коце трајановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koce-trajanovski/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 16:46:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коце трајановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koce-trajanovski/ 32 32 На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-patarinite-shirum-zemjava-vo-avgust-se-naplateni-rekordni-7-804-840-evra/ Tue, 03 Sep 2024 19:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=812842

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП.

Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини.

Оперативниот центар во Петровец претставува мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина.

За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал, информираат од ЈПДП.

Директорот Трајановски во „VideoWall“ просторијата разговарал со вработените при што, како што стои во соопштението, побарал поголема професионалност и посветеност во работата.

Исто така, можеше и лично да се увери како преку софистицирани софтверски програми се контролира и работењето на секој вработен оператор-инкасант вонаплатните кабини, како се следи сообраќајот на самите наплатни ленти, како се детектира секој проблем во и околу наплатните станици. Во „WideoWall“ просторијата се надгледуваат и влезот, излезот и состојбата на тунелите кај Демир Капија-Смоквица, соошти ЈПДП.

Трајановски остварил средба и со одговорните на наплатните станици кои го запознале со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и од кои, стои во соопштението, очекува, исто така максимална посветеност и професионалност во извршувањето на работата. Побарал и поголема ангажираност од страна на стручните служби и преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

Имено, од страна на контролорите во Контролниот центар евидентирани се над 500.000 возила кои поминале на наплатните станици без да извршат плаќање. За таа цел, во план е организирање и на контроли на отворен пат во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај.

Од почеток на годинава, за периодот јануари-август годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748 евра.

Од почетокот на електронската наплата, пак, од 3 јули 2019 до 1. месецов продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди.

The post На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра appeared first on Република.

]]>

Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП. Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини. Оперативниот центар во Петровец претставува мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина.
За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал, информираат од ЈПДП.
Директорот Трајановски во „VideoWall“ просторијата разговарал со вработените при што, како што стои во соопштението, побарал поголема професионалност и посветеност во работата.
Исто така, можеше и лично да се увери како преку софистицирани софтверски програми се контролира и работењето на секој вработен оператор-инкасант вонаплатните кабини, како се следи сообраќајот на самите наплатни ленти, како се детектира секој проблем во и околу наплатните станици. Во „WideoWall“ просторијата се надгледуваат и влезот, излезот и состојбата на тунелите кај Демир Капија-Смоквица, соошти ЈПДП.
Трајановски остварил средба и со одговорните на наплатните станици кои го запознале со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и од кои, стои во соопштението, очекува, исто така максимална посветеност и професионалност во извршувањето на работата. Побарал и поголема ангажираност од страна на стручните служби и преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина. Имено, од страна на контролорите во Контролниот центар евидентирани се над 500.000 возила кои поминале на наплатните станици без да извршат плаќање. За таа цел, во план е организирање и на контроли на отворен пат во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај. Од почеток на годинава, за периодот јануари-август годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748 евра. Од почетокот на електронската наплата, пак, од 3 јули 2019 до 1. месецов продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди.

The post На патарините ширум земјава во август се наплатени рекордни 7.804.840 евра appeared first on Република.

]]>
Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanovski-stabilizirana-finansiskata-sostojba-na-jp-za-drzhavni-patishta-se-raboti-na-proektite/ Sat, 24 Aug 2024 15:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=809760

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е затекнато во лоша финансиска состојба која што успеавме да ја санираме, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.

По средбата во претпријатието со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот Трајановски информираше дека го затекнале претпријатието со големи долгови, но, како што рече, успеале да се приближат до финансиска стабилност.

На сметката имаше околу 90 милиони денари, а долговите беа околу милијарда и сто, десет пати поголеми долгови од што е состојбата на сметката, за да на 23 август, на вчерашната состојба, имаме милијарда и сто на сметката и милијарда и триста во долгови. Се приближуваме до некоја финансиска стабилност, рече директорот, по средбата на која биле презентирани проектите што се дел од работата на ЈПДП.

Трајановски информираше дека од февруари годинава не биле плаќани фактурите на многу институции, помеѓу кои ги спомена Македонија пат, на кои, како што рече, им е платено само за исплата на плати, а не е платено, како што дополни, и на Министерството за финансии во вредност од 300 милиони денари за отплата на ануитети за кредити кои ги плаќа Министерството во име ЈПДП.

