Кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kochani/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kochani/ 32 32 Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepal-dete-vo-uchilishte-vo-kochani-pa-so-noze-mu-vlegol-i-na-politsaets/ Thu, 17 Oct 2024 08:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=827910

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди. Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>
Голема тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-tepachka-megu-dve-grupi-od-shtip-i-kochani/ Sun, 06 Oct 2024 13:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=823488

Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип.

Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај.

The post Голема тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани appeared first on Република.

]]>

Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип. Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај.

The post Голема тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани appeared first on Република.

]]>
Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-od-kochani-ovaa-godina-ke-imame-bogata-zhetva-i-zgolemen-prinos-na-oriz-nash-prioritet-kako-vlada-e-da-go-zashtitime-domashnoto-proizvodstvo/ Sun, 29 Sep 2024 12:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=820735

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.

„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.

„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски.

Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.

Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.

„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.

„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој.

Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.

„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски.

The post Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.
„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.
„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски. Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“. Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.
„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.
„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој. Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.
„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски.

The post Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство appeared first on Република.

]]>
24-годишникот од Кочани кој избоде маж што му продаваше мобилен уапсен при обид да избега од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/24-godishnikot-od-kochani-koj-izbode-mazh-shto-mu-prodavashe-mobilen-uapsen-pri-obid-da-izbega-od-makedonija/ Sun, 15 Sep 2024 14:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=816536

Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот, стои во соопштението од МВР.

Веднаш по добиената пријава, како што дополнуваат, се преземени соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Од обвинителството во Кочани, претходно соопштија дека за 24-годишник постои основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/otishol-da-kupi-telefon-mu-izvadil-nozh-eden-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-kochani/

Како што соопшти ОЈО, на 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

The post 24-годишникот од Кочани кој избоде маж што му продаваше мобилен уапсен при обид да избега од Македонија appeared first on Република.

]]>

Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот, стои во соопштението од МВР.
Веднаш по добиената пријава, како што дополнуваат, се преземени соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР. Од обвинителството во Кочани, претходно соопштија дека за 24-годишник постои основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/otishol-da-kupi-telefon-mu-izvadil-nozh-eden-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-kochani/ Како што соопшти ОЈО, на 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон. По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

The post 24-годишникот од Кочани кој избоде маж што му продаваше мобилен уапсен при обид да избега од Македонија appeared first on Република.

]]>
Отишол да купи телефон, му извадил нож: Еден осомничен за обид за убиство во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otishol-da-kupi-telefon-mu-izvadil-nozh-eden-osomnichen-za-obid-za-ubistvo-vo-kochani/ Sun, 15 Sep 2024 08:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=816460

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post Отишол да купи телефон, му извадил нож: Еден осомничен за обид за убиство во Кочани appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон. По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот. Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post Отишол да купи телефон, му извадил нож: Еден осомничен за обид за убиство во Кочани appeared first on Република.

]]>
Истрага во Кочани, двајца осомничени дека убиле сосед https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-vo-kochani-dvajtsa-osomnicheni-deka-ubile-sosed/ Sat, 07 Sep 2024 13:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=814137

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело.

По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.

The post Истрага во Кочани, двајца осомничени дека убиле сосед appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело. По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.  

The post Истрага во Кочани, двајца осомничени дека убиле сосед appeared first on Република.

]]>
Кочанчанец тешко повреден откако паднал од мотор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kochanchanets-teshko-povreden-otkako-padnal-od-motor/ Wed, 04 Sep 2024 11:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=813063

Триесет и петгодишен кочанчанец е тешко повреден откако возејќи мотоцикл изгубил контрола и паднал.

Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„14 Бригада“ и ул.„Цар Самоил“ во Кочани, Е.С.(35) од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

The post Кочанчанец тешко повреден откако паднал од мотор appeared first on Република.

Жени на 51 и 76-годишна возраст демнеле и вознемирувале друга жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zheni-na-51-i-76-godishna-vozrast-demnele-i-voznemiruvale-druga-zhena/ Tue, 06 Aug 2024 14:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=803950

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(51) и С.С.(76), двете од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Во периодот од 05.05.2024 до 19.07.2024, пријавените следеле и вознемирувале женско лице.

The post Жени на 51 и 76-годишна возраст демнеле и вознемирувале друга жена appeared first on Република.

]]>

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(51) и С.С.(76), двете од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 05.05.2024 до 19.07.2024, пријавените следеле и вознемирувале женско лице.

The post Жени на 51 и 76-годишна возраст демнеле и вознемирувале друга жена appeared first on Република.

]]>
Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид https://arhiva3.republika.mk/vesti/dobrovolnite-pozharnikari-od-kochani-spasija-povreden-i-dezorientiran-orel-od-zagrozen-vid/ Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=803483

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.

[caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]

Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption]

Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки.

[caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption]

Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. [caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.
[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption] Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки. [caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption] Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>
Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kompanija-od-kochani-go-vkluchi-sopstvenoto-protivpozharno-vozilo-za-gasene-na-pozharite-vo-regionot/ Fri, 02 Aug 2024 09:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=802582

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион.

Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми.

Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија.

Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион. Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми. Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија. Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>
Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtor-sluchaj-na-zapadno-nilska-treska-kochanchanets-se-zarazil-na-odmor-vo-tunis/ Thu, 18 Jul 2024 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=798130

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани.

Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција.

Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.
Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.
Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција. Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachki-platformata-1198-se-obvrzuva-na-17-milioni-evra-za-proekti-za-kochani/ Sat, 27 Apr 2024 09:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=771611

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3.

Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3. Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.
И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.
Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>
Тешко повреден кочанчанец – со мопед излетал од пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-kochanchanets-so-moped-izletal-od-pat/ Fri, 19 Apr 2024 13:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=768040

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Тешко повреден кочанчанец – со мопед излетал од пат appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Тешко повреден кочанчанец – со мопед излетал од пат appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ќе ја реконструираме и пругата Кочани – Велес, Кочани ќе добие четири милиони евра од државниот буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ke-ja-rekonstruirame-i-prugata-kochani-veles-kochani-ke-dobie-chetiri-milioni-evra-od-drzhavniot-budhet/ Sun, 07 Apr 2024 09:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=763352

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека секаде каде што одат се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, а така е и во Кочани каде што сè повеќе граѓани се приклучуваат во промените.

Ковачи најави финансиска поддршка од државниот буџет за развој на општината.

Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, но со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Околу четири милиони евра од централниот буџет предвидуваме да се дадат за Кочани, тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани - Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина, нова надеж. Повикувам на 24 април масовно да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност, односно победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, истакна Ковачки.

The post Ковачки: Ќе ја реконструираме и пругата Кочани – Велес, Кочани ќе добие четири милиони евра од државниот буџет appeared first on Република.

]]>

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека секаде каде што одат се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, а така е и во Кочани каде што сè повеќе граѓани се приклучуваат во промените. Ковачи најави финансиска поддршка од државниот буџет за развој на општината.
Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, но со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Околу четири милиони евра од централниот буџет предвидуваме да се дадат за Кочани, тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани - Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина, нова надеж. Повикувам на 24 април масовно да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност, односно победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, истакна Ковачки.

The post Ковачки: Ќе ја реконструираме и пругата Кочани – Велес, Кочани ќе добие четири милиони евра од државниот буџет appeared first on Република.

]]>
Ноќва судир меѓу бугарски камион и „мерцедес“ кај Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-sudir-megu-bugarski-kamion-i-mertsedes-kaj-kochani/ Thu, 07 Mar 2024 11:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=752210

Ноќва во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Ноќва судир меѓу бугарски камион и „мерцедес“ кај Кочани appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Г. констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

The post Ноќва судир меѓу бугарски камион и „мерцедес“ кај Кочани appeared first on Република.

]]>
Приведени тројца малолетници во Кочани, извршиле повеќе од 30 кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-trojtsa-maloletnitsi-vo-kochani-izvrshile-poveke-od-30-krivichni-dela/ Sun, 18 Feb 2024 18:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=745444

Полициски службеници од Полициската станица Кочани по преземени мерки и активности, лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека вчера извршиле разбојништво во Кочани.

