 држави, 96 отсто од производството е наменето за извоз.

Што според Вас недостасува за да се поттикне извозот од државата и да се мотивираат компаниите да инвестираат во производствени капацитети со кои ќе ги задоволуваат стандардите за пласман на странските пазари?

-Ништо не треба да им се помогне на фирмите различно од тоа што се помага во целиот свет. Што се случува во целиот свет? Не треба на фирмите да им се даваат пари, сега да речеме, нема да ја плати сметката за струја – дај му пари за струја. Не, тоа не треба.

На фирмите треба да им се помогне со тоа што го прави Европска Унија во своите држави. Она прави ако инвестирате и ако купувате нова технологија ви дава субвенции за тоа што го инвестирате и го купувате. Во Европска Унија тие субвенции се до 50 проценти. На пример, ако изградите фабрика и купите нова технологија ви даваат до 50 проценти субвенција. Во Македонија не е тоа до 50 проценти за македонските фирми. Во ТИРЗ се нуди истото тоа за странските инвеститори и тоа е добро, не е спорно.

Законот за финансиска поддршка треба да се развива и негува така, да ги стимулира македонските компании дека државата ќе им помогне со одреден процент во купувањето на нова технологија, оти новата технологија значи поголема продуктивност. Поголемата продуктивност, пак, значи подобра конкурентност, а подобрата конкурентност значи потентност за извоз. Значи, извозот не произлегува од тоа дали вие сакате или не сакате, туку од тоа дали вие имате производ или немате производ. И сега ние треба да се запрашаме во Македонија, имаме ли производ за извоз. Каде ќе го направиме тој производ? Со кои технологии ќе го направиме? Значи, за да направите производ треба технологија да имате, а технологија треба да купите. И тоа треба да се стимулира. Треба да се стимулира купување на технологии. Тука во тој дел има сега Закон за финансиска поддршка на инвестициите, но тука треба да се развијат дополнителни механизми и мислам дека тоа е платформата која што и треба на индустријата. Сега зборувам исклучиво за индустријата.

За земјоделството е друго. Тоа е ИПАРД. За градежништвото треба да се третира колку што може повеќе македонските компании да се вклучуваат во инфраструктурните проекти во Македонија заради тоа што во спротивно ќе го изгубиме градежништвото во земјава. Значи, ќе пропаднат сите градежни фирми, ќе остане странски фирми само да градат и во тој случај еве тие ќе се повлечат кога ќе завршат проектите – кој ќе остане да гради во Македонија. Комплексно е прашањето, но мислам дека во кратки црти ви одговорив на најважните прашања и поенти.

The post Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>

Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА. Интервјуто го пренесуваме во целост. Како поранешен вицепремиер за економски прашања и трговец со електрична енергија, ваш коментар за цената на електричната енергија и за начинот на кој Владата се справува со енергетската и здравствената криза? -Ако зборуваме за цената на електричната енергија многу е важно да кажеме прво од каде потекнува и што се случува – дали ова што се случува е во Македонија или е нешто пошироко. Ова што денеска го имаме сите го викаат како енергетска криза, а јас не го викам енергетска, туку финансиска криза, бидејќи енергетска криза би било доколку некој нема електрична енергија во Европа. Како што гледаме никој не се жали дека нема електрична енергија, сите имаат електрична енергија, што значи дека кризата не е дека нема енергија, туку кризата е дека енергијата е скапа. Е сега, како дојде до тоа енергијата да биде скапа се четири фактори коишто ја генерираат цената на електричната енергија. Пред се, значи, најголем фактор е цената на природниот гас. Каде настана проблемот со цената на гасот. Во суштина кризава е европска и не е светска, а главните количини на гас во Европа доаѓаат од Русија, еден мал дел од Норвешка – значи Северното Море, некои мали производства имаат одредени држави и еден дел од Африка, од Алжир, но тоа е за јужниот дел, да речеме Шпанија итн. Но, доминантно гасот доаѓа од Русија. Гасот може да се купи на два начина. Едниот начин е да се купи по формула врзана со цената на нафтата, а вториот е да се купи на спот маркет. Европа реши да купува гас на спот маркет, но за жал, европската економија малку поспоро се движеше и закрепнуваше, а притоа паралелно на тоа се случи Кина и азиските