Финансиската состојба беше многу лоша, успеавме да ја санираме, пред сè во наплата на патарините. Доколку направиме споредба јули 2023 со јули 2024, имаме во јули 2024 година 66 милиони поголема наплата во однос нам минатата година, тоа јасно зборува дека ние работиме посветено и домаќински, за да би можело ова јавно претпријатие да биде во многу стабилна состојба, рече директорот на ЈПДП.

Трајановски информираше и дека претпријатието потпишувало договори со многу високи цени, од кои ја сподели цената од 30 илјади денари за ангажирање на стручен електроинженер од висока стручна спрема за еден час работа.

Да не зборувам за сите други слични договори кои што биле правени. Не е правена конкуренција и не се гледало да бидат конкурентни на пазарот, дополни тој.

Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, сподели дека имале одличен почеток заедно со ЈПДП, при што рече дека на дневна основа работат на реализација на проектите.

Имаме неделни состаноци за двата најкрупни проекти, едниот е финализирање на автопатот од Охрид до Кичево, а вториот е почеток и забрзување на работите за коридорите 8 и 10, пред сè тука е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани. Во следниот период ќе доаѓаат и другите проекти, изјави Николоски.

Министерот најави дека наскоро ќе биде завршен проектот за експресниот пат Градско-Прилеп.

- Состојбата ако кажам дека е лоша би било благ збор, наследивме катастрофална состојба каде што проекти воопшто не се менаџирале и за обични административни работи се заглавувани проекти по година, две, три. Ќе дадам само еден пример, експресниот пат Градско – Прилеп, кој што треба да забрза движењето на целиот централен регион на Македонија беше заглавен година и половина заради неформирање на комисии, заради незавршување на процедурални работи кои за месец дена ги завршивме и во вторник со информација на Влада ќе го завршиме и тоа, рече министерот за транспорт.

Дополни дека очекува „Јавното обвинителство да постапи по однос на сите наводи кои ги имаат доставено како министерство за сите потенцијални криминали кои ги имало во ЈПДП“ и најави убави вести во следниот период.

И премиерот Христијан Мицкоски, оцени деја врз основа на тоа што му било презентирано ЈПДП полека но сигурно се консолидира и стабилизира.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот, рече Мицкоски.

Тој, исто така, го повика Обвинителството да постапи по добиените пријави.

Повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде завршувале тие пари и како одделни политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални, изјави Мицкоски.

Очекувањата на премиерот се резултатите од работата на ЈПДП да излезат многу скоро.

The post Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е затекнато во лоша финансиска состојба која што успеавме да ја санираме, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски. По средбата во претпријатието со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот Трајановски информираше дека го затекнале претпријатието со големи долгови, но, како што рече, успеале да се приближат до финансиска стабилност.
На сметката имаше околу 90 милиони денари, а долговите беа околу милијарда и сто, десет пати поголеми долгови од што е состојбата на сметката, за да на 23 август, на вчерашната состојба, имаме милијарда и сто на сметката и милијарда и триста во долгови. Се приближуваме до некоја финансиска стабилност, рече директорот, по средбата на која биле презентирани проектите што се дел од работата на ЈПДП.
Трајановски информираше дека од февруари годинава не биле плаќани фактурите на многу институции, помеѓу кои ги спомена Македонија пат, на кои, како што рече, им е платено само за исплата на плати, а не е платено, како што дополни, и на Министерството за финансии во вредност од 300 милиони денари за отплата на ануитети за кредити кои ги плаќа Министерството во име ЈПДП.
Финансиската состојба беше многу лоша, успеавме да ја санираме, пред сè во наплата на патарините. Доколку направиме споредба јули 2023 со јули 2024, имаме во јули 2024 година 66 милиони поголема наплата во однос нам минатата година, тоа јасно зборува дека ние работиме посветено и домаќински, за да би можело ова јавно претпријатие да биде во многу стабилна состојба, рече директорот на ЈПДП.
Трајановски информираше и дека претпријатието потпишувало договори со многу високи цени, од кои ја сподели цената од 30 илјади денари за ангажирање на стручен електроинженер од висока стручна спрема за еден час работа.
Да не зборувам за сите други слични договори кои што биле правени. Не е правена конкуренција и не се гледало да бидат конкурентни на пазарот, дополни тој.
Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, сподели дека имале одличен почеток заедно со ЈПДП, при што рече дека на дневна основа работат на реализација на проектите.
Имаме неделни состаноци за двата најкрупни проекти, едниот е финализирање на автопатот од Охрид до Кичево, а вториот е почеток и забрзување на работите за коридорите 8 и 10, пред сè тука е Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани. Во следниот период ќе доаѓаат и другите проекти, изјави Николоски.
Министерот најави дека наскоро ќе биде завршен проектот за експресниот пат Градско-Прилеп.
- Состојбата ако кажам дека е лоша би било благ збор, наследивме катастрофална состојба каде што проекти воопшто не се менаџирале и за обични административни работи се заглавувани проекти по година, две, три. Ќе дадам само еден пример, експресниот пат Градско – Прилеп, кој што треба да забрза движењето на целиот централен регион на Македонија беше заглавен година и половина заради неформирање на комисии, заради незавршување на процедурални работи кои за месец дена ги завршивме и во вторник со информација на Влада ќе го завршиме и тоа, рече министерот за транспорт.
Дополни дека очекува „Јавното обвинителство да постапи по однос на сите наводи кои ги имаат доставено како министерство за сите потенцијални криминали кои ги имало во ЈПДП“ и најави убави вести во следниот период. И премиерот Христијан Мицкоски, оцени деја врз основа на тоа што му било презентирано ЈПДП полека но сигурно се консолидира и стабилизира.
Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот, рече Мицкоски.
Тој, исто така, го повика Обвинителството да постапи по добиените пријави.
Повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде завршувале тие пари и како одделни политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални, изјави Мицкоски.
Очекувањата на премиерот се резултатите од работата на ЈПДП да излезат многу скоро.

