коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ВРЕДИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalitsija-vmro-dpmne-vredi/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 09:31:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ВРЕДИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koalitsija-vmro-dpmne-vredi/ 32 32 Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-se-dvoumi-dali-da-bide-minister-za-zdravstvo/ Thu, 23 May 2024 09:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=781072

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нема решено дали ќе биде во идниот владин состав како министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни.

Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.

Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.

За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари.

На прашање на МИА дали ќе биде иден министер за здравство, тој рече дека нема решено и уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција.

Таравари ги коментираше и резултатите од прогласувањата и посочи дека биле во предност на 8 мај, а сега, како што рече се во огромна предност.

Во Шестата изборна единица, ДУИ има еден пратеник помалку, ВЛЕН има еден пратеник повеќе, така што, нашиот вкупен број на пратеници е 14, ДУИ останува со 18 пратеници рече Таравари.

The post Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нема решено дали ќе биде во идниот владин состав како министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни. Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.
Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.
Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.
За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари.
На прашање на МИА дали ќе биде иден министер за здравство, тој рече дека нема решено и уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. Таравари ги коментираше и резултатите од прогласувањата и посочи дека биле во предност на 8 мај, а сега, како што рече се во огромна предност.
Во Шестата изборна единица, ДУИ има еден пратеник помалку, ВЛЕН има еден пратеник повеќе, така што, нашиот вкупен број на пратеници е 14, ДУИ останува со 18 пратеници рече Таравари.

The post Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува преговорите за формирање влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-gi-prodolzhuvaat-pregovorite-za-formirane-vlada/ Mon, 13 May 2024 07:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=777440

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Вреди денеска треба да ги продолжат разговорите на ниво на работни групи за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка.

-Соработката ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. - Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа завчера во штабот на Вреди.

На средбата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата Вреди Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од коалицијата Вреди  по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18,  Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вчера на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. Од Европскиот фронт предводен од ДУИ оценија дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата

The post ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува преговорите за формирање влада appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Вреди денеска треба да ги продолжат разговорите на ниво на работни групи за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка. -Соработката ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. - Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа завчера во штабот на Вреди. На средбата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата Вреди Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Од коалицијата Вреди  по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока. Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18,  Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати. За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вчера на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. Од Европскиот фронт предводен од ДУИ оценија дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата

The post ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува преговорите за формирање влада appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат разговорите за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-pochnuvaat-razgovorite-za-koalitsija-megu-vmro-dpmne-i-vredi/ Sat, 11 May 2024 05:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=776928

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вчера најави дека денеска напладне ќе се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците.

На средбата ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

Уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик.

Муцунски истакна дека со претставниците на „Вреди“ сè уште не разговарале за конкретни прашања и барања во поглед на нивно евентуално учество во идниот владин состав.

Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе презема конкретни мерки за, како што вели, формирање на контурите на изгледот на идната влада и додава оти очекувањата се дека и без поголем политички субјект може да се стигне до бројката од 61 пратеник бидејќи сè повеќе пратеници во моментов сакаат да бидат дел од мнозинството.

The post Денеска почнуваат разговорите за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вчера најави дека денеска напладне ќе се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците. На средбата ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.
Уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик.
Муцунски истакна дека со претставниците на „Вреди“ сè уште не разговарале за конкретни прашања и барања во поглед на нивно евентуално учество во идниот владин состав. Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе презема конкретни мерки за, како што вели, формирање на контурите на изгледот на идната влада и додава оти очекувањата се дека и без поголем политички субјект може да се стигне до бројката од 61 пратеник бидејќи сè повеќе пратеници во моментов сакаат да бидат дел од мнозинството.

The post Денеска почнуваат разговорите за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди appeared first on Република.

]]>
Утре започнуваат преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со Вреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-zapochnuvaat-pregovorite-na-vmro-dpmne-so-vredi/ Fri, 10 May 2024 19:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=776914

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците.

На средбата, како што рече Муцунски, ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

Утре ќе почнат разговорите. Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик, посочи тој и додаде:

Оптимистички е да се рече дека утре тоа ќе го успееме, но верувам дека брзо ќе најдеме конкретен план.

Муцунски истакна дека со претставниците на „Вреди“ сè уште не разговарале за конкретни прашања и барања во поглед на нивно евентуално учество во идниот владин состав.

Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе презема конкретни мерки за, како што вели, формирање на контурите на изгледот на идната влада и додава оти очекувањата се дека и без поголем политички субјект може да се стигне до бројката од 61 пратеник бидејќи сè повеќе пратеници во моментов сакаат да бидат дел од мнозинството.

The post Утре започнуваат преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со Вреди appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците. На средбата, како што рече Муцунски, ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните. Утре ќе почнат разговорите. Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик, посочи тој и додаде: