коалиција вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalitsija-vredi/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 13:09:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалиција вреди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalitsija-vredi/ 32 32 Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ustavniot-sud-da-ne-ja-otvora-pandorinata-kutija/ Sun, 01 Sep 2024 13:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=811998

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/

Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/
Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
„Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-priznanieto-na-memeti-i-napravi-veting-na-kriminalnata-dui/ Thu, 15 Aug 2024 12:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=806910

Коалицијата Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ.

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти.

Коалицијата ВРЕДИ ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба.

Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја.

Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт.

Коалицијата Вреди бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството, велат од „Вреди“.

The post „Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ appeared first on Република.

]]>

Коалицијата Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ.

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти. Коалицијата ВРЕДИ ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба. Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја. Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт. Коалицијата Вреди бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството, велат од „Вреди“.

The post „Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-satelitite-na-dui-kolenichat-pred-kantselariite-na-vmro-dpmne-za-da-dobijat-amnestija/ Fri, 19 Jul 2024 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=798315

На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!” Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби.

Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција.

Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија
на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните.

Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.

Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.

ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари.
Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА! Преминуваме на ДЕЛА!

The post ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија appeared first on Република.

]]>

На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!” Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби. Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните. Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон. ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари. Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА! Преминуваме на ДЕЛА!

The post ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија appeared first on Република.

]]>
Се огласија од коалицијата Вреди: Кога се гласа без притисок, резултатот е овој што го имаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasija-od-koaltsijata-vredi-koga-se-glasa-bez-pritisok-rezultatot-e-ovoj-shto-go-imame/ Wed, 22 May 2024 20:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=780981

Коалицијата „Вреди“ во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино, прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.

Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rezultati-od-preglasuvaneto-dui-zagubi-eden-pratenik-vo-shestkata-vredi-dobi/

-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.

The post Се огласија од коалицијата Вреди: Кога се гласа без притисок, резултатот е овој што го имаме appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Вреди“ во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино, прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица. Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас. https://republika.mk/vesti/makedonija/rezultati-od-preglasuvaneto-dui-zagubi-eden-pratenik-vo-shestkata-vredi-dobi/
-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.

The post Се огласија од коалицијата Вреди: Кога се гласа без притисок, резултатот е овој што го имаме appeared first on Република.

]]>
Коалиција „Вреди“ ќе има Централен митинг в понеделник во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsija-vredi-ke-ima-tsentralen-miting-v-ponedelnik-vo-skopje/ Sat, 20 Apr 2024 12:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=768449

Коалицијата „Вреди“ објави дека ќе го има својот централен митинг во Скопје во понеделник на 22 април, 2024 година.

Во продолжение соопштението на коалицијата „Вреди“ во целост.

За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат.

Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање.

Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигде друго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВАЛЕН, со голем собир!

Повторуваме, централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот.

Дојдете и бидете дел од оваа голема

ПРОМЕНА, бидејќи ВРЕДИ.

The post Коалиција „Вреди“ ќе има Централен митинг в понеделник во Скопје appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Вреди“ објави дека ќе го има својот централен митинг во Скопје во понеделник на 22 април, 2024 година. Во продолжение соопштението на коалицијата „Вреди“ во целост. За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат. Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање. Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигде друго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВАЛЕН, со голем собир! Повторуваме, централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот. Дојдете и бидете дел од оваа голема ПРОМЕНА, бидејќи ВРЕДИ.

The post Коалиција „Вреди“ ќе има Централен митинг в понеделник во Скопје appeared first on Република.

]]>
Коалиција Вреди: За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsija-vredi-za-da-se-vrati-doverbata-vo-sudstvoto-potrebna-ni-e-chista-politika-i-veting/ Fri, 12 Apr 2024 20:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=765552

Со 20 години власт на ДУИ, кредибилитетот е уништен до судството и обвинителството.