земји драстично да го зголемат конзумот на гас од две причини. Прво, заради тоа што и Кина реши да ги затвора термоелектраните на јаглен и да преминува на производство на електрична енергија од гас, а и нивната економија побргу се опорави после КОВИД-кризата и ги зголеми количините на гас што ги троши директно во индустријата. На тој начин се случи еден добар дел од рускиот гас да отиде на тие пазари и кога побарувачката расте, а гасот е сепак со лимитирани количини на производство, се разбира цената расте. Тука има и геополитички проблеми околу Северниот тек 2 итн., меѓутоа, кратко речено, ако треба да симплифицираме значи големата потрошувачка на гас во Кина направи големи количини на гас да отидат спрема Кина и тоа ја зголеми цената на гасот во Европа и во европските земји таа достигна рекордни нивоа. И ако земете дека добар дел од електричната енергија се произведува на гас, во тој случај тоа ја генерира или ја бутка цената на електричната енергија нагоре. Втора причина се зелените сертификати коишто пораснаа драстично и од некои 20-ина евра тие отидоа до 60, 70 евра. Тие директно влијаат во цената на електричната енергија, но тоа е политиката за премин или енергетска транзиција од загадувачки индустрии или загадувачки облици на производство на електрична енергија кон обновливи извори на електрична енергија. Со други зборови, тоа е цената на екологијата што ја плаќаме. Сите сакаме да имаме поздрава животна средина, но треба да бидеме свесни дека тоа чини. И таа цена денес еден дел тоа го генерира. Трета компонента се намалените издашности на обновливите извори на енергија. Европа во голем дел се потпре на обновливи извори, еден најголем дел можеби на ветерните електрани во северните мориња, меѓутоа се погоди период да нема премногу ветер. Обновливите извори по сите карактеристики се еколошки добри, меѓутоа, од друга страна, пак, тие даваат електрична енергија само кога природата тоа го дава – фотоволтаиците кога има сонце, ветерните електрани кога има ветер, хидроелектраните кога има вода, а се погоди период сите тие извори да бидат намалени во споредба со некакви просеци од минатите години. Тоа е третиот фактор којшто ја генерираше цената на струјата, бидејќи имаше помала понуда од тие извори и нормално кога има помала понуда цената расте. И четвртата компонента е компонентата на реалната инфлација. Во светот се испечатија многу пари. Тие пари направија зголемување на основните цени на ресурсите, бидејќи тоа е еден затворен круг. Да речеме, пораснаа металите 100 отсто. Сите резервни делови во хидро, термо електрани или какви било постројки се прават од метал, што значи дека и деловите поскапеа, нивната инвестиција поскапе, нивното одржување поскапе. Понатаму, инфлацијата направи да има покачување на платите. Тоа направи поскапување на работната рака и сето тоа направи една генерација на инфлација која што ние не можеме да кажеме дека не постои. Таа постои. Таа постои секаде во светот, а изворот на таа инфлација е точно кризата која што веќе ја живееме две години, а не знаеме ни до кога ќе заврши. Значи, инфлацијата е компонента која што влијае на цената на струјата, веројатно најмалку во моментот, но и таа влијае. И кога ќе земете збир од сите овие четири компоненти тоа е практично вкупното зголемување на цената на електричната енергија. Е сега како ние се справуваме со тоа? Како и сите други земји коишто немаат доволно сопствено производство. Значи, најдобро се справуваат тие држави коишто имаат доволно сопствено производство, а сите тие држави коишто се доминантно увозно зависни за жал мора да ја плаќаат пазарната цена на електричната енергија и тоа нормално ја генерира цената на електричната енергија. Што може Владата да направи? Всушност тоа што го прави. Јас прво мислам дека треба проблемот или прашањето на енергетика да се извади од дневно-политичкото прашање или дневно-политичкото препукување, бидејќи во енергетика ништо не се прави за една, две, три години. За се треба да имате план за 10, 20 години.  Ние имаме, но за жал, малку се чита тој план. Тоа се вика Енергетска стратегија, донесена е 2018 година. Таму е се ова убаво напишано и треба тоа само да се чита и да се почитува. Мислам дека во таа насока треба да се оди. Но, кратко речено, значи што може Владата да направи? Може да извади пари од Буџет и да субвенционира. Впрочем тоа и го прави, така и тоа главно го прави во домаќинствата, а не во делот на стопанството. Веројатно во делот на стопанството и тешко може да го направи иако има мерки коишто може да се преземат, но домаќинствата максимално ги штити. Покачувањето на цената на електричната енергија од околу 10 проценти, во споредба со тоа какви се пазарните цени на електричната енергија е мало покачување, што значи дека Владата ќе издвои сериозни средства да ги субвенционира. Но, тоа не е решение на долг рок бидејќи не може нон стоп да субвенционира. Може, надежта е дека оваа криза ќе помине. Е точно тука јас не сум убеден дека оваа криза ќе помине и дека цените брзо ќе се вратат на старото ниво. Ако земеме предвид дека минатата година цените овој период од годината беа 50-60 евра по мегават час итн., јас мислам дека такви цени уште долг период нема да видиме. Зошто? Заради тоа што дури и да се реши проблемот со гасот и да се намали цената на гасот, останатите три компоненти коишто влијаат врз цената на електричната енергија и понатаму ќе останат. Како човек којшто има искуство 20-ина години во оваа област, мое лично мислење е дека цените на долг рок ќе се стабилизираат меѓу 80 и 120 евра по мегават час. Еве денеска баш ја погледнав берзата, денеска е 261 евро. Имаше денови кога одеше и до 400 и до 500 евра. Мислам дека беше залажување тоа во текот на празниците дека се стабилизирала берзата. Не. Значи, се намали потрошувачката, бидејќи индустријата не работеше, а таа е главен консумент на енергија и затоа цените во текот на новогодишните празници паднаа, но ако ги гледате и претпоставките и берзите и тоа што дневно се тргува на берзите ќе видите дека цената се движи повторно помеѓу 200-250-260 евра по мегават час што е исклучително висока цена. Дали ова ќе остане на долг рок, како што кажав, веќе не очекувам да остане на долг рок засекогаш ваква цената, меѓутоа колку ова ќе трае – па мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година, значи да падне некаде до кај 120-130 евра и полека тоа да се стабилизира, но мислам дека повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час. Дали беше неопходно укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата за граѓаните за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар? -Пресметката на цената на електричната енергија е една формула во која влегуваат повеќе компоненти. Ако останеше евтината тарифа веројатно, а притоа Владата имала одреден волумен на пари или одредена сума на пари коишто планирала да ги потроши за субвенционирање, во тој случај тие 9,48 отсто покачување ќе беа повисоки. Значи на крајот на краиштата сето тоа се сведува на тоа колку дома ќе произведете енергија и по која цена ќе ја продадете, колку енергија ќе увезете. Цената е микс на тие компоненти. Ако го гледаме чистиот микс веројатно покачувањето требаше да биде 30-40-50 проценти. Е сега, од тоа реално покачување до покачување од 10 проценти е субвенција на државата која што ја дава во цената и тоа е равенка со неколку непознати во коишто ако евтината тарифа не ја укинете тогаш повеќе ќе ја покачите цената на струјата и обратно. Невладините организации бараат Владата да ги укине субвенциите за малите хидроелектрани и порачуваат дека државата дава повеќе средства за субвенции отколку што тие произведуваат електрична енергија. Ваш коментар? -Видете, мене ми е жал што оваа дискусија се води поприлично еднострано. Секогаш кога јас ќе влезам во дискусија да ја објаснувам таа тема влегувам во ризик дека некој ќе мисли дека ја штитам сопствената позиција, бидејќи јас имам еден дел од тие хидроелектрани, иако лично како сопственост имам некои 15-16 проценти од сите хидроелектрани во државата како сопственост. Мислам дека е време да се кажат некои работи како што се. Мислам дека за тоа зборуваат луѓе што ретко или никогаш не виделе хидроелектрана. Мислам дека тоа стана малку популизам и модерно. И мислам дека тоа е, како да кажам, една дискусија која што влегува како дискусија на луѓе коишто не гледаат долгорочно на таа работа. Еве, воглавно две теми се тука. Значи, едната тема е дека тие влијаат штетно врз околината, а втората тема е дека се субвенционирани. Вие го поставивте прашањето околу субвенциите. Ајде сега да разговараме за субвенциите. Испадна брзо сега еден ревизорски извештај со којшто јас не се согласувам и не ги земаа сите факти предвид и тоа е кога економисти ќе сакаат да дискутираат енергетика и не ги земале сите факти во предвид. Земале дека цената која што ја наплатиле хидроелектраните во државата е 80 евра, а притоа цената на берза била 41 или 44 евра. Е сега тука направиле проста математика колку произвеле хидроелектраните во овој период и разликата помеѓу тие две цени и дошле до некоја сума од 40 милиони евра дека хидроелектраните земале повеќе. Ај сега да размислиме дали е тоа така. На пример, не земале во предвид дека хидроелектраните уплатиле 17 милиони евра авансно во државата за да ги изградат хидроелектраните како еднократен надомест. Па ај сега извадете ги од тие 40 тие 17. Па после тоа, хидроелектраните секоја година плаќаат два отсто од производството, па извадете го тоа. Значи, тоа исто оди во државата. Па земете го во предвид дека ако се направат 200 хидроелектрани, а досега се направени околу 120, еве да зборуваме за 120, тие 120 хидроелектрани чинат не помалку од 200 милиони евра од кои 70 отсто е градежништво – македонски фирми граделе, 140 милиони евра од таа инвестиција останале во градежништвото на Македонија. Само даноци и ДДВ колку се платени спрема тоа во буџетот. А што ќе биде разликата, ако не ги направиме хидроелектраните во тој случај сета таа електрична енергија треба да ја увеземе, па дали е подобро да ја увеземе? Е сега, тука доаѓаме до еден парадокс. Еве сега, денеска да ја гледаме ситуацијата. Викаме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струја би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра. Па еве, се она што минатите 10 години го земале сега дупло оваа година ќе и го вратат на државата. Впрочем, оваа математика никој не ја прави. Затоа енергетика се прави на долг рок. Еве, јас прашувам, ако не ги направиме хидроелектраните, ако не направиме фотоволтаци, ако не направиме ветерни електрани, па од што оваа држава ќе има струја? Се ќе увезуваме? Па јаглен веќе немаме! Лага е дека има јаглен за четири блока или не се копало. Не. Вистината е јагленот е на исцрпување. Значи, повеќе во оваа држава јаглен нема. Гас нема. Од што ќе правиме енергија? Па нас ни остануваат само обновливите извори, тоа го имаме како сопствена енергија – хидро, фотоволтаици, ветер и евентуално биогас – биомаса и друго нема. Друго не постои во светот, не е измислено. И ние мораме да ги гледаме долгорочно. Еве сега прашувам, сите тие гласноговорници коишто еколошки беа против малите хидроелектрани дали на тие денеска не им смета да се гори мазут и да се увезува јаглен? Дали е тоа помалку загадувачки? Ги нема денеска, ќутат. А и тоа сега е добро. Значи, кога ќе ја снема струјава се е добро, така? Видете, да бидеме објективни. Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба паметна држава, да биде свесна. Впрочем, не треба ние да бидеме многу паметни. Не треба да ме слушате јас што зборувам. Ај да видиме што прави светот. Моментално во Европа работат 24 илјади мали хидроелектрани и тие никогаш не биле прашање никаде. Најголем дел од нив се во Германија. Од тие во моментот 21 отсто или 6.406 хидроелектрани се наоѓаат во заштитени подрачја. Значи, еколошки во национални паркови се наоѓаат. Од тие 3.936 се постоечки во национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се прават во национални паркови. Ама ние викаме во Македонија никаде да не се прават. Тоа е голем проблем. Тоа е голема грешка. И после тоа, во моментот од тие, 2.396 се уште се планирани во заштитени подрачја, а 77 во Европа во моментов се градат во заштитени подрачја. Лага е дека тоа не се прави во заштитени подрачја. Ако се прави на соодветен начин, се прави во заштитени подрачја. Еве да видиме што прави околинава. Тоа е многу битно. Бугарија во 2005 години имала 95 мали хидроелектрани, во 2007 година имала 127, а во 2020 има 200, што значи Бугарија во меѓувреме изградила 70-80 мали хидроелектрани и таму не е тоа тема воопшто. Грција во 2005 година имала 50 мали хидроелектрани, во 2007 – 61, во 2009 – 96, во 2020 – 175. Словенија,  ја сметаме за најеколошка земја и можеме да ја споредиме најмногу со нашата држава и по големина и по се и била дел од поранешна Југославија итн., на почетокот на истражувањето во 2005 година имала 201 мала хидроелектрана, во 2020 се 380. Значи, Словенија во меѓувреме направила уште 179 мали хидроелектрани. Да не зборувам во Франција дека во 2005 година имала 1.710 мали хидроелектрани, а во 2020 има 2.355 мали