-Според пријавеното вчера околу 7:00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител,  претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела „кражби“, „тешки кражби“, „тешки кражби на дрзок начин“, „разбојнички кражби“ и „разбојништво“.

The post Приведени тројца малолетници во Кочани, извршиле повеќе од 30 кривични дела appeared first on Република.

Го прегазил и избегал: Несреќа во Кочани, пешак се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pregazil-i-izbegal-nesreka-vo-kochani-peshak-se-bori-za-zhivot/ Fri, 19 Jan 2024 11:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=734653

На 18.01.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило удрило во пешакот С.С.(74) од Кочани и го напуштило местото. Во несреќата, С.С се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

The post Го прегазил и избегал: Несреќа во Кочани, пешак се бори за живот appeared first on Република.

Жител на Кочани добил само 2.750 денари помош за изгорената куќа по големите пожари во август 2021 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zhitel-na-kochani-dobil-samo-2-750-denari-pomosh-za-izgorenata-kuka-po-golemite-pozhari-vo-avgust-2021/ Thu, 28 Dec 2023 18:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=727623

„ТВ Стар“ објави дека извесен Диме добил само 2.750 денари помош на сметка по две и пол години, откако во август 2021 масовен шумски пожар од три страни го зафати Кочани и гореа куќи во неколку населби.

Општина Кочани му исплатила 2750 денари за опожарена куќа како помош, а пресметката ја направила Владата.

Според пресметката, пресметката треба да биде само 5 отсто од штетата, односно тоа е остатокот од разликата што преостанува од осигурувањето.

„После речиси двеипол години по пожарот кој го зафати Кочани, конечно општината ни ја обештети штетата која беше направена. Легнаа на нашата сметка 2750 денари“, објавил Диме на социјалните мрежи.

The post Жител на Кочани добил само 2.750 денари помош за изгорената куќа по големите пожари во август 2021 appeared first on Република.

]]>

„ТВ Стар“ објави дека извесен Диме добил само 2.750 денари помош на сметка по две и пол години, откако во август 2021 масовен шумски пожар од три страни го зафати Кочани и гореа куќи во неколку населби. Општина Кочани му исплатила 2750 денари за опожарена куќа како помош, а пресметката ја направила Владата. Според пресметката, пресметката треба да биде само 5 отсто од штетата, односно тоа е остатокот од разликата што преостанува од осигурувањето. „После речиси двеипол години по пожарот кој го зафати Кочани, конечно општината ни ја обештети штетата која беше направена. Легнаа на нашата сметка 2750 денари“, објавил Диме на социјалните мрежи.

The post Жител на Кочани добил само 2.750 денари помош за изгорената куќа по големите пожари во август 2021 appeared first on Република.

]]>
Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-deneshnte-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-kochani-tvrdi-mvr/ Fri, 15 Dec 2023 17:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=723425

МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни.

Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.

Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

The post Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.
Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.  

The post Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомби во училиштата во Кочани ја прекина наставата во првата смена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dojava-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-kochani-ja-prekina-nastavata-vo-prvata-smena/ Fri, 15 Dec 2023 13:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=723325

Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата.

Од Општина Кочани за МИА информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.

Претпладнево на службената меил адреса на Општина беше добиена порака за поставена бомба во образовна институција, без да биде посочено за кое училиште станува збор. Полициски службеници презедоа соодветни истражни мерки, при што учениците безбедно ги напуштија училниците. По направениот увид беше констатирано дека се работи за лажна дојава, односно дека не постои никаква опасност за учениците и вработените во образовните институции, па наставниот процес беше продолжен, истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделение за јавни дејности во Општина Кочани.

Наставата во втората смена во сите училишта во Кочани попладнево се одвива нормално.

The post Дојава за бомби во училиштата во Кочани ја прекина наставата во првата смена appeared first on Република.

]]>

Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата. Од Општина Кочани за МИА информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.