Уште од монтираните случаи, каде што како што призна и самиот Бујар Османи, ДУИ е вклучена, до вчерашниот извештај на Freedom House, што покажа дека Македонија под владата на ДУИ е зафатена од корупција. ДУИ, преку Бујар Османи како посредник, многу се трудеше да овозможи враќање на Груевски во Македонија, и е одговорна за помилувањето на Сашо Мијалков. Резултатот од владеењето на ДУИ е казнувањето на невините Албанци како во случајот „Монструм“ и ослободување на виновните Македонци како Мијалков.

За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг. Но листите  на ДУИ полни се со луѓе од црни листи, со луѓе од скандали. Дури и нивниот кандидат Бујар Османи беше под истрага за корупција со досието „Пациент“.

ВЛЕН има целосно чисти листи, а нашиот кандидат др. Таравари е некорумпиран. Затоа ВЛЕН од почеток може да ги направи  ветингот, и ќе ја врати довербата во судството и обвинителството.

The post Коалиција Вреди: За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг appeared first on Република.

]]>

Со 20 години власт на ДУИ, кредибилитетот е уништен до судството и обвинителството. Уште од монтираните случаи, каде што како што призна и самиот Бујар Османи, ДУИ е вклучена, до вчерашниот извештај на Freedom House, што покажа дека Македонија под владата на ДУИ е зафатена од корупција. ДУИ, преку Бујар Османи како посредник, многу се трудеше да овозможи враќање на Груевски во Македонија, и е одговорна за помилувањето на Сашо Мијалков. Резултатот од владеењето на ДУИ е казнувањето на невините Албанци како во случајот „Монструм“ и ослободување на виновните Македонци како Мијалков. За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг. Но листите  на ДУИ полни се со луѓе од црни листи, со луѓе од скандали. Дури и нивниот кандидат Бујар Османи беше под истрага за корупција со досието „Пациент“. ВЛЕН има целосно чисти листи, а нашиот кандидат др. Таравари е некорумпиран. Затоа ВЛЕН од почеток може да ги направи  ветингот, и ќе ја врати довербата во судството и обвинителството.

The post Коалиција Вреди: За да се врати довербата во судството, потребна ни е чиста политика и ветинг appeared first on Република.

]]>
Меџити и Сали во ИЕ1, Гаши во двојка – коалицијата Вреди ги објави истите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-i-sali-vo-ie1-gashi-vo-dvojka-koalitsijata-vredi-gi-objavi-istite-za-pratenitsi/ Thu, 04 Apr 2024 12:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=762100

Листите за пратеници на Коалицијата Вреди, за разлика од оние на нашите опоненти, се од вистинска вредност. Коалицијата Вреди пишува историја и за првпат ќе се натпреварува со листи за пратеници во сите изборни единици, нешто што досега не го направила ниту една албанска политичка партија, изјави попладнево портпаролот на Движењето Беса, Фатмир Сабриу на прес-конференција.

Од првата до шестата изборна единица, Вреди се натпреварува со листи на пратеници, кои многу се разликуваат во споредба со листите на таканаречениот - Европски фронт. Ако нашите политички противници од мака и страв од губење на изборите, вратиле на политичката сцена и ќе се натпреваруваат со најистрошените политички личности, кои за жал, се дел од мрачната историја на албанската политика во Македонија, Вреди има нови личности со високо интелектуално, професионално и морално ниво. Додека т.н. Европски фронт ќе настапува со личности кои се на американската црна листа и протагонисти на разни корупциски скандали, Коалицијата Вреди на овие избори ќе се натпреварува со досега докажани личности, кои ќе обележат убедливи и историски победи и кои ќе бидат главни непријатели на криминалот и корупцијата што ги подметна оваа власт, рече тој.

Сабриу информираше и за носителите на листите. Носител на листа во Првата изборна единица е Изет Меџити, во Втората - Африм Гаши, во Третата - Шенер Билали, во Четвртата - Мендурим Зекмани, во Петтата - Салим Сулејмани, а во Шестата, Билал Касами. Поранешниот министер за здравство Беким Сали е коносител на листата во Првата изборна единица.