The post Трајановски: Стабилизирана финансиската состојба на ЈП за државни патишта, се работи на проектите appeared first on Република.

]]>
Градско-Фариш e 95% готов, а Фариш-Дреново 85 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gradsko-farish-e-95-gotov-a-farish-drenovo-85/ Tue, 20 Aug 2024 09:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=808217

Поголема динамика во изградбата и запазување на роковите побара директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски од изведувачите и надзорите при денешниот  увид во изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, првата фаза Градско-Фариш и втората фаза Фариш-Дреново, со цел подетално запознавање со текот на градбата.

Како што информираат од ЈПДП, од изведувачите и надзорите над градбата на експресниот пат Трајановски бил запознаен со моменталната состојба и со предизвиците пред кои се исправени за нивно надминување за запазување на предвидениот рок на изградба кој истекува кон крајот на годината.

-Директорот Трајановски од инженерите беше известен дека процентот на реализација на првата делница е 95, а на втората делница 85 отсто. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 километри. На првата делница Градско-Дреново, изведувач на работите е Штрабаг, а надзор е ЕГИС, а на втората делница Дреново–Фариш, изведувач на работите е СИНОХИДРО и надзор се ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ, прецизираат од ЈПДП.

Во моментов, како што посочуваат, првата делница е речиси готова, потребно е уште да се постави заштитна одбојна ограда, како и санација на една косина. На втората делница веќе се целосно пробиени двете цевки на тунелот, изведени се бетонските работи на тунелот, се санираат косините, се врши асфалтирање, а се гради и еден кружен тек на постојниот пат (кај клучка Дреново), како и изведба на други тековни градежни работи согласно со Проектната документација.

-Коридорот 10д е еден од најзначајните патни правци во државата бидејќи низ него дневно поминуваат околу 6.000 возила од сите категории и многу товарни возила. Токму од овие причини посветуваме внимание на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново со кој значително ќе се олесни протокот на сообраќај, а со завршувањето на изградбата значително ќе се скрати и времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола, велат од ЈПДП.

The post Градско-Фариш e 95% готов, а Фариш-Дреново 85 appeared first on Република.

]]>

Поголема динамика во изградбата и запазување на роковите побара директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски од изведувачите и надзорите при денешниот  увид во изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, првата фаза Градско-Фариш и втората фаза Фариш-Дреново, со цел подетално запознавање со текот на градбата. Како што информираат од ЈПДП, од изведувачите и надзорите над градбата на експресниот пат Трајановски бил запознаен со моменталната состојба и со предизвиците пред кои се исправени за нивно надминување за запазување на предвидениот рок на изградба кој истекува кон крајот на годината. -Директорот Трајановски од инженерите беше известен дека процентот на реализација на првата делница е 95, а на втората делница 85 отсто. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 километри. На првата делница Градско-Дреново, изведувач на работите е Штрабаг, а надзор е ЕГИС, а на втората делница Дреново–Фариш, изведувач на работите е СИНОХИДРО и надзор се ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ, прецизираат од ЈПДП. Во моментов, како што посочуваат, првата делница е речиси готова, потребно е уште да се постави заштитна одбојна ограда, како и санација на една косина. На втората делница веќе се целосно пробиени двете цевки на тунелот, изведени се бетонските работи на тунелот, се санираат косините, се врши асфалтирање, а се гради и еден кружен тек на постојниот пат (кај клучка Дреново), како и изведба на други тековни градежни работи согласно со Проектната документација. -Коридорот 10д е еден од најзначајните патни правци во државата бидејќи низ него дневно поминуваат околу 6.000 возила од сите категории и многу товарни возила. Токму од овие причини посветуваме внимание на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново со кој значително ќе се олесни протокот на сообраќај, а со завршувањето на изградбата значително ќе се скрати и времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола, велат од ЈПДП.

The post Градско-Фариш e 95% готов, а Фариш-Дреново 85 appeared first on Република.

]]>
Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotime-na-toa-behtel-i-enka-pred-nova-godina-da-pochnat-so-aktivnosti-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/ Mon, 19 Aug 2024 11:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=807943

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови.

Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.

Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.

Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата.

Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради ќетири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

The post Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови. Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.
Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.
Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата. Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.
Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.
Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради ќетири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

The post Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>
Трајановски и Николоски ќе презентираат предлог проект за изградба на обиколница во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanovski-i-nikoloski-ke-prezentiraat-predlog-proekt-za-izgradba-na-obikolnitsa-vo-kavadartsi/ Mon, 19 Aug 2024 06:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=807767

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска ќе престојуваат работна посета на општина Кавадарци.

Како што информираат од прес-службата на Министерството за транспорт, Николоски и Трајановски ќе извршат увид во градежни активности на улицата „Ѓорѓи Соколов“.

Потоа, како што се наведува во најавата, ќе изврши презентација на предлог проект за Обиколница. Од Министерството најавуваат изјава за медиумите на Николоски и Трајановски во холот на општина Кавадарци.

The post Трајановски и Николоски ќе презентираат предлог проект за изградба на обиколница во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска ќе престојуваат работна посета на општина Кавадарци. Како што информираат од прес-службата на Министерството за транспорт, Николоски и Трајановски ќе извршат увид во градежни активности на улицата „Ѓорѓи Соколов“. Потоа, како што се наведува во најавата, ќе изврши презентација на предлог проект за Обиколница. Од Министерството најавуваат изјава за медиумите на Николоски и Трајановски во холот на општина Кавадарци.

The post Трајановски и Николоски ќе презентираат предлог проект за изградба на обиколница во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Трајановски: Нов сигнален план за поголем проток на возила на раскрсницата Гостивар, село Здуње https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trajanovski-nov-signalen-plan-za-pogolem-protok-na-vozila-na-raskrsnitsata-gostivar-selo-zdune/ Sun, 04 Aug 2024 20:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=803323

Сообраќајните експерти ангажирани од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со претставниците на МВР изминатите денови работеа на изнаоѓање решенија, се со цел за време на продолжениот викенд сообраќајот низ целата држава да се одвива нормално и без поголеми застои. Една од нај критичните точки е раскрсницата на регионалниот пат Кичево-Гостивар поточно семафорот на раскрсницата Гостивар село Здуње (на излез од Гостивар према Кичево), соопшти директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

За таа цел сообраќајните експерти изработија нов сигнален план со што се овозможи поголем проток на возила од четврток до сабота на правецот Гостивар-Кичево, а во недела во спротивниот правец Кичево-Гостивар.

– МВР со физичкото присуство на сообраќајни полицајци на раскрсницата и пристапните краци овозможија значително зголемен проток на возила на ова тесно грло. Дополнително МВР го пренасочи сообраќајот од село Здуње и обратно да не го пресекува регионалниот пат,со што се дава голем приоритет на движење во двата правци на регионалниот пат Гостивар-Кичево, нотораше Трајановски.

– Со ова докажавме дека со заедничка соработка меѓу ЈПДП и МВР може да се реши овој проблем. Одделението за наплата на патарините работи со целосен капацитет, нема поголеми застои и чекања на наплатните станици. Посветено,чесно и одговорно! Македонија за тебе!, стои во објавата на Коце Трајановски на социјалните мрежи.