хидроелектрани. Австрија има 4-5 илјади итн. Што значи дека овие држави не знаат што прават, само ние знаеме што правиме? Прашањето е друго. Ако ја видите картата, не постои веќе река во Северна Италија, во Австрија, во Германија, во Франција кај што не е изградена мала хидроелектрана, тоа е се изградено. Единствен потенцијал е уште дел од Босна, дел од Србија, Косово, Албанија и Македонија. И јас го поставувам прашањето – да не е за тоа борбата, за слободните концесии? Значи, треба малку да го поставиме пошироко прашањето. И за кого ја водиме таа борба ние тука? Мислам дека треба како држава да бидеме попаметни. Јас ви кажав доволно аргументи коишто многу јасно ја отсликуваат ситуацијата и од еколошки аспект. Дали е помалку еколошко да изградите фотоволтаик или ветерна електрана – па исто е сечете дрвја, исто, па особено ако со фотоволтаик земете земјоделско земјиште, па тоа трајно го земате. Мислам дека ние како општество премногу се водиме од дневната политика, премногу се водиме од кампањи коишто некој ќе ги финансира и лесно ги прифаќаме тие кампањи без да ја гледаме широката сликата и далекурочната стратегија. Еве, се надевам дека колку што можев пократко ви одговорив, колку што можев поконкретно на ова прашање. Рековте дека полесно со енергетската криза се справуваат земјите што имаат сопствено производство на електрична енергија. Што треба нашава земја да направи за да го зголеми сопственото производство? -Да направи сопствено производство од тоа што го има како извори. Видете, во светот енергија се прави од неколку извори. Можете да правите од нуклеарна енергија, тоа не можеме да го направиме, за жал, мислам премногу е и големо и комплицирано и бара меѓународни дозволи. Можете да го направите од термоелектрани на јаглен. Ние јаглен повеќе немаме, а и да имаме викаме загадува и не го сакаме. Можете да направите од гас, но еве кога го правите од гас цената расте драстично. Мазутот не би сакал да го дискутирам воопшто, зашто е најштетен од сите овие. Тоа се конвенционалните начини и оние што се обновливи извори – хидроенергија, ветер, вода, сонце и биомаса и биогас. Е сега, ние, за жал, претходниве конвенционалниве ги немаме веќе. Значи, немаме ни гас, ни нуклеарна, јаглен веќе немаме, мазут и да сакаме да правиме пак треба мазутот да го увеземе – не е битно дали увезувате струја или мазут – увезувате. Значи, ние имаме само она што ни го дала природата – фотоволтаици, хидроелектрани против коишто има кампања, понатаму ветерници колку што можеме. Меѓутоа, мораме да знаеме дека обновливите извори произведуваат поскапа енергија од конвенционалните извори, зборувам за јаглен и за нуклеарни и дека тоа си има своја цена. Ама сепак е подобро да имате сопствено производство отколку сто отсто да зависите како во моментов. И еве ви го кажав пак примерот со хидроелектраните. Зголемувањето на цената на струјата кажавте дека најчесто доаѓа поради проблемите со рускиот гас. Дали најавите од германскиот косопственик на гасоводот Северен поток 2 дека ќе ги добие сите неопходни дозволи за работа на гасоводот од германските власти во првата половина од годинава значат дека е на повидок некаков си крај на енергетската криза или пониски цени на пазарот? -Значи, да, значи тоа дека ако се пушти тој цевковод, односно нов гасовод веројатно ќе се зголемат количините коишто ќе доаѓаат кон овој пазар, а со тоа ќе се зголеми понудата, ќе падне малку цената, но имајте предвид дека нема да се стопира конзумот во Азија, Кина итн., дека тој ќе продолжи понатаму. Што значи, сега кога е пак зголемена побарувачката цените веројатно ќе се нормализираат, значи ќе се намалат од постојното ниво, но веројатно никогаш нема да се вратат на старите цени од не знам 200-300 долари по илјада нормални кубни метри гас. Затоа кажувам цената и на електричната енергија која што директно од тоа ќе зависи ќе се стабилизира, нема да остане олку висока ама нема никогаш да падне на нивото кое што го гледавме пред неколку години. Сега малку да се навратиме на Вашите активности во моментов што ги правите. Од неодамна станавте почесен конзул на Малта. Што тоа значи и дали можете да помогнете за зголемување на економската соработка меѓу двете земји? -Малта е една од најмалите држави во рамките на Европската Унија, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Пред се, сакам да кажам дека почесен конзул е почесна функција. Тоа е голема чест, како да кажам, да бидете почесен конзул на некоја држава и јас еве се заблагодарувам на претседателот на Малта, на Владата на Малта што ме поканија и ми го понудија тоа како можност. Јас треба на некој начин, да ги претставувам интересите на Малта во Македонија бидејќи Малта нема своја амбасада. Практично овој конзулат е нивно претставништво. Една од улогите на конзулот е и да помогне да се развијат економските односи. За жал, ние имаме многу мало ниво на размена со Малта и мислам дека тука постои голем простор, пред се, да речеме, во делот на храната. Ние викаме дека произведуваме земјоделски производи, но, за жал, не сфаќаме дека нашите земјоделски производи по количина се мали за големи пазари. За Русија, Германија, Франција, немаме количини коишто можеме да ги испорачаме, додека Малта е 100 отсто увозно ориентирана за зеленчук, овошје итн., а по големина, пак, е соодветна на нашите производствени капацитети и тука гледам голем простор. Понатаму, Малта е едно интересно општество кое што има висок БДП по жител, можеби пет пати повисок од нашиот, а притоа нема некои природни богатства. Значи, повеќе ја тераат на интелектуална работа, на услуги, на ИТ-технологии, на финансиски сервиси итн. Мислам дека во тој дел има исто така простор за зголемување на соработката. Јас како конзул ќе направам се што можам да го интензивирам тоа. Како здравствената и енергетската криза се одрази врз работата на вашите компании и дали користевте некоја од шесте мерки што ги даваше Владата за поддршка на стопанството и на граѓаните? -Кризата беше голем проблем за целокупната економија и нормално и за нашите компании. Јас сум сопственик на Фероинвест Групацијата која што е сопственик на „Брако“, а „Брако“ сопственик на „Грин машинс“. „Брако“ е фабрика во Велес која што вработува околу 700 вработени, извезува во 42 држави, а „Грин машинс“ е ќерка-фирма на „Брако“, а тоа е бренд за производство на возила за чистење т.н. свипери, чистачи метлачки за улици и е еден од најголемите брендови во светот. За среќа „Брако“ ја имаше можноста да го откупи брендот. „Брако“ произведува веќе 7-8 години. Претходно произведуваше за сопствениците на брендот, значи произведувавме компоненти, па после тоа земавме комплетното возило да го правиме, а од 2018 година и го откупивме брендот, така што тоа е сега македонски бренд, наш бренд, којшто почнавме да го развиваме. Во меѓувреме развивме уште две нови возила. Јавноста беше запознаена – хидрогенско, прво возило во светот за чистење на улици. Сега стигна последната нарачка од Франција пред два дена, инаку се возат веќе во Холандија. Понатаму, развивме ново електрично мало возило. Тоа го промовиравме пред Нова година, 400ZT и ги правиме старите возила коишто ги правеше „Грин машинс“ и развивме ново големо дизел возило 5,5 кубично. Тоа е нов дел во сегментот на „Грин машинс“, со тоа го проширивме 955 којшто сега веќе почнавме да го испорачуваме спрема Блискиот Исток. „Брако“ се справи со кризата успешно. Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа. Но, морам да кажам беше и можност. Зошто беше можност? Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите капацитети, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ се намали 18 проценти само додека јас бев во Владата, во тој период. Тоа беше поголема катастрофа за „Брако“ отколку ковидот. Да не должам многу, „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд, во правење развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти. „Брако“ е во инвестицискиот циклус од 8,5 до 9 милиони, а заедно со другите инвестиции во мојата група – биогасна електрана и фотоволтаик во Кочани моменталната инвестиција во рамките на две години е 21 милион евра. Нормално, тоа не се само пари на компанијата, тоа во добар дел се банкарски пари коишто ги поддржуваат проектите и мислам дека и покрај тоа што е криза единствен начин да се справите со кризата е да бидете поорганизирани и побрзи од другите и храбро да инвестирате. Македонија во индустријата нема друга шанса освен да има висока технологија, бидејќи други предности нема. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини, CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа не прави конкурентни да можеме да се носиме со конкуренцијата низ цел свет. На пример, нашите возила се продаваат, и Белата куќа ја чистат во Вашингтон, дворците на англиската кралица во Англија, Париз го чистат, Лондон го чистат. „Брако“ за да може тоа да го постигне мораше да формира ќерки-фирми, па има ќерка-фирма 100 отсто во Холандија, ќерка-фирма во Германија, ќерка-фирма во Англија и ќерка-фирма во Америка, во Сан Диего во Калифорнија. Знаете, многу е полесно да сте вие фирма од Германија или од Италија и да продавате технологија. Тогаш самата земја и името на земјата продава. А кога сте од Македонија вие морате да бидете подобри и поевтини од цел свет за да продадете. За среќа тоа го успеваме. Успеваме заради тоа што во тие илјада вработени, колку што има во моите фирми, во целиот систем има над 150 инженери. Еден добар дел од тие инженери се во странство школувани, тие се вратени во Македонија. Само во такви фирми каде што има висока технологија вие можете да ги вратите од светот македонските инженери или деца коишто отишле таму да ги вратите во Македонија. Значи, ние имаме ученици коишто завршиле на МИТ, имаме ученици коишто завршиле постдипломски во Минхен, имаме во Виена итн. и тие се вратиле и денеска работат во „Брако“. Исто и најдобрите студенти од Машински факултет и од техничките факултети во Македонија се носечката снага на развојот на „Брако“ и само така може да се оди напред. Еве, така накратко би го кажал, да речеме, справувањето со кризата. Јас би рекол и би ги охрабрил сите стопанственици дека кризата е проблем, голем проблем, меѓутоа и голема шанса заради тоа што се отвораат нови пазари. Тука ќе додадам дека се отвори еден голем простор, бидејќи западноевропските компании почнаа да се повлекуваат полека од Кина и тука има голема можност да се земе дел од тој колач и само треба да се биде активен. „Брако“ во моментот извезува во 42 држави, 96 отсто од производството е наменето за извоз. Што според Вас недостасува за да се поттикне извозот од државата и да се мотивираат компаниите да инвестираат во производствени капацитети со кои ќе ги задоволуваат стандардите за пласман на странските пазари? -Ништо не треба да им се помогне на фирмите различно од тоа што се помага во целиот свет. Што се случува во целиот свет? Не треба на фирмите да им се даваат пари, сега да речеме, нема да ја плати сметката за струја – дај му пари за струја. Не, тоа не треба. На фирмите треба да им се помогне со тоа што го прави Европска Унија во своите држави. Она прави ако инвестирате и ако купувате нова технологија ви дава субвенции за тоа што го инвестирате и го купувате. Во Европска Унија тие субвенции се до 50 проценти. На пример, ако изградите фабрика и купите нова технологија ви даваат до 50 проценти субвенција. Во Македонија не е тоа до 50 проценти за македонските фирми. Во ТИРЗ се нуди истото тоа за странските инвеститори и тоа е добро, не е спорно. Законот за финансиска поддршка треба да се развива и негува така, да ги стимулира македонските компании дека државата ќе им помогне со одреден процент во купувањето на нова технологија, оти новата технологија значи поголема продуктивност. Поголемата продуктивност, пак, значи подобра конкурентност, а подобрата конкурентност значи потентност за извоз. Значи, извозот не произлегува од тоа дали вие сакате или не сакате, туку од тоа дали вие имате производ или немате производ. И сега ние треба да се запрашаме во Македонија, имаме ли производ за извоз. Каде ќе го направиме тој производ? Со кои технологии ќе го направиме? Значи, за да направите производ треба технологија да имате, а технологија треба да купите. И тоа треба да се стимулира. Треба да се стимулира купување на технологии. Тука во тој дел има сега Закон за финансиска поддршка на инвестициите, но тука треба да се развијат дополнителни механизми и мислам дека тоа е платформата која што и треба на индустријата. Сега зборувам исклучиво за индустријата. За земјоделството е друго. Тоа е ИПАРД. За градежништвото треба да се третира колку што може повеќе македонските компании да се вклучуваат во инфраструктурните проекти во Македонија заради тоа што во спротивно ќе го изгубиме градежништвото во земјава. Значи, ќе пропаднат сите градежни фирми, ќе остане странски фирми само да градат и во тој случај еве тие ќе се повлечат кога ќе завршат проектите – кој ќе остане да гради во Македонија. Комплексно е прашањето, но мислам дека во кратки црти ви одговорив на најважните прашања и поенти.

The post Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>