Исто така, сите други кандидати вклучени во листите за пратеници во сите изборни единици се личности со целосен кредибилитет, извонредни интелектуалци, истакнати професионалци во својата област и кандидати кои ќе ги застапуваат интересите на албанскиот народ во Собранието, посочи Сабриу.

The post Меџити и Сали во ИЕ1, Гаши во двојка – коалицијата Вреди ги објави истите за пратеници appeared first on Република.

]]>

Листите за пратеници на Коалицијата Вреди, за разлика од оние на нашите опоненти, се од вистинска вредност. Коалицијата Вреди пишува историја и за првпат ќе се натпреварува со листи за пратеници во сите изборни единици, нешто што досега не го направила ниту една албанска политичка партија, изјави попладнево портпаролот на Движењето Беса, Фатмир Сабриу на прес-конференција.
Од првата до шестата изборна единица, Вреди се натпреварува со листи на пратеници, кои многу се разликуваат во споредба со листите на таканаречениот - Европски фронт. Ако нашите политички противници од мака и страв од губење на изборите, вратиле на политичката сцена и ќе се натпреваруваат со најистрошените политички личности, кои за жал, се дел од мрачната историја на албанската политика во Македонија, Вреди има нови личности со високо интелектуално, професионално и морално ниво. Додека т.н. Европски фронт ќе настапува со личности кои се на американската црна листа и протагонисти на разни корупциски скандали, Коалицијата Вреди на овие избори ќе се натпреварува со досега докажани личности, кои ќе обележат убедливи и историски победи и кои ќе бидат главни непријатели на криминалот и корупцијата што ги подметна оваа власт, рече тој.
Сабриу информираше и за носителите на листите. Носител на листа во Првата изборна единица е Изет Меџити, во Втората - Африм Гаши, во Третата - Шенер Билали, во Четвртата - Мендурим Зекмани, во Петтата - Салим Сулејмани, а во Шестата, Билал Касами. Поранешниот министер за здравство Беким Сали е коносител на листата во Првата изборна единица. Исто така, сите други кандидати вклучени во листите за пратеници во сите изборни единици се личности со целосен кредибилитет, извонредни интелектуалци, истакнати професионалци во својата област и кандидати кои ќе ги застапуваат интересите на албанскиот народ во Собранието, посочи Сабриу.

The post Меџити и Сали во ИЕ1, Гаши во двојка – коалицијата Вреди ги објави истите за пратеници appeared first on Република.

]]>
Мендух Тачи од црната листа на САД е „новото лице“ на Европскиот фронт на Али Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tschi-e-novoto-litse-na-evropskiot-front-na-ali-ahmeti/ Tue, 26 Mar 2024 13:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=758949

Веќе кога стана очигледно дека лавината на победата на коалицијата ВРЕДИ е незапирлива, речиси секој ден гледаме трагикомедија од типот „проширување на Европскиот фронт“, во кој нивниот продуцент, Али Ахмети, се обидува да ги врзе јазлите што можат да му го ублажат поразот, во меѓувреме излегувајќи смешен, станува трагичната фигура на овие избори, напоменуваат од албанската опозиција „Вреди“.

Фактот што Ахмети почна да си игра со картата од 2001 година е доказ дека ДУИ е свесна дека ќе губи. Тој ја убива старата слава со емотивни пораки само за да добие некој глас. И додека зборува за станари, мора да го потсетиме дека само за една недела, од стравот од пораз, тој стана станар на Зејди од партијата чие име ни самиот не го знае, на Аријанит Хоџа, кој не го знае ни кратенката на партијата, на Мендух Тачи како „побратим на Мијалков“, на Курто Дудуш како спасител во Шутка и, конечно, се очекува да клекне пред Зијадин Села, со кого некогаш се обвинуваа кој кого убил и го предал на беса.

Едноставно, Али Ахмети стана закупец на партиите. Меѓутоа, она што се појавува на виделина е дека ДУИ конечно го урива митот дека е ексклузивен партнер на американската администрација.