The post Трајановски: Нов сигнален план за поголем проток на возила на раскрсницата Гостивар, село Здуње appeared first on Република.

]]>

Сообраќајните експерти ангажирани од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со претставниците на МВР изминатите денови работеа на изнаоѓање решенија, се со цел за време на продолжениот викенд сообраќајот низ целата држава да се одвива нормално и без поголеми застои. Една од нај критичните точки е раскрсницата на регионалниот пат Кичево-Гостивар поточно семафорот на раскрсницата Гостивар село Здуње (на излез од Гостивар према Кичево), соопшти директорот на ЈПДП Коце Трајановски. За таа цел сообраќајните експерти изработија нов сигнален план со што се овозможи поголем проток на возила од четврток до сабота на правецот Гостивар-Кичево, а во недела во спротивниот правец Кичево-Гостивар.
– МВР со физичкото присуство на сообраќајни полицајци на раскрсницата и пристапните краци овозможија значително зголемен проток на возила на ова тесно грло. Дополнително МВР го пренасочи сообраќајот од село Здуње и обратно да не го пресекува регионалниот пат,со што се дава голем приоритет на движење во двата правци на регионалниот пат Гостивар-Кичево, нотораше Трајановски.
– Со ова докажавме дека со заедничка соработка меѓу ЈПДП и МВР може да се реши овој проблем. Одделението за наплата на патарините работи со целосен капацитет, нема поголеми застои и чекања на наплатните станици. Посветено,чесно и одговорно! Македонија за тебе!, стои во објавата на Коце Трајановски на социјалните мрежи.

The post Трајановски: Нов сигнален план за поголем проток на возила на раскрсницата Гостивар, село Здуње appeared first on Република.

]]>
Трајановски изврши увид долж трасата од автопатот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trajanovski-izvrshi-uvid-dolzh-trasata-od-avtopatot-kichevo-ohrid/ Sat, 03 Aug 2024 15:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=803075

-Денес заедно со главниот надзор ГИМ, изведувачот Синохидро, подизведувачот Гранит, подизведувачот Илинден, професори од градежниот факултет, експерти од Кина и преставници од министерството за транспорт, извршивме увид на косините каде се појавуваат свлечишта долж трасата од автопатот Кичево-Охрид, соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

-Изминатиот период имавме неколку состаноци каде ги детектиравме проблемите и по денешниот увид ќе се предвидат решенија за критичните косини. Денес директно на терен ги согледуваме и останатите проблеми долж целата траса и потоа започнуваме со изнаоѓање на решенија за истите, потенцираше во објавата.

-Пробиени се околу 95% од трасата. Интензивно се работи на земјани работи (ископ и насип, изработка на клинови кај вијадуктите и пропустите, асфалтирање и др.), 145 пропусти се завршени, остануваат уште 14 пропусти за изведба, од вкупно 37 потпорни ѕидови, 27 потпорни ѕидови се завршени, а на 10 се работи, вкупно 28 вијадукти, на сите се завршени долниот строј и коловозната плоча, има 35 натпатници и потпатници. Македонија за тебе!, нагласи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски во објавата на фејсбук.

The post Трајановски изврши увид долж трасата од автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rustemi-pretprijatieto-go-ostavam-vo-perfektna-konditsija/ Thu, 04 Jul 2024 10:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=793357

Денеска и официјално беше извршено примопредавање на функцијата Директор на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое отсега ќе раководи поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Досегашниот директор, кој со претпријатието раководи од ноември 2020 година, Ејуп Рустеми, вели дека со гордост може да кажам дека претпријатието го остава во „перфектна кондиција и со извонреден перформанс“.

Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на Годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата, вели Рустеми.

Инаку државните ревизори, кои денеска го објавија конечниот ревизорски извештај за претпријатието, велат дека по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје, за 2022 година, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-gospod-na-pomosh-ke-odi-odrzhuvaneto-na-patishtata-zashto-jp-go-ostavile-vo-ochajna-sostojba/

The post Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција appeared first on Република.