Така, Мендух Тачи, војводата од ВМРО, лојален „до смрт“ на Сашо Мијалков и лицето на црната листа долги години во САД, од вчера е „новото лице“ на Европскиот фронт на Али Ахмети. Има ли крај што ДУИ нема да го допре? Нема поголема иронија што овој тим изјавува дека се бори за европските вредности и против руските интереси на Балканот, а внатре во него се собрани луѓето кои немаат право ниту да поминат пред американската амбасада во Скопје. Како и да е, им благодариме што станаа заедно, затоа што со еден удар политички ќе ги пензионираме сите заедно, а по 8 мај некои може да станат и соседи на Курто Дудуш во Шутка. На 24 април и 8 мај ќе добијат политичка казна која ќе ги врати во реалноста.

The post Мендух Тачи од црната листа на САД е „новото лице“ на Европскиот фронт на Али Ахмети appeared first on Република.

]]>

Веќе кога стана очигледно дека лавината на победата на коалицијата ВРЕДИ е незапирлива, речиси секој ден гледаме трагикомедија од типот „проширување на Европскиот фронт“, во кој нивниот продуцент, Али Ахмети, се обидува да ги врзе јазлите што можат да му го ублажат поразот, во меѓувреме излегувајќи смешен, станува трагичната фигура на овие избори, напоменуваат од албанската опозиција „Вреди“. Фактот што Ахмети почна да си игра со картата од 2001 година е доказ дека ДУИ е свесна дека ќе губи. Тој ја убива старата слава со емотивни пораки само за да добие некој глас. И додека зборува за станари, мора да го потсетиме дека само за една недела, од стравот од пораз, тој стана станар на Зејди од партијата чие име ни самиот не го знае, на Аријанит Хоџа, кој не го знае ни кратенката на партијата, на Мендух Тачи како „побратим на Мијалков“, на Курто Дудуш како спасител во Шутка и, конечно, се очекува да клекне пред Зијадин Села, со кого некогаш се обвинуваа кој кого убил и го предал на беса. Едноставно, Али Ахмети стана закупец на партиите. Меѓутоа, она што се појавува на виделина е дека ДУИ конечно го урива митот дека е ексклузивен партнер на американската администрација.
Така, Мендух Тачи, војводата од ВМРО, лојален „до смрт“ на Сашо Мијалков и лицето на црната листа долги години во САД, од вчера е „новото лице“ на Европскиот фронт на Али Ахмети. Има ли крај што ДУИ нема да го допре? Нема поголема иронија што овој тим изјавува дека се бори за европските вредности и против руските интереси на Балканот, а внатре во него се собрани луѓето кои немаат право ниту да поминат пред американската амбасада во Скопје. Како и да е, им благодариме што станаа заедно, затоа што со еден удар политички ќе ги пензионираме сите заедно, а по 8 мај некои може да станат и соседи на Курто Дудуш во Шутка. На 24 април и 8 мај ќе добијат политичка казна која ќе ги врати во реалноста.

The post Мендух Тачи од црната листа на САД е „новото лице“ на Европскиот фронт на Али Ахмети appeared first on Република.

]]>
Коалиција ВРЕДИ: Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsija-vredi-obidot-na-dui-da-pretstavi-nekakvo-koalitsisko-okrupnuvane-vo-takanarechen-evropski-front-e-patetichno/ Tue, 19 Mar 2024 18:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=756403

Од коалицијата ВРЕДИ порачуваат дека обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично.

Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни.

 

На самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ.

 

Ќе биде многу интересно да се гледа „големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници.

 

Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“, се вели во реакцијата на коалицијата ВРЕДИ.

The post Коалиција ВРЕДИ: Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично appeared first on Република.

]]>

Од коалицијата ВРЕДИ порачуваат дека обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично.
Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни.   На самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ.   Ќе биде многу интересно да се гледа „големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници.   Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“, се вели во реакцијата на коалицијата ВРЕДИ.

The post Коалиција ВРЕДИ: Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично appeared first on Република.

]]>