]]>

Денеска и официјално беше извршено примопредавање на функцијата Директор на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое отсега ќе раководи поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски. Досегашниот директор, кој со претпријатието раководи од ноември 2020 година, Ејуп Рустеми, вели дека со гордост може да кажам дека претпријатието го остава во „перфектна кондиција и со извонреден перформанс“.
Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на Годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата, вели Рустеми.
Инаку државните ревизори, кои денеска го објавија конечниот ревизорски извештај за претпријатието, велат дека по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје, за 2022 година, одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-gospod-na-pomosh-ke-odi-odrzhuvaneto-na-patishtata-zashto-jp-go-ostavile-vo-ochajna-sostojba/

The post Рустеми: Претпријатието го оставам во перфектна кондиција appeared first on Република.

]]>
Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotse-trajanovski-e-naznachen-za-v-d-direktor-na-javnoto-pretprijatie-za-drzhavni-patishta/ Wed, 03 Jul 2024 08:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=792933

Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Назначувањето на Трајановски доаѓа откако новиот Управен одбор го разрешил досегашниот директор Ејуп Рустеми.

Рустеми со Јавното претпријатие за државни патишта раководеше од 2020 година.

Трајановски последна јавна функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје, кога во 2009 година на локалните избори го победи Трифун Костовски. Градоначалничкиот мандат во Скопје му траеше до 2017 година, кога на локалните избори загуби од Петре Шилегов.

Претходно, до 2005 година, Трајановски беше градоначалник на Општина Гази Баба.

Трајановски во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2002 година е пратеник на пропорционалната листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба.

The post Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта appeared first on Република.

]]>

Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Назначувањето на Трајановски доаѓа откако новиот Управен одбор го разрешил досегашниот директор Ејуп Рустеми. Рустеми со Јавното претпријатие за државни патишта раководеше од 2020 година.
Трајановски последна јавна функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје, кога во 2009 година на локалните избори го победи Трифун Костовски. Градоначалничкиот мандат во Скопје му траеше до 2017 година, кога на локалните избори загуби од Петре Шилегов. Претходно, до 2005 година, Трајановски беше градоначалник на Општина Гази Баба. Трајановски во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2002 година е пратеник на пропорционалната листа на ВМРО-ДПМНЕ. Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба.

The post Коце Трајановски е назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта appeared first on Република.

]]>
Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotse-trajanovski-ke-rakovodi-so-drzhavnite-patishta/ Tue, 02 Jul 2024 17:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=792854

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Одлуката беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП.

Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.

Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.

The post Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта appeared first on Република.

]]>

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми. Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.

The post Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта appeared first on Република.

]]>
Трајановски: Да не беше политичката омраза и Шилегов во 2017 почнеше со изградба според проектот кој му го оставивме Универзална досега ќе беше готова https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/trajanovski-da-ne-beshe-politichkata-omraza-i-shilegov-vo-2017-pochneshe-so-izgradba-spored-proektot-koj-mu-go-ostavivme-univerzalna-dosega-ke-beshe-gotova/ Wed, 10 Apr 2024 07:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=764463

Кога ќе те обземе политичката омраза настанува нереализација или одлжување на проектите кои си ги наследил, вели поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски по вчерашниот пожар во Универзалната сала. Тој објави хорнологија на настаните кои доведоа до пропаѓањето на објектот:

Во 2015г. падна дел од кровот на Универзалната сала поради што ја затворивме за користење.
Веднаш во соработка со Владата се направи проект во вид на Јајце.
Но поради тоа што беше многу скап ( околу 15 мил евра) а и поради реакции на граѓаните дека треба да се задржи постојниот изглед проектот не се реализираше.
Затоа се направи нов проект преку Универзална сала а во соработка со владата и министерството за култура и градот Скопје со кој се задржа постојниот изглед на куполата, се предвидоа дополнителни сали за манифестации и конференции. Покрај тоа се предвиде и подземен паркинг кој овозможуваше подобра пристапност и функционалност на објектот.
Проектот беше готов крајот на 2016 и почеток на 2017г. ( Види видео )
Во јуни 2017г се изгласа нова влада на чело до СДСМ во која за министер за култура беше избран г-дин Алаѓозовски.
Со оглед на тоа што бев градоначалник до октомври 2017, во летото 2017 на мое барање остварив средба со министерот на која му го преставив проектот и го замолив за финансирање на проектот со оглед на тоа што од претходната влада имаше заклучок за нејзино финансирање.
За жал тоа не се оствари а мене ми заврши мандатот во октомври 2017г.
Еден од првите предизборни собири во 2017 на г-дин Петре Шилегов како кандидат за градоначалник ги направи токму пред Универзалната сала и вети дека ќе биде меѓу првите проекти кој ќе го реализира.
За жал поради неговата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ наместо да распише тендер за изградба тој порача нов проект.
Беше поднесена и кривична пријава на дириректорот на Универзална сала која по неколку години беше отфрлена од судот.
Во новиот проект кој е со челична конструкција не беше предвиден подземен паркинг што преставува голем недостаток
Новиот проект кој го направи започна да се гради при крај на неговиот мандат.
Добро е што почна да се гради, но за жал многу доцна поради политичката омраза и затоа не се реализација во неговиот мандат.
Преку договор меѓу градот Скопје и министерството за култура продолжи реализацијата под капата на министерството.
За жал овој пожар уште повеќе ќе ја одолговлечи реализација.
Посакувам Универзалната сала да се заврши во предвидениот рок и граѓаните на градот Скопје да добијат уште еден старо- нов културен објект.
Голема среќа е што нема човечки жртви.
Уште еднаш ќе повторам да не беше политичката омраза и во 2017-2018 да се почнеше изградбата според проектот кој му го оставивме на градоначалникот Петре Шилегов досега ќе беше готова Универзалната сала.

The post Трајановски: Да не беше политичката омраза и Шилегов во 2017 почнеше со изградба според проектот кој му го оставивме Универзална досега ќе беше готова appeared first on Република.

]]>

Кога ќе те обземе политичката омраза настанува нереализација или одлжување на проектите кои си ги наследил, вели поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски по вчерашниот пожар во Универзалната сала. Тој објави хорнологија на настаните кои доведоа до пропаѓањето на објектот: Во 2015г. падна дел од кровот на Универзалната сала поради што ја затворивме за користење. Веднаш во соработка со Владата се направи проект во вид на Јајце. Но поради тоа што беше многу скап ( околу 15 мил евра) а и поради реакции на граѓаните дека треба да се задржи постојниот изглед проектот не се реализираше. Затоа се направи нов проект преку Универзална сала а во соработка со владата и министерството за култура и градот Скопје со кој се задржа постојниот изглед на куполата, се предвидоа дополнителни сали за манифестации и конференции. Покрај тоа се предвиде и подземен паркинг кој овозможуваше подобра пристапност и функционалност на објектот. Проектот беше готов крајот на 2016 и почеток на 2017г. ( Види видео ) Во јуни 2017г се изгласа нова влада на чело до СДСМ во која за министер за култура беше избран г-дин Алаѓозовски. Со оглед на тоа што бев градоначалник до октомври 2017, во летото 2017 на мое барање остварив средба со министерот на која му го преставив проектот и го замолив за финансирање на проектот со оглед на тоа што од претходната влада имаше заклучок за нејзино финансирање. За жал тоа не се оствари а мене ми заврши мандатот во октомври 2017г. Еден од првите предизборни собири во 2017 на г-дин Петре Шилегов како кандидат за градоначалник ги направи токму пред Универзалната сала и вети дека ќе биде меѓу првите проекти кој ќе го реализира. За жал поради неговата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ наместо да распише тендер за изградба тој порача нов проект. Беше поднесена и кривична пријава на дириректорот на Универзална сала која по неколку години беше отфрлена од судот. Во новиот проект кој е со челична конструкција не беше предвиден подземен паркинг што преставува голем недостаток Новиот проект кој го направи започна да се гради при крај на неговиот мандат. Добро е што почна да се гради, но за жал многу доцна поради политичката омраза и затоа не се реализација во неговиот мандат. Преку договор меѓу градот Скопје и министерството за култура продолжи реализацијата под капата на министерството. За жал овој пожар уште повеќе ќе ја одолговлечи реализација. Посакувам Универзалната сала да се заврши во предвидениот рок и граѓаните на градот Скопје да добијат уште еден старо- нов културен објект. Голема среќа е што нема човечки жртви. Уште еднаш ќе повторам да не беше политичката омраза и во 2017-2018 да се почнеше изградбата според проектот кој му го оставивме на градоначалникот Петре Шилегов досега ќе беше готова Универзалната сала.

The post Трајановски: Да не беше политичката омраза и Шилегов во 2017 почнеше со изградба според проектот кој му го оставивме Универзална досега ќе беше готова appeared first on Република